Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Румен Радев денеска официјално ја презеде функцијата премиер на Бугарија, откако парламентот во Софија го изгласа новиот владин кабинет со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 воздржани. Со тоа завршува повеќегодишниот период на политичка нестабилност и чести избори во соседната земја. Радев, кој до почетокот на годинава беше претседател на Бугарија, ја напушти шефовската функција за да влезе директно во извршната власт по победата на ...
Жичницата до Средно Водно останува затворена на неопределено време откако при техничките проверки биле констатирани повеќе недостатоци во системот за работа и безбедност. Од надлежните институции информираат дека контролите покажале потреба од сериозен сервис и замена на дел од компонентите, поради што е донесена одлука системот да не се пушта во употреба додека не се завршат сите неопходни интервенции. Според информациите, проблемите се ...
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнаа договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници. – Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ...
Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12 проценти од ...
Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во Охрид, регионалната ...
Шпаркасе Банка ја отвори првата експозитура за млади во земјата – Vibe On експозитура за млади, модерен простор создаден по мера на новата генерација и инспириран од нивните реални потреби, навики и начин на живот. Новата експозитура носи поинакво банкарско искуство и претставува место каде што младите нема да доаѓаат само за банкарски услуги, туку и за инспирација, поврзување, финансиска едукација и добра енергија. Просторот е дизајниран да ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството. Бељули има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во Министерството за образование и наука. Тој е дипломиран педагог на ...
Годишниот индекс на инфлација во Грција забележа раст до 5,4% во април, што претставува пораст од 3,9% забележан претходниот месец. Оваа информација произлегува од официјалните статистички податоци на грчката Служба за статистика, при што дописничката на МИА од Атина известува дека најзначаен придонес за ова зголемување имаат цените на енергентите. Според споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени за април 2026 година со истиот период ...
Новата колекција донесе најголем избор досега, први модели очила за сонце, премиум поларизирани стакла и препознатливи клип-он решенија создадени за современ, динамичен и стилски животен ритам Во уникатниот амбиент на Dioptra Urban Concept, инспириран од духот на Тоскана, Dioptra Optics ја промовираше својата нова, четврта приватна колекција Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy уште еднаш промовирајќи селекција на врвен квалитет по пристапни ...
Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни макроекономски проекции на ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу земјава и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права. Министерот Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, го поздравил затворањето на пост-мониторинг дијалогот на ...
Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми. Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари обложувајќи се на пад на цените на нафтата пред ...
Со денешната прес-конференција официјално започна шестото издание на националната еко-акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026, која ќе се спроведува во 80 општини, на повеќе од 500 локации низ целата земја од 8 до 10 мај. Овие еко-акции се организирани од Мен енд Маунтен, со поддршка од нивните официјални партнери: Пивара Скопjе, Пакомак, Нула Отпад, Макстил, ЕВН, ИУТЕ, Заубермахер, КАЗ Груп и Шпаркасе Банка и во соработка со општините и Црвениот Крст. ...
Можеме да одиграме конструктивна улога преку зајакнување на сопствените интерконекции и интегрирање во поцелосно развиена мрежа за природен гас во ЈИ Европа, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за грчкиот енергетски портал „Energygame“ и додава дека „нашиот директен придонес е промовирање на проекти што нè поврзуваат подобро со Грција и Србија“, кои, според неа можат да придонесат ...
По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...
Поради зголемувањето на цената на деловите и на услугите на сервисерите, сè повеќе сопственици на возила ја одложуваат посетата на сервис за проверки и поправки. Неодамнешно истражување на Германското здружение на осигурителни компании (ДАТ) утврди ново зголемување на цената на резервните делови и на дневниците на бензинските станици. Растот на трошоците за поправка на возила, којшто трае со години, продолжи со несмалено темпо во 2025 ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа најави нови санкции против кубанска воено-индустриска компанија и државна компанија за природни ресурси, засилувајќи го притисокот врз кубанското раководство преку таргетирање на изворите на странски инвестиции. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела потпиша извршна наредба со која се прошируваат американските санкции против Куба. Според наредбата, администрацијата на Трамп го ...
Министерот за европски интеграции на Србија, Немања Старовиќ, на денешното заседание на релевантниот парламентарен одбор, потенцираше дека шпекулациите за задржување на средствата наменети за Србија од Планот за раст за Западен Балкан претставуваат „апсолутно неточни информации, презентирани на провокативен начин“. Старовиќ, исто така, информираше дека портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламберт, за време на прес-конференција потврдил ...
Американски трговски суд донесе одлука дека неодамнешните светски давачки од 10 проценти, воведени од страна на претседателот Доналд Трамп, не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите. Оваа одлука се однесува само на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон. Сепак, давачките остануваат на сила за сите други увозници. Судот заклучи дека воведувањето на давачките, врз основа на членот 122 од Трговскиот закон ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП Групацијата, ги претстави потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјава пред водечки авиокомпании и туроператори на роуд шоу-а во Финска и Норвешка, со цел отворање на нови директни авиолинии во скандинавските земји. За време на роуд шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на ТАВ Македонија, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, еден ден пред традиционалните прослави по повод Денот на победата во Москва, ги предупреди официјалните претставници на државите сојузнички на Русија да не патуваат во руската престолнина на годишната парада на 9 мај, со која се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, пренесе ДПА. Во своето вечерно видеообраќање, Зеленски изјави дека Украина добила прашања од држави блиски ...
Церемонија на потпишување на Рамковна конвенција за вештачка интелигенција меѓу С Македонија и Советот на Европа ќе се одржи денеска во свечената сала на Владата. Рамковна конвенција за вештачка интелигенција ќе ја потпиша министерот за правда Игор Филков и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Церемонија на потпишување на Рамковна конвенција за вештачка интелигенција меѓу С Македонија и Советот на Европа ќе се одржи ...
Централната команда на американската армија (CENTCOM) соопшти дека американските поморски сили пресретнале, како што наведуваат, „неиспровоцирани напади“ од иранска страна, по што следувале одбранбени акции насочени кон воени цели во Иран. Инцидентот, според американската страна, се случил додека разурнувачите „УСС Трукстун“, „УСС Рафаел Пералта“ и „УСС Мејсон“ поминувале низ Ормутскиот теснец кон Оманскиот Залив. Од CENTCOM тврдат дека кон ...
Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без водоснабдување или да имаат намален притисок на вода, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Можниот прекин е поради изведување технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН, кои ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до нивното завршување. Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без ...
Федералниот трговски суд во САД донесе нова одлука што претставува сериозен предизвик за економската стратегија на претседателот Доналд Трамп, оценувајќи дека глобалните царини од 10 проценти за увоз на стоки биле воведени без доволна законска основа. Судскиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија пресуди со мнозинство гласови дека администрацијата неправилно ги искористила овластувањата од Законот за трговија од 1974 година за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека на Европската Унија ѝ дал рок до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД, во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа. Трамп разговорот со Фон дер Лајен го оцени како „одличен“ и посочи дека разговарале за повеќе прашања, ...
Народната банка прогнозира дека за 2026 година инфлацијата ќе биде приближно 4%, а порастот на бруто домашниот производ (БДП) ќе изнесува 3,5%. За 2027 година, предвидувањата покажуваат дека инфлацијата ќе се спушти на 3%, додека БДП ќе достигне 3,8%. Советот на Народната банка, на својата денешна собрание, ги разгледа и ги одобри најновите макроекