Канада се подготвува за нов бран од 50 проценти американски царини што треба да стапат на сила в среда, бидејќи преговарачите од двете земји се уште се далеку од постигнување трговски договор. Новите царини ќе бидат насочени кон канадски увоз вреден речиси 20 милијарди долари, или околу 5,2 проценти од вкупниот американски увоз од земјата до 2025 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец се повика на член 338 од Законот за ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати барање за вонредна седница на хрватскиот парламент поради еколошката катастрофа во Лика. Милановиќ поднесува барање за вонредна седница на хрватскиот парламент врз основа на одредбите од член 79, став 2 од Уставот на Република Хрватска, потврди денеска Никола Јелиќ портпарол на претседателот. Според Деловникот на хрватскиот парламент, откако Милановиќ, како овластен предлагач, ќе поднесе ...

Правниот спор меѓу Доналд Трамп и британскиот јавен сервис BBC добива нова димензија, откако медиумската куќа побара од федералниот суд во Флорида да ги повика на сведочење тројца членови од семејството на американскиот претседател. Барањето се однесува на Иванка Трамп, нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и Доналд Трамп Јуниор, од кои BBC бара и доставување на документи поврзани со настаните во американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година. ...

Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и ...

Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа. -Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и ...

Јулската инфлација во Македонија изнесува 2,3%, што е значително намалување во однос на претходните месеци. Во јуни таа беше 3,4%, а во април 5,7%. Сепак, пониската инфлација не значи дека производите поевтинеле. Таа само покажува дека цените растат побавно. Поскапувањата од претходните години остануваат дел од денешните цени. Токму тука се разликуваат статистиката и секојдневното искуство на граѓаните. Додека Владата падот на инфлацијата го ...

Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на болеста. МЗШВ информира и дека ...

Во Албанија во јули инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е второ последователно зголемување и е над целта од проектираните 3 отсто на Централна банка на Албанија. Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, инфлацијата била 3,2% во јуни, додека во јули минатата година 2,5 отсто. На месечно ниво до крајот на јули, цените се зголемиле за 0,2%. Храната продолжува да го носи главниот товар во зголемувањето на цените, заедно со ...

Пакомак ја продолжува својата мисија како еден од најзначајните носители на системот за селекција, собирање и управување со амбалажниот отпад во земјата. Министерството за животна средина и просторно планирање повторно ја обнови дозволата за работа на компанијата, откако по 15-ти пат по ред го одобри нејзиниот годишен извештај и потврди дека Пакомак не само што ги исполнил, туку и ги надминал поставените национални цели. „Обновувањето на ...

Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, г-ѓа Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, г. Армен Григоријан и г-ѓа Калинка Габер, проектен менаџер – УНОПС. На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка ...

Мнозинството американски гласачи во анкета на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјавија дека им е полошо под актуелниот претседател Доналд Трамп. Истражувањето беше спроведено од 7 до 10 август од непартиската онлајн компанија Фокалдата, со седиште во Лондон, на 1.913 регистрирани гласачи. На помалку од три месеци до среднорочните избори во ноември, повеќе од 53 отсто од американските гласачи кои учествуваа во анкетата изјавија дека ...

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја инсистира претседателот на САД, Доналд Трамп, да го исполни ветувањето дадено на Турција во рамките на програмата за продажба на борбените авиони од петтата генерација Ф-35, пренесува телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“. Според медиумот, Ердоган изјави дека потпишувањето на трилатералниот договор од Мека меѓу Турција, Саудиска Арабија и Пакистан е чекор од голема важност и ...

Сопственикот на компанијата „Алпак Капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, денеска официјално е регистриран како директор на сите независни медиуми ANN, членки на „Јунајтед Груп“ во Србија, објави Н1 на сајтот. Во Агенцијата за деловни регистри, одлуките за назначување на сопственикот на „Алпак Капитал“ се донесени денеска, 17.08.2026 година. Михаило Јовиќевиќ, директорот на порталот и весникот „Нова“, како и на неделникот „Радар“, беа веднаш ...

Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светскатабанка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето, што се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево, ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. ...

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години. Потпишувањето на договорот следува после интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата. -АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за ...

