Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Денеска, 19 август, делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електроенергетската мрежа. Според информациите објавени од „Скопје1.мк“, прекините ќе ги опфатат корисниците во две скопски општини и ќе се одвиваат во различни временски периоди. Во Општина Сопиште, прекинот е планиран од 08:30 до 13:00 часот. Без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“, во близина на ...
Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше вечерва министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во ...
Од јануари до крајот на јули во Хрватска се издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, што е за 7,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во исто време, бројот на дозволи за нови вработувања е речиси преполовен, додека бројот на продолжувања на постојните и сезонските дозволи е зголемен. Директорот на Хрватската служба за вработување, Анте Лончар, изјави за ХРТ дека во Хрватска моментално се ...
Турција започна проект за развој на сопствена линија паметни телефони, во кој се вклучени одбранбената компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и компанијата TTT İnovasyon, објави CNN Türk. Според најавите, првиот уред би требало да биде претставен во првиот квартал од 2027 година. Проектот опфаќа развој на вкупно три модели, со различна намена. Еден од телефоните ќе биде специјално наменет за државните институции и ...
Додека вниманието во јавноста е насочено кон можноста вештачката интелигенција да замени дел од работните места, европските компании во моментов се соочуваат со сосема поинаков проблем – недостаток на луѓе кои можат веднаш да ги пополнат потребните позиции. Податоците за европскиот пазар на труд покажуваат дека најголем број слободни места има во професии поврзани со техниката, производството, машинството, транспортот и администрацијата. ...
До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра. Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација и на давачки што треба да се платат на царината“. -До крајот на ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ја поздрави одлуката на осум европски земји што не се членки на ЕУ да се приклучат кон рестриктивните мерки на блокот против Белорусија. Тоа се Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Украина, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Минатиот месец, Советот на ЕУ воведе рестриктивни мерки против Белорусија „со оглед на ...
Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите ...
Европската Унија (ЕУ) останува главен трговски партнер на Албанија, со учество од 53,6 проценти од вкупната трговија на земјата во јули, соопшти албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ). Податоците, исто така, покажуваат дека 68,4 проценти од албанскиот извоз во јули бил наменет за земјите од ЕУ. Во исто време, увозот од земјите од ЕУ учествувал со 47,8 проценти од вкупниот увоз во Албанија. Меѓу земјите-партнери на Албанија од ЕУ, Грција ...
Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, а четири држави — Калифорнија, Колорадо, ...
Во текот на 2026 година Грција планира предвремено да отплати 13 милијарди евра од јавниот долг со што, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјата го остава зад себе негативниот рекорд на „најзадолжена држава на нашиот континент“, јави дописничката на МИА од Атина. Преку објава на Фејсбук, Мицотакис посочи дека Грција континуирано го намалува јавниот долг од минатото побрзо од која било друга европска земја, објаснувајќи дека ...
Компанијата Самсунг („Samsung“) и Музејот за историја на уметноста во Виена (Kunsthistorisches Museum) денес објавија ново партнерство со кое 43 внимателно избрани ремек-дела од музејската колекција ќе станат дел од Samsung Art Store.[1] Почнувајќи од денес, љубителите на уметноста ширум светот ќе можат да пристапат до овие иконски дела во импресивна 4K резолуција, ексклузивно на компатибилни „Samsung“ телевизори.[2] „Музејот за историја на ...
Стратешки значајниот Ормуски Проток ќе биде недостапен за пловидба додека Соединетите Американски Држави не ги задоволат сите барања од привремениот договор постигнат со Иран во јуни, соопшти главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во својот говор пред иранскиот парламент. Калибаф појасни дека условите поставени од Техеран вклучуваат целосно укинување на американската блокада на иранските пристаништа, прекин на сите санкции ...
Снабдувањето со енергија претставува еден од најбитните сегменти за секоја нација, но истовремено и прашање кое директно влијае на секое домаќинство. Оттука, определба на актуелната Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е да обезбеди непречено снабдување со електрична енергија, да го стимулира домашното производство и да создаде услови за предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и стопанските субјекти. Акцентот ќе биде ставен на цената на ...
Турција презема нови мерки за зајакнување на домашното рударство и намалување на ризиците во снабдувањето со критични минерали. Владата на Реџеп Таип Ердоган планира формирање посебен Одбор составен од повеќе институции, кој ќе ја координира политиката за критичните минерали и ќе го определува нивното стратешко значење за индустријата, енергетиката, одбраната и високите технологии. Новото тело ќе ги разгледува и еколошките и социјалните ...
