Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Убеден сум дека Скопје – културна престолнина на Европа за 2028 ќе биде оној креативен момент во кој нашиот главен град ја претвора културата во свој најсилен дипломатски јазик, своја најпрепознатлива европска биографија и своја најдолготрајна иднина, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков вечерва на панел-дискусија во рамки на 4. Форум за културна дипломатија во Музејот на Град Скопје. Како што рече, Европа денес не бара ...
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, информираше дека е во тек донаторска акција преку која се очекува Кочани да добие минимум три електрични автобуси, а можно е да пристигнат и дополнителни комбиња за потребите на локалниот јавен превоз. Како што истакна Грозданов на денешната 14. седница на Советот на Општина Кочани, обврска на локалната самоуправа ќе биде да обезбеди соодветни паркинг места и базна станица за автобусите, ...
Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓу другото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...
Во Собранието, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“ – сесија 2 во рамки на Четвртиот форум за културна дипломатија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето обраќање истакнал дека нашата држава има седум културни центри низ светот, нагласувајќи дека културата нема граници. Тој посочил дека Евровизија и студентските размени претставуваат ...
Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. -Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа ...
ЈП Улици и патишта – Скопје соопшти дека од недела, 31 мај, се пуштаат во функција нови семафори на крстосниците со булеварот „Македонија”. -Ќе бидат пуштени во функција новите семафори на крстосниците помеѓу булевар „Македонија” со улица „11 Октомври” и улица „Пролет” и на крстосницата на булевар „Македонија” со булевар „Борис Трајковски”. На семафорите ќе биде воведен нов траен сообраќаен режим за сообраќај, што подразбира воведување нови ...
Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално зрело образовно опкружување, коешто ќе им овозможи на младите одговорно и креативно да ги ...
Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене. На пратеничките прашања СДСМ повторно со своето папагалско повторување на зборот оставка и ДУИ со своите традиционални измислени етнички прашања, а Левица со поднесувањето на нова интерпелација. Три партии, наводно различни и наводно спротивставени, денес повторно усогласени и координирани за една ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни. Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и ...
Македонија е лидер во исполнување на европската агенда. На сите полиња сме поуспешни од државите во регионот, а така ќе биде и во следниот извештај, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратенички прашања. Сепак, Мицкоски рече дека следно поле кое треба да покаже резултати и успеси е судскиот систем и обвинитлеството кое е клучно за понатамошен развој на државата. „Постојано зборувате дека не сте задоволен од тоа како се спроведува ...
Исчезната е Лидија Велковска Бојчевска од Скопје. Жената има деменција, а нејзиното семејство во вторникот објави апел за помош при наоѓање на нивната најблиска. Според информациите, жената последен пат била видена во вторникот околу 15:15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“. Од тој момент се губи секаква трага. Семејството во објава на Фејсбук наведува дека во моментот на исчезнувањето Лидија била облечена во розови тренерки и ...
На пленарна седница на 10 јуни ќе биде ставена на дневен ред интерпелацијата поднесена од опозицијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, а на истата седница ќе биде и Законот за правична застапеност, што ќе се носи во редовна постапка, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, по редовниот брифинг со новинарите. Гаши потврди дека до неговиот Кабинет е пристигната и денеска поднесената ...
Јас објаснив дека и да сака некој да посегне по шпионажа, која секогаш се однесува на класифицирани податоци, не може тоа да го стори, бидејќи кабинетот нема, ниту практикува електронска мрежа на класифицирани податоци, истакна денеска од Штип претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која одговараше на новинарски прашања поврзани со случајот со вработен во нејзиниот кабинетот, кој медиумите го нарекоа „шпионска афера“. -Тоа е ...
Во однос на исполнување на реформската агенда, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека тоа што е до 30 јуни како грејс период може да биде завршено, и во јунскиот извештај како земја да бидеме и вистински т.н. фронтранери, односно македонската јавност да знае дека е важно да се испорачаат што е можно повеќе реформи – и за граѓаните и за државата. -Имаме прилично амбициозна ...
Министерот за локална самоуптрава Златко Перински изјави дека не гледа ништо спорно тоа што градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, именувал свој заменик во Општина Карпош и тврди дека од општината не добил известување дека Лукровски поднел оставка од функцијата. На седницата за пратенички прашања, во одговор на прашање на пратеникот Митко Трајчулески, Перински рече дека во согласност со член 52 од Законот за локална самоуправа, секој ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице – правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс – од основање, измени, состојба во централен регистар и нивна поврзаност од лицата кои биле ...
Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“. Министерството за заштита на граѓаните е ...
СДСМ фатени на дело, потврдија дека имале во план да дозволат промена на пол на малолетни деца, без притоа да имаат дозвола од родителите или старателите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ повторно во кавга со свој поранешен градоначалник, кој ги обвини дека за овој проект, тие велат цитираме: “Ова не е вистина. Законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и тој закон беше повлечен, нема никаква врска со нашата нова програмска ...
Имаме можеби историски најголема криза, епска криза во енергетиката во последните 50 години, но сепак како влада без да правиме емотивни прес-конференции и без да се жалиме колку е тешко, а тешко е, успеавме да креираме модел кој резултираше во моментот со најдобри резултати, имајќи го предвид регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања. Посочи дека имаме доволно колични нафта и нафтени деривати и дека ...
Културната дипломатија често се опишува како мека моќ, но во денешниот свет таа воопшто не е мека во своето значење. Таа е сериозен инструмент на државно позиционирање, на градење партнерства и на долгорочно влијание. Kултурната дипломатија е најчовечката форма на дипломатија и нејзината задача е да ја врати човечката димензија во меѓународните односи, да потсети дека зад секоја држава стојат луѓе, зад секоја политика искуства, а зад секој ...
На 6 и 7 јуни во Самоков, Македонски Брод, ќе се одржи петтото издание на фестивалот „Самоков екстрим“, кој и оваа година ќе собере околу 250 учесници од повеќе делови на Македонија. На фестивалот ќе учествуваат мотоциклисти, возачи на теренски возила, планинари и љубители на планинарењето, со цел заедничко уживање во природните убавини на Поречието и промоција на активниот туризам во регионот. -Со самото тоа што Фестивалот веќе живее пет ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат. Според стручните насоки од Градежниот ...
Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски одлучил ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека бројките говорат за работата на Министерството во изминатиот период. – Говорам дека добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден повторно вие барате оставка од мене врз основа на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација. Кај и да е, во текот на денов ...
Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што е зголемување ...
Се следи случајот. Има нови моменти, но да не навлегуваме за да не се наруши случајот и да се остави на судовите да го кажат последниот збор, истакна денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски прашан за случајот „Мазут“. -Од блиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше соопштен. Има жалба на одлуката на обвинителството од страна на компанијата ЕСМ. Тоа што го знам е ...
Задоволството на граѓаните од работата на Собранието бележи континуиран раст трета година по ред, покажува најновото истражување на Швајцарската Програма за парламентарна поддршка, насловена „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Македонија (2026)”. Граѓаните ја оценуваат работата на Собранието со средна оцена 2,7 на скала од 1 до 5 – во споредба со 2,5 во 2025 и 2,3 во 2024 година. И покрај позитивниот ...
Презентација на воена опрема, возила и способности на армиските единици денеска имаше македонската Армија на Градскиот стадион во Штип. По успешно реализираната вежба „Блесок 26“, граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со вооружувањето, подготвеноста и секојдневните активности на припадниците на Армијата. Преку показни вежби, демонстрации и презентации, беа претставени дел од капацитетите и вештините на различни армиски единици. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред т.н. фронтранери, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правдата од таа претходно, затоа што, како што рече, и граѓаните не се задоволни од спора правда. – Се разбира дека не само јас и граѓаните, сите ќе се сложиме дека е премногу бавна или воопшто ја нема и ...
Пратениците од Собранието на Македонија, Калтрина Беќири и Миле Лефков, учествуваа на состанокот на Парламентарниот комитет на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ-ПД), кој се одржа на 26 и 27 мај 2026 година во Букурешт, Романија, на тема „Унапредување на регионалната соработка и поврзаноста за одржлив раст во регионот на ЦЕИ“. Како што соопшти собраниската прес-служба, пратениците учествуваа со дискусии во првата сесија на состанокот ...