Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
ЧлЧленовите на Државната комисија за спречување на корупција на денешната 33 седница донесоа вкупно 69 одлуки, од кои најголемиот дел се за советници, градоначалници, директори на училишта, градинки, комунални претпријатија, декани на факултети но и пратеници кои по анонимни пријави, но и по сопствена иницијатива на ДКСК се оформени предмети за неподнесување на анкетен лист за имотната состојба. За дел од предметите е утврдено дека лицата кои ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе започнат уште една рунда напади врз Иран и се закани дека ќе го заземат островот Харг како дел од пошироките напори за „преземање целосна контрола“ врз пазарите на нафта и гас во земјата. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека американските сили ќе го нападнат Иран „МНОГУ ЈАКО ВЕЧЕРВА“. Тој додаде дека САД ќе го „заземат“ островот Харг, клучен центар за ...
Европската централна банка денеска ја зголеми својата референтна каматна стапка од два на 2,25 отсто, што е прво зголемување од септември 2023 година, додека банката со седиште во Франкфурт го изложи својот одговор на економските последици од конфликтот во Иран, јави ДПА. „Војната на Блискиот Исток генерира инфлациски притисоци“, соопшти банката, предупредувајќи дека „перспективите остануваат неизвесни“. Се предвидува дека инфлацијата низ ...
Во Владата денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани клучните приоритети и следните чекори за спроведување на реформите, објави премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук. – Заеднички ја нагласивме важноста од ефикасна координација меѓу институциите и навремена реализација на предвидените активности – наведе тој во објавата. Дополнува дека била потврдена и заложбата за продолжување на реформските процеси во ...
Џон Хили поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Велика Британија, обвинувајќи го премиерот Кир Стармер дека не успеал правилно да го финансира Планот за инвестиции во одбраната (DIP). Во писмо до Стармер, Хили наведува дека премиерот „не бил во можност, а Министерството за финансии не било спремно, да ги издвои ресурсите што ѝ се потребни на нацијата за да ја одбрани земјата во ова време на зголемени закани“, пренесе ДПА. DIP, ...
Во организација на Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, утре во Берово ќе се одржи јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведувањето на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион. Како што информираат од Општина Берово, јавната расправа ќе се ...
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања. За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%. „Го ...
Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, уште ...
Осудениот Стевчо Јакимовски доби упатен акт за издржување на едногодишната затворска казна, соопшти Кривичниот суд во Скопје. Судија за извршување на санкции го комплетирал процесот за упатување, по што на осуденото лице му е определен датум за јавување во затворската установа. Јакимовски е должен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, со што започнува извршувањето на изречената казна. Од судот информираат дека постапката е ...
Владата останува на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, а според премиерот Христијан Мицкоски, податоците за првиот квартал од годинава се показател дека македонскиот БДП е еден од најдобрите во Европа. – Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 проценти, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени ...
Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис асоцијација. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот ...
Размената на информации помеѓу царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт или т.н.зелени ленти, ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на дигитализацијата, ...
„Минералните суровини не се само економско прашање, туку и прашање на национална безбедност, енергетска стабилност и технолошки развој“, вели универзитетскиот професор и претседател на Здружението на металурзи, Горан Начевски во интервју за „а1он“. Според него, Македонија сè уште не е активен играч во глобалната трка за критични минерали, но поседува значајни геолошки потенцијали кои можат да ја позиционираат како регионално важен снабдувач ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто ...
Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...
Иранското Министерство за надворешни работи остро ги осуди американските воздушни напади врз Техеран извршени во текот на ноќта, наведувајќи дека овие напади го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“. Нелегалните и криминални напади на САД во изминатите неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните правила на меѓународното право за почитување на националниот ...
Високите трошоци за живот сè повеќе ги нарушуваат основните социјални и економски права на граѓаните на Европската унија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата на ЕУ за основни права (ФРА), со предупредувања и за сеприсутниот раст на омразата на интернет и проблемите во интеграцијата на странските работници. Директорката на ФРА, Сирпа Раутио, оцени дека граѓаните ширум ЕУ се соочуваат со „секојдневни притисоци поради продолжената ...
Војската на САД синоќа соопшти дека нападнала танкер во Оманскиот Залив кој наводно се обидувал да транспортира иранска нафта. Врз машинскиот дел на бродот „Settebello“, кој пловел под знамето на Палау, било пукано откако екипажот ги игнорирал инструкциите, напиша на Х американската команда ЦЕНТКОМ, која е одговорна за регионот. Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) претходно соопшти дека избувнал пожар во машинскиот ...
Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град, соопшти УХМР. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени. Потоа времето ќе биде стабилно, во деновите од ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ја отворил четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...
Фондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2026/2027 година и ги повикува сите амбициозни средношколци од Македонија да аплицираат и да станат дел од новата генерација млади таленти. Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот ...
Наводниот недостиг на транспарентност на Европската комисија при набавката на вакцини против Ковид-19 во екот на пандемијата денеска повторно е во центарот на вниманието, кога највисокиот суд на ЕУ треба да се огласи за два поврзани случаи. Во 2024 година, Општиот суд на Европската унија, втор по големина суд во блокот, веќе пресуди дека комисијата не и овозможила на јавноста доволен пристап до договорите за набавка на вакцини, пренесе ДПА. ...
Последиците од ваквото задкулисно носење на законот без јавна расправа ќе бидат катастрофални на секое поле. Први на удар се вработените – повеќе од 10.000 луѓе директно ќе останат без работа, а социјалниот крах ќе погоди над 35.000 граѓани заедно со нивните семејства, кои државата буквално ги тера да се иселат од земјава. Дополнително, со затворањето на легалните објекти кои во моментов се единствената бариера за малолетници, играта се сели ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат седум комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оцени дека состојбата со јавниот долг во земјава е стабилна и дека неговото управување е под строг надзор. Таа посочи дека јавниот долг и понатаму се одржува под нивото од 60 проценти од бруто домашниот производ (БДП). Во гостување на телевизија „Телма“, министерката истакна дека клучно е начинот на кој државата се задолжува и дали средствата се насочуваат кон проекти кои создаваат ...
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди кадровските одлуки донесени од Извршниот комитет на партијата, со што Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев стануваат нови членови на највисокото партиско раководство. Од партијата информираат дека промените се дел од процесот на внатрешно реорганизирање и зајакнување на партиската структура, со цел подобра координација и подготовка за идните политички активности. Според ВМРО-ДПМНЕ, ...
На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Во фокусот на разговорот беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. Соговорничките изразија различни ставови за можните решенија за ...
Тројца наши професори се меѓу десетте најцитирани истражувачи од Македонија во областа земјоделски науки и шумарство, информираа од Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на нивната Фејсбук страница. Тие споделија дека ова претставува признание за научната извонредност на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип. – На денешната промоција на проектот „Академско рангирање АРБУ (Academic Ranking of Balkan Universities)“, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, ги повика републиканците во Конгресот итно да го усвојат предложениот буџетски пакет вреден 350 милијарди долари (Recon 3.0), наведувајќи дека тој план би овозможил значајно зголемување на воените расходи и би вклучил низа мерки кои ги нарече „Закон за спасување на Америка“. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп оцени дека предложениот пакет е клучен за остварување на воениот буџет од 1,5 ...