Големи гужви и подолги колони повторно се создадоа на граничниот премин Табановце, каде што странски возачи со евидентирани сообраќајни прекршоци се задржуваат при излез од земјава. Причината е поврзувањето на системот за автоматско препознавање на регистарски таблички со граничните контроли. Возилата за кои во системот постои неплатена сообраќајна казна се издвојуваат од колоната, а возачите треба да ја регулираат обврската пред да ...

Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, покажуваат податоците на Пентагон. Од нив повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци. Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само штури информации за околностите во кои биле ранети војниците, како и за евентуалната штета на американските воени бази во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и во ...

На 21 август се одбележува Меѓународниот ден на сеќавање и почит кон жртвите на тероризмот – ден посветен на луѓето кои ги загубиле животите, претрпеле повреди или чии животи биле трајно променети како последица на терористички акти. Денот е воспоставен од Генералното собрание на Обединетите нации во 2017 година, со Резолуцијата A/RES/72/165. Целта е жртвите и преживеаните да бидат ставени во центарот на меѓународните напори за справување со ...

Странските државјани кои со своите возила ќе направат сообраќаен прекршок во Македонија отсега ќе можат електронски да проверат дали имаат изречена казна и да ја подмират без да чекаат на граничен премин. Министерството за внатрешни работи ја пушти во употреба новата веб-апликација, прилагодена и за користење преку мобилни телефони, која е наменета за сопствениците и возачите на автомобили со странски регистарски таблички. Преку платформата ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, нужни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција, или брз одговор ...

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...

Брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно јакнење на модерна, активна, професионална и самоуверена дипломатија, која навремено ги препознава предизвиците и можностите, отвора врати, создава партнерства и јасно ги застапува националните интереси. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на ...

САД го одобрија планот за продажба на Катар на авиони за полнење гориво во воздух во вредност од над 4,5 милијарди долари, соопшти Стејт департментот на САД. Катар побара до четири авиони КЦ-46А опремени со сензори за противракетна одбрана. Американскиот Конгрес, кој мора да даде конечно одобрение, е известен за договорот. Според Вашингтон, целта на продажбата е „да се зајакне безбедноста на стратешкиот регионален партнер“ и да се подобри ...

Минималната плата во Србија ќе биде повисока од почетокот на 2027 година, откако Владата донесе одлука за зголемување на минималната цена на трудот за 9,2 проценти. Со новото покачување, најниската месечна заработка ќе достигне приближно 600 евра, што претставува дополнително зголемување на приходите за работниците кои примаат минимална плата. Одлуката е донесена откако не беше постигнат договор во Социјално-економскиот совет, во кој ...

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани во Струга ги посети Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“, Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“, како и Спомен-домот на браќата Миладиновци. Во разговорите со директорите на установите, министерот се запозна со нивните тековни активности, програмите и плановите, како и со состојбата и потребите за нивното натамошно функционирање. Притоа, непосредно се ...

Против членови на Управниот одбор на М-НАВ се поднесени повеќе кривични пријави до Обвинителството за организиран криминал и корупција, поврзани со краткорочната позајмица од седум милиони евра за ЈП „Државни патишта“. Според наводите во пријавите, Управниот одбор најпрво ја одбил позајмицата, но само еден ден подоцна ја одобрил по задолжување од Владата. Дополнително, се тврди дека средствата биле исплатени од девизната сметка на М-НАВ во ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за ...

Околу шест милиони денари беа потрошени за обезбедување вода за пиење за Гостивар изминатиов период, додека траеше кризата. Сите граѓани беа снабдени, а дневно се доставуваа по два шлепера или 50 – 70 тони питка вода, рече попладнево директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Томовски напомена дека Владата интервенирала веднаш. -Од првиот ден ...

Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија денеска го разгледа барањето на иницијативата група и усвои стандардниот образец за собирање 50 илјади потписи, потребни за понатамошно продолжување на иницијативата за укинување на измените на Законот за заштитени подрачја усвоени во 2024 година. Иницијативната група ќе може да започне со собирање потписи од денот кога одлуката ќе стапи во сила и ќе го продолжи овој процес до 31 март. Во ...

Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски. – Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 година е дел од Министерството за здравство, каде што досега ...

Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува новата студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе зачести во поголемиот дел од Европа поради зголемените температури предизвикани од емисиите ...

Република Чешка го поддржува членството на Северна Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека ...

Значајни археолошки локалитети, споменици и подрачја од особено културно и природно значење во земјата добиваат современа мрежа за детекција на пожари, зајакнувајќи ја нивната противпожарна заштита, а паралелно на противпожарната служба ѝ овозможуваат непосредна оперативна слика во случај на избувнување пожар, информираа од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција за поставувањето 22 системи за рано откривање пожари во ...

Хрватска подготвува воведување ново кривично дело – екоцид, за најтешките случаи на уништување и сериозно загадување на животната средина. Министерот за правда Дамир Хабијан најави дека за екоцид би можела да се изрекува казна од најмалку 10 години до доживотен затвор, а делото нема да застарува. Дополнително, компаниите прогласени за виновни би можеле да се соочат со парични казни до 50 милиони евра. Мерките се дел од предложените измени на ...

Унгарскиот јавен медиумски сервис денеска ги емитуваше првите вести по 44 дена, со што заврши прекинот на програмата нареден во јули од владата на Петер Маѓар, која вети дека ќе ја врати независноста на јавните медиуми. Главниот јавен телевизиски канал, М1, престана да емитува информативна програма на 7 јули, кога беа започнати реформите, а првите вести оттогаш ги емитуваа утрово во 6:00 часот. Првите вести на М1, што беа емитувани на ...

Нов метеж се создава на граничниот премин Табановце, каде што патниците кои ја напуштаат земјата се соочуваат со долги колони и продолжено време на чекање. Дополнителен проблем претставува наплатата на сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Safe City“. Станува збор за казни евидентирани од камерите за време на престојот на странски државјани во Северна Македонија. Возачите со странски регистарски ознаки кај кои системот ќе утврди ...

Цените на природниот гас во Европа се зголемија за околу 120 проценти од почетокот на годината, а со ниското ниво на залихи во складиштата и ризиците од прекини во снабдувањето, европскиот пазар би можел да биде под дополнителен притисок пред зимата. Уште еден топлотен бран и рекордни температури ја зголемуваат побарувачката за електрична енергија, а намаленото производство во нуклеарните и хидроцентралите мораше да се компензира со гасни ...

По пет години проверки, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не утврдило доволно основи за сомневање дека при набавката и изградбата на модуларните болници во земјава биле злоупотребени службени овластувања. Одлуката се однесува на предметот отворен по допрен глас, во рамки на кој биле проверувани постапките поврзани со изградбата на модуларните болнички објекти. Обвинителката Верица Бержецка-Крстева ...

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои се ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска оцени дека Буџетот не е во лоша кондиција и оти наплатата на даноците се одвива согласно проекциите. Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека очекува реализација на даночните приходи и придонеси согласно проекциите. – Не би рекла дека буџетот е во лоша кондиција, но нема за се, исто како и дома. Никогаш буџетот на Македонија немал простор за се, не е ова првпат. Можеби јас ...

Општина Берово обезбеди 1.025.046 денари за изградба на пристапната улица „2“ со крак, во рамки на Имплементацијата на Декадата и Стратегијата на Ромите, преку Министерството за транспорт. Улицата, со должина од околу 115 метри, ќе биде поплочена со бекатон плочки, со што, како што информира градоначалникот на Берово Петар Ружински, ќе се подобрат условите за движење и пристап до имотите на жителите. Со реализацијата на проектот се очекува ...

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...

Растот на цените на металите се претвора во повисоки приходи за рударскиот сектор во Бугарија. Тамошното рударско производство во 2025 година достигнало вредност од 2,2 милијарди евра, со раст на приходите од 8%, и покрај само 1% раст на производството. Македонија располага со значаен потенцијал, но годишното рударско производство останува околу 250 милиони евра. Единствениот активен рудник за бакар, „Бучим-Боров Дол“, произведува околу ...

Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за учество на конференцијата е започнато, а билетите веќе се пуштени во продажба. Деталната програма и сите информации за говорниците и билетите ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75