Делови од Општина Бутел и Општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија. Според најавата, во Бутел без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“, во периодот од 08:30 до 11:30 часот. Подолг прекин е планиран во Центар, каде без електрична енергија ќе останат Музеј на современа уметност и дел од ...

Европската Унија сè поинтензивно работи на намалување на зависноста од американските платежни компании Visa и Mastercard преку воведување на дигитално евро. Проектот, кој го развива ЕЦБ, предвидува до 2029 година граѓаните да користат дигитални паричници гарантирани од централната банка. Но, банките предупредуваат дека дел од граѓаните би можеле да ги префрлат своите заштеди во дигитални евра, што би влијаело врз нивната ликвидност и ...

Општина Центар соопшти дека инспекциските служби, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, извршиле увид на градилиштето кај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде денеска настана свлечиште на земја при градежни работи. Според информациите од Општината, при увидот било утврдено оштетување на коловозот, тротоарот, канализациската мрежа и уличното осветлување, а инвеститорот веднаш бил ...

Цените на нафтата денеска бележат значителен пад на светските берзи, при што вредноста на „брент“ нафтата се спушти под 100 долари за барел, додека американската ВТИ сурова нафта се тргува околу 91 долар за барел. Падот на цените следува по зголемениот оптимизам дека САД и Иран би можеле да постигнат договор кој би довел до смирување на тензиите и повторно нормализирање на сообраќајот низ Ормуската Теснина – еден од најважните светски ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес) – соопшти Министерството за ...

За 51 отсто се зголемиле вонредните контроли на траектите, туристичките бродови и сите други видови пловни средства во Грција во однос на безбедноста, противпожарната заштита, средства за спасување, а контролите дополнително ќе се интензивираат во пресрет на летната сезона, соопштија од Министерството за поморство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. До 21 мај годинава биле спроведени 515 вонредни инспекции, наспроти 341 во истиот ...

Кинеските директни инвестиции во Европа минатата година пораснаа втора година по ред и достигнаа 16,8 милијарди евра, што е највисоко ниво од 2018 година, покажува најновото истражување на аналитичките куќи „Родиум груп“ (Rhodium Group) и „МЕРИКС“ (MERICS). Вкупниот раст од 67 проценти во споредба со 2024 година беше предводен од процесите на спојувања и преземања (M&A), кои на годишно ниво забележаа скок од 89 проценти, достигнувајќи ...

Приоритет на Владата е да имаме градски воз, а делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември, нагласува во интервју за ПРИЗМА, директорот на Македонски железници – инфраструктура, јавното претпријатие задолжено за изградба и одржување на пругите и железничките станици. – Во моментов активни се градежните работи од Зелениково до главната железничка станица, во должина од околу 25 километри. Ова е ...

Vision AI Companion носи попаметно и поимерзивно гледање AI Upscaling Pro Color Booster Pro AI Soccer Mode AI Sound Controller Pro Micro RGB: Дефинирање на иднината на премиум квалитетот на сликата Glare Free Micro RGB Gemini функции Micro RGB AI Engine Pro Micro RGB Precision Color 100 Micro RGB Color Booster Pro Micro RGB HDR Pro сертификатите “Безбеден за очите“ и “Дисплеј со циркадијален ритам“ OLED: Проширување на линијата за повеќе ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска повтори дека ќе поднесе оставка, наведувајќи дека потоа ќе се види дали ќе има парламентарни или претседателски избори за 90 дена. Доколку поднесе оставка, им изјави тој на новинарите во Пекинг каде е во посета на Кина, функцијата и овластувањата на претседателот ќе ги преземе претседателот на Народното собрание. Не наведе кога би го повлекол тој потег. Тој додаде дека не е некој што сака да ...

Меѓународните мировни мисии се загрозени бидејќи бројот на мировен персонал на Обединетите нации е преполовен во споредба со состојбата пред десет години, предупреди денеска Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот, изразувајќи загриженост поради „драматичното слабеење“ на мултилатералното управување со конфликти. Истражувачите во извештајот на институтот наведуваат дека бројот на припадници на мировните сили на Обединети ...

Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор, според кој Иран не би поседувал нуклеарно оружје и би се откажал од резервите на збогатен ураниум, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник. Телевизијата, повикувајќи се на неименуван висок претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведува дека рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува ...

Македонската Соларна Асоцијација и Скопје Сити Мол по четврти пат го организираат СОЛАРНИОТ САЕМ – МАКСОЛ ЕКСПО, кој годинава ќе се одржи од 4 до 7 јуни во Скопје Сити Мол. Настанот ќе обедини повеќе од 25 компании од Македонија и од регионот, што ќе ги претстават најновите производи, технологии и решенија од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Посетителите ќе може да разгледаат широк спектар на соларна ...

САД ќе ја задржат поморската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина сè додека договорот не биде потпишан, порача американскиот претседател Доналд Трамп, додека високи претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите би имале рок од 60 дена за постигнување конечен договор. Американската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина „ќе остане целосно vo сила сè додека договорот не биде постигнат, заверен и ...