Малопродажните цени на горивата од полноќ доживуваат пораст. Така, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за 4,50 денари по литар. Повисок трошок ќе има и за возачите на дизел возила, бидејќи ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе поскапи за 6,50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде поскапо за 6,00 денари за литар. Оваа информација беше објавена од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Според ...

Во Албанија, трета година по ред, е регистриран пад на производството во индустрискиот сектор, продлабочувајќи го расколот меѓу целокупниот економски прогрес и достигнувањата во индустријата. Најновите статистички податоци од Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw) укажуваат на намалување на бруто индустриското производство за 2,6% во 2025 година. Ова следи по пад од 7,5% во 2024 година и 8,4% во 2023 година. “Пресметано, ...

До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Општини Велес ...

Од денеска со петок Општина Крива Паланка организира бројни културни настани во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026″, музички и литературни настани за сите генерации. – Пред нас е уште една недела исполнета со култура и разновидни настани. “Кривопаланечкото културно лето 2026” продолжува со богата и разновидна програма, внимателно креиран спој на музика, книжевност и визуелна уметност, со содржини за различни генерации и ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја пофали палестинската милитантна организација Хамас за нејзината соработка и исполнувањето на обврските во рамки на планот за мир во Газа, во интервју за „Ал Џезира“. Тој истакна дека Хамас покажува „вистинска соработка“, истовремено критикувајќи го Израел за продолжувањето на нападите врз Појасот Газа и додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп исто така е загрижен поради таквите ...

Општина Македонска Каменица објави jавен повик за субвенционирање на изработка на проектна документација, поставување енергетско-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување. Повикот се реализира во рамки на проектот „Енергетско Ефикасни Домови“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност и условите за домување во станбените објекти. Согласно повикот, Општина Македонска Каменица ќе обезбеди ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење на активности од јавен карактер добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта. По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување на контролни и заштитни мерки ...

Инвестицискиот циклус во Македонија продолжува со нови производствени капацитети, технолошки инвестиции и најави за дополнителни работни места, објави Велјановски. Како што посочува, во земјава се реализираат и подготвуваат проекти од автомобилската, батериската, високотехнолошката и фармацевтската индустрија. „Една од значајните нови инвестиции е инвестицијата на „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово. Станува збор за мултинационална компанија, со ...

Шведско-британскиот фармацевтски гигант АстраЗенека соопшти за нов неуспех, прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“, нешто повеќе од еден месец откако прекина друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека волрустомиг, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...

Повторното исфрлање пепел од вулканот Етна делумно го ограничи воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром во Катанија, на италијанскиот медитерански остров Сицилија, соопшти денеска управата на аеродромот. Дел од воздушниот простор е затворен поради вулканската пепел, со што е намален бројот на можни слетувања. До 14 часот по локално време, односно 12 часот по Гринич, во Катанија ќе бидат дозволени само пет слетувања на час, додека за ...

Низ Европа, очекувањата за домашните апарати брзо се менуваат. Samsung Bespoke AI серијата е создадена за да одговори на нив со интелигенција, ефикасност и грижа вткаени во секој циклус. Скопје, 17 август 2026 година – Размислете кога последен пат навистина уживавте додека перевте алишта. За повеќето од нас, тоа е обврска што треба да се заврши, а не нешто на кое му се радуваме. Но, нешто се менува. Низ Европа, 73%[1] од потрошувачите велат ...

Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено ...

Полициски службеници вчера уапсиле битолчанец за предизвикување пожар. -Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште – соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека пожарот бил изгаснат од екипа на ...

Семос Едукација започна стратешка соработка со Гересхајмер, дел од глобалната германска групација специјализирана за производство на медицински производи од стакло и пластика, со цел воведување на вештачка интелигенција (AI) во деловните процеси на компанијата. Партнерството е насочено кон идентификување на можностите за автоматизација, оптимизација на работењето и развој на дигиталните компетенции на вработените, како клучни предуслови за ...

Цената на златото продолжува со растот на светските пазари, потврдувајќи го силниот интерес на инвеститорите за благородниот метал. Според последните податоци, една унца злато се тргува по 4.400 долари, што претставува дневен раст од 22,85 долари, односно 0,52 проценти. Позитивното движење е уште поизразено на подолг рок. Во последните 30 дена цената на златото е зголемена за 368,17 долари, односно за 9,18 проценти. Истовремено, и среброто ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Цинк

3.76