Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
САД воведоа санкции против новоформираната иранска структура која, според Вашингтон, е задолжена за контрола на бродскиот сообраќај низ Ормуската теснина, соопшти американското Министерство за финансии. Техеран на 15 април соопшти дека формирал нов државен орган насловен „Управа за контрола на Персискиот Залив“ (Persian Gulf Strait Authority), со основна задача управување со безбедноста и надзорот на морскиот премин. Во соопштението на ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“. Панелот е дел од меѓународна конференција посветена на градење синергија за креирање иновативни решенија во процесот на дигитална трансформација, што ја организираат ...
„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со ...
Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ, настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вечерва беше гостин во студиото на Дневникот на Сител телевизија, каде информираше за состојбата по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде беше евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Герасимовски истакна дека веднаш по инцидентот свикал итен кризен состанок, на кој ...
Најновите податоци на Државен завод за статистика покажуваат дека Македонија продолжува да се соочува со сериозен демографски пад, откако бројот на починати повторно е значително поголем од бројот на новородени деца. Според статистиката, во текот на минатата година во земјата се родени 15.655 деца, што е намалување од околу четири проценти во однос на претходната година. Во истиот период биле регистрирани 18.005 починати лица. Тоа значи дека ...
Поголем дел од водечките криптовалути денеска бележат пад на вредноста, а најголемото внимание повторно е насочено кон Bitcoin, кој се спушти на 75.020 долари. Според последните податоци, биткоинот загуби 985 долари или 1,30 проценти од вредноста, при обем на тргување од речиси 49 илјади трансакции. Аналитичарите оценуваат дека пазарот и понатаму е под влијание на неизвесноста околу глобалната економија и движењата на финансиските пазари. ...
Глобалниот енергетски пазар денеска е под силен притисок, откако цените на нафтата забележаа остар пад од над четири проценти. Северноморската Брент за испорака во август се тргува по цена од 92,45 долари за барел, што претставува дневен пад од 4,37 проценти. Во текот на денот, цената достигна максимум од 96,68 долари, а минимум од 91,78 долари. Американската ВТИ исто така бележи значителен пад. Фјучерсите за јули се спуштија на 88,95 долари ...
Министерството за внатрешни работи воведе нов кодекс за облекување кој ќе важи и за вработените и за граѓаните што ги користат услугите во Одделот за граѓански работи. Од Министерство за внатрешни работи велат дека мерката е донесена со цел да се зачува професионалниот изглед на институцијата и да се обезбеди посоодветна атмосфера при користење на административните услуги. Според новите правила, граѓаните кои доаѓаат за лични документи, ...
Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина денот Четврток 28 Мај 2026 ни носи поголема дестабилизација на Атмосферата во Македонија. Времето ќе ни биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во пладневните а особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси во форма на краткотрајно невреме со пообилен ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека без оглед каков и да е договорот со Иран, Ормуска Теснина ќе биде отворена за сите и нема да биде контролирана од ниту една држава. – Ќе ја набљудуваме, но никој нема да ја контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водам, истакна Трамп. Тој, исто така, нагласи дека САД не размислуваат за ублажување на санкциите за Иран. ми/ Извор: МИА Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави ...
Албанската влада планира до 2030 година да инвестира 7,9 милијарди евра во транспортна инфраструктура, железнички линии и неколку важни патни правци – дел од Коридорот 8 и Јадранско-јонскиот коридор. Според транспортната стратегија усвоена од владата, железницата Драч – Приштина е на прво место. Железничката линија што ќе ги поврзува Албанија и Косово ќе чини 750 милиони евра и треба да биде завршена до 2030 година. Според албанските ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за работа ...
Во време дебата околу отворањето нови рудници се повеќе се отвора во Македонија, секретарот на Здружението на металурзи на Македонија, Виктор Грозданов, во својата најнова колумна повика дебатата за рударството да се води со факти, наука и стручни анализи, а не преку страв и политички притисоци. Во текстот, Грозданов става посебен акцент на концептот на модерно рударство, посочувајќи дека современите рударски проекти денес функционираат ...
