Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Пекабеско АД во периодот јануари–јуни 2026 година оствари позитивен консолидиран финансиски резултат, покажуваат неревидираните финансиски извештаи на компанијата, објавени во Македонска берза. Во првите шест месеци од годината, вкупните консолидирани приходи од работењето достигнале 3,01 милијарди денари, што претставува раст од 5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Најголем дел од приходите, односно 99 отсто, се остварени ...
Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...
Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази? Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти. На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична ...
На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...
Во извештајниот период, АД за неметали „Огражден“ и поврзаното друштво „Огражден-Микромикс“ ДООЕЛ немаат направено промени во сметководствените политики, што овозможува споредливост на финансиските податоци со претходниот период. Оперативните приходи се намалени за 6 отсто, додека приходите од продажба бележат пад од 5 отсто. На домашниот пазар продажбата е намалена за 35 отсто, но истовремено извозот е зголемен за 19 отсто. Останатите ...
Прилепска пиварница АД Прилеп продолжува со реализација на одлуката за стекнување сопствени акции со откуп. Компанијата преку Македонска берза соопшти дека на 11 август 2026 година се стекнала со дополнителни 18 сопствени акции, согласно одлуката донесена од Собранието на акционери на 27 мај 2026 година. Со последната трансакција, вкупниот број сопствени акции што ги поседува друштвото достигна 1.255 акции, што претставува 3,14 отсто од ...
Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз ...
Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички затвореник, а САД го нарекоа овој потег значаен чекор кон национално помирување, јави ДПА. Аналитичари ја гледаат одлуката во Каракас како еден од првите резултати од преговорите меѓу владата на вршителот на должноста венецуелска претседателка Делси Родригез и претставниците на опозицијата. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го нарече ослободувањето на затворениците „витален ...
„Макпетрол“ АД Скопје во првите шест месеци од 2026 година оствари значителен раст на приходите и позитивен финансиски резултат, и покрај сложените услови на енергетскиот пазар и зголемените трошоци, според податоците на Македонска берза. Според консолидираните податоци, вкупните приходи на Групацијата достигнале 17,83 милијарди денари, што е раст од 22,96 отсто во споредба со истиот период лани, кога изнесувале 14,5 милијарди денари. ...
Жителите на неколку локации во општина Илинден денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според известувањето на ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 06:00 до 13:00 часот, а ќе ги опфати: село Мралино; бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино; делови од населбата Дрма. Од ЕВН информираат дека прекинот е однапред планиран и е поврзан со изведување ...
„Витаминка“ АД Прилеп во првите шест месеци од 2026 година остварила позитивен финансиски резултат, при што консолидираните приходи и добивката бележат раст во однос на истиот период минатата година. Според неревидираните консолидирани финансиски податоци, компанијата во периодот јануари–јуни остварила 2,177 милијарди денари вкупни приходи, што е зголемување од 11 отсто во однос на првото полугодие од 2025 година. Речиси 99 отсто од ...
Сабота носи претежно сончево и топло време низ земјава, со појава на нестабилност во попладневните часови. На места, особено во југоисточните подрачја, можно е краткотрајно зголемување на облачноста проследено со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува претежно од источен правец. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје се очекува сончево и ...
Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија. Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара. По главниот удар, регистрирани се неколку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нови реакции со изјавата дека по, како што го нарече, поразот на Иран, САД би можеле да го прогласат стратешкиот Ормуски теснец за територија на Соединетите Американски Држави. Трамп ова го кажа за време на говор во Гарден Сити, на Лонг Ајленд, при што изјавата ја даде со насмевка и во тон кој остави простор да се толкува и како шега. Тој истовремено повтори дека Иран, според него, претрпел ...
Локалните власти и ЈКП „Бошава“ од Демир Капија воведоа целосна забрана за пиење и подготовка на храна со водата од градскиот водовод. Одлуката е донесена откако лабораториските анализи на примероците земени во понеделник и вторник од истото мерно место покажале меѓусебно спротивставени резултати. Според информациите од комуналното претпријатие, добиените резултати од двете различни институции создале несигурност за квалитетот на водата: ...
