– Забрана за поставување фотоволтаични централи во заштитени подрачја од мрежата НАТУРА 2000, во шуми и национални паркови, забрана за поставување ветерни електрани во Солун и Атина, на места на надморска над 1,200 метри и на мали острови, предвидува, меѓу другото, новата специјална просторна рамка за обновливи извори на енергија на Министерството за животна средина и енергетика на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството ...

Вкупната вредност на синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај оваа година достигна 68.743 денари. Во споредба со април, кога таа изнесуваше 68.797 денари, забележано е намалување од 54 денари, информира денес Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај се искачува на 84.117 денари. Во текот на мај, средствата ...

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура. Во фокусот на Firestarter 2026 беше ...

Македонскиот бренд за одржливи чанти YOVA воведе дигитален пасош за своите производи, отворајќи ново поглавје во својата приказна каде традиционалната рачна изработка се поврзува со современата технологија. Развиен во соработка со италијански партнери, овој систем овозможува секоја YOVA чанта да добие сопствен уникатен дигитален идентитет — доказ за нејзиното потекло, автентичност и приказна. Со воведувањето на дигиталниот пасош што поставува ...

Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи. Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски ...

Ве известуваме дека на 16 мај 2026 година, во хотел „Изгрев“ во Струга, се одржа 71-то годишно Собрание на Адвокатската комора на Република С. Македонија, на кое беа избрани нови членови на органите на Комората за наредниот мандатен период. За претседател на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република С. Македонија е избран адвокат Лазо Ѓорѓиевски од Скопје. За заменици претседатели се избрани адвокатката Хамдије Адеми Тафа од Кичево ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) официјално го конституираа своето партнерство насочено кон поттикнување на фер, сигурен и прифатлив енергетски премин во државата. Двете организации денеска склучија Заедничка декларација со која УНДП формално беше прифатена како соработник на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (Just Energy Transition ...

Велика Британија направи значајна промена во енергетската политика. Според новите правила, на британските компании им се овозможува да увезуваат дизел и авионско гориво кои биле преработени во трети земји, дури и ако првичната суровина потекнувала од Русија. Одлуката е образложена како неопходна мерка за стабилност на транспортниот сектор и непречено функционирање на авиосообраќајот во пресрет на летната сезона. Британските власти процениле ...

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитално решение, достапно преку мобилната апликација NLB Pay, им овозможува на корисниците на платежни картички на НЛБ Банка едноставен трансфер на средства од која било НЛБ платежна картичка, кон сите ...

Македонија и натаму ќе биде под влијание на нестабилно време, а метеоролозите предупредуваат дека во текот на следните денови се можни локални невремиња, засилен ветер и нагли промени на температурите. Иако се очекуваат и сончеви периоди, атмосферата останува нестабилна, особено во попладневните часови. Според најавите, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи во повеќе региони низ земјата. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе присуствува на следниот Самит на Г7, што ќе се одржи во јуни во Евијан, Франција. Според француските медиуми претседателот на Франција Емануел Макрон со недели се обидувал да го убеди Трамп да присуствува на Самитот. Трамп изминатиот период ги напаѓаше земјите-членки на Г7 поради што не го поддржаа во војната против Иран. Првично беше планирано Самитот на Г7 да почне на 14 јуни, но е презакажан и ќе трае ...

Приближно 770 милиони денари се одобрени од страна на Владата за поттикнување на науката, обелодени денес од страна на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Како одговор на прашања од новинарските екипи, по свеченото поставување на камен-темелник за проширување на основното училиште „Јоаким Крчовски“ во населениот дел Волково-Орман, општина Ѓорче Петров, тој истакна дека издвоениот финансиски износ претставува двојно зголемување во ...

Србија е изоставени во новата рунда исплати од Европската комисија за Западен Балкан од Планот за раст, бидејќи се уште не ги исполнила целосно реформските чекори што беа предуслов за исплата на тие средства. Освен Србија нема исплата и за БиХ, соопштија од Брисел. Србија моментално чека на втората транша во износ од 163,1 милиони евра и третата од 265 милиони. Средствата за Србија не се трајно изгубени, туку се блокирани додека не се ...

На 19 мај 2026 година, М6 Едукативен центар свечено го отвори својот нов регионален центар во Кавадарци кој претставува современ простор за учење, професионален развој, вмрежување и соработка помеѓу бизнис-заедницата, образовните институции и младите од Вардарскиот и Пелагонискиот регион. На свеченото отворање присуствуваа претставници од институциите, дипломатскиот кор, меѓународни организации, компании, образовни институции и партнери на ...

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, ...

Европската Унија повторно ја стави Македонија меѓу земјите од Западен Балкан кои покажуваат најголема подготвеност за спроведување на реформи и користење на европските фондови. Според последните оценки од Брисел, државата добива значајна поддршка во рамките на европскиот План за раст, а од новиот финансиски пакет ќе ѝ припаднат 65,7 милиони евра. Средствата се дел од пошироката програма на Европската комисија наменета за економско ...