Надлежните од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) открија даночни неправилности во вредност од 92.000 евра при необјавени инспекции на бродски превозници на островот Санторини. Инспекторите спровеле проверки на туристички бродови и катамарани кои нудат еднодневни или полудневни крстарења, а резултат на истите биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, извести дописничката на МИА од Атина. Акцијата, наречена „Ќе те ...
Прилепска пиварница АД Прилеп продолжува со реализација на одлуката за стекнување сопствени акции преку откуп. Согласно известувањето објавено во рамки на правилата за котација на Македонската берза, друштвото на 13 август 2026 година се стекнало со 7 сопствени акции. Стекнувањето е реализирано врз основа на одлуката на Собранието на акционери на Прилепска пиварница АД Прилеп за стекнување сопствени акции со откуп, донесена на 27 мај 2026 ...
Винарската визба „Тиквеш“ АД Кавадарци во првата половина од 2026 година остварила значително подобри финансиски резултати, со раст на приходите и профитабилноста во споредба со истиот период минатата година. Според консолидираните финансиски извештаи објавени од Македонска берза, вкупните приходи се зголемиле за 9 проценти, при што растот во најголем дел се должи на подобрите резултати на странските пазари. Приходите од продажба на ...
Во 1967 година, во рамките на основањето и конституирањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Матичната комисија ги избрала првите 14 редовни членови на највисоката научна и уметничка институција во земјата. Меѓу првите академици се нашле истакнати имиња од македонската литература, уметност, наука и култура: Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Васил Иљоски, Никола Мартиноски, Михаило ...
Групацијата ЗК „Пелагонија“ АД Битола во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 6,13 милиони денари, што претставува раст од 112 проценти во однос на истиот период минатата година. Според објавените неревидирани финансиски извештаи во Македонска берза, позитивниот резултат е оценет како продолжение на продуктивното и рентабилно работење на Групацијата. Оперативните приходи намалени за 13 проценти Во периодот ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите меѓу двете земји, соопшти турското претседателство. Во телефонскиот разговор, Ердоган ја понудил целосната поддршка на Анкара за мировните напори и истакнал дека е од големо значење да се искористат сите дипломатски можности за надминување на тензиите меѓу Иран и САД. Турското претседателство ...
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје најави исплата на полугодишна камата за имателите на перпетуални обврзници од втората емисија, со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2. Каматата се исплаќа по стапка од 5 проценти на годишно ниво, а исплатата е предвидена за 31 август 2026 година, објави Македонска берза . Право на исплата ќе имаат лицата кои ќе бидат евидентирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за ...
ГД Гранит АД Скопје ја заврши првата половина од 2026 година со значително подобри консолидирани финансиски резултати. Според неревидираните консолидирани финансиски извештаи, компанијата во периодот јануари–јуни остварила нето добивка од 317,97 милиони денари, што претставува раст од 109 проценти во споредба со истиот период минатата година. Резултатите објавени од Македонска берза ги опфаќаат работењето на матичното друштво и седум ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Корисниците од населбата Маџирмаало во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради санирање уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски Корчагин“ бр.18. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санирање на дефектот. Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Орце Николов“ 106 од 8:30 ...
Од денеска на полноќ стапија на сила новите малопродажни цени на нафтените деривати, со кои возачите ќе плаќаат значително повеќе за гориво. Најголем скок има кај дизелот, чија цена се зголеми за 6,50 денари за литар, додека бензините поскапеа за 4,50 денари. Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика. Според новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 91,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 93,50 денари. Цената на ...
Македонските бои ќе ги бранат спортисти во индивидуални и екипни дисциплини, со поддршка од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ќе присуствува на свеченото отворање на Игрите. Натпреварите ќе се пренесуваат во живо на МРТ 3, а случувањата од Таранто ќе може да се следат и преку социјалните мрежи на МОК Македонија е подготвена за ново големо спортско претставување на меѓународната сцена. Денеска официјално беше ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и ...
Македонската економија влегува во период во кој странските инвестиции повеќе не се сведуваат само на отворање нови фабрики, туку сè повеќе се гледа и тренд на проширување на компаниите кои веќе работат во земјата. Тоа е важен показател за довербата на инвеститорите, но и за постепеното позиционирање на Македонија како производствена база за европските и глобалните пазари. Дел од инвестициите веќе влегуваат во производствена фаза. Во Битола ...