Со рекордна наплата на концесиските надоместоци, нова Стратегија за минерални суровини и нови законски решенија што треба да донесат поголема транспарентност, посилен надзор и повисоки стандарди за безбедност и заштита на животната средина, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одбележа Денот на рударите – 28 Август. На свеченоста во Скопје, на која присуствуваа претставници на рударскиот сектор, компании, ...

Пазарот на криптовалути утрово се одликува со мешани движења, при што дел од најголемите дигитални средства бележат раст, додека други се во црвена зона. Биткоинот се тргува по 78.780,6 долари, со минимален пад од 0,06 отсто. Во последното тргување неговата вредност е намалена за 45,1 долар. Позитивно движење има кај етерот, кој достигна 2.487,16 долари, со раст од 1,23 отсто, односно 30,20 долари. BNB исто така е во плус и се тргува по ...

Постапката за избор на нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) повторно е пролонгирана, откако советодавниот експертски панел на Советот на Европа не го прифатил предлогот за кандидатурата на адвокатката Ана Дангова Хуг. На нејзино место македонската комисија ја предложила адвокатката Јелена Ристиќ, потврди претседателот на Уставниот суд и претседател на Комисијата, Дарко Костадиновски. Одлуката за промена била ...

Макпетрол АД Скопје објави дека на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, информираа од Македонска берза. Според дивидендниот календар, компанијата ќе исплати вкупно 467.285.280 денари во бруто-износ, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција. Одлуката за исплата на дивидендата е донесена на XXX-то годишно Собрание на акционери, врз основа на Годишната сметка на друштвото за 2025 година. Исплатата ќе ...

Факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе ги објават конечните ранг-листи за примени студенти во прва година во академската 2026/2027 година од првиот уписен рок, кој беше организиран на 18 и 19 август. Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата ...

Извршниот директор во АД Грозд Струмица Васе Митев, на 12 август 2026 година купил дополнителни 437 акции од друштвото, покажува известувањето за купување и продавање акции од страна на членови на органите на управување. Според податоците во известувањето, по реализираната трансакција Митев поседува вкупно 19.635 акции, што претставува 76,85 проценти од вкупниот број издадени акции на друштвото. Трансакцијата е заведена како купување на ...

Топлотниот бран што ја зафати Македонија ќе продолжи и во наредните денови, а според метеоролошките прогнози, високите температури ќе се задржат до крајот на неделата. Температурите во најтоплиот дел од денот ќе достигнуваат околу 39 степени, додека во повеќе места се очекуваат и тропски ноќи, со минимални температури кои тешко ќе се спуштаат. Дополнителен фактор ќе биде сахарската прашина и песок, кои се очекува да пристигнат над Македонија ...

Анкетните листови на пратениците откриваат значителни разлики во вредноста на имотот што го пријавиле пред надлежните институции. Според јавно достапните податоци од Државната комисија за спречување на корупцијата, двајца актуелни пратеници имаат пријавен имот вреден повеќе од еден милион евра, додека неколкумина други се наоѓаат на чекор до оваа граница. Највисоко на листата е Исмаил Јахоски, со најмалку 2,287 милиони евра во пријавена и ...

Ана Пејчинова, Даниела Андоновска-Трајковска и Владимир Јанковски се добитници на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма (песна или расказ) на јубилејното, триесетто издание на „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На конкурсот, како што прецизираат од ДПМ, пристигнале вкупно 32 дела (26 песни и шест раскази), а тројцата членови на анонимната жири-комисија: Ива Дамјановски, Никола Маџиров и ...

Две трансакции со акции реализирани на 24 август 2026 година покажуваат зголемување на сопственичките удели на значајни акционери и лица со управувачки функции во македонски компании, соопшти Македонска берза. Љупчо Атанасовски, акционер во АДИНГ АД Скопје, на 24 август се стекнал со дополнителни 26 обични акции. Со трансакцијата, неговата вкупна сопственост достигна 22.118 обични акции, односно 5,72 проценти од акциите на компанијата. Во ...

Американските берзански индекси ја завршија трговската сесија на 26 август со претежно негативни резултати, но без поголеми осцилации. Најголем пад бележи Dow Jones, кој се намали за 113,52 поени, односно 0,21 отсто, и достигна 53.463,88 поени. Во текот на денот индексот се движеше до највисоко ниво од 53.639,75 поени, додека најниската вредност изнесуваше 53.379,40 поени. S&P 500 забележа минимален пад од 1,58 поени, или 0,02 отсто, ...

Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на одредени локации во Скопје. Во периодот од 05:00 до 07:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Беаз Куле“, улицата „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров. Прекин е предвиден и во Драчево, каде од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата ...

Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција. Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата. Зголемената фреквенција се очекува во периодот на продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите. Возачите кои денеска ...

Во Собранието ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на кои ќе се разгледуваат прашања од различни области. Седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија. На дневен ред е и седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата за прашања на изборите и именувањата има закажано и дополнителна ...

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“ бб, за потребите на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности. – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Воин ...

Ве известуваме дека денеска (четврток, 27 август 2026 година), со почеток во 12:30 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на официјалното отпочнување на реализацијата на проектот за интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Во рамките на настанот ќе се одржи свечено потпишување на Договорот за реализација на интерконективниот гасовод ...

Во Белград е пуштен во функција нов систем со 30 сообраќајни камери, поставени на повеќе фреквентни локации во градот и на пристапните патишта. Системот автоматски ги регистрира прекршоците и може истовремено да следи повеќе неправилности во сообраќајот. Меѓу нив се пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, користење мобилен телефон додека се вози и неносење сигурносен појас. Камерите можат да утврдат и просечна брзина ...

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди одлуката на Основниот кривичен суд со која Никола Груевски е ослободен од обвиненијата во предметот „Талир 2“. Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ беше обвинет за злоупотреба на службената положба и незаконско финансирање поврзано со изградбата на партиското седиште, познато како „Белата палата“. Второстепениот суд ја оценил жалбата на обвинителството како неоснована. Според образложението, во ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Центарот е воспоставен во Општина Гевгелија преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри критики кон Канада, продлабочувајќи ги тензиите меѓу двете соседни земји. Тој ја оцени Отава како една од најтешките држави со кои Вашингтон се обидува да постигне договор. Во интервју за политичкиот коментатор Глен Бек, Трамп ја обвини канадската влада дека со години има нефер трговски однос кон САД и дека применува високи царини за американските производи. Тој како аргумент го ...

Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, постигна договор со 29 американски држави со кој ќе избегне продолжување на голем судски спор поврзан со начинот на кој нејзините платформи влијаат врз децата и тинејџерите. Според договорот, компанијата се согласила да плати 16,68 милијарди долари и да воведе дополнителни мерки за заштита на малолетните корисници. Државите ја обвинија Мета дека платформите намерно биле дизајнирани така ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле одобрени од Владата. Од вкупната ...

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 проценти во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708 698 се вработени, а 90 020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на вработеност 46,6, а стапката ...

Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...

Германските компании се повеќе се цел на кибер напади за кои се сомневаат дека се поврзани со странски разузнавачки служби, според студија објавена денеска на дигиталното здружение Битком. Триесет и седум отсто од анкетираните компании што биле жртви на кибер напади велат дека барем еден инцидент во изминатите 12 месеци бил поврзан со странска разузнавачка служба. Една година претходно, тој удел изнесувал 28 проценти, а во 2023 година – 7 ...

Автомобил стар 98 години ќе биде дел од изложбата на олдтајмери, во рамки на годинашниот „Тиквешки гроздобер“, соопштија на денешната прес-конференција, посветена на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација што ќе се одржи на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци. Организаторите најавија богата програма, што започнува со гроздоберска трпеза, па продолжува со други настани како промоција на монографија „50 години – Музеј ...

Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 219 000 и е намален за 7.9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за 11.9 проценти, во приградскиот за 9 проценти, во меѓународниот за 4,3 проценти, додека во меѓуградскиот ...

Француски суд за првпат го призна космичко зрачење како една од причините за рак на дојка кај стјуардеса. Софи Лено (59), поранешна вработена во Ер Франс, побара нејзината болест да се признае како професионална, што судот во Бајон сега го потврди со историска пресуда. Судот утврди дека три фактори поврзани со работата придонеле за развојот на болеста: космичко зрачење, пасивно пушење и долготрајна ноќна работа. Пушењето било дозволено на ...

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска на која се дискутираше за актуелните реформи во правосудството и законските решенија кои произлегуваат од Реформската агенда и Поглавјето 23. Како што се наведува во соопштението, беше истакната важноста од отворен дијалог и вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето и спроведувањето на реформите, како и ...

Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција! Како инженер по информатика, а денес и како пратеник, на дата центрите гледам како на критична инфраструктура за иднината на Македонија. Прашањето не е дали светот ќе користи дата центри. Ќе користи! Прашањето е: дали Македонија ќе биде дел од таа инфраструктура или ќе плаќа на други држави за нивните услуги?, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42