На 64-годишна возраст, во 2012 година, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Почина како последица од мозочен удар, а во последните години од животот се соочувал и со Паркинсонова болест. Џафери бил дипломиран на Филозофскиот факултет, а професионалната кариера ја започнал во новинарството. До 1990 година работел како новинар во Приштина, каде што се ...
Македонските туристи кои викендов се во Грција треба да обрнат особено внимание на предупредувањата што пристигнуваат преку системот 112. За 15 август во повеќе грчки региони е прогласен многу висок ризик од пожари, вклучително и Халкидики и Света Гора, каде е активиран највисок степен на готовност на службите. Пораката од 112 пристигнува директно на мобилниот телефон и обично е проследена со силен аларм. Таа може да биде предупредување за ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во рамки на редовниот дневен мониторинг на квалитетот и безбедноста на водата за пиење, на 14 август 2026 година биле земени вкупно 42 примероци од водоводната мрежа во Скопје. Од нив, четири примероци биле земени од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Примероците се анализирани во согласност со важечките прописи за безбедност и квалитет на водата за пиење, при што се вршат физичко-хемиски и ...
НЛБ предупредува на лажни СМС пораки со кои измамници го злоупотребуваат името на банката за да дојдат до лични и банкарски податоци на граѓаните. Во пораките најчесто има линк преку кој од корисниците се бара да внесат податоци за картичка, лозинка или електронско и мобилно банкарство. Од банката апелираат да не се отвораат сомнителни линкови и да не се внесуваат доверливи податоци преку СМС пораки. „НЛБ никогаш нема да побара од вас ...
ЦУК попладнево информираше дека до 18 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, два се ставени под контрола, а десет се целосно изгаснати. Најголем број активни пожари има во различни делови од земјата, при што на повеќе локации гори ниска вегетација, грмушки и шумски површини. Активни се пожарите во Моране – Вртекица – Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена ...
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е креирана со цел ...
Постојат работи во домот што ги избираме еднаш и ги задржуваме со години. Гарнитурата, трпезариската маса, можеби дури и бојата на ѕидовите. Но уметноста не мора да биде една од нив. Понекогаш нѐ привлекува нешто смирено и ненаметливо, речиси како природно продолжение на ентериерот. Друг пат, сакаме токму ѕидот да биде првото нешто што ќе го забележи секој што ќе влезе во просторот. А понекогаш е доволно да се смени само едно дело за целата ...
На 30 септември во Скопје, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за иднината на контролингот, новите компетенции и влијанието на технологијата врз финансиското управување Скопје, 14 август 2026 – На 30 септември 2026 година, во Хајделберг Факултет – Скопје, ќе се одржи 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, оваа година под мотото „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и развој на ...
Охридското Езеро годинава се планира да биде порибено со околу 1,6 милиони единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, се запозна со процесот на ...
Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи. Извор: МИА Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на ...
Во последните години, Општина Крушево заедно со локалните бизниси преземаат стратешки чекори за позиционирање на градот како одржлива туристичка дестинација преку целата година. Со поттикнување на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, поддршка на еколошки свесни практики и зачувување на богатото културно наследство, Крушево се развива во пример за одржлив и регенеративен туризам, кој успешно ги следи најновите светски трендови. ...
Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите ...
Повеќе од 900 напади врз здравствени установи, здравствени работници и пациенти се регистрирани во конфликтните зони низ целиот свет од почетокот на оваа година, што во просек е повеќе од четири напади дневно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во тие напади загинаа најмалку 900 луѓе, а повеќе од 1.400 беа повредени. Податоците на СЗО, што беа презентирани во Женева од директорот на агенцијата за хуманитарни операции и ...
Македонските туристи кои претстојниот викенд ќе патуваат кон Грција ги очекува зголемен сообраќај, особено поради продолжениот празничен викенд за Успение на Пресвета Богородица – 15 Август. Голем број граѓани од регионот се очекува да се упатат кон грчкото крајбрежје, па надлежните служби воведуваат посебен режим на сообраќај. Најголем притисок се очекува на патиштата кон Халкидики, како и на главните сообраќајници што го поврзуваат Солун ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар… Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...