Иако во првите месеци од годинава е забележано намалување на продажбата и издавањето станови во однос на крајот на 2025 година, од градежниот сектор велат дека е рано да се очекува пад или стабилизација на цените на недвижностите. Претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора, Андреја Серафимовски, смета дека анализата на само еден квартал не може да даде реална слика за движењата на пазарот. Тој посочи дека веќе пет ...

Европската Унија усвои пакет нови правила со кои значително ќе се менува железничкиот сообраќај во наредните години, а најголемата новина е воведувањето финансиски санкции за операторите што често доцнат или не ги информираат патниците навреме. Според новите европски регулативи, железничките компании од 2031 година ќе бидат обврзани да обезбедат попрецизни информации за патувањата, подобра организација и поголема точност на возовите. Во ...

Поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Лука Геров“ бр.38, денеска без вода ќе останат повеќе населени места во општина Ѓорче Петров. Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, прекин во водоснабдувањето од 8:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на санацијата на дефектот. ...

– Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Сји Шјиџинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. „Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност“, изјави Шјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија. Владимир Путин, пак, оцени ...

– Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за ...

Свечено отворање на „Третите Кирило-Методиеви научни средби“ во ораганизација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, ќе се реализира денеска со почеток во 10 часот во свечената сала на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, соопштија од организацијата. На отворањето ќе се обратат ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска порача дека нема да има кратење на студентските стипендии, реагирајќи на критиките поврзани со измените на Законот за студентски стандард. Таа истакна дека бројот на стипендии не се определува со закон, туку секоја година се утврдува според државниот буџет и реалните потреби. Според неа, тврдењата дека се намалуваат стипендиите се политички шпекулации и не се засновани на законските измени ...

– Европскиот парламент денеска донесе нови, значително построги правила со цел да ја заштити челичната индустрија на Унијата од евтината конкуренција која доаѓа од трети земји, пред сè од Кина. Мнозинството европратеници на гласањето во Стразбур дадоа поддршка за драстично намалување на количините челик што можат да се увезат во ЕУ без царина, додека секој увоз над дозволениот лимит ќе се оданочува со многу повисоки казнени тарифи од ...

Жителите на Радовиш денеска се соочија со сериозно загадување на воздухот откако избувна пожар на градската депонија, а густ чад се прошири низ повеќе делови од градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб излегоа со итни препораки до населението, апелирајќи на внимателност и ограничување на движењето на отворено. Од Општината информираа дека екипите се на терен и работат на ставање на пожарот под контрола, додека препораките за граѓаните се ...

– Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно неговата земја повторно воено да го нападне Иран. Пред новинарите во Белата куќа, Трамп уверуваше дека Техеран „моли“ за постигнување договор. Ваквата изјава доаѓа откако претходно денеска Иран се закани со „отворање нови фронтови“ доколку САД ги обноват воените напади по прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот месец. Од друга страна, Катар коментираше дека ...

Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во интервју за Алфа телевизија, министерката Димитриеска-Кочоска потенцираше дека Законот за задолжување кај странски банки кој што влезе во ...

Во Скопје денеска официјално почнува 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) – „ЕУСАИР во акција: од заложба до влијание“. Форумот претставува настан од висок ранг, на кој е предвидено учество на високи претставници од земјите учеснички во ЕУСАИР, како и претставници на институциите на Европската унија. ЕУСАИР е иницијатива на земјите-членки на ЕУ поднесена до Европската комисија и има за цел ...

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, министерот нагласи ...

Цените на нафтата забележаа пад на светските берзи откако американскиот претседател Donald Trump најави дека засега нема да има нова воена акција против Иран, што придонесе за намалување на тензиите на енергетските пазари. Барелот сурова нафта од типот Брент се спушти од околу 112 на 109 долари, откако инвеститорите позитивно реагираа на пораките за продолжување на дипломатските разговори меѓу Вашингтон и Техеран. Оптимизам донесоа ...

