Проверка на лиценци на угостителски објекти, дозволи за градење, транспорт, логистика, осигурување, хотели како и судството за само неколку секунди. Преку скенирање на Кју ар код граѓаните, компанија, институција или инспекција ќе може да го провери статусот на лиценцата што го поседува една фирма или лице. Министерството за дигитална трансформација го претстави новиот концепт на „Смарт лиценци“, што треба да го заменат досегашниот начин на ...

СДСM и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДСM и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување ...

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, ...

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци за јавните институции претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брза проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски ...

СДСМ до толку немаат капацитет да создадат нешто свое, па се навикнати на крадење, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ако порано крадеа логоа и слогани од други странски држави и партии, сега почнаа од нас да ги крадат. Во прилог фотографии од слоганите и логоата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на нивниот партиски конгрес. СДСМ до толку немаат капацитет да создадат нешто свое, па се навикнати на крадење, се наведува во соопштението од ...

Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата. Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и ...

Во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“ на 12 јуни годинава ќе се одржи состанок помеѓу министрите од Западен Балкан и претставници на Европската Комисија, со што започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно, каде ќе се дискутираат главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеноста на секоја земја. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 27 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. На средбата ќе ...

Криминалната матрица на СДСМ не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Младинската организација на СДСМ, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па целата ...

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалната мрежа Икс соопшти дека украинските сили погодиле руски воени складишта и поморска база, што го нарече оправдан одговор на руските напади. Зеленски објави дека е „време да се стави крај на оваа војна“, но го обвини рускиот лидер дека сака „да продолжи да војува“. Тој напиша дека украинските дронови прелетале околу 1.000 километри до регионот на Санкт Петербург, таргетирајќи ги ...

Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“, се наведува во соопштението од Општина Илинден. Согласно програмата, се одиграа финални општински натпревари во футсал, ракомет и одбојка ...

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање, но истовремено се соочува со сериозен недостиг на работна сила, повеќе од 10.000 слободни работни места и иселување на кадар кој покрај плата бара и подобар квалитет на ...

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. Настанот донесе вистинска музичка магија за најмладите, а пред публиката премиерно беа изведени 12 нови авторски детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и хорчето на „Киселко“, кое заедно со членовите на балетското студио „Данса Латина“ создаде богата ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче организирал конференција на која зборувал за нивниот таканаречен, антикорупциски Закон, но дали на присутните им кажал дека во редовите на највисокиот партиски орган има лице осудено на затворска казна, Филип Андонов, и дека во притвор им е Стефан Богоев, некогашен младински претставник на партијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче. Претседателот на СДСМ, Венко ...

Со учество на велосипедисти од дипломатскиот кор и локални велосипедски клубови денеска околу Охридското Езеро се возеше Велосипедската тура организирана во рамки на завршницата на Месецот на Европа и одбележувањето на Денот на Европската Унија во Македонија. Велосипедската тура започна во Струга, а потоа трасата продолжи преку Поградец во Албанија, па преку Охрид и повторно заврши во Струга, минувајќи околу Охридското Езеро. Настанот е ...

Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ. Со Резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да ...

Општина Струмица продолжува со уредување на руралната патна инфраструктура. Денеска, градежна механизација беше ангажирана на тампонирање и одржување на полските патишта во населеното место Куклиш, со што директно се олеснува пристапот до земјоделските површини за локалните земјоделци, соопштија од локалната самоуправа. Се наведува дека во рамките на овие активности екипите на терен извршиле порамнување и тампонирање на клучни земјоделски ...

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото. ...

Со свечена литургија и во присуство на голем број верници, денеска во Штип пристигна преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора. Иконата во градот ја донесоа монасите од манастирот Хиландар, а беше пречекана пред храмот „Свети Никола“. По пречекот, низ штипските улици се одржа литија, а иконата потоа беше пренесена во храмот „Свети Димитрија“ во Ново Село, каде што ќе остане за поклонение и молитва за сите ...

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со ...

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се обрати на свечената церемонија на која беше промовирана 22. генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа во кампусот во Тетово. -Дојдовте во последната фаза на студирањето и полека влегувате во гласен и сложен свет, воден од интензивен научен развој. Но, влегувате подготвени. Уште во текот на студирањето можевте да користите дигитални технологии што ја ...

Со 14 милиони евра европски пари, државата ќе отвора нови,а ќе ги модернизира постојните гранични премини. Целта е подобра регионална поврзаност, нов развоен импулс за пограничните региони,но и зајакнување на безбедноста како основен темел за зачувување на националните интереси и стабилноста на државата “Да покажеме дека можеме да постигнеме рамномерен раст и развој на економијата и со тоа да го подобриме условите за живот на нашите граѓани ...

Најдоцна до септември, штипската Клиничка болница ќе добие регионален Ургентен центар, кој ќе им пружа итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот Регион. Постапката за негово формирање веќе е започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите на сегашната дежурна амбуланта. Ургентниот центар ќе работи 24 часа дневно, седум дена во неделата и ќе ги покрива сите итни состојби ...

Квалитетот на воздухот во корелација со начинот на загревањето на домаќинствата, особено кога се користи 100% влажно огревно дрво, се намалува дури за 300 проценти, односно за толку индексни поени се зголемува аерозагадувањето. Притоа, и топлината која што ја дава влажното огревно дрво е за 30 насто помала. Ова се заклучоците од истражувањето направено во една населба во Битола, а во рамки на Проектот „Стоп за аерозагадувањето“ на ...

Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Голема поддршка во овие активности обезбеди Министерот за транспорт Александар Николовски, кој ...

Во рамките на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, се одржа комеморативен книжевен час посветен на истакнатата поетеса и научничка Линдита Ахмети, по повод две години од нејзината смрт. Преку читање и разговор за нејзината поезија, присутните се потсетија на творештвото, мислата и придонесот на Линдита Ахмети во албанската книжевност и култура, оддавајќи почит на една од најавтентичните поетски личности на современата албанска ...

Од денеска официјално е пуштена во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово. Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот. -Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложба за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското подрачје, овозможувајќи ...

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2026 година, Општина Берово продолжува со активности за подобрување на патната инфраструктура. Во изминатиот период реализирана е санација на ударни дупки на повеќе улици низ општината, со вкупна површина од околу 500 метри квадратни, а во периодот што следи најавено е продолжување на интервенциите и на други улици. Пред почетокот на активностите, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01