Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Американскиот суд во Калифорнија пресуди во корист на компанијата OpenAI во тужбата што против неа ја поднесе милијардерот Илон Маск, откако поротата утврди дека правната постапка е покрената предоцна. Според одлуката на поротата, Маск не ги испочитувал законските рокови за поднесување на тужбата, поради што неговите тврдења не биле разгледувани по суштина. Со тоа, OpenAI не е правно одговорен за наводните промени во својата првична мисија и ...
Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3,000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со ...
Цените на нафтата повторно бележат силен раст на светските пазари, додека инвеститорите сè повеќе стравуваат дека кризата околу Иран и Ормузскиот теснец нема брзо да се реши. Аналитичарите предупредуваат дека неизвесноста на Блискиот Исток продолжува да создава сериозен притисок врз глобалната економија и енергетските пазари. На лондонскиот пазар цената на барел нафта се искачи близу 111 долари, додека американската нафта достигна речиси 107 ...
– Италијанската премиерка Џорџа Мелони упати писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во кое побара Брисел да ги ублажи фискалните правила на Европската Унија, со цел да им помогне на владите на земјите членки да го амортизираат економскиот шок предизвикан од војната во Иран и вртоглавиот раст на цените на енергијата. Мелони во писмото побара „инвестициите и вонредните мерки потребни за решавање на енергетската ...
Конфликтот на Блискиот Исток и растечките тензии со Иран најсилно ја погодија авиоиндустријата, која веќе се соочува со огромни финансиски загуби и сериозни нарушувања во работењето. Според светските економски анализи, авиокомпаниите досега изгубиле милијарди долари поради поскапувањето на горивото, затворањето на воздушните коридори и намалениот број летови. Најголем проблем претставува драстичниот раст на цените на авионското гориво, кое ...
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километтри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Упразвата ...
Соединетите Американски Држави, во сенка на конфликтот со Иран, спроведуваат една од најзначајните насоки во својата надворешна политика во последните неколку децении. Според извештајот на Хина, тие се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции. По претходното заминување од Светската здравствена организација на почетокот од неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп одобри повлекување на САД од вкупно 66 меѓународни ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Н.Е. Мартин Памер. Средбата се одржа во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави, со фокус на унапредување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси. Во центарот на разговорите беа реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во ...
Пазарот на криптовалути навлегува во период на продолжена корекција. Оваа промена се должи на острата реторика од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД), зголемените геополитички тензии и пренасочувањето на капитал кон акции на компании од секторот на вештачка интелигенција. Овие фактори би можеле да доведат до тестирање на нивото од 70.000 долари за биткоинот до крајот на мај. Ова го истакна Александар Баришников, управник на фондот ...
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, најави проширување на паркинг капацитетите во градот, воведување зонско паркирање и расчистување на повеќе локации со времени и склонопадни објекти. Во изјавата за медиумите, Димитриевски информираше дека општината работи на проширување на капацитетите за паркинг услуги и постепено воведување зонско паркирање во соработка со граѓаните. – За сите граѓани кои живеат на адресите каде што ...
Од полноќ стапуваат на сила нови, повисоки цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука согласно која ценовниците ќе бидат повисоки за два до два и пол денари. Еуросупер БС-95 ќе поскапи за два денари, додека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизелот ќе пораснат за 2,50 денари за литар. Дополнително, ќе се зголеми и малопродажната цена на мазутот за 0,846 денари за килограм, па неговата нова цена ќе ...
Глобалната економија повторно се соочува со силен удар, овојпат поради растечката енергетска нестабилност и тензиите на Блискиот Исток, кои веќе предизвикаа огромни финансиски последици за компаниите ширум светот. Според анализи на меѓународни финансиски извештаи, досегашните загуби се проценуваат на повеќе од 25 милијарди долари, а експертите предупредуваат дека бројките би можеле дополнително да растат. Најголем проблем во моментов ...
Европската комисија денеска го објави својот нов годишен резиме за функционирањето на Шенген зоната, во кој е констатирано зголемување од 28% на бројот на вратени странски државјани без одобрение за престој во ЕУ во 2025 година, во споредба со претходната година. Според документот, ова претставува највисокиот процент на враќања во последните десет години. Паралелно, забележано е намалување од 26% на нелегални премини на границите на Шенген. ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа. -За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, особено кога се работи за ...
Жителите на централното градско подрачје наскоро ќе треба да се приспособат на нови услови за користење на жителските паркинзи. Општина Центар и ЈП ПОЦ најавија измени со кои ќе се воведат дополнителни надоместоци за домаќинствата што поседуваат повеќе возила, со цел да се намали метежот и недостигот од слободни паркинг места. Според предлог-мерките, првото возило регистрирано на адресата ќе продолжи да користи бесплатен жителски паркинг, ...