Цените на енергенсите забележаа значителен пад на светските пазари, при што најголемо намалување е регистрирано кај суровата нафта и дериватите, додека природниот гас остана речиси стабилен. Според последните берзански податоци, цената на „Брент“ нафтата за августовските договори се намали за 4,86 проценти и се тргуваше по 95,34 долари за барел. Во текот на денот највисоката цена достигнала 99,59 долари, додека најниската била 94,22 долари. ...

Промоција на „Економија на заемноста: Редефинирање на економската парадигма“ и средба со еден од авторите д-р Џеј Јакуп (DPhil, Oxon) ќе се одржи денеска во „Литературно кафе Метаноја“ во Скопје, во организација на издавачката куќа „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура. Оригиналната верзија е во издание на Oxford University Press. Настанот ќе го отвори м-р Нада Милкова, директорка на „Метаноја“, а промотори се д-р ...

Традиционалните методи за дигитална видливост веќе не се доволни за опстанок на пазарот во ерата на вештачката интелигенција (AI). Ова е главниот заклучок од бизнис настанот „Will AI Find Your Brand?“, кој се одржа во просториите на АНК Северна Македонија, во организација на АНК и Represent Communications Скопје. Настанот ги собра водечките комуникациски експерти од регионот и претставници на бизнис заедницата, со цел да се демистифицира ...

Голем пожар избувна во објект на поранешната фабрика „Декортекст“ во Радовиш, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите во околината. Огнот зафатил магацински простор во кој, според информациите од терен, имало запаливи материјали, како и дел од поранешен производствен погон со машини. Според информациите од Територијалната противпожарна единица, пожарникарите интервенирале веднаш по пријавата, а за кратко време биле мобилизирани сите ...

Разговорите меѓу САД и Иран повторно се во фокусот на светската јавност, откако двете страни најавија напредок во преговорите за намалување на тензиите и нова рамка за соработка. Иако договорот сè уште не е официјално потпишан, дел од неговите клучни точки веќе се познати. Според информации од американски и меѓународни медиуми, договорот предвидува постепено смирување на состојбата на Блискиот Исток, отворање простор за нови дипломатски ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува многу поефикасна работа од институциите и порача дека граѓаните повеќе нема да чекаат бавна правда и одолговлекување на постапките. Тој нагласи дека не е целосно задоволен од динамиката со која се постапува по предметите и оцени дека надлежните органи мора да покажат многу поголема ефикасност. „Може многу подобро и многу побрзо да се испорачуваат резултати“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ...

По одлуката на Министерството за финансии да му ја одземе дозволата за работа на финансиското друштво „Креди Јес“, од коалицијата ВЛЕН порачаа дека институциите треба уште поодлучно да продолжат со контролите и мерките против финансиските злоупотреби. Од ВЛЕН велат дека државата мора да покаже нулта толеранција кон практики што ги доведуваат граѓаните во финансиски ризик и несигурност, особено кога станува збор за брзите кредити и заштитата ...

Македонската Православна Младина на Австралија одбележува 20 години од основањето. По тој повод во Мелбурн беше одржана свеченост со која беше прославен јубилејот. На свеченоста присуствувале претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот на Австралија, како и членови на пошироката православна заедница. – Настанот собра повеќе од 500 гости, претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот, како и членови на ...

Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси. Па дури и кога прашањето на маса го става највисока научна институција во Македонија – МАНУ. Сега и на академците кои ја работеле ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...

Нешто повеќе од половина милион гласачи (568.587) денеска ќе го остварат правото на глас на парламентарните избори на Кипар, на кои учествуваат рекорден број партии, коалиции и кандидати, од кои ќе бидат избрани 56 пратеници во Парламентот, додека пак анкетите покажуваат загуби за традиционалните партии и подем на нови политички сили со што драстично може да се смени политичката сцена во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Иако ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мировниот договор меѓу САД и Иран е речиси целосно договорен и дека финализацијата се очекува во наредниот период. Од Белата куќа беше соопштено дека во изминатите денови биле одржани повеќе разговори со лидери од Блискиот Исток и регионот, со цел да се усогласат последните детали од договорот. Трамп посочи дека дискусиите биле „многу успешни“ и дека постои значителен напредок кон ...

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го ...

Европската Унија е чекор поблиску до целосно укинување на роаминг-трошоците за земјите од Западен Балкан, откако земјите членки постигнаа напредок околу отворањето на официјални преговори со регионот. Според најавите, во почетокот на јуни се очекува формално одобрување на мандатот за преговори, по што Европската комисија би започнала разговори со секоја држава од Западен Балкан поединечно. Во процесот е вклучена и Северна Македонија, која ќе ...

Управата за хидрометеоролошки работи најавува за денес пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Управата за ...

Организацијата за следење на интернет-состојбите „Нетблокс“ соопшти дека Иран влегува во 13-та последователна недела на сериозни ограничувања на пристапот до глобалниот интернет, што претставува една од најдолгите дигитални блокади во последните години. Според објавата на мониторинг-платформата, земјата досега поминала повеќе од 2.016 часа во состојба на дигитална изолација од остатокот од светот. Податоците покажуваат дека голем дел од ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.44
67%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
70%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
78%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
74%
1020
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
72%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.51
78%
1017
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.92
55%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.46
62%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
71%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
69%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
94%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09