Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нови насоки за сајбер безбедност кои се однесуваат на субјектите за производство, складирање и системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Со воведувањето на овие прописи, РКЕ ја зајакнува својата улога во доменот на сајбер заштита, со цел да обезбеди повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, ...
Министерството за економија и труд објави нов јавен повик за обезбедување финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со предвидени средства од 11 милиони и 340 илјади денари. Програмата предвидува кофинансирање на 40% од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, со лимит од најмногу 200 илјади денари по пријава. Оваа поддршка е наменета за инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година. Право на ...
Општина Ѓорче Петров активно ја започна реализацијата на проектот „Заедничка соларна градина“, кој претставува една од првите конкретни локални иницијативи за создавање енергетска заедница во Република Македонија. Соларната градина ќе биде поставена во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ и ќе овозможи производство и користење на обновлива енергија преку заеднички модел на соработка меѓу општината, граѓаните и партнерските ...
Шефот на иранската надворешна политика, Абас Арагчи, денес истакна дека сите пловила на држави кои не се во конфликт со Иран имаат дозвола за пловење низ Ормушката Теснина. Според неговите зборови, оваа клучна морска артерија, што ги поврзува Персискиот Залив и Индискиот Океан, не е блокирана. Таа е само „селективно ограничена за нашите противници, а не за земјите со кои имаме добри односи“. Арагчи нагласи дека пловилата од „сојузничките ...
Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...
Со развивање иновации базирани врз наука и нивна примена, глобалните компании може да еволуираат надвор од застарените структури и да изградат портфолија подготвени за иднината. Овие глобални знаења треба да се искористат на локално ниво за да се откријат иновативни пристапи за поддршка на локалните приоритети во конкретните земји, истакна Тамара Миловановиќ, генерален директор за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернејшнл (ФМИ), на ...
Парис Џексон, ќерката на покојниот поп-музичар Мајкл Џексон, ја доби правната битка за неговиот имот. Судот пресуди во нејзина корист во спорот околу исплатите на бонуси и наложи враќање на 625.000 долари во фондот за имот. Кога Мајкл Џексон, на 50-годишна возраст, почина во јуни 2009 година, тој остави зад себе огромно наследство, но и милионски долгови… Имотот го управуваа извршителите Џон Бранка и Џон Меклејн, под чие водство вредноста на ...
Полската влада денеска соопшти дека нема индикации за промена во бројноста на американските војници стационирани во земјата, по медиумските извештаи во кои беше посочено за откажување на претходно планирано распоредување американски сили. Портпаролот на полската влада, Адам Шлапка, изјави дека присуството на американските трупи во Полска е уредено врз ротациска основа и оти нема потврда за измени на таквиот модел. „Нема потврда дека тоа се ...
На иницијатива на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата одобри отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со централа во Вилнус. Поставувањето на постојано дипломатско присуство во Вилнус, според информациите од МНРиНТ, ќе помогне во зацврстување на директниот политички разговор меѓу двете држави, поефикасно заштитување на нашите национални интереси и унапредување на ...
Потенцираме дека заштитата на младината од евентуална зависност од игри на среќа е наш врвен приоритет и затоа демонстрираме крајно конструктивен пристап. Нашите членки, кои се претставници на реномирани светски брендови од оваа индустрија, водат постојана кампања за подигнување на јавната свест под мотото „Забрането за малолетни лица – 100 % законски“. Во тој контекст одредбите од предлогот за минимизирање на светлечките реклами на објектите ...
Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од 1 отсто, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави. Цената на сировата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долари, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долари односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел. Растот на цените дополнително е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина сака да купува нафта од САД, објавија британските медиуми, пренесувајќи делови од неговите коментари дадени во интервју за „Фокс Њуз“. Американскиот претседател, исто така, рече дека на разговорите со неговите домаќини го покренал прашањето за Виза, која бара поголем пристап до пазарот на кредитни картички во Кина. Трамп во интервјуто рече дека нема да биде многу потрпелив со Иран, а ...
Кина се согласи да нарача 200 авиони Боинг, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз. Американскиот министер за финансии на САД, Скот Бесент, претходно изјави дека очекува најава за голема нарачка на „Боинг“ за време на посетата на Трамп на Пекинг и разговорите со кинескиот лидер Шји Џинпинг. „Едно од нештата за кои се согласи денеска е дека ќе нарача 200 авиони. „Боинг“ сакаше да продаде 150, тие добија 200“, ...
Поради технички зафати денеска во одреден временски период без вода ќе останат делови од населбите Автокоманда и Влае. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради промена на вентил на улицата „Јани Лукровски 8“, прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе имаат корисниците од истата улица, а поради водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Франце Прешерн 92“,во истиот временски период прекинато водоснабдување ќе имаат ...
