Американското Министерство за енергетика додели вкупно 500 милиони долари за седум проекти насочени кон зголемување на ископот и преработката на критични минерали, производство на батерии и рециклирање во САД. Меѓу компаниите што добија поддршка е и Nth Cycle, компанија за преработка на критични метали и рециклирање на батерии, која е поддржана од мултинационалната „Трафигура“. Компанијата е позната на македонската јавност како инвеститор ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. – Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести – изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека е време да се стави крај на војната со САД додека Иран се наоѓа во силна позиција. – Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа и нагласува дека САД ги напаѓаат нашите училишта, болници и инфраструктура, прекршувајќи ги сите правила – изјави Пезешкијан за време на средбата со ...

Македонија не е единствената земја во регионот каде што странските возачи можат да се соочат со наплата на сообраќајни казни. И Бугарија има систем за електронско евидентирање на сообраќајните прекршоци, а Министерството за внатрешни работи овозможува странските возачи да ги подмират своите обврски и при излез од земјата. Бугарските власти користат електронски фишови и други форми на санкционирање за сообраќајни прекршоци. Според ...

Кои професии се бараат денес, кои вештини ќе бидат неопходни во иднина и како вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој учиме и работиме? На 24 и 25 август, Семос Академии организира бесплатен дводневен настан „Што е следно? Знаење. Вештини. Кариера. Иднина.“, со четири панел-дискусии и повеќе од 20 професионалци од различни индустрии. Настанот е од отворен тип и е наменет за ученици, студенти, родители, но и за професионалци ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 19 септември. Претходната лиценца требаше да истече на 22 август. Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, како и околу 2.500 бензински пумпи во 19 земји. Пред ...

Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...

Хрватската Влада достави во собраниска процедура предлог за измени на Законот за пазар на електрична енергија, со кој ќе се воведе забрана за исклучување на електричната енергија на ранливите потрошувачи и потрошувачи погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на договори и подобра заштита на ранливите и енергетски сиромашни ...

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и ...

Вкупно десет пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп – во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани – на потегот село Моране – село Вртекица – село ...

Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење. Како најсилен, најброен и најрепрезентативен синдикат во државата, бше посочено, ССМ осум децении наназад ги застапува правата и интересите на работниците, учествувајќи во креирањето на работничките политики и во унапредувањето на ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека сите службени возила на Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку мониторинг центар. Како што наведува Ѓорѓиевски, системот овозможува во реално време да се следат локацијата и движењето на возилата, нивната маршрута, брзината, времето поминато во сообраќај, како и потрошувачката на гориво. Дополнително, со специјални сонди се контролира и нивото ...

Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во производствениот сектор се зголеми од 51,9 на 52,8, што е највисоко ниво за повеќе од четири ...

Летните попусти на здравствени прегледи и дијагностички услуги во Клиника Жан Митрев се достапни до 31 август 2026 година. Акцијата опфаќа повеќе услуги од различни медицински области и има за цел да ја поттикне превентивната здравствена грижа. Периодот по летните одмори е добра можност да се направат превентивни прегледи, особено затоа што голем број здравствени состојби можат да се откријат навреме, пред да предизвикаат посериозни ...

Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за создавање економски раст, укажува на забрзување на ...

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, а особено до сопствениците и операторите на дронови, за доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор. Од МВР посочуваат дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата ...

Јагленот останува најголемиот поединечен извор на електрична енергија во светот и оваа година, со очекувано производство од 10.974 терават-часови (TWh), или речиси една третина од вкупното глобално производство, покажуваат новите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Гасот ќе биде втор по големина извор на електрична енергија со 6.976 TWh, по што следуваат хидроенергијата со 4.536 TWh, сончевата енергија со 3.289 TWh, ветерот ...

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг го купи готскиот замок „Странкajли“ од XIX век во југоисточна Ирска, објави „Ајриш тајмс“ (Irish Times). Зданието се наоѓа на 200 километри од европското седиште на „Мета“, наведува компанијата. Замокот е изграден околу 1830 година на земјиште со поглед на реката Блеквотер. Во 2003 година бил подложен на обемни реновирања, според Националниот архитектонски архив. Трансакцијата не е наведена во ...

По успешните изданија во Дубровник и Сараево, оваа година Скопје ќе биде домаќин на MicroBalkans 2026 – водечка регионална конференција посветена на иднината на небанкарските микрофинансии, финтек иновациите и финансиската инклузија во Западен Балкан. Како визуелен симбол на настанот е избран токму Скопскиот аквадукт. Симболиката е јасна: како некогашните аквадукти што поврзувале ресурси со градовите, денес финансискиот сектор е тој што ...

Група од 272 експерти од 37 земји предупредуваат дека развојот на вештачката интелигенција носи ризици кои во одредени сценарија би можеле да предизвикаат катастрофални последици. Истражувањето, во кое учествувале експерти од технологијата, науката, владините институции и граѓанскиот сектор, идентификува пет клучни области на ризик. Меѓу нив се опасните способности на AI, употребата на технологијата за сајбер-напади и оружје, жестоката ...

Криптопазарот бележи силен раст, со значителни добивки кај најголем дел од водечките дигитални средства. Биткоинот се искачи на околу 75.410 долари, што претставува раст од 7,97 проценти. Во последниот период тргувањето со најголемата криптовалута е засилено, а инвеститорите повторно покажуваат поголем интерес. Етериумот исто така бележи позитивно движење. Неговата цена достигна околу 2.371 долар, со раст од 4,78 проценти. Најголем скок меѓу ...

Само седум трговски брода вчера минале низ Ормускиот Теснец, што е двојно помалку од бројот регистриран во средата, покажуваат податоците на компанијата за следење на бродскиот сообраќај „Кплер“. Вкупно четири брода влегле, а три го напуштиле Персискиот Залив. Пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари, низ Ормуската Теснина минуваше речиси петтина од светските испораки на сурова нафта и течен природен гас. Меѓу седумте бродови ...

Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...

Со свеченото отворање вечерва во италијанскиот град Таранто ќе биде означен почетокот на 20. те Медитерански игри. За македонските спортисти ова ќе биде четврто учество, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022 година. Македонскиот тим ќе биде најброен досега со 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 4 екипни спортови и во 15 индивидуални. Заедно со придружниот тим ова е најбројна спортска делегација со вкупно 130 членови. Медитерански ...

Цената на златото продолжува да расте на светските пазари, додека среброто бележи уште посилен дневен раст. Според последните податоци, една унца злато се тргува по цена од околу 4.540 долари, што претставува раст од 0,45 отсто, односно 18,43 долари во однос на претходната вредност. Уште позначително движење има кај среброто. Неговата цена достигна околу 69 долари за унца, со дневен раст од 1,43 отсто. Податоците покажуваат дека благородните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша меморандум насочен кон драстично зголемување на бројот на комерцијални вселенски лансирања од САД, додека нареди низа мерки што треба да ги спроведат владините агенции. Белата куќа сака да овозможи најмалку 1.000 лансирања и враќања од вселената годишно до 2030 година, во споредба со 178 лансирања минатата година, бројка што е веќе десетпати поголема отколку во 2013 година. Меморандумот, насочен ...

Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска на прес-конференција ќе информира за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, заклучно со 18 август, кај нас се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни. Евидентирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети општина Прилеп каде ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“. Мицкоски ќе изврши увид и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“. Предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети општина Прилеп каде ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на ...

Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор (-3,6%), во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42