Нов бран поскапувања на храната се заканува да изврши дополнителен притисок врз семејните буџети, откако високите температури, сушата и зголемените производни трошоци почнаа да се одразуваат врз земјоделското производство. Според проценките на Oxford Economics, глобалните цени на храната би можеле да пораснат за 11,8 отсто во 2026 година, а дополнителен раст од 4,8 отсто се очекува и во 2027 година. Најголем ризик има кај пченицата, ...

Сирија и Израел синоќа во Јордан одржале разговори со посредство на САД, со цел да се намалат тензиите по неодамнешните израелски напади врз сириска територија. Сириските државни медиуми, повикувајќи се на извор на Министерство за надворешни работи, соопштуваат дека разговорите биле насочени кон воспоставување практични механизми за запирање на израелските напади, апсења и целни операции, како и кон повторно започнување на преговорите за ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...

На филозофката, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија, денеска ќе и биде врачена наградата „BookStar“ за 2026 година, за најактуелна книга во контекст на годинашното издание на овој меѓународен книжевен фестивал. Нејзиното гостување ќе го означи првиот официјален преднастан на годинашното издание на „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „Чуму слобода?“. Ипи доаѓа во Скопје како авторка на книгата ...

Денеска се навршуваат точно 35 години од основањето на „Матица македонска“ – издавачката куќа чиј почеток е неразделно поврзан со еден од најзначајните мигови во современата македонска историја. „Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година. Само петнаесет дена подоцна, на 8 септември, граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Издавачката куќа создадена во предвечерјето на независноста, ...

Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. ...

По повод Денот на независноста на Украина, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа. Предвидени се обраќања на украинската амбасадорка, Лариса Дир, на амбасадорите на Француската Република, Сојузна Република Германија и Република Полска, Кристоф Ле Риголер, Петра Дрекслер и Мариуш Бримора, на претставникот на Интерпартиската ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Струга. Во Струга Николоски со градоначалникот Менди Ќура ќе извршат увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината. Како што информираат од Министерството за транспорт, предвидени се изјави за медиуми. сст/са/ Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари ...

Пензионерите во Македонија од септември би можеле да очекуваат ново зголемување на месечните примања, кое според досегашните пресметки би изнесувало околу 3 проценти. Стапката произлегува од податоците за движењето на платите и трошоците на живот во првото полугодие од 2026 година. Со објавувањето на податокот за просечната нето-плата во јуни, познати се клучните показатели потребни за пресметување на законското усогласување на пензиите. ...

Германските компании сè потешко се натпреваруваат на глобалниот пазар, покажува најновата анализа на економскиот институт „Ифо“. Според податоците, 25,4 отсто од компаниите сметаат дека нивната конкурентност на пазарите надвор од ЕУ е влошена. На европскиот пазар проблемот го посочуваат 17 отсто од фирмите. Најголем удар претрпува автомобилската индустрија – дури 43 отсто од компаниите од овој сектор пријавиле пад на конкурентноста надвор од ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да започне судскиот процес против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште седуммина обвинети во случајот поврзан со „Државна лотарија“. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Обвинението се однесува на наводни злоупотреби поврзани со набавката на видеолотариски терминали и постапките за воведување електронски игри на среќа. Случајот беше отворен со ...

Американскиот долар минатата недела забележа пад во однос на главните светски валути, додека инвеститорите внимателно ги следеа случувањата на пазарот на американски државни обврзници. Индексот на доларот се намали за 0,8 проценти, на 98,84 поени. Американската валута ослабе и во однос на еврото, за 0,9 проценти, при што еден долар се разменуваше за 1,1680 евра. Во однос на јенот, доларот падна за 0,2 проценти. Дополнителен притисок врз ...

Италија разгледува нов начин за пресметување на сообраќајните казни, според кој возачите би плаќале по 10 евра за секој километар на час над дозволената брзина. Моделот сè уште е само предлог и не е стапен во сила. Доколку биде усвоен, возач кој на автопат со ограничување од 130 км/ч вози со 140 км/ч би платил 100 евра, додека за 150 км/ч казната би изнесувала 200 евра. Паралелно, Италија го проширува надзорот со системот Tutor 3.0, кој ја ...

Харвардската бизнис школа тестира нов пристап во образованието со професори претставени преку аватари создадени со вештачка интелигенција. Осумнеделната онлајн програма HBS Foundry, која чини 699 долари, е наменета за претприемачи и им помага да развиваат бизнис идеи, подготвуваат презентации за инвеститори и вежбаат продажни и деловни состаноци. Дигиталните аватари се базирани на вистински професори и инвеститори, а учесниците имаат пристап ...

Новиот систем на Apple за App Store во Европската Унија повторно предизвика остри реакции од Epic Games. Apple најави намалување на дел од провизиите и поголема можност за користење алтернативни продавници и начини на плаќање. Компанијата ја укинува Core Technology Fee, но воведува 5 проценти провизија за одредени дигитални трансакции преку апликации дистрибуирани надвор од App Store. Epic Games смета дека ваквите правила и понатаму не се во ...

