Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Скопје вечерва е домаќин на музичкиот проект „TRANSMIssION“, кој на сцената во „Public Room“ носи уникатен спој на традиционални балкански ритми и современа електронска музика, предводен од македонскиот перкусионист и композитор Александар Петров. Проектот претставува звучно патување што ги надминува класичните жанровски рамки, ставајќи го тапанот во центарот како симбол на културната меморија и динамиката на музичкиот израз. – Срцето го дава ...
Најмногу дожд во изминатото деноноќи наврна во Тетово и на Попова Шапка 16 литри на метар квадратен, 13 во Крушево, 12 во Берово, 11 во Куманово, а 10 во Штип, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од ...
СДСМ се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции. Со ова, Филипче и ...
ВЛЕН продолжува да докажува дека економскиот развој не се гради со ветувања, туку со конкретни политики кои ги поддржуваат бизнисите, инвестициите и отворањето на нови работни места, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ. Во оваа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, упати повик до сите компании кои ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции да аплицираат навремено и да ја искористат поддршката ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две ...
Вистинско гратче со културно-забавен живот, со сите градски атрибути – библиотека, Дом на културата со киносала, моден салон, берберници, слаткарница, продавница за текстил и други содржини, вака старите дојранци од Нов Дојран го паметат своето родно место. Дојран за многумина е најпознат како туристичка дестинација, барана по чистиот воздух и топлото езеро, но за жителите на Нов Дојран сè уште се живи сеќавањата кога во нивното родно место ...
Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир појаснува дека Постапките за јавна набавка за проектите „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Саат Кула – Општина Чаир“, „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Дижонска – Општина Чаир“ и „Изградба на училишен затворен спортски базен за ООУ „7 Март“ се спроведени согласно одредбите од Законот за јавни набавки, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. – Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави – најави владината прес-служба. Во состав на владината делегација ќе ...
Жирито на 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, деенска напладне ќе ја соопшти одлуката која од 9-те претстави во официјалната програма е најдобрата на јубилејното фестивалско издание. Интернационалното жири во состав: Аида Буквиќ, Снежана Коневски Руси и Дарко Лукиќ изборот ќе го направат од претставите: „Мачкина глава на Драмски театар, „Црнила“ на прилепскиот, „Калигула“ на кумановскиот театар, „Челинџ“ на ...
Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре ќе се одржи јубилејната десетта по ред меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид–Струга–Радожда. Стартот е закажан од Градското пристаниште во Охрид во 8:00 часот, од каде учесниците ќе се движат по охридскиот кеј и низ неколку градски улици, а потоа по стариот пат кон Струга, покрај Охридското Езеро и низ живописните предели кај Калишта, ...
Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ, наместо отворање на преговори ...
Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“, вечер со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одржи завршен концерт на византиското псалмопеење, изведено од новите генерации ученици и хористи. Пред љубителите на духовната музика и културното наследство, ќе настапат детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан ...
АД ЕСМ ќе заштеди приближно 8 милиони евра откако Управниот одбор на компанијата преговараше за анекс на договорот со „Гастрејд“ – операторот на терминалот за течен гас во Александрополис. Со оваа клучна спогодба се става крај на целосно непродуктивните трошоци за закуп на капацитет што компанијата до сега немаше можност да го користи, со што директно се заштитува буџетот на државната компанија за производство на електрична енергија – вели ...
Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, информираат од Министерството за локална самоуправа. Министерот Златко Перински пред Комисијата за локална самоуправа и Законодавно правната комисија, во своето излагање нагласи ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска, во Истанбул, учествува на бизнис-форумот Македонија – Турција, посветен на продлабочување на економската соработка и привлекување инвестиции. Како што соопштуваат од Министерството за енергетика, на форумот присуствува владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министри од економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека наскро ќе бидат поставени 2.600 нови контејрнери и порача дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги за да се врати во нормала. Посочи дека Скопје со години се соочува со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми и додаде дека негова цел е да се изгради систем што ќе обезбеди редовно функционирање на ...
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДСM македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешните ставови на Костадиновска-Стојчевска од СДСМ. Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството за култура и туризам во рамките на своите ...
Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу ГОБ 8 Септември, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција. Но, тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар Мајка Тереза, со оглед на тоа што дури и веднаш да почне да се прави, ќе бидат потребни ...
Претседателката на Бугарија само го повтори она кое што веќе го знаевме, а тоа е дека уставните измени се само почеток на бугарските барања, кои ќе доаѓаат на европскиот пат на Македонија. Околу најновите случувања на оваа тема, гостин во вестите во 20:15 на Алфа беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател на Собранието и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Антонио Милошоски. Според него, она што го порачала Илијана Јотова, ...
Една од работите што ми се многу важни, и како претседател на Собранието, и како пратеник, и како граѓанин на оваа држава, е да го подигнеме достоинството на Собранието и на институцијата пратеник. За жал, таа позиција е дерогирана на прилично високо ниво и тоа не е во ничија корист – изјави вечерва претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во однос на ниското ниво на доверба во Собранието, што годинава, според Институтот за демократија, ...
Листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека некои од лекарите злоупотребуваат, односно бараат мито за да ги оперираат пациентите. – За листа на чекање – сѐ уште сме во фаза на анализа. Имаме сознанија од пациенти, граѓани, ...
Обвинителството на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска во судницата во „Идризово“ презентираше докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, кои се однесуваа на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и обезбедувње, дозвола за работа, листа на вработени, како и доказен материјал обезбеден ...
Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со што се настојува да се подобри економската состојба и да се намали стапката на невработеност ...
Александар Вучиќ најави дека во наредните три до четири месеци ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. Тој посочи дека размислува за кандидатура за премиер и најави дека наскоро ќе биде претставена листата на неговата партија за претстојните парламентарни избори. Вучиќ додаде дека изборите ќе се одржат за неколку месеци, но не во јули и август, нагласувајќи дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите наредни чекори и ...
– Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Членовите на Државната комисија за спречување на корупција на денешната 33 седница донесоа вкупно 69 одлуки, од кои најголемиот дел се за советници, градоначалници, директори на училишта, градинки, комунални претпријатија, декани на факултети но и пратеници кои по анонимни пријави, но и по сопствена иницијатива на ДКСК се оформени предмети за неподнесување на анкетен лист за имотната состојба. За дел од предметите е утврдено дека лицата кои ...
Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа ...
Општина Делчево доби нова вакумска метларка за чистење на улиците, како донација од скопската компанија „М-Д РЕНТАЛС“, а се очекува машината во наредните денови да биде ставена во функција за одржување на јавната чистота во градот. Како што информираа од Општина Делчево, станува збор за нова машина од марката „BAIYI“, произведена во 2024 година, која поседува ИСО и СЕ сертификати. Вредноста на донацијата изнесува 399.992 денари со вклучен ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, информираат од МЖСПП, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на ...
Започна реализацијата на првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево, проект кој се спроведува во соработка помеѓу Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, како краен корисник на објектот. Во рамките на оваа фаза како што информираа од Општината ќе се изврши целосна демонтажа на постојниот и дотраен систем за греење, како и инсталација на нов систем за затоплување кој ќе обезбеди повисока енергетска ...