Изминатиот викенд, во уникатниот амбиент на Луштица, Црна Гора се одржа Business Beat 2026 — регионален бизнис experience настан кој обедини повеќе од 150 млади претприемачи, стартап основачи, инвеститори, креативци и претставници на бизнис заедницата од Западен Балкан. Настанот, организиран од Унија на млади претприемачи Црна Гора и Бизнис Инфо Центар Тиват, беше дел од пошироката регионална соработка помеѓу младите претприемачи од ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот профил на Фејсбук сподели вест дека во Република Хрватска е донесен закон кој им овозможува на професионалните возачи да добиваат визи со подолг рок на важење. “Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.” Ова претставува напредок кон надминување на предизвиците кои се појавија по имплементацијата на ЕЕС системот во ...

Кога инвестирате, вие не се задолжувате, туку рационално и ефективно ги дистрибуирате вашите финансиски ресурси, за да добиете што поголема финансиска добивка. На тој начин, не само што заштедувате, туку и дополнително ја зголемувате вредноста на вашите средства. Инвестирањето преку акциски инвестициски фондови значи вложување во стабилни компании низ светот кои создаваат вредност преку раст на добивките и исплата на дивиденти. Кога купувате ...

Во пресрет на првиот „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, помеѓу Северна Македонија и Грција, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и директорката на Извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, остварија средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Н.Е. Софија Филипиду. На средбата беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу Северна Македонија и Грција, ...

Владата на Нов Зеланд планира до средината на 2029 година да го редуцира персоналот во државната администрација за околу 14%, како дел од мерките за значително рационализирање на расходите, соопшти денеска министерката за финансии, Никола Вилис. Говорејќи пред бизнис-лидерите во Оукленд, Вилис истакна дека Владата исто така ќе го скрати буџетот на повеќето јавни институции во следните три години, ќе го реорганизира бројот на одделите во ...

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Извршен комитет на кој беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. За нов портпарол на партијата избран е Валентин Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дел од претседателите на општинските комитети се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донеле големи победи на изминатите изборни циклуси, ...

Без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Карпош, Центар и Шуто Оризари. Во периодот од 09 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Александар Урдаревски лоцирани кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари, како и корисниците од ул. Козле од бр. 114 до бр. 124. во општина Карпош. Според информациите од ЕВН Македонија, во периодот од 09:15 до 15:15 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул. Самоилова, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат осум комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за европски прашања, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Пред ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 102.седница, на чиј дневен ред преостанати се уште 11 точки. Пред пратениците денеска е Предлог на законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша, согласно со роковите и условите утврдени во Договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви ...

Поради планирани технички интервенции во електропреносната мрежа, денес неколку скопски општини ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од надлежните служби информираа дека прекините ќе започнат во утринските часови и ќе ги опфатат делови од општините Шуто Оризари, Карпош и Центар. Во општина Шуто Оризари, во период од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар Урдаревски“ ...

Од полноќ стапија на сила новите, повисоки цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени за два до два и пол денари по литар. Според одлуката, Еуросупер БС-95 поскапе за два денари, додека Еуросупер БС-98 и дизелот се зголемија за 2,50 денари за литар. Со тоа, цените на горивата повторно се придвижија нагоре, што директно влијаат врз трошоците за транспорт и секојдневниот ...

Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов. -Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави ...

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска зема учество на дводневната средба на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што се одржува во Сараево. На оваа средба се анализира актуелната состојба со демократските тела, судските унапредувања и усогласеноста со обврските и посветеноста кон Советот на Европа. Ова се однесува на Грузија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Шпанија и Полска. Предвидено е и ...

Во координирана операција против терористички материјали на интернет, откриени се вкупно 14.200 објави поврзани со иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој Европската Унија (ЕУ) го класифицира како терористичка организација, информираше денеска Европол. Се констатира дека терористичката содржина се распространувала на општоприфатените платформи за општествено умрежување, како и на стриминг услуги, блогинг сајтови и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД привремено го одложиле планираниот воен напад врз Иран, кој бил закажан за вторник, по директни апели од неколку клучни лидери од Блискиот Исток. Според неговата изјава, емирот на Катар, како и лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, упатиле итни барања до Вашингтон да се одложи операцијата, со цел да се остави простор за дипломатско решение и деескалација на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54