Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движиме напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во изјава за бугарските медиуми пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. – И двете земји имаат многу да добијат од овој процес. ...
Собранието, во рамките на денешната 104. седница, ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни за што соопшти преку социјалните мрежи. Фетаи во објавата на „Фејсбук“ вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. – Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека при околностите во моментот е најправедниот и најдостоинствен чекор. Во текот на ...
Дигиталните свидетелства од оваа година се воведуваат за учениците од прво до трето одделение, а в година ќе бидат воведени и за учениците од четврто до шесто одделение – најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. – Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи во некое училиште, можеби во рурална средина или во училиште со послаба техничка опременост, учениците да ...
Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики, порача министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна администрација насочена кон граѓаните“, која се ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, гувернерот Славески, како ...
Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Демагошката програма полна со флоскули на Филипче не му го носи посакуваниот ефект, што може да се види и по последните анкети, па затоа се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните. Иако над 80тина проценти од граѓаните ...
Претседателот на Уставниот суд на Македонија, Дарко Костадиновски, реагира на соопштението на политичката партија Левица истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него. – Како претседател на Уставниот суд, останувам доследен на својот принципиелен став да не коментирам ничии политички ставови изнесени во јавноста. Сепак, овој пат, ...
Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“. Со ова ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната ...
Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во кој сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните – порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов, на денешниот состанок со менаџментот на „ЕВН Македонија“ ...
Во рамките на дводневна размена на искуства во Европскиот парламент во Брисел за демократски надзор, транспарентност, и отчетност, генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со генералниот секретар на Европскипот парламент, Алесандро Кјокети. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Димовска изразила благодарност до Европскиот парламент за цврстата поддршка и јасниот принципиелен став во корист на ...
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со дитекторот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ изврши увид на ...
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со вкупен напредок од 36 проценти, а целото железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните работи на Коридорот 8. Николоски, кој заедно со директорот на МЖ Инфраструктура Синиша ...
Земјоделците ги оставивте со неисплатени субвенции. Наместо 1200 денари давате 800 денари за грло говедо, додека пак за тутунот намаливте од 100 на 80 денари по хектар. Со вакви обвинувања од поранешниот министер за земјоделие, а актуелен пратеник од СДСМ Љупчо Николовски, почна седницата на која се бара претениците да му изгласаат недоверба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостпонство Цветан Трипуновски. „Кога веќе ги лажевте ...
Меѓународниот фестивал на балканскиот и медитеранскиот филм „Преку езерото“ од 8 до 15 јули годинава петти пат ќе се одржи на брегот на Дојранското Езеро, но во неговата организација овој пат ќе бидат вклучени и Гевгелија и Струмица. Веќе е направена селекција на филмовите во сите категории, а планирано е и одржување две работилници. – И годинава остануваме на тоа да сме фестивал на балканскиот и медитеранскиот филм. Тоа ни е основниот ...
Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба – истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ...
Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Штип се очекува годинава да влезе во фаза на реализација, откако ќе биде избран изведувач за проектот. По долгогодишните административни процедури, од Општината очекуваат конечно да бидат надминати пречките и да започне реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за градот. Токму овој проект беше една од главните теми на денешната средба меѓу градоначалникот Иван ...
Се засилува превенцијата за рак на грло на матка. Ако досега се правеле околу 70 илјади пап тестови годишно, таа бројка треба да се зголеми двојно, односно да достигне близу 140 илјади направени тестови. Ова се новите цели на Фондот за здравство кои бараат од матичните гинеколози низ државата да го зголемат темпото на испитување.Во фокусот ќе бидат жените на возраст од 21 до 59 години кои во последните три години не направиле ПАП-тест. Од ...
Случај „Држана лотарија“. Пријавата за Димитар Ковачевски година и пол стои во фиока, а истрагата за Артан Груби и Прпарим Бајрами веќе шест месеци тапка во место. Со оглед на тоа што претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски при крајот на ланската година изјави дека истрагата за Груби е завршена и се чека на негова екстрадиција, се поставува прашањето, зошто сега кога екс вицепремиерот е во Македонија, се уште нема обвинение, но и кој ...