Владата предвидела околу 770 милиони денари за поттикнување на науката, објави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. При одговарање на прашања од страна на новинарите, по свеченото поставување на камен-темелник за изградба на дополнителни простории во Основното училиште „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман, општина Ѓорче Петров, тој истакна дека одвоените средства се дуплирани во споредба со 2024 година. „И во ...

Дваесет и три отсто од околу 900 компании со германски капитал што работат во Србија, и кои вработуваат околу 80.000 луѓе велат дека повеќе не би инвестирале во Србија, и тој процент е двојно повеќе од лани. Тоа се наведува во резултатите од истражувањето на Германско-српската стопанска комора за условите за работење во 2026 година. Во 2026 година, поголем број компании ја оцениле моменталната економска состојба во Србија како лоша, додека ...

BDG агенцијата, во партнерство со Sharper B2B (Обединето Кралство), успешно ја заокружија Академијата за креативни млади, програма поддржана од British Council преку Фондот за развој на креативни вештини на ЗБ-ОК, со завршната презентација што се одржа вчера во Скопје. На последниот настан се славеа достигнувањата на 20 млади креативци кои учествуваа во Академијата, иницијатива која има за цел да го премости јазот помеѓу формалното ...

На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу земјите ...

Властите на Европската унија разгледуваат опции дали поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги, или пак поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, би можеле да ја застапуваат Унијата во евентуални преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска весникот „Фајненшл тајмс“. Лондонскиот дневен весник во својот најнов извештај наведува дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе ги анализираат можните ...

Русија и Кина во голема мера ги усогласија клучните аспекти на предвидениот гасовод “Силата на Сибир 2”, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС. “Претседателот денеска за време на разговорите посочи дека генерално постои согласност за основните параметри на ‘Силата на Сибир 2′”, рече Песков пред новинарите. Ова се однесува на насоката на трасата, како и на начинот на изградба, додаде тој. Песков истакна дека останува ...

Повеќе од 200 лидери од бизнис-заедницата, претприемачи, менаџери и носители на одлуки беа дел од петтото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, која се одржа во Скопје. Централната тема „Money. Mind. Influence.“ отвори важни разговори за тоа како компаниите носат одлуки во услови на неизвесност, како се градат ментално отпорни и продуктивни ...

Глобалната дистрибуција на електрични автомобили најверојатно ќе забележи дополнително забрзување како резултат на конфликтот во Иран, информираше Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ). Организацијата посочи дека продолжените високи цени на суровата нафта го поттикнуваат преминот од возила со традиционални мотори. МАЕ, со седиште во Париз, објави дека продажбата на електрични автомобили веќе бележи раст од 20 проценти во 2025 година, ...

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Како што соопштуваат од општината, од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. ...

Кина официјално потврди дека ќе набави 200 патнички авиони од Boeing, со што се отвора ново поглавје во односите меѓу Пекинг и Вашингтон по долг период на застој во авионската индустрија. Договорот беше објавен по посетата на американскиот претседател Donald Trump на Пекинг, каде со кинескиот лидер Xi Jinping се разговарало за трговијата, царините и економската соработка меѓу двете земји. Со ова практично завршува повеќегодишниот прекин на ...

Пратениците во македонското Собрание вчера и официјално го добија владиниот Предлог закон за игри на среќа, со кој се предвидува затворање на легалните објекти. Земајќи предвид дека нашите работни места и официјално се загрозени ние сме принудени да ги користиме сите демократски средства за борба за нашето уставно загарантирано право на работен однос. Во таа насока во петок ќе го одржиме првиот предупредувачки протест на вработените. ...

Европска Унија и Соединети Американски Држави постигнаа компромисен трговски договор со кој се отвора пат за намалување на дел од царините и стабилизирање на економските односи меѓу двете страни. Договорот бил финализиран по долги преговори меѓу претставници на Европски парламент, Советот на ЕУ и Европска комисија, а неговото усвојување доаѓа по силен притисок од американскиот претседател Donald Trump, кој предупреди дека ќе воведе нови ...

Главните берзански индекси на Соединети Американски Држави забележаа пад на тргувањето на 19 мај, при што најголем притисок имаше врз технолошките компании и индустриските акции. Индексот Nasdaq 100 се намали за 0,61 проценти и затвори на 28.818 поени, додека технолошки ориентираниот Nasdaq падна за 0,84 проценти, што претставува најголем дневен минус меѓу водечките американски индекси. Пад беше регистриран и кај S&P 500, кој изгуби 0,67 ...

Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
73%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
2.68
75%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
86%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
76%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
78%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.14
87%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
63%
1019
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
84%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
74%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Паладиум

40767.15