Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа во населените места, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот и побезбедно одвивање на сообраќајот. Во својата објава на Фејсбук, градоначалничката Соња Стаменкова денес информираше дека во село Костин Дол успешно се завршени активностите за санација на оштетувањата на коловозот, рехабилитација и асфалтирање на ...

Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу кој ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, соопшти Министерството за финансии. Во Извештајот на ММФ, објавен денеска, се наведува дека економскиот раст во ...

Почна расчистувањето на локалитетот „Табакана“ во Куманово кој според најавите на локалната власт ќе стане уреден простор, соопшти денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски – Продолжуваме со дислокација на времените објекти (кен куќички) на оваа локација со цел да се прошири капацитетот за паркирање на возила и изградба на детско катче и урбан сквер. Апелирам до сопствениците на времените објекти да ги дислоцираат контејнерите ...

Народната банкла информира дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди стабилноста на банкарскиот систем и искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка. -Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Во ...

Државниот инспекторат за животна средина и Центарот за управување со кризи ќе ја унапредуваат меѓуинституционалната координација во областа на заштитата на животната средина, управувањето со ризици и справувањето со кризни состојби. Со Меморандум за соработка, потпишан денеска во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, се предвидува редовна размена на информации и податоци, заеднички активности за ...

На подрачјето на Општина Берово денеска започна општата дератизација на канализациониот систем, како дел од редовните превентивни мерки за заштита на населението од заразни болести и обезбедување здрава животна средина. Активностите се реализираат согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година на Општина Берово. Од ...

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, на денешната трета седница на интерпартиската парламентарна група за следење на Националната развојна стратегија (ИППГ) истакна дека потребно е да се разгледа можноста за иницирање измени на Законот за Националната развојна стратегија, како што рече, за да се постигне уште поголема конзистентност, ефикасност, отчетност и транспарентност. – Имено, при подготовата на извештајот забележавме потреба ...

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска присуствуваше на отворањето на новата фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини”, инвестиција на компанијата „Макпрогрес” вредна 8, 5 милиони евра, реализирана во изминатите шест месеци. -Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, владината делегација, претседателот на Стопанската комора и раководството на компанијата, имавме можност да се запознаеме со ...

Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата, како што соопшти Министерството за здравство, има за цел да придонесе за подобрување на ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците утврди дека постои потреба од донесување на нов Закон за судска служба и нов Закон за јавнообвинителска служба, со што двата законски предлога од реформската агенда добија поддршка во прво читање и продолжуваат во понатамошна собраниска процедура. Членовите на Комисијата, исто така одлучија во пресрет на пленарната седница да се организира јавна расправа за предложените ...

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик, соопштува Министерството за правда. – На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските ...

ВМРО-ДПМНЕ води речиси тројно пред СДСМ на трите анкети кои партијата за свои потреби ги направила во мај. Според резултатите од анкетите, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,2 проценти од вкупната популација или 42 проценти од определените, за СДСМ 8,6 од вкупната популација или 14,4 проценти од определените граѓани. Од анкетираните, 8 проценти од вкупната бројка се изјасниле дека ќе гласаат за ДУИ, односно за оваа партија би гласале 13 проценти од ...

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање Предлог на законот за оружјето, со европско знаменце. Државниот секретар во Министерство за внатрешни работи, Сашо Петрушевски во образложението нагласи дека предлог на законот за оружје ги поминал сите филтри на експертската јавност. Потенцира дека експлицитноста и потребата од овој закон е усогласување со сите ...

Четирите најдобри екипи од Југоисточниот регион ќе се борат за титулата регионален шампион на завршниот натпревар на футсал – лигата за основни училишта која ќе се одржи утре со почеток во 9 часот. На иницијатива на Училишниот спортски клуб „Валандово“, а со поддршка од сите општини од Југоистокот, годинава за првпат се реализира регионална училишна футсал-лига за основци. Завршниот натпревар ќе се одигра во спортската сала „Филип Втори ...

Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството. Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и Развојната секторска ...