Позитивно заврши тргувањето на повеќето главни светски берзи, при што најголемите американски индекси забележаа раст. Dow Jones порасна за 0,98%, достигнувајќи 53.277,01 поени, додека S&P 500 се зголеми за 0,43%, на 7.674,37 поени. Nasdaq исто така порасна за 0,43%, до 26.180,46 поени. Позитивно тргување имаше и кај компаниите со помала пазарна капитализација. Small Cap 2000 забележа раст од 0,85%. Најсилен раст меѓу наведените индекси ...

Општина Карпош презема дополнителни мерки за намалување на ризикот од ширење на западнонилската треска, информира градоначалникот Сотир Лукровски. Во рамки на превентивните активности веќе е извршено дополнително авионско третирање против ларви на комарци, а најавено е и вечерно теренско прскање против возрасни комарци. Од општината апелираат граѓаните да не оставаат вода во дворови, на тераси, во саксии, садови и резервоари, бидејќи ...

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев остро го критикуваше справувањето со комарците и западнонилската треска во Скопје. Апасиев преку социјалните мрежи обвини дека прскањето против комарци доцнело, а институциите не ги отстраниле потенцијалните места каде што тие се размножуваат, како канали, бари и мочурливи површини. Тој постави прашања и околу средството употребено при авионското прскање, за кое тврди дека не било соодветно ...

Криптопазарот бележи пад во последното тргување, при што најголемите дигитални средства се најдоа во негативна територија. Биткоинот се тргува по 76.227,8 долари, што претставува пад од 1,27%. Ethereum се намали за 0,66%, на 2.409,64 долари. Позначителен пад бележи XRP, чија вредност се намали за 3,63%, на 1,4728 долари. BNB падна за 1,52%, на 687,30 долари, додека Solana се намали за 1,28%, на 92,87 долари. Од стабилните криптовалути, ...

Цените на нафтата на светските берзи бележат минимални промени, додека природниот гас и гасното масло завршија со раст. Брент нафтата поскапе за 0,16%, достигнувајќи 93,93 долари за барел, со дневен максимум од 94,82 долари. Американскиот WTI поевтини за 0,22%, на 86,64 долари за барел. Кај нафтените деривати, London Gas Oil порасна за 0,36%, до 1.262,50 долари. Во меѓувреме, природниот гас забележа раст од 0,80% и достигна 2,755 долари. ...

Првиот примерок од електричниот модел Ferrari Luce, со шасија број 0, достигна неверојатна цена на официјална аукција – дури 34,6 милиони евра. Иако редовната цена на моделот е околу 553.000 евра, организаторите очекувале првиот примерок да достигне најмногу околу 1,3 милиони евра. Крајниот резултат ги надмина сите проценки. Името на купувачот не е откриено. Во јавноста се појавија различни шпекулации, меѓу кои дека автомобилот можеби ќе ...

Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа исплови кон Европа преку Арктикот, како проба за проверка на комерцијалната исплатливост на таа поморска рута. Бродот „PanStar Acro“ синоќа го напуштил југоисточниот пристанишен град Бусан. Се очекува околу 30 август да влезе на Северниот поморски пат, а околу 7 септември да помине низ арктичките води, соопшти јужнокорејското Министерство за океани и рибарство. Дестинација на бродот ...

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДС и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. За време на ковид кризата, Венко Филипче ...

Воведувањето на „Сејф сити“ и контролата на неплатените сообраќајни казни отвораат нови дилеми кај возачите кои патуваат од Македонија кон Србија. Во јавноста се појавуваат информации дека дел од возачите со неплатени казни го користат преминот Пелинце – Прохор Пчински наместо Табановце, со надеж дека ќе избегнат подолго задржување и регулирање на обврските. На Табановце во изминатиот период беа регистрирани случаи на проверки поврзани со ...

Големиот пожар што вчера избувна во околината на Струмица и се приближи до месноста Софилар е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Огнената линија од Водоча и Баница до Софилар е локализирана, а активно горење има само на едно тешко пристапно место во близина на Водоча. Во гаснењето учествувале струмичките пожарникари, екипи од други градови, како и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и ...

Нова трговска рамка меѓу Обединетите Арапски Емирати и Русија стапи во сила, со што двете земји очекуваат дополнително да ги зголемат инвестициите и размената на услуги. Договорот треба да им овозможи на компаниите полесен пристап до пазарите, поголема сигурност за инвеститорите и нови можности за соработка во повеќе услужни дејности. Фокусот е ставен на области како финтек, здравство, транспорт, логистика и професионални услуги. Од ОАЕ ...

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, ...

Денеска, по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на централната свеченост во Битола посветена на четвртвековното постоење и развој на една од најзначајните оперативни единици на македонската полиција. Единицата за брзо распоредување, од своето формирање во 2001 година до денес, помина низ континуиран процес на ...

Поради зголемената опасност од шумски пожари, во делови од Халкидики од утре, 23 август, ќе биде ограничено движењето на пешаци и возила. Мерката ќе важи од 08:00 до 20:00 часот и ги опфаќа одредени шумски подрачја во општините Касандра, Ситонија и Аристотел. Најголем дел од зоните се наоѓаат во шумски и туристички подрачја, каде поради високите температури постои зголемен ризик од избувнување и брзо ширење на пожари. Полицијата и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34