Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Високото ниво на корупција во земјава е сериозен проблем и за нас тоа претставува приоритетна задача. Најавите за брзо подобрување на инфлациските прилики не се остварија. Секое можно зголемување на инфлацијата може да доведе до катастрофални последици, имајќи предвид дека така е структурирано нашето стопанство, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”. ...
Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и технологијата. Домаќин на ...
Советот на Општина Кратово, на предлог на градоначалникот Тодорче Николовски, едногласно донесе одлука за доделување еднократна парична помош како стимул за учениците кои ќе се запишат во прва година средно образование во општината. Со одлуката, за учениците запишани во прва година гимназиско образование е предвидена еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари. За учениците кои ќе се определат за секторот угостителство и туризам, ...
Повисоки цени на авионските билети низ Европа се „неизбежни“ како последица на зголемувањето на трошоците за керозин, предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), Вили Волш. Во својот исказ за Би-Би-Си, Волш нагласи дека авиопревозниците не можат долгорочно да ги надоместат зголемените издатоци за гориво, иако некои европски компании неодамна ги редуцираа цените на билетите поради намалената ...
Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг на почетокот на средбата со својот американски колега Доналд Трамп во Пекинг изјави дека очекува тековната 2026 година да биде „историска, значајна година“ за односите меѓу Кина и САД, пренесе во живо Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ). Според Шји, кинеско-американските економски и трговски односи се „заемно корисни“. Тој го поздрави напредокот на оваа линија на врските со Вашингтон на средбата која, ...
Соединетите Американски Држави сметаат на поддршка од Кина за решавање на ќор-сокакот околу Ормуската теснина, изјави државниот секретар Марко Рубио. – Се надеваме дека ќе ги убедиме да одиграат поактивна улога во поттикнувањето на Иран да се откаже од она што го прави сега и што се обидува да го направи во Персискиот Залив – изјави Рубио за Фокс Њуз во претседателскиот авион „Air Force One“ на пат кон Кина. Рубио го придружува американскиот ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, за кинескиот колега Си Џинпинг рече дека е „голем лидер“, и додаде дека му претставува чест што е негов пријател. „Ќе имаме фантастична иднина заедно“, рече Трамп на почетокот на лидерската средба во Пекинг. Тој додаде дека Си е „голем лидер“, истакнувајќи дека „понекогаш луѓето не сакаат кога го велам тоа, но јас сепак го кажувам бидејќи е вистина.“ Кинескиот претседател од своја страна изјави дека е ...
Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) денеска организира конференција „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“ на која ќе биде отворена темата за сѐ поголемото значење на интегритетот, транспарентноста и усогласеноста, како предуслови за успешна и конкурентна економија. Конференцијата ќе понуди практични согледувања за тоа како етичкото и одговорно работење придонесува за намалување на коруптивните ризици, гради доверба и отвора нови ...
Министерството за европски прашања и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска го организираат Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) во рамки на проектот „WB Reform and Growth Monitor”. Како што е најавено, во рамки на состанокот ќе има и јавна панел дискусија на која ќе се обратат министерот за европски прашања и националниот координатор за спроведување на Реформската агенда, Беким Сали, ...
Со официјален настан одржан вечерва, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на бул. Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар. На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR ...
„Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ се дел од темите на дискусиите на агендата на вториот ден од Самитот на Македонија 2025, што се одржува во Скопје. Самитот ќе заврши попладне со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во фокусот на Самитот што се одржува под ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции одржаа онлајн-состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан. На состанокот, информираат од Кабинетот на министерот за европски прашања, учествуваше генералниот директор за проширување и источно ...
Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата и потребата од заедничка акција во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг, престолнината на Народна Република Кина. За утре наутро, според локалното време, е закажана средба со неговиот колега, претседателот на Кина, Шји Џинпинг. Главни теми на разговорите ќе бидат трговските односи, билатералната соработка и безбедносните предизвици. При неговото пристигнување на аеродромот, Трамп беше соодветно дочекан со воени почести и присуство на воен оркестар. Од ...
Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината, информира Владата. -Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за ...
