Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Во Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање, чија цел е да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање услови за нови инвестиции, за поефикасно планирање и искористување на просторот. Измените на Правилникот за урбанистичко планирање опфаќаат и можност за урбанизација на објекти од областа на ...
„Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби. На настанот присуствуваа претставници на менаџментот на компанијата, ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во рамки на Рамката за соработка меѓу Северна Македонија и Обединетите нации за одржлив развој 2026–2030, со посебен фокус на приоритетите поврзани со енергетската транзиција, климатската акција, ...
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски денеска остварил средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv која планира да отвори фабрика во ТИРЗ Тетово. На средбата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, се разговарало за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, за потенцијалите што ги нудат зоните, како и за условите и поддршката што ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и безбедна дигитална инфраструктура во услови на зголемени глобални предизвици. Настанот започна со воведно обраќање на министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, ...
Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени ...
Со грант од ЕУ почнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на терминалите, т.н. „Паметни граници“, што значително ќе го забрза протокот на стоки на граничните премини. Очекуваме до крајот на 2027 година целосна имплементација на проектот, за што веќе е објавен и јавен повик за набавка на опремa, како и негово поврзување со системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички. Преку дигитализација на царинските процеси ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денеска одржаа работна средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, на која, како што информираат, биле разгледани можностите за унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со посебен акцент на јакнењето и зголемувањето на ефикасноста на Локалните совети за ...
Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот „Шум“ е 28,56 проценти, а максимално дозволена концентрација 1,5 отсто. Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид информира дека се земени мостри ...
Во текот на 2025 година, од јануари до декември, градежните компании реализирале градежни проекти во странство со вкупна вредност од 128 милиони денари, информираше денеска Државниот завод за статистика. Проценетата вредност на сите склучени договори за градежни активности во странство минатата година изнесува 156 365 илјади денари. Овој податок покажува пад од 58,7 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во 2025 година, ...
Македонската винска сцена последниве години расте со забрзано темпо, регистрирани се околу 250 винарии, од кои голем дел се семејни и мали производители, а „новиот бран“ дополнително се засили со десетици нови регистрации. Но зад оваа позитивна бројка се крие прашањето што сè почесто го отвораат самите визби: дали домашниот пазар навистина им е достапен на малите винарии или системски е поставен така што ги турка кон извоз и директна ...
На 10 февруари 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) Битола и Универзитетот во Тетово подготвуваат академски Skopje Security Forum 2026, настан на кој ќе учествуваат врвни универзитетски професори, истражувачи, дипломати, претставници на граѓанското општество и медиуми од земјата и странство. Од УКЛО Битола информираат дека Форумот ќе се одржи во мај 2026 година и е насловен како „Архитекти на стабилноста: Европскиот безбедносен идентитет на ...
Пазарот на лизинг во Србија ја заврши 2025 година со рекордно достигнување – целокупната вредност на новопотпишаните договори достигна 1.023,7 милиони евра, надминувајќи го прагот од милијарда евра по втор пат последователно. Здружението на лизинг компании на Србија (ALCS) истакнува дека лизинг индустријата бележи континуиран прогрес и претставува еден од клучните извори на финансирање на домашниот пазар. Во споредба со крајот на 2024 ...
Откако во 2025 година Гевгелија ја понесе титулата Град на културата, Општина Гевгелија годинава предвидува зголемени средства за поддршка и развој на културните активности. Според Годишната програма за финансирање програми и проекти од областа на културата, за културни манифестации и творештво ќе бидат издвоени околу 9,6 милиони денари. Најмногу средства, односно 2.150.000 денари, се наменети за фестивалот „Вкуси го југот“, кој веќе три ...
Американскиот логистички гигант FedEx, заедно со сопственикот на MyPos, постигнале договор за преземање на полската компанија InPost, во трансакција вредна речиси 8 милијарди евра, јавуваат дел од меѓународните деловни извори. Со оваа аквизиција, FedEx значително го зајакнува своето присуство на европскиот пазар, особено во сегментот на е-трговија и автоматизирана достава, каде InPost е еден од лидерите. Полската компанија е позната по ...