Четириситотини цитати од научни трудови има на годишно ниво од нашите професори надвор од нашата земја. Во текот на една година има покачување од 7 до 8 посто а треба да се стремиме да достигнеме барем 20 проценти за да влеземе во листата на топ 500. Најцитирани професори се од делот на медицината, техничките науки, ФЕИТ, ФИНКИ и Хемија. –Извонредни резултати имаме и на дел од универзитети кои што се дел од меѓународни асоцијации а тоа се ...
Создавање млади кадри кои ќе одговорат на потребите на современиот пазар на труд е целта на новиот проект што денеска беше промовиран од Министерството за дигитална трансформација. Надлежните велат дека со подобрување на образованието преку развивање на дигитални вештини ќе се создаваат подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на предизвиците на модерното дигитално време. Проектот опфаќа вкупно сто училишта, повеќе од илјада наставници ...
Одлуката на Судот да ги прифати 55-те илјади евра во кеш од Богоев за да излезе од келија е незаконска. Парична гаранција за да се излезе од притвор може да ја покрие опасноста од бегство или повторување на делото, но таа не важи како покритие дека Богоев може да влијание врз сведоците или на самата истрага. Во ваков случај, како што нема ни куќен привтор, туку само му е одземен пасошот и има забрана да ја напушит Македонија, екс-директорот ...
Најдобар игран филм и најдобро сценарио – и тоа од американско жири, на угледен меѓународен фестивал како што е Фестивалот на Југоисточна Европа – двете престижни награди со кои се закити македонскиот филм „Утре наутро“, по сценарио и режија на Јани Бојаџи претставуваат голем успех за македонската кинематографија – силно пробивање на меѓународната сцена. Оваа политичка драма, инспирирана од случувањата на 27 април и последиците што следуваа ...
Македонија мора да е сигурна дека повеќе нема да биде уценувана од Бугарија. Целта на државава е да ги отвори, но и да ги затвори преговорите за членство во ЕУ, без дополнителни барања поврзани со историја, идентитет и јазик. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од Софија. Во пресрет на билатераната средба меѓу претседателката ...
Во Созопол, Република Бугарија, заврши Меѓународната ликовна колонија што се одржа во рамките на франкофонскиот фестивал „Солеј“, на која учествуваа уметници од повеќе европски и регионални земји, соопштуваат од Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Република Македонија на оваа колонија беше претставена од ликовните уметници Сергеј Андреевски, Марјан Ѕингаров и Иво Пецов. Во текот на неколкудневниот престој, учесниците работеа ...
На плоштадот „Скендербег“ се одиграа првите натпревари од одбојкарскиот турнир, активност што го означи почетокот на Спортските денови во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, се вели во соопштението од Општина Чаир. Во спортска и пријателска атмосфера, екипите учеснички прикажаа квалитетни настапи, промовирајќи фер-плеј, соработка и тимски дух. По натпреварите од првиот ден, во финалето се пласираа Одбојкарскиот клуб ...
Со свечена церемонија на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска беше промовирана нова генерација дипломирани студенти, на која министерката за образование и наука Весна Јаневска упати пораки за личен и професионален развој, како и за активен придонес во општеството. Обраќајќи им се на дипломците, Јаневска им честита за постигнатиот успех нагласувајќи ја нивната улога како двигател на идниот развој. – Искрени честитки до сите вас што ...
Системот за СМАРТ-лиценци, кој го разви Министерството за дигитална трансформација, веќе е функционален и носи поголема транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата – истакна министерот Стефан Андоновски. Тој појасни дека системот веќе се применува за лиценците што ги издава Министерството откако, како што рече, бил целосно подготвен и тестиран пред да биде презентиран пред јавноста и другите институции. – Ова е проект кој ...
Зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата беше во фокусот на средбата на јавниот обвинител Ненад Савески со директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски. Како што информираат од Обвинителството, на средбата било ставено акцент на потребата од подобрување на координацијата и размената на информации меѓу двете институции. Притоа биле разгледани можностите за ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје. На кампот ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант. ...
Во Албанија со денови траат масовни протести против изградба на хотелски комплекс на заштитен дел од албанското крајбрежје, кој треба да го гради зетот на Доналд Трамп. Протести, освен на изворната локација, секоја вечер има и во главниот град Тирана, каде се скандираат навредливи пораки кон премиерот Еди Рама. Но, тоа очигледно не го вознемирува Рама, кој уверува дека комплексот ќе се гради и покрај противењето на јавноста. Додека ...