Италијанскиот моден бренд Trussardi официјално пристигнува во Македонија со отворањето на својата прва монобренд продавница на 21 мај 2026 година во Ramstore Mall, на приземје. Новиот продажен салон ќе понуди внимателно селектирана колекција на машка облека и аксесоари, како и женска колекција на кожни аксесоари, препознатливи по современ дизајн, врвен квалитет и италијанска елеганција. Со својот најнов концепт „Gentle Society“, Trussardi ...
Компанијата „Шате Керамика“ одбележа 31 година постоење со ексклузивен настан кој се одржа во просториите на компанијата, спојувајќи уметност, бизнис и семејна традиција. Настанот беше посветен на повеќе од три децении визија, иновации и континуирано градење на простори што оставаат трага. Од мала семејна приказна, компанијата денес прерасна во еден од препознатливите лидери во индустријата за ентериер и керамика, со јасно изграден идентитет ...
ТИТАН Усје денес го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството. На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на ...
Управата за финансиска полиција утврди затајување на данок во вредност од 7,426.323 денари. Поради ова, поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца управители на правно лице и против самото правно лице. Според информациите од Управата, осомничените, М. Ш. и Ж. Р., како раководители на правното лице, се товари дека повеќепати, со намера за стекнување противправна имотна корист, сториле кривични дела. Тие ...
Изминативе денови повеќе странски туроператори и туристички професионалци во рамките на проектот „Green Spirit Prespa“, ја посетија Преспа со цел да го истражат нејзиниот меѓународен туристички потенцијал, поврзан со астрономија, птичарење и автентична локална гастрономија. По нивната неколку дневна посета на Преспа се отвори едно поинакво прашање: дали помалото, поавтентичното и поодржливото може да донесе поголема вредност, во време кога ...
Европската Унија мора да биде флексибилна и способна да ги преиспита своите односи со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пред почетокот на состанокот на европските министри посветен на прашањата за развој. – Доколку сакаме да бидеме геополитички фактор, мора да дејствуваме постратешки во однос на хуманитарната помош и трговијата, и да ги ...
Утре, на 19 мај 2026 година (вторник), во хотел DoubleTree by Hilton Skopje, ќе се одржи 5-тото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5: “Money. Mind. Influence.”, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA. Годинашното издание предизвика исклучително голем интерес кај бизнис заедницата и ќе обедини повеќе од 200 учесници од приватниот сектор – C-level лидери, претприемачи, менаџери, HR ...
Германија планира значително зголемување на трошоците за цивилна заштита како одговор на зголемени безбедносни закани. Министерот за внатрешни работи, Александер Добринт, во интервју за весникот „Билд“ истакна дека Владата ја засилува заштитата на населението и системот за цивилна одбрана, најавувајќи и поостар одговор на државата кон хибридните закани. Тој нагласи дека ќе се зајакне и поддршката за волонтерите во службите за итна помош, ...
Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, Брсјачка Буна, Демирхисарска, „Индира Ганди“ 31 во општина Шуто Оризари и од 9 до 12 часот корисниците од дел од ул.4 и дел од ул.8 во Горно Соње во општина Сопиште. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје известуваат дека прекинот со електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа. Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе ...
Саем на социјални иновации – UPSHIFT ќе се одржи од денеска до 20 мај во Струмица во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој – LEAD, во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ. На саемот ќе учествуваат тимови од 15 средни училишта од Пелагонискиот регион кои ќе ги презентираат своите иновативни решенија за предизвици поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина. Настанот има за цел да ги претстави ...
Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за цените на бензините и дизелот, по продолжувањето на владините мерки кои се однесуваат на горивата. Влада на Република Северна Македонија на вонредна седница одлучи мерките да останат во сила до 1 јуни, со цел да се задржат постабилни цени и да се намали товарот врз граѓаните и компаниите. Мерките предвидуваат и натаму да важи намаленото ДДВ за горивата, како и ...
Општина Аеродром денеска започнува пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата своја територија, која ќе трае до средината на јули. Како што информираат од Општината, акцијата претставува продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности. На повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат стариот и дотраен ...
Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб во скопската населба Центар, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, Центарот за јавно здравје, ОУ„11 Октомври“ и детската градинка. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на ...
Во наредниот период, неопходно е да се фокусираме на производи кои генерираат значителна додадена вредност, со цел да се стимулира како бруто домашниот производ, така и целата економија на државата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Виница изрази очекување дека трендот на годишен раст на реалниот БДП над 3,5 проценти, во услови кога европската економија расте под 1 процент, ќе продолжи. “Со зацврстување на европскиот пазар, кој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно упати предупредување кон Иран, нагласувајќи дека доколку неговите челници не преземат конкретни дејствија во најкус можен рок, од земјата нема да остане ништо. „Истекува рокот за Иран и подобро е да побрзаат, инаку нема да остане ништо од нив. Времето е клучно“, објави Трамп на својата платформа Truth Social. Ова следува откако вчера на истата платформа објави видеозапис, наводно, како ...