Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер. На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, била потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Во фокусот на разговорот биле темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со ...

Светските пазари на храна повторно се соочуваат со ризик од нов ценовен бран, по периодот на релативно стабилизирање. Анализата на „Оксфорд Економикс“ покажува дека глобалните цени на храната би можеле да се зголемат за 11,8 проценти во 2026 година, а дополнителен раст од 4,8 проценти се очекува и во 2027 година. Најголем притисок се очекува кај земјоделските производи, особено житарките, овошјето и зеленчукот, но и кај млечните производи. ...

Цената на суровата нафта на меѓународните пазари продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во последните речиси три недели. Новиот ценовен скок е поврзан со зголемените геополитички ризици на Блискиот Исток и стравувањата дека дополнителна ескалација би можела да го наруши глобалното снабдување со нафта. И Брент и американскиот WTI бележат раст во последните неколку трговски сесии, додека инвеститорите внимателно ги следат ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово, на која се зборувало за проектот за изградба на патот Тетово-Призрен, кој претставува важен инфраструктурен проект за понатамошно поврзување на двете земји и унапредување на регионалната мобилност. Заедно со Николовски на средбата биле и заменик министерката за ...

Европската економија се соочува со крајот на моделот на раст што со децении се темелеше на силната глобална трговија, конкурентната индустрија и стабилниот меѓународен поредок – изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, повикувајќи ја Европа подобро да ги искористи единствениот пазар и потенцијалот за развој на нови технологии. „Европскиот повоен модел на раст слабее бидејќи се менуваат условите врз коишто ...

Германија се обидува да ја ублажи кризата поради недостатокот на квалификувана работна сила со увоз на работници, а за да ги отвори вратите уште повеќе за доаѓањето на имигранти на работа, признава се повеќе странски квалификации, јави ДПА. Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа е десет проценти повеќе од претходната година, односно 21 и 25 ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски на која се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Академијата, како и за новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина процедура, информираат од ресорното министерство. Со предложеното законско решение, како што велат, ќе се создадат услови за ...

Над 250 учесници беа дел од бесплатната онлајн обука што dm drogerie markt и Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона” ја реализираа на 18 август во рамки на „Караванот на мајчинство”. Овојпат, во фокусот беше една исклучително важна тема за идните и новите мајки – психичките и емоционалните промени во текот на бременоста и периодот по породувањето, како и начините за полесно справување со нив. На темата „Психички ...

Цената на електричната енергија останува едно од најчувствителните економски прашања за граѓаните, но владината стратегија покажува дека фокусот постепено се поместува од краткорочно контролирање на цените кон зголемување на домашното производство. Целта е Македонија да увезува помалку струја, да произведува повеќе и на тој начин да создаде услови за постабилни и пониски трошоци. Во моментот, според податоците што ги презентира власта, ...

Кога купувате нов телефон, веројатно читате рецензии и гледате видеа со споредби во потрага по „најдобриот“ уред. Иако рангирањата можат да бидат корисни, тие не можат да одговорат на најважното прашање: кој телефон е најдобар за вас? Одговорот зависи од личните потреби, како што се начинот на кој сакате да работите, да создавате содржини и да останете поврзани во текот на денот. Зошто „Samsung“ нуди повеќе формати на преклопливи телефони? ...

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, утре ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој е во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец. – На 20 август, во Пустец, заедно ќе ја прославиме македонската традиција, култура и фолклор. Ве покануваме на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа 2026“ — вечер исполнета со македонски ...

Криптовалутите утрово бележат претежно позитивно движење, со раст кај најголем дел од најтргуваните дигитални средства. Биткоинот се тргува по цена од 64.368,6 долари, што претставува раст од 175,9 долари или 0,27 отсто. Во последното тргување забележан е обем од околу 37,52 илјади единици. Посилен раст има кај Ethereum, чија вредност достигна 1.918,67 долари. Втората најголема криптовалута според пазарната капитализација порасна за 20,63 ...

Американските федерални обвинители објавија обвинение од 14 точки против 17 членови на иранскиот институт Мабна за 10-годишна кампања на кибер шпионажа. Групата е обвинета за напади врз стотици институции низ целиот свет, а според Министерството за правда, тие дејствувале првенствено по налог на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). „Овие обвиненија разоткриваат поширока мрежа за која се верува дека стои зад обемна кампања спонзорирана од ...