Македонија на месечно ниво обезбеди стабилни цени на основните прехрамбени производи, како и на транспортните трошоци. Според последните податоци во мај, храната во Македонија поскапела за минимален 1 процент во споредба со април, додека пак транспортот за 1,6 проценти. Иако Македонија е увозно зависна земја, сепак податоците од статистика велат дека владините мерки вродија со плод. Најниската цена на горивата придонело транспортот да порасне ...

Празни делегатски столчиња, истрошени партиски кадри и скиселени лица – 32-от конгрес на СДСМ, повеќе наликуваше на приватна забава на Филипче, отколку на некаков си „Фронт за вистина и правда“, кој треба да донесе обединување на партијата. Своевиден бојкот на конгресот имаше и од поранешните партиски лидери. Се појавија Бучковски и Ковачевски, но тројцата лидери со кои СДСМ се гордее Црвенковски, Шекеринска и Заев ги немаше. Немаше ни некои ...

Македонија скапо ги плаќа грешките направени од властите во минатото. Дали од лекомисленост или водејќи се од лични интереси сметаа дека со потпишување на бел лист хартија и прифаќање на преговарачката рамка, проблемите на Македонија ќе исчезнат, а членството во Европската унија ќе се случи преку ноќ. Сепак Бугарија не бира начини и средства како да го блокира европскиот пат на земјата. По Бугарите во Устав, сега и Акцискиот план за ...

За гребнат ретровизор, му поставиле заседа како за крвна одмазда. Банален сообраќаен инцидент во Шишево, се претворил во вооружена пресметка за која двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство. Обвинителството истражува двајца браќа на возраст од 43 и 44 година во скопско Шишево. Во саботата, двајца возачи се разминале во близина на авто-плац, но се случил мал сообраќаен инцидент со гребаница на ретровизорот. Но наместо европски записник, ...

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од полноќ се намалуваат за 2,00 денари, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар – соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 86,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 88,00, „евродизелот БС (Д-Е V)“ за 87,00, а „екстра-лесното 1 (ЕЛ-1)“ за ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ги повика сите пратеници да покажат конструктивност и заеднички да работат во насока на донесување на подобар закон за правична застапеност. За најавите на опозицијата дека ќе го блокира законот, Гаши денеска одговарајќи на новинарски прашања, по презентацијата на извештајот за неговата двoгодишна работа, нагласи дека што се однесува до најавите на опозицијата, тоа е начин како може да се дојде ...

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, која ја обезбеди Владата. – Покрај првичните 40 ...

Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај, изјави Албрим Хоџа од ВРЕДИ на прес-конференција. За законот да не остане само ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ, изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет. По работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, претседателот на Владата забележа дека СДСМ на вчерашниот конгрес не покажала ништо поинакво од претходно. – Еве, јас само можам да кажам дека од оној ...

Владата прави потрошувачко портфолио, кое треба да го усогласи со дистрибутерот „ЕВН хоум“ и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната – најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување обновливи извори на енергија и како може да ...

Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за причините за блокадата на акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија, денеска изјави дека претпоставува оти „тоа е политика што трае со децении“, а претходните политички елити тоа не го препознале и направиле големи проблеми, кои Владата сега ги решава еден по еден. – Не знам. Тоа прашање ќе треба ним да им го поставите затоа што, претпоставувам, таа политика трае со децении. Не е ...

Денес, не одбележуваме само едно книжевно дело. Денес, оддаваме почит на еден од најголемите столбови на македонската културна и духовна историја. Зборникот на браќата Миладиновци е сведоштво за народната мудрост, традиција и идентитет, зачувани низ времето благодарение на нивната посветеност, визија и љубов кон народното творештво – нагласи во своето обраќање Анета Механджијска, директорка на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во ...

Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 12 милијарди и 540 милиони денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Љутков на брифингот со новинарите истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на филмската ...

Христијан Смоковски е најдобар студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ за академската 2024/25 година. Нему и на неговите колеги – најуспешни дипломирани студенти од другите факултети, им беа врачени признанија од УКИМ. Христијан Смоковски додипломските студии ги завршил со просечен успех од 9,49 и е прогласен за првенец на генерацијата 2024/25. За време на студиите активно учествувал во работата на Факултетското ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15