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека нема информации дека кинески државјани се заглавени во Куба по прекинот на летовите поради недостиг на гориво за авиони. Недостатокот е предизвикан од американската блокада на испораките од Венецуела. Брод гориво Куба фтоо:ЕПА „Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на нејзиниот национален суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање“, изјави ...
Собранието денеска ќе ја одржи 84. седница, на чиј дневен ред се шест точки. На дневен ред се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист и Дополнетиот предлог на ...
По 14ти пат, се случи 48 часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam 2026 Skopje организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ! И овој пат, скопскиот Глобал Гејм Џем ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти! Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се проширивме на два спрата во Base42, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три ...
Вчера, пред Граѓанскиот суд во Лос Анџелес започна судењето против интернет гигантите Мета и Гугл, со тврдења дека нивните платформи намерно поттикнувале зависност кај децата и младите со цел зголемување на профитот. Адвокатот на тужителката, Марк Ланиер, во воведното обраќање истакна дека механизмите што ги користат Инстаграм и Јутјуб не се резултат на случајност, туку на свесен дизајн. Според него, зависноста е профитабилна, со обвинение ...
На синоќешното гостување на „Само вистини со Видиновски“ на Канал 5 телевизија, пратеникот Петар Ристески говореше за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а тоа е зголемување на животниот стандард и платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „Приоритет ни е економскиот развој, подобрување на животот на граѓаните и секако повисоки плати, што и го докажавме на дело не само на зборови. И тоа беше наше ...
Казни во вкупен износ од 1,05 милиони евра изрекла Независната управа за контрола на пазарот и заштита на потрошувачите на три големи супермаркети и две прехранбени компании во Грција, поради прекршување на одредбата за плафон на бруто-профитната маржа кај вкупно 65 производи, јави дописничката на МИА од Атина. Според соопштението на Управата, казнети се супермаркетите Лидл за 26 производи (670.925 евра), Алфа Вита Василопулос за 22 артикли ...
Со блокада на Собранието утрово почнаа блокадите што ќе ги реализира ССМ во следниве денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието. Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат ...
Адвокатската комора на Војводина (АКВ) е на еднодневен прекин на работата поради неодамна усвоените измени во пакетот судски закони, со повик до Управниот одбор на Адвокатската комора на Србија да донесе одлука за тридневен прекин на работата без одлагање доколку тие закони не бидат повлечени во меѓувреме. УО на АКВ ги повикува судиите и јавните обвинители да ги поддржат адвокатите во активностите насочени кон почитување на уставноста и ...
Украинската влада е подготвена да ги поддржи сопствениците на домови при купување генератори и други извори на енергија во услови на актуелните руски напади врз енергетскиот систем на земјата, јави ДПА. Претседателот Володимир Зеленски ја објави вчера оваа нова енергетска политика, по консултациите со премиерката Јулија Свириденко. Купувањето автономно напојување треба да стане подостапно за здруженијата на сопственици на станбени згради и ...
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска напладне на прес-конференција ќе ги соопшти добитниците на петте традиционални годишни награди за 2025 година, за кои одлучуваа пет жири-комисии. Минатата недела ДПМ информираше за насловите кои се финалисти за секоја од петте награди: За наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025, од вкупно седумнаесет пријавени дела на конкурсот, во финалниот круг влегоа ...
Шпанските железнички работници го завршија тридневниот штрајк на денот кога започна откако властите се согласија да ги зголемат инвестициите во инфраструктура и во персонал за справување со железнички несреќи. Синдикатите на железничките работници излегоа на улиците во неколку шпански градови откако двајца машиновозачи и неколку десетици патници загинаа во несреќи во покраините Андалузија и Каталонија во јануари. Во воз од Малага до Мадрид ...
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на ...
Само за три месеци, или на крајот од декември лани, во споредба со септември, вкупниот доспеан а неплатен долг на сите општини во државата, вклучувајќи го и Град Скопје, се зголеми за повеќе од 22 000 000 евра, надминувајќи 90 400 000 евра. Дел од општините на квартално ниво пријавиле значаен пораст на доспеаните а неплатени обврски. Порталб ги рангира најзадолжените локални самоуправи и јавните комунални претпријатија. Милионски долгови на ...
Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието. Од ССМ велат дека со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната ...