Американскиот претседател, Доналд Трамп, сподели на својата платформа Truth Social визуелен материјал, поточно карта, на која Венецуела е презентирана како составен дел од Соединетите Американски Држави, со придружен натпис „51-ва држава“. Визуелниот запис, кој беше објавен, ја прикажува територијата на Венецуела обоена во боите на американското знаме. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена нагласи ...

Глобалниот експерт за лидерство Ron Thomas денеска на Македонија2025 испрати силна порака за иднината на образованието, бизнисот и пазарот на трудот, нагласувајќи дека светот веќе се менува со огромна брзина, а институциите мора да се адаптираат ако сакаат да останат релевантни. Тој зборуваше за потребата од нов пристап во образованието, каде што учениците и студентите нема да се подготвуваат само за традиционални професии, туку и за новите ...

Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија,Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор. Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и ...

Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА областа. Тоа, како што соопшти Народната банка на РСМ, во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи. – Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа меѓу ...

Американскиот милијардер Илон Маск е меѓу водечките бизнис-лидери кои го придружуваат американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата државна посета на Кина. Портпарол на Белата куќа потврди дека Маск се качил во претседателскиот авион што полета за Пекинг. Во делегацијата се и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, кој во септември ќе се повлече од функцијата, како и првиот човек на „Нвидија“, Џенсен Хуанг, чија компанија е еден ...

Под мотото „Биди дел од решението за одржлива иднина“, Општина Гевгелија и Пчеларската федерација на Македонија, денеска симболично ќе го почнат одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, 20 Мај. Тие, со поддршка на Амбасадата и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, како и на АДРА Македонија, организираат Недела на пчелата – манифестација што предвидува низа активности за подигнување на еколошката свест. ...

Повеќе од 80 проценти од младите луѓе во Србија ја сметаат вештачката интелегенција (ВИ) за дел од нивниот секојдневен живот, а речиси половина од нив ја користат секој ден. Тоа е наведено во првото регионално истражување за ставот на Z-генерацијата кон ВИ. Според истражувањето „Алатка, играчка или тројански коњ? Ставот на генерацијата Z за ВИ“ спроведено од агенциите McCann Belgrade и UM Belgrade, членки на AMA Group, ВИ за генерацијата Z ...

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ што ќе се одржи денеска и утре во „Јуроп хаус“- Скопје. Конференцијата е дел од научно-истражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука. Како што наведуваат организаторите, траумата денес се смета за водечки концепт и фундаментална карактеристика на културата во целина. Како ...

Ракетниот одбранбен штит предложен од американскиот претседател Доналд Трамп би можел земјата во следните две децении да ја чини повеќе од еден трилион долари, се наведува во извештај на Канцеларијата за буџет на американскиот Конгрес (CBO) објавен синоќа, јави ДПА. Независен буџетски надзорник ги процени вкупните трошоци за „Златната купола“ на околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, вклучувајќи приближно еден трилион долари само ...

Светските пазари повторно се соочуваат со силна нестабилност, откако цените на нафтата забележаа значителен раст поради зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток и стравувањата дека сообраќајот низ Ормускиот Теснец би можел подолго време да остане нарушен. Во текот на денот, цената на суровата нафта скокна за околу четири проценти, што предизвика загриженост кај инвеститорите и енергетските компании ширум светот. Аналитичарите ...

Во организација на Стопанска комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“. Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на стопански комори на Албанија, Инес ...

Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...

– Авиокомпаниите во Обединетото Кралство го зголемија бројот на откажани летови за мај, покажуваат новите податоци, во услови на високите цени на авионското гориво и стравувањата од недостиг. Компанијата за авијациска аналитика Cirium соопшти дека, заклучно со денеска, авиокомпаниите укинале 296 полетувања од британските аеродроми овој месец, што е 0,75 отсто од вкупниот број. Тоа е пораст во однос на 120-те откажувања регистрирани пред шест ...

– Војната на САД во Иран досега чини 29 милијарди долари, што е за четири милијарди повеќе во споредба со проценките од минатиот месец, соопшти висок претставник на Пентагон. Џулс Херст, вршител на должноста главен финансиски директор на Пентагон, денеска пред законодавците соопшти дека новата сума вклучува ажурирани трошоци за поправка и замена на опремата, како и оперативни трошоци. Тој го изнесе овој извештај заедно со американскиот ...

Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и ...

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...

Министерот за европски прашања, Беким Сали, зеде учество на настанот „Young Talent for Future Growth“, кој беше организиран во рамките на програмите Young Energy Europe и Development Partnership Programme. На овој собир беа врачени уверенија за учесниците и признанија за најдобрите проекти. Во својот говор, министерот Сали, како што информираше неговиот Кабинет, истакна дека инвестирањето во човечкиот потенцијал е од суштинско значење за ...

Изградбата на клучните автопатски правци низ државата и натаму се одвива со различна динамика, а според најавите на надлежните институции, најблиску до завршување е автопатот меѓу Кичево и Охрид, кој се очекува да биде пуштен во употреба во текот на следната година. По повеќе од една деценија градба, бројни пролонгирања и дополнителни трошоци, оваа делница конечно влегува во завршна фаза. Во моментов се работи на преостанатите тунели, ...

Новата унгарска Влада, на чело со премиерот Петер Маѓар, објави амбициозен план земјата да го прифати еврото до 2030 година и да се врати во главните текови на Европската Унија, по продолжен период на тензии со Брисел за време на владеењето на Виктор Орбан. Новиот кабинет смета дека пристапувањето кон Еврозоната би претставувало симбол на раскинување со претходната „нелиберална“ политика и потврда на новиот европски курс на Будимпешта. ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World with War, Terrorism, Conflict, and Involuntary Migration“, а во фокусот на дискусиите беа глобалната енергетска безбедност, новите геополитички односи, климатските предизвици, недостигот на вода и ...

Општина Гевгелија и Пчеларската федерација на Македонија, под слоганот „Биди дел од решението за одржлива иднина“, утре симболично ќе го одбележат Светскиот ден на пчелата, 20 Мај. Со поддршка на Амбасадата и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, како и на АДРА Македонија, организираат Недела на пчелата – манифестација која предвидува низа активности за зголемување на еколошката свест. Овогодишната прослава е ...

Во првите три месеци од тековната година, највисоката постигната цена за стан по квадратен метар изнесува 177,667 денари (130,000 евра). Овој стан, со вкупна површина од 45 квадратни метри, се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За секој квадратен метар од оваа недвижност биле платени 2,888 евра. Овие податоци произлегуваат од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, кој денеска беше ...

„Скоро две години откако сум претседател на Владата, се разбира дека не е лесно да се управува состојба во која што треба да менаџирате работи кои што можеби вие како човек не сте ги живееле или не сте влијаеле да тие се случат, но тие се случиле и вие мора да ги менаџирате, бидејќи ако не ги менаџирате и се откажете тогаш проблемот ќе биде уште поголем. И тоа можеби е најголемиот предизвик да се менаџира товарот од минатото“, истакна ...

Северна Македонија во моментов реализира вложувања од 2,1 милијарда евра исклучиво во патната инфраструктура на Коридорот 8, додека за периодот од следните пет до шест години планира да инвестира над три милијарди евра во железничкиот сообраќај. Ова значи дека вкупните вложувања само на Коридорот 8 ќе изнесуваат меѓу 5,5 и 6 милијарди евра, потенцираше денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на ...

За Македонија е важно внимателно да ги следиме очекувањата и движењата и да не преземаме брзи мерки. Инфраструктурни проекти и економски реформи се она што треба да го направи Владата за заштита на стандардот на македонските граѓани, смета извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевска. По отварањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“ одговарајќи на новинарски прашања таа посочи дека на економски план ...

Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градската администрација, посочувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината. Според податоците од Градот, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти во однос на претходната ...

Општина Крива Паланка и оваа година обезбеди финансиска поддршка за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“, при што денес на сметките на учениците беа исплатени по 3.000 денари како симболичен придонес во пресрет на матурските прослави и одбележувањето на еден од најзначајните моменти во нивниот живот, завршувањето на средното образование. Оваа мерка се реализира четврта година по ред и претставува дел од континуираните политики на локалната ...

Поврзувањето е единствениот клуч за забрзување на економскиот развој, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот 2026, во организација на „Македонија 2025“. Годинашниот самит се одвива под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. “Ние треба да го изградиме темелот, го немаме и тоа е суштината. Кога ќе го поставите прашањето што е предноста на државата, единствената компаративна предност ...

SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Бул. Македонско-косовска бригада 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија. Официјалниот настан за лансирање ќе се одржи утре (13 мај), кога SPAR ќе го отвори својот прв маркет и формално ќе гo започне своето работење ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
75%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
78%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
81%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
87%
1013
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
74%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Бакар

13.01