Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Уште едно успешно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Шеесеттото издание годинава понуди богата содржина со бројни претстави, промоции и изложби. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина оди во рацете на ансамблот на Македонскиот народен театар за претставата „Страв и надеж“. „Јас, како традиционалист или конзервативец, можам да кажам дека со некои претстави можеби не се согласувам, но имам око и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. -Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а ...
Македонија и Турција ќе работат на воспоставување карго железничко поврзување меѓу двете земји, со цел да се забрза транспортот на стоки и да се зголеми трговската размена. Ова било договорено на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција, каде што се разговарало за унапредување на економската и инфраструктурната ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Истанбул учествуваше на бизнис-форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел ...
Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери. Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува благодарност до министерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, за нејзината поддршка и заложба за развој на високото образование, како и до сите пратеници кои ја препознаа важноста на законското решение со кое Високата медицинска школа во Битола прераснува во Факултет за медицински науки и здравство. Од УКЛО информираат дека донесената одлука претставува значаен исчекор ...
Здружението на одгледувачи на говеда „Симентал“ од Делчево на прес-конференција алармираше дека најавениот прекин на откупот на млеко од страна на млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ сериозно ќе го загрози опстанокот на сточарските фарми во регионот и ќе остави без пласман околу 15.000 литри млеко што дневно го произведуваат околу 80 сточари. Од Здружението оценија дека одлуката претставува сериозен удар врз млечното сточарство во ...
Со официјалното воведување во работа на проектот за реконструкција на административната зграда на Општина Пехчево, денеска започнаа градежните активности за реализација на една од позначајните инвестиции насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општината. Проектот беше означен како почеток на нова фаза во модернизацијата на општинската инфраструктура од страна на градоначалникот Александар Китански, кој ...
Оралните болести бележат раст, потребна е едукација уште од мали нозе со цел да се заштити оралното здравје. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција во просториите на Стоматолошката комора во Скопје, во пресрет 17. Меѓународен стоматолошки конгрес што треба официјално да почне вечер во главниот град на државава. Во моментов во просториите на Стоматолошката комора се одржува состанокот на К4 групацијата. Беше кажано дека покрај ...
– Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата. Меморандумот, инфомрираат од Министерството за правда, ја воспоставува рамката за спроведување ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која, како што информираат, биле разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствувале и претставници на институциите кои претходно доставиле предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на ...
Креирањето на силен систем за социјална заштита кој ќе испорача вистинска грижа за најранливите категории на граѓани, а истовремено ќе обезбеди и спречување на злоупотреба на истиот е приоритет кој Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) го постави како врвен приоритет со доаѓањето на оваа Влада. Ги земаме предвид наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија и сметаме дека токму ваквите констатации ја ...
Во организација на општината, со низа активности, утре, на главниот плоштад „Гоце Делчев“ во Пустец ќе биде означен почетокот на туристичката сезона, по кој повод градоначалникот, Пали Колефски упати јавна покана за присуство на свеченото отворање, што ќе се одржи, како што наведува во прекрасна атмосфера. – Преспа, прекрасно место, преполно со природни убавини, културно историски споменици, уникатна историја, Преспанското Езеро, како посебно ...
Општина Маврово и Ростуше под мотото „Гради ја иднината во твојот роден крај“ упати порака до завршените деветоодделенци, образованието да го продолжат во средното општинско училиште „Маврово и Ростуше“ во Ростуше. -Денеска почна уписот во прва година во сите средни училишта во државава, а со тоа и во нашата општина. Пријавувањето е по електронски систем и трае до 15 јуни. Запишете се во општинската гимназија и градете ја иднината во вашиот ...
Да се крати рокот за обновување на дозволата за поседување на оружје од 10 на 5 години, органичување во бројот на парчиња кои може да ги поседуваат, измени во услови за набавка и поседување, но и за трансфер. Се воведува електронско следење на оружјето, нови регистри и дигитални евиденции, како и построги правила за трговците со оружје. Во собранието се оддржа јавна расправа за предлог законот за оружје. Од МВР посочуваат дека така ќе се ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија. – Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции – истакна ...