САД ќе им обезбедат на Обединетите нации 1,8 милијарди долари за хуманитарна помош, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, додавајќи дека парите ќе помогнат да се стигне до „милиони луѓе со поддршка што спасува животи“. Средствата ќе помогнат во доставувањето помош на луѓето погодени од најлошата хуманитарна криза во светот, рече Гутереш. САД во декември веќе и дадоа две милијарди долари на Канцеларијата на ОН за ...
Управата за јавни приходи ја отпочна исплатата на средствата од повратот на ДДВ за периодот јануари – март 2026 година. Исплатата, информираат од институцијата, се спроведува етапно, согласно динамиката на обработка на налозите и административните проверки. Со оваа исплата ќе бидат опфатени повеќе од половина милион корисници на системот „МојДДВ“, односно 528.447 граѓани, а вкупната сума што ќе биде вратена изнесува 836 милиони денари. Од ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на планот за раст“. – Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум национален консензус за ...
Учениците од прво до трето одделение, освен досегашните хартиени документи, на крајот од оваа учебна година ќе добијат и електронски сведоштва. Оваа новина е соопштена од страна на Министерството за образование и наука (МОН). Овој проект е поддржан од страна на „Македонски Телеком“ и, според наводите од МОН, претставува резултат од стремежот за дигитализација на образованието и важен чекор во насока на модернизација на услугите во сферата на ...
„Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа“, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition ...
Улогата на креативните маркетинг агенции е активно да помагаат во растот на бизнисите и да создаваат дополнителна вредност за брендовите. Тоа го прават преку комуникација која храбро излегува од рамките на невообичаеното, која привлекува внимание и ги поттикнува луѓето да размислуваат поинаку. Токму таква беше и активацијата “The Publicis Drugstore” на Publicis Groupe Македонија, поставена за време на самитот Macedonia 2026. “The Publicis ...
Како компаниите создаваат конкурентска предност во време на брзи технолошки и пазарни промени, каква улога имаат иновациите, организациската култура и корпоративното претприемништво во процесот на трансформација, како и колку е важна соработката помеѓу бизнисот и академската заедница – беа главните теми на конференцијата „Што ги движи иновативните компании?“, на која од бизнис, истражувачка и академска перспектива се разговараше за ...
Иран им дозволи на одредени кинески бродови премин преку Ормуска Теснина откако со Кина беше постигнат договор за иранските правила за управување со мореуз, јави иранската новинска агенција Фарс. Неименуван извор за Фарс изјави дека одлуката е донесена на барањето на шефот на кинеската дипломатија и кинескиот амбасадор во Техеран да се олесни преминот на кинеските бродови низ Ормуска Теснина во согласност со стратешкото партнерство помеѓу ...
Цените на нафтата денес бележат нов раст на светските берзи, поттикнати од геополитичките тензии на Блискиот Исток и стравувањата од можни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси. Според последните податоци од светските пазари, северноморската нафта „Брент“ се продава по цена од околу 105 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се движи околу 100 долари за барел. Аналитичарите предупредуваат дека инвеститорите ...
Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови ...
Стартапи од Македонија и регионот добиваат нова можност за забрзан раст и излез на интернационалната сцена преку „Western Balkans Startup Accelerator“ програмата креирана од еден од најреномираните топ светски акцелератор и инвеститор „Startup Wise Guys“ и поддржана од Zephyr Angels како нивен инвестициски партнер од Македонија. Стартапите ќе добијат практична поддршка за раст, развој на продукт, fundraising и излез на интернационални ...
Претседателот на Кина, Шји Џинпинг, на церемонијата што беше приредена во чест на неговиот американски колега Доналд Трамп, истакна дека Народна Република Кина и Соединетите Американски Држави треба да негуваат партнерски односи, наместо да се натпреваруваат. Тој нагласи дека двете нации поседуваат значителен капацитет за заедничка работа. „И кинескиот и американскиот народ се големи народи. Остварувањето на големата преродба на кинеската ...
Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна едукативна средба на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“, наменета за идни родители и за сите заинтересирани. Настанот ќе се одржи на 20 мај, во периодот од 17.30 до 19.30 часот, во хотелот „Милениум Палас“ на Широк Сокак 4б во Битола. Местата се ограничени, а ...
Идејата да се инвестира дел од личната заштеда навидум може да делува застрашувачки, но тоа е важен чекор кон создавањето на сопствен капитал и стабилна финансиска независност. Притоа, воопшто не е тешко да се започне, доколку имате конкретен план, соодветна поддршка и инвестициски експерт на ваша страна. Пред да направите било што важно е да одлучите колку пари би сакале да инвестирате и да се осигурате дека тие нема да ви требаат во ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема корист и отворање на нелегалното обложување ...
Претставници на релевантните лаборатории во нафтената индустрија во регионот, на министерствата за енергетика, регулаторните комисии, државните инспекторати, како и други релевантни институции и компании учествуваат на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што од денеска се одржува во Охрид. Симпозиумот претставува значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења и современи практики во ...