Општина Делчево продолжува со конкретна поддршка за младите и успешните ученици преку доделување ученички стипендии за учениците од СОУ „Методи Митевски – Брицо“. Со мерката се предвидува доделување на вкупно 19 стипендии, наменети за поддршка на образовниот успех, трудот и талентот на учениците, како и за создавање еднакви можности за образование и развој. Од нив, 10 стипендии во износ од 2.000 денари месечно, во период од девет месеци, се ...

Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/ на која има податоци за состојбата со западнонилска треска, ризичните подрачја и преземените активности промовираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство – Со цел да обезбедиме навремено ...

Со цел да се информираат и стимулираат сите физички лица редовно да го пријавуваат својот доход, Управата за јавни приходи денеска одржа настан во Дојран пред присутни издавачи на сместувачки капацитети и локални туристички работници, во рамки на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход”. – Целта на денешниот настан е да се информираат и пред се стимулираат сите физички лица редовно да си го пријавуваат својот доход. Тоа посебно се ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. За време на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес денеска и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна ...

Европа се подготвува за новата грејна сезона со значително пониски резерви на природен гас од вообичаеното, што веќе предизвикува раст на цените на енергенсот. Складиштата во Европа се пополнети околу 63 проценти, додека референтната цена на гасот на берзата TTF надмина 66 евра за мегават-час. За споредба, на почетокот на годината цената беше околу 29 евра. Особено загрижува состојбата во Германија и Холандија, каде резервите се значително ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти кој ќе овозможи побрзо и поефикасно поврзување меѓу Скопје и Приштина, олеснувајќи го движењето на граѓаните и развојот на економската соработка меѓу Северна Македонија и Косово. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, премиерот ...

До 13:00 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има: во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ...

Продолжениот викенд на самиот крај од август би можел да донесе значително зголемување на сообраќајот кон Грција, особено на главните патни правци и граничните премини. Се очекува најголем број возила да има во петок и сабота, кога македонските граѓани ќе го искористат слободното време за патување кон грчкото крајбрежје. Во исто време, периодот на смена на туристите дополнително ќе го зголеми бројот на возила што транзитираат низ Македонија. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по обезбедувањето на потребните финансиски средства, ...

СДС не може да се помири се реалност и состојбите во државата. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во регионот, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Тоа не дојде само по себе, туку тоа е директен резултат на мерките преземени од ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати и проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за 2025 година. Членовите на комисијата ги прифатија и посебените извештаи на ДКСК за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините ...

Стратешкиот план на Собранието за 2027-2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели-функционално, отворено, дигитално, безбедно собрание, парламентарна дипломатија и една новина е додавањето на интеграцијата во ЕУ и ефикасна служба, истакна ...

Проектите како автопатот Скопје-Блацекој чија изградба ја почнуваме денеска се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проекти којшто за неколку години ќе донесе ...

Граѓаните на Крива Паланка и сите посетители на градот под Осоговската Планина деновиве можат да уживаат во богатата лепеза традиционално богатство, култура, фолклор, традиционална храна, ракотворби, мед, домашни производи во рамките на манифестацијата „Шопско село 2026“, посветена на народното творештво, традиционалните занаети, ракотворби и домашната гастрономија. Манифестацијата започна вчеравечер и ќе се одржува три дена во центарот на ...

„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни ...

Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. Наместо дрвниот материјал да заврши како ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го одликува американскиот милијардер Илон Маск со Орден на слободата. – Орденот на слободата му се доделува на Илон Маск, претприемач, инженер и директор на „Спејс Икс“ и „Тесла“ во САД, се наведува во декретот на Зеленски. Во указот се посочува дека Маск е награден за „извонреден личен придонес во заштитата на човечкиот живот и слободата, како и во развојот на односите помеѓу народите на Украина ...

Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека ќе воспостави производна линија за HVAC системи за греење, вентилација и климатизација на “FläktGroup“ во Јужна Кореја, со цел да одговори на брзо-растечкиот пазар за решенија за греење, вентилација и климатизација, вклучително и преку производство на напредни решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција. Компанијата планира да инвестира приближно 240 милијарди корејски вони ...

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“. Во рамките на настанот, ...

На денешен ден во Скопје е родена Мајка Тереза, една од најпознатите хуманитарки во современата историја. Нејзиното вистинско име било Агнеса Гонџа Бојаџиу, а својот живот го посветила на помагањето на сиромашните, болните и луѓето без поддршка. Родена во Скопје, Мајка Тереза подоцна заминала во Индија, каде што го започнала своето долгогодишно хуманитарно дело. Таа го основала редот Мисионерки на милосрдието, организација која со текот на ...

Цените на нафтата на светските берзи бележат значителен пад, при што најтргуваните референтни сорти се во минус за повеќе од два проценти. Нафтата Brent со испорака во ноември се тргува по 85,26 долари за барел, откако во текот на тргувањето достигна највисока цена од 86,10 долари, а најниската изнесуваше 85,01 долар. Во однос на претходното тргување, цената е намалена за 2,01 долар, односно 2,30 проценти. Пад бележи и американската нафта ...

Кинеските автомобилски компании сè посилно го прошируваат своето присуство на европскиот пазар, не само преку продажба, туку и преку отворање и користење производствени капацитети во земјите од Европската Унија. Според актуелните проекции, производството на автомобили од кинески брендови во Европа би можело до 2030 година да достигне околу еден милион возила годишно, а пет години подоцна да се зголеми на 1,5 милиони автомобили годишно. ...

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и глумица Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела. „Многу ми е жал што морам да ве известам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки – и далеку повеќе од тоа – било кога, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ...

Повеќе домаќинства и деловни објекти во Скопје, Тетово, Гостивар и други населени места денеска, 26 август, ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции и зафати на дистрибутивната мрежа. Во Скопје, прекин е предвиден од 8:00 до 10:30 часот за корисниците во селата Летевци и Брезница, како и во подрачјето околу тунелот Катланово. Од 9:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде објектот на ...

По повод Денот на рударите, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје ќе биде одржана свеченост посветена на одбележувањето на празникот на рударите. На свеченоста ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 година. Со овој настан, како што нагласуваат од МЕРМС, се ...

Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Изведувач на автопатот со должина од 10,5 километри, во вредност од 222 милиони евра, е градежната компанија „Гранит АД Скопје“ која треба да го заврши за четири години. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце. Договорот ...

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген се соочува со нов бран на реструктурирање, а значаен дел од планираните намалувања на бројот на вработени би можел да се реализира токму во Германија. Извршниот директор на Volkswagen AG, Оливер Блуме, пред повеќе од 10.000 работници во Волфсбург порача дека компанијата мора сериозно да ги намали трошоците доколку сака да остане конкурентна во услови на големи промени во автомобилската индустрија. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Калај

46.54