Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...
Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување на недостигот во рафинерискиот сектор се многу поограничени. Цената на референтната ...
Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“ во Скопје наскоро треба да добие нов изглед. Во тек се хортикултурни активности со кои просторот ќе биде збогатен со ново зеленило. Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој посочи дека целта е централниот градски простор да биде поуреден и попривлечен. Паралелно се работи и на обновување на оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а ...
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р. (59) од Латвија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што соопшти МВР, на 17 август годинава во село Богородица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат типо“ кое го управувал С.Р., при што биле пронајдени 10 мигранти ...
Европската Унија ја потврди својата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во пресрет на 35-годишнината од нејзината независност, која ќе се одбележи на 24 август. Европската комисија објави дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори за постигнување, како што е наведено, сеопфатен, праведен и траен мир, како и на нејзиниот пат кон Европската Унија. Од почетокот на руската инвазија ...
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...
Мазутот беше претставуван како еколошка закана, но што покажаа проверките? Еден од најсилните елементи во јавната перцепција за случајот „Мазут“ беше тврдењето дека во ТЕЦ „Неготино“ бил користен мазут со штетен или токсичен состав. Токму затоа прашањето за квалитетот на горивото беше едно од најважните во целата постапка. Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива, со кој се утврдуваат граничните вредности за различни ...
Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“. Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство ...
Екстремните горештини донесоа привремено ограничување во железничкиот сообраќај во земјава. Возовите денеска во периодот од 11 до 17 часот ќе се движат со максимална брзина од 50 километри на час. Мерката е превентивна и има за цел да се намали ризикот од деформации на железничката инфраструктура предизвикани од високите температури. При силна топлина металните шини се шират, што може да влијае врз нивната стабилност, особено при движење на ...
На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59 на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Владата донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвои Стратегијата за сајбер-безбедност ...
Криптовалутите бележат силен раст во последните часови, при што најголемо внимание привлекува XRP со скок од повеќе од 20 проценти. Според достапните пазарни податоци, биткоинот се тргува околу 77.469 долари, што претставува раст од 2,43 проценти. Етериумот достигна 2.437 долари, со добивка од 2,77 проценти. Меѓу водечките криптовалути, BNB порасна за 5,02 проценти до 700 долари, додека Солана бележи раст од 4,49 проценти и се тргува околу ...
Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во ...
Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство. Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор. Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и ...
Нов скандал ги тресе грчките земјоделски субвенции. Анализа на официјални податоци покажува големи разлики меѓу бројот на говеда за кои биле исплатени средства од ЕУ и реалната состојба во земјата. За 2024 година биле пријавени околу 260.000 крави во лактација, додека статистиката покажува дека вкупното стадо говеда во Грција се намалило од околу 640.000 во 2023 година на 600.000 во 2024, а потоа на околу 520.000 во 2025 година. Дополнителни ...
TikTok и неговата матична компанија ByteDance постигнаа договор со американското Министерство за правда за плаќање 400 милиони долари, со што ќе биде затворен долгогодишниот спор околу заштитата на приватноста на децата. Случајот потекнува од тужба поднесена во 2024 година. Американските власти тогаш го обвинија TikTok дека не ги почитувал правилата за заштита на малолетниците и незаконски собирал лични податоци, вклучително и е-пошти. ...
Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, предупреди дека состојбата во компанијата е исклучително тешка и дека се потребни итни промени за да се зачува конкурентноста. Блуме вели дека досегашното намалување на трошоците не е доволно, бидејќи компанијата мора да обезбеди средства за развој на нови технологии, модели и производствени капацитети. Новиот пакет мерки треба да биде подготвен до крајот на годината, а меѓу најсериозните ...
Голема колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, каде што засилениот сообраќај предизвикува забавено движење на возилата. Фотографијата од граничниот премин покажува голем број автомобили во повеќе колони, со зголемен интензитет на сообраќајот во утринските часови. Богородица е еден од најфреквентните гранични премини во земјава, особено во летниот период, кога голем број граѓани од Северна Македонија и туристи ...
Девет пожари на отворен простор и натаму се активни или не се ставени под целосна контрола, покажуваат последните податоци на Центарот за управување со кризи. Во изминатото деноноќие биле регистрирани 27 пожари, од кои 16 се изгаснати, а два се под контрола. Најсериозна е состојбата кај Чаниште, каде огнот има повеќе краци кон Крушевица, Лопатица, Дуње и Црна Река. Активни пожари има и кај Студеничани, Тајмиште, Македонски Брод и Липково, ...
Жителите на неколку населени места во скопскиот регион денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Од 07:55 до 14:55 часот без струја ќе бидат делови од Петровец, како и корисниците во Огњанци, Чојлија, Бадар, Кожле, Катлановско Блаце и неколку други објекти во околината. Во Јурумлери, пак, прекинот е најавен во периодот од 09:00 до 11:00 часот и ќе ги опфати ...
Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да склучат договор за трговија, со кој би биле укинати надоместоците од 50 проценти што Вашингтон ги наметнува на одредени канадски производи. „Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...
Тесла најавува јавно лансирање на својот Cybercab во Остин, Тексас, возило без волан и педали кое е дизајнирано за целосно автономно превезување патници. Компанијата веќе го тестира Cybercab без возач на приватни патишта, а во Остин се одржани и обуки за итните служби за постапување со возилото во вонредни ситуации. Сепак, најголемиот предизвик останува безбедноста и регулативата. Технологијата Full Self-Driving на Тесла сè уште бара човечки ...
НОМАГАС АД Скопје изврши промени во органите на управување и надзор, согласно одлука регистрирана во Централниот регистар. За претседател на Управниот одбор и генерален директор е запишан Недим Рама, додека Крсте Миладинов е назначен за заменик-претседател на Управниот одбор и заменик-генерален директор. Во Управниот одбор членуваат и Бошко Стефановски, Хајриз Бучи и Огнен Димитров. Промени има и во Надзорниот одбор на НОМАГАС. За членови се ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) попладнево во Битола ќе ја одбележи 25-годишнината од нејзиното формирање. На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата ...
Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар ...
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје предлага исплата на дивиденда за 2025 година во вкупен бруто износ од 211,3 милиони денари, односно 387 денари бруто дивиденда по акција. Предлог-одлуката е предвидено да биде разгледана и донесена од Собранието на акционери на Банката на седницата закажана за 24 септември 2026 година. Според предлог-дивидендниот календар, право на дивиденда ќе имаат акционерите кои ќе бидат евидентирани во ...
Денот сабота, 22 август во Македонија повторно ни носи екстремно топло време и тоа поради влијанието на екстремно топлиот бран кој во Македонија продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Поради силното дневно загревање на атмосферата, во попладневните часови, особено на планинските ...
„Нептун“ влегува во нова фаза на развој со воспоставувањето на „Нептун Интернешнл“, обединувајќи ги своите операции во Албанија, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина во поинтегрирана регионална структура. Овој чекор претставува значајна етапа во развојот на компанијата, со цел да се обединат локалното познавање на пазарите со поголем регионален обем, споделени капацитети, повисоки оперативни стандарди и единствена стратешка ...
Хрватска последните години бележи значителен раст на платите, но разликите меѓу професиите и понатаму се големи. На врвот на листата се медицинските специјалисти, пилотите и висококвалификуваните ИТ експерти. Според анализа на податоците од порталот MojPosao за 2025 година, анестезиолозите се меѓу најплатените професии во Хрватска, со просечна месечна нето-заработка од околу 3.657 евра. Веднаш зад нив се пилотите, кои заработуваат просечно ...