Прашањата за безбедносната култура, демократската отпорност и современите безбедносни политики беа во фокусот на Втората научна конференција „National Security Cultures – A View from the Balkans“, која вчера се одржа во Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје. Конференцијата отвори дебата за улогата на културните, политичките и институционалните фактори во справувањето со современите безбедносни предизвици, ...
На свечен настан во Градската општа болница Градска општа болница „8 Септември“ беше промовиран целосно реконструираниот и модернизиран оперативен блок, реализиран со инвестиција од 12 милиони евра од страна на ТАВ Македонија. Во своето обраќање, претставникот на компанијата истакна дека проектот претставува значаен чекор напред во подобрувањето на јавното здравство во земјата и потсети на лично искуство како пациент во оваа болница, ...
Во период кога светската економија влегува во нова ера на дигитализација, вештачка интелигенција и геополитички промени, Јахорина Економски Форум 2026 повторно ги собра највлијателните луѓе од политиката, финансискиот сектор и бизнис заедницата од Западен Балкан. Форумот, кој се одржува од 11 до 13 мај во хотел „Термаг“ на Јахорина, денес важи за еден од најрелевантните економски и бизнис настани во регионот. На едно место обединува ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. На површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на улицата „Пушкинова“ е еден од четирите нови ...
На панелот „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ на самитот Македонија2025, говореше Томас Луко, извршен директор за Централна и Источна Европа во групацијата Публицис. Во своето излагање, Луко се осврна на тоа како вештачката интелигенција преминува од тренд и „хип“ во реална алатка што носи конкурентска предност за компаниите. Тој нагласи дека клучот не е само во усвојување на новите технологии, ...
Српските вооружени сили и НАТО сојузот вчера започнаа заедничка воена симулација, која ќе трае до 23-ти мај. Главниот фокус на вежбата е усовршување на стратегии, тактики и процедури кои се применуваат при операции за одржување на мирот. Оваа воена активност се одвива во воената база „Југ“ и на полигонот „Боровац“, лоцирани во близина на Бујановац. Информацијата е потврдена од Министерството за одбрана на Република Србија. Во организација на ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, обезбеди привремена правна победа во судскиот спор покренат поради неговата царинска политика, откако Федерален апелациски суд привремено ја суспендира пресудата со која минатата недела беа прогласени за незаконски неговите увозни царини. Со одлуката на Апелацискиот суд, увозниците засега ќе продолжат да плаќаат царина од десет проценти. Станува збор за привремена мерка додека Апелација го разгледува ...
Локација каде што традицијата и наследството се во совршен спој со урбаното живеење и современиот дизајн, каде што езерскиот хоризонт се спојува со сонцето, а околината тоне во раскошно зеленило – тоа е новиот комплекс „Горица резиденс“ во Охрид. Ова не е само место за живеење, туку доживување што ги обединува природата, историјата и луксузот во една инспиративна целина, обезбедувајќи дополнителен поттик за домашната економија и регионалниот ...
На самитот Македонија2025, говореше Дејзи Илариа, ко-основач на иницијативата „No Other Choice“ и советник за иднината на работата и AI workforce трансформација. Таа во својот говор нагласи силна порака за современиот пазар на трудот и лидерството во ерата на вештачката интелигенција: „Nobody is talent short. Everyone is judgment poor.“ Со оваа мисла, таа укажа дека проблемот во организациите денес не е недостиг на талент, туку недостиг на ...
Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката ...
Малите и средни претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој, порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на Конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, која што деновиве се одржува во Будва. Во рамки на Конференцијата ...
Претседателот на управниот одбор на Тиквеш, Светозар Јаневски, на самитот на Македонија2025 говореше за предизвиците со кои се соочува Македонија, потребата од прилагодување на новите глобални трендови и важноста од разбирање на општеството и промените што доаѓаат. Јаневски истакна дека денешниот свет бара постојана адаптација, особено во услови на климатски промени, енергетска транзиција и брз технолошки развој. Тој нагласи дека Македонија ...
Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми. Очекуваме политичка партија „Левица“ која прокламира ...
Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. Проектот, кој повеќе од една деценија се реализира во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, преку Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, добива институционална потврда за значењето и улогата во ...