Денес, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Барањето е согласно член 129 став 2 од Собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска ...
Во рамки на проектот „Зајакнување на дигиталното земјоделство“, поддржан од словенечкиот CMSR и Владата на Република Словенија, македонска делегација предводена од деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, проф.д-р Маркоски, заедно со Амбасадорот на Република Северна Македонија во Словенија, Н.Е. Горан Милевски, престојува во официјална посета на Птуј, Словенија. Делегацијата го посетува реномираниот Словенечки земјоделски институт ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...
Група од 16 земји на Европската Унија објави заедничка изјава во која се бара во следниот повеќегодишен буџет на ЕУ да не се намалуваат средствата што членките ќе ги добијат за кохезионата и за заедничката земјоделска политика. Во документот, кој е составен на иницијатива на Романија, земјите потписнички истакнаа дека фондовите за регионална политика, земјоделство и рибарство, според предлогот за буџет на Европската комисија, се единствените ...
Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...
Војната во Иран продолжува да ја тестира отпорноста на банките и претпријатијата во ЕУ, при што растот на цените на енергијата ја зголемува инфлацијата и го нарушува економскиот раст, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). – Сегашниот шок во снабдувањето со енергија носи нагорни ризици за инфлацијата и надолни ризици за економскиот раст – изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, цитиран во соопштение за медиумите во ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акциски план за нејзино спроведување. Националната стратегија 2026-2030, како што информираа денеска од ДКСК, претставува клучен стратешки документ за превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, подготвен преку широк консултативен ...
Јадранка Клариќ-Кимовска, вински експерт, сопственичка на винскиот бар Wine Berry и основач на Wine Escape, годинава беше дел од судискиот тим на Decanter World Wine Awards 2026 (DWWA), како единствениот претставник од Македонија меѓу судиите на годинешното издание. Decanter World Wine Awards важи за еден од најпрестижните, највлијателните и најрелевантните вински натпревари во светот. На годинашното издание беа оценувани повеќе од 17 000 ...
Квалитетот на јавните политики, нивната предвидливост и начинот на кој се вклучуваат засегнатите страни во процесот на нивно креирање се важни предуслови за подобро деловно окружување, значајни иновации, поголема конкурентност и долгорочно одржлив економски развој. Ова беше во фокусот на работниот дијалог „Редефинирање на креирањето јавни политики: од консултации до заедничко создавање“, организиран од Американската стопанска комора (АмЧам) ...
Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 50 ...
Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...
Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија ќе биде потпишан денеска на настан во Ректоратот на УКИМ, на кој ќе присустува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. УКИМ, настанот го организира со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а Меморандумот ќе биде потпишан ...
Македонијатурист продава дел од своите познати објекти во Скопје, а паралелно инвестира во нова атрактивна локација во Општина Аеродром. Компанијата донела одлука да ги отуѓи хотелите „Бристол“ и „Јадран“, познат и како Арапска куќа, заедно со дополнителен недвижен имот во централното градско подрачје. Одлуката била усвоена на седница на Собранието на акционери одржана на 22 мај, а информацијата е објавена преку Македонската берза. Покрај ...
Американската авиокомпанија American Airlines најави голема модернизација на својата флота, со план повеќе од 500 авиони да бидат опремени со сателитски интернет од Starlink, услугата на компанијата SpaceX. Според најавите, инсталацијата на новиот систем ќе започне следната година и ќе опфати голем број авиони од семејството „Ербас“, вклучувајќи го и модерниот A321neo. Целта е патниците да добијат побрза и постабилна интернет-конекција за ...
Семејство од Скопје бара помош од јавноста по исчезнувањето на повозрасна жена која денеска била последен пат видена во населбата Карпош. Според информациите споделени на социјалните мрежи, жената исчезнала околу 15:15 часот во близина на основното училиште „Петар Поп Арсов“. Во моментот кога била забележана, носела розови тренерки и блуза со црно-бели пруги. Семејството наведува дека жената изгледа како на фотографијата објавена во апелот и ...