Германската економија се соочува со сериозен предизвик на меѓународните пазари, при што значителен дел од компаниите стравуваат дека ја губат конкурентската предност во однос на фирмите од други земји. Според најновото истражување на германскиот Институт за економски истражувања Ifo, 25,4 отсто од анкетираните компании сметаат дека нивната конкурентност на пазарите надвор од Европската Унија е загрозена. Проблемите не се ограничени само на ...

Иран разгледува можност за напад врз американски воени цели во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп повторно го ескалира конфликтот, објави Фајненшал тајмс повикувајќи се на извори блиски до иранскиот режим. Два извора изјавија дека иранските сили ги проценуваат можните напади врз американските средства во Југоисточна Европа, вклучувајќи американски објекти во Бугарија, и дека Кипар е споменат како потенцијална цел. ...

Просечниот долг по глава на жител во Полска се зголеми за повеќе од 700 злоти во текот на оваа година, надминувајќи 22.700 злоти, што одговара на околу 5.200 евра, според податоците од полското биро за економски информации ERIF. Најчестите долгови вклучуваат телефонски сметки, отплата на кредити и издршка на деца. Според податоците на ERIF, вкупниот долг на Полјаците на крајот на јуни оваа година изнесувал 28,46 милијарди злоти, или околу ...

Американските берзански индекси ја завршија последната трговска сесија со пад, при што најголем притисок беше забележан кај технолошкиот сектор. Инвеститорите го следат развојот на пазарите во услови на неизвесност околу идните економски движења и монетарната политика. Dow Jones се намали за 116,38 поени, односно 0,22 отсто, и сесијата ја заврши на 53.343,40 поени. Во текот на тргувањето индексот достигна 53.478,76 поени, додека најниската ...

Едно лице го загубило животот, а осум други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во текот на ноќта во близина на Младеновац, Србија. Според првичните информации од српските медиуми, во несреќата учествувале автомобил „ауди“ и автобус. Возачот на автомобилот, 42-годишен маж, починал на местото на несреќата како последица на силниот удар. Во автобусот се наоѓале повеќе лица, а повредени се возачот и седум патници. Тие биле ...

Цените на дел од најважните метали на светските берзи бележат пад во утринското тргување, при што најголемо намалување меѓу следените благородни метали имаат среброто и златото. Фјучерсите на златото за декември 2026 година се тргуваат по цена од 4.412,50 долари, што претставува намалување од 8,10 долари, односно 0,18 отсто. Во текот на тргувањето златото достигна дневен максимум од 4.416,92 долари, додека најниската забележана цена изнесува ...

Иран ги предупреди земјите од Заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на воените операции на Вашингтон против Исламската Република. „Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи. Во меѓувреме, Иран ...

Белгија е подготвена да разгледа можност Украина да ги користи замрзнатите руски средства, но бара ризикот од таквата одлука да го преземат заеднички сите земји членки на ЕУ. „Белгија не може сама да го преземе ризикот да мора по 10 или 15 години да ги враќа тие средства на Русија“, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево при посетата на Киев. Во ЕУ се замрзнати околу 210 милијарди евра руски имот, а најголемиот дел од ...

Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од корисниците на Општина Чаир и населба Топанско Поле, поради промена на шибер Ф-250мм на ул.Џон Кенеди раскрсница со ул.Лазар Трповски, од ул Лазар Трповски и населба Топанско Поле. Како што соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9 часот до завршување на работите. Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините,речните долини и ...

Министерството за одбрана на САД им наложи на 30 американски универзитети да ги преразгледаат партнерствата со претежно кинески универзитети и институции за воена обука. Универзитетите ќе го изгубат своето финансирање во следните две недели ако не ја завршат таа ревизија и не ги прекинат сите аранжмани што се сметаат за проблематични. Пентагон соопшти изјави дека целта на истражувањето финансирано од буџетот е да се заштити од кражба и ...

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура. На Преображение за прв пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослсови. Тоа претставува и благодарност кон Бога за дадените ...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во доградбата на нови училници во Основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар. На увидот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Активностите се насочени кон проширување на просторните капацитети на училиштето и подобрување на условите за одвивање на наставата за учениците. Министерката за образование и наука Весна ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства. По билатералната и ...

Денеска треба да бидат објавени деталните резултати од контролата на мерките што ги презеле општините за сузбивање на комарците, најави министерот за здравство Сашо Клековски. Контролата на активностите на локалните самоуправи веќе е завршена, а посебно внимание е насочено кон подрачјата долж Вардар и Повардарие, каде што ризикот е зголемен поради регистрираните случаи на западнонилска треска во соседна Грција. Клековски посочи дека Град ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Платина

49319.25