Во Основниот граѓански суд Скопје објавени се повеќе известувања за презакажани и одложени рочишта за кои странките дополнително ќе добијат нови термини. Од судот информираат дека станува збор за одложувања предмети на тројца судии, кои со одлука на Судскиот совет привремено се делегирани во други судови. – Предметите на делегираните судии, во согласност со опертивниот систем АКМИС по автоматска распределба веднаш се распределени кај судиите ...
Комитетот за истрага на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството (КИНСИВ) и Министерството за внатрешни работи со меморандум за соработка денеска дефинираа рамка за размена на информации, техничка поддршка и оперативна координација, особено во случаи што бараат паралелно постапување – безбедносно истражување на местото на настанот и судско-истражни активности на надлежните органи. На тој начин, информира КИНСИВ, се осигурува дека ...
Денес сме пред вас за да откриеме сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции. Со години на граѓаните им се тврдеше дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност во администрацијата, рече Газменд Алиу од ВРЕДИ на прес-коференција. Меѓутоа, фактите што денес ...
Во Собранието денеска се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност посветена на предлог-законот за оружјето, со што ќе се овозможи остварување на законски утврдените цели на Министерството за внатрешни работи и се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница ...
Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни 2026 ...
Шеесет и девет годишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак е во добра и стабилна состојба информираат од Клиничка болница-Штип. Посочуваат дека е подобар, но поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор. Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака. Според информациите од Дарко Коцев пожарникар ...
Со француска поддршка ќе се зајакнуваат архивските служби на Македонската радио-телевизија (МРТ) за конзервирање на целокупниот аудио- и видеоматеријал. Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од регионот, меѓу кои и МРТ. Конзервацијата на аудио- и видеоматеријалот на Македонската радио-телевизија е дел и од активностите предвидени со меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа Министерството за култура и ...
Министерството за финансии овозможи проширена буџетска рамка од 47,6 милиони денари и заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации и донации, вкупниот буџет на Општината Битола ќе изнесува 3,2 милијарди денари, истакна градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола. Според градоначалникот Коњановски, со новиот изменет буџет се овозможува понатамошна успешна реализација на сите планирани ...
Конечно на матурантите им се кратат маките. Денеска завршува полагањето на екстерните предмети на државната матура. Според првите проценки на Државниот иситен центар полагањата се одвивале во најдобар можен ред и без никакви нерегуларности. Препишувања и ученици со телефони сепак имало. „Некаде околу 30 ученици беа откриени со телефони, истите им беа одземени и за тие ученици испитот е завршен. И се да напишале нивниот испит ќе биде поништен ...
Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на клултурното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал, обука на професионалци од областа на културата, како и многу поголема мобилност на уметниците и луѓето од креативните индустрии преку учества на фествали, средби и проекти во музичката и театарската уметност, кинематографијата и визулени уметности, предвидува ...
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде што се сретна со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот и претставници на општинската администрација. Како што соопшти Општина Кисела Вода, на средбата се разговараше за тековните активности и развојните приоритети на општината, реализацијата на капиталните ...
Македонија се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски и пристап до регионалните и европските пазари, посочи премиерот Христијан Мицкоски, при неговото обраќање на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул. – Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и средби, односно тоа што го започнавме во Унгарија, го продолживме во ...
Стабилна е состојбата на 69-годишниот штипјанец, кој вчера беше хоспитализиран поради повреди здобиени во големиот пожар над Штип. Од штипската Клиничка болница информираат дека пациентот е подобар, но поради изгореници и интоксикација од чад ќе остане под лекарски надзор и во наредните денови. Обидувајќи се да ја спаси викендицата од огнените јазици, се здобил со изгореници од втор степен на левата рака и потколениците. 69-годишниот маж во ...
Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. – Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја ...