Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пилотите на армискиот хеликоптер „Апачи“, кој се урнал во близина на Ормускиот Теснец, „се во добра состојба“. Говорејќи на пистата на Меѓународниот аеродром „Џон Кенеди“ пред да се врати во Вашингтон, Трамп рече дека „нема повредени“. Тој додаде дека администрацијата ќе објави извештај за инцидентот подоцна во текот на денот. „Њујорк тајмс“ објави дека американски армиски борбен хеликоптер ...
И уште еден судски пресврт. Таткото на судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом беа пронајдени заѕиданите 350 илјади евра скриени во кујнски плочки, бил тој што им кажал на истражителите дека кујната ја користел неговиот син. Ова во судница го откри обвинителката Искра Хаџи-Василева, презентирајќи докази против Ристов, кој е обвинет за перење пари и прикривање имот. Во судницата беше пуштена снимка од претресот во куќата во Неготино, а на видеото се ...
Петгодишно дете во гостиварско Чегране ги испило апчињата на својата баба и заврши на Детската клиника. Петгодишно дете од гостиварското село Чегране заврши на Детската клиника во Скопје откако ги испило апчињата на својата баба. Според лекарите, станува збор за лекот трамадол, силен аналгетик, а засега не е познато колку таблети проголтало детето. По драматичниот настан што се случил вчера, малолетникот итно бил пренесен во болница. Неговата ...
Сејф Сити нема да ги лови само брзите возачи и минувачите на црвено. До крајот на годинава безбедносниот систем ќе регистрира и ќе казнува за погрешно паркирање и непрописно вртење на места каде што тоа не е дозволено. Министерот Тошковски е задоволен од досегашните ефекти од воведувањето на системот, кој донесе не само помалку сообраќајки, туку и помала црна статистика. „Мислам дека треба да одиме чекор по чекор, да сме сигурни дека она ...
Поранешни работници од компаниите „Фермак Текс“ и „Европа Фешн“ во Штип побараа итна реакција од надлежните институции поради неисплатени плати, придонеси и К-15. Тие се собраа во дворот на конфекцијата која веќе не работи, барајќи конечно да го добијат она што го сработиле. Според нив, долгот кон повеќе од 110 работници надминува 13 милиони денари, а сѐ уште не се исплатени платите за април, мај и јуни минатата година. Станува збор за ...
Култното кино „Милениум“ ќе се реконструира, ќе се обнови библиотеката „Браќа Миладиновци“, како и Планетариумот во МКЦ, како дел од подготовките во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе ја носи титулата „Европска престолнина на културата“. Финансирањето на овие проекти, кои се од особено значење за градот, ќе биде обезбедено со ребалансот на градскиот буџет. Во него се предвидуваат финансиски средства и за реализација на многубројни проекти ...
По кратко боледување, во Скопје почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија (од 1990 до 1992 година). Тој е роден на 21 септември 1942 година во Штип. Во 1978 година докторирал на Машинскиот факултет во Белград. На Машинскиот факултет во Скопје е избран во звањето вонреден професор истата година, а во 1984 година е избран за ...
Претседателката на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, Елена Симонофски, оствари средба со новиот македонски амбасадор во Тирана, Веле Трпевски. -Од мое и од име на Македонците во Албанија му пренесов искрени честитки и му посакувам многу успех во неговата одговорна дипломатска мисија. Верувам дека меѓусебната соработка, поддршка и отворениот дијалог ќе придонесат за зацврстување на врските и создавање нови можности за македонската заедница во ...
Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од МВР дополнуваат ...
Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ.Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови. Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е да го отвориме нивниот архив, се вели во соопштението од „Вреди“ од денешната прес-конференција на Гранит Османи. ...
Дигиталната трансформација, зелената транзиција, недостигот на работна сила, европските интеграции, регионалната конкурентност и потребата од повеќе инвестиции се предизвиците на претстојната деценија. Денес, во услови на интензивни економски, технолошки и геополитички, глобални промени, ни треба повеќе соработка, поширока визија и подлабок, посеопфатен дијалог – порача Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) од јубилејната ...
На плоштадот Македонија денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел, како што потенцира, е подигнување на ...
Да се овозможи примена на регулативата што го третира мобингот со кој се соочуваат жените во државата и да пријавуваат во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Сегашните процедури за докажување на ваквите случаи се компицирани. Потребни се јасни насоки за чекорите што треба да ги преземе жената доколку биде вознемирувана на работното место или е дискриминирана – беше истакнато на конференцијата „Жените, трудот и социјалната правда“, што ...
Судскиот совет денеска го разгледа и го усвои извештајот од работната посета на Основниот суд Битола, спроведена по анонимна претставка, во која се наведува незаконито постапување на судии и можни злоупотреби во предмети за надомест на штета причинета од мечки врз пчелни семејства и крави. Известителката Антонета Димовска информира дека работната група извршила увид во голем број предмети за надомест на штета од мечки, како и во постапки за ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утре, во Софија, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамките на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи со мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – ...
Навременото препознавање на токсичните односи и градењето здрави модели на комуникација уште во младоста се клучни за превенција на семејното и родово базираното насилство, порачаа психолозите на денешната трибина „Здрави врски – основа за ментално здравје“. Трибината се одржа во Занаетчискиот дом Куманово како завршен настан од проектот кој е насочен кон јакнење на психолошката благосостојба и личниот развој кај младите девојки. Проектниот ...
СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело. Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал ...
Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. ...
Намален е бројот на пациенти со сообраќајни повреди во Ургентниот центра Куманово, информираа денеска надлежните. Ортопедскиот хирург, д-р Стефан Трајановски смета дека намалувањето на бројот на повредени лица се должи на примената на системот „Сејф сити“, кој придонесува за подобра контрола и поголема дисциплина во сообраќајот. – Јавно треба да се знае дека проектот „Сејф сити“ дава резултати. Сообраќајниот трауматизам е значително намален ...
Градската спортска сала во Делчево, која се наоѓа во рамки на спортскиот комплекс покрај фудбалските терени, со одлука на Владата е дадена на трајно користење на Општина Делчево без надомест, со што конечно се решава долгогодишното прашање за статусот на објектот. Одлуката, донесена на 5 јуни и објавена во „Службен весник на Македонија“, опфаќа повеќе делови од објектот со различна намена и површина, кои отсега ќе бидат под надлежност на ...
Универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции на денешната јавна расправа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го поздравија Предлог-законот за парнична постапка и изнесоа свои забелешки, ставови и предлози за доусовршување на предложеното законско решение. Предлог законот, кој според стручната фела, е еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството, носи современи ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот С.Б. со што се укинува мерката притвор што му беше претходно определена. Како што соопштуваат од Основниот кривичен суд, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција на осомничениот, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше ...
Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре наутро“ и „Неми филмови“ се наградени на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026. Американското жири под претседателство на Партисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја доделила на „Утре наутро“ од Македонија, кој исто така ја добила наградата за најдобро сценарио (Јани Бојаџи). За најдобра актерка е прогласена ...
Преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје биле обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Новата станица, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, ќе биде лоцирана во Општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и ...
Денеска, во Собранието се одржа работилница на тема „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност“. Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, а учествуваа членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет, се вели во соопштението од Собранието. Работилницата ја отвори членот на ...
Во Тетово се одржа промоција на публикацијата насловена „Османлиски документи за историјата на Македонија — Попис на христијанското население од Скопскиот санџак, Тетовска каза 1838/39 година“Том II, книга 3, издание на Државен Архив на Македонија. Авторот, доц. д-р Аднан Шериф, направил превод на документи од Османлискот архив во Турција од пописот спроведен во 1838 и 1839 година при што се евидентирани населбите, семејствата, личните имиња ...
Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“. - Од нашата анализа, конкретно ...
Нова скандалозна одлука на Судот. Осомничениот митаџија Стефан Богоев излегува од затворот во Шутка. Кривичниот совет на Основниот суд ја прифатил гаранцијата од 55 илјади евра во кеш што ја понудил Богоев и мерката притвор не му ја заменува со куќен притвор, туку само со одземање на пасошот и забрана за напуштање на државата. „Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот. ...
Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда за Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело бесправно градење. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од 19 ...
Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, денеска присуствуваа на поставувањето камен-темелник за доградба на нови простории во подрачното основно училиште „Димитар Беровски“ во населбата Хром. Со овој проект, вреден приближно 31 милион денари, во училиштето ќе се изградат осум нови училници со што ќе се создадат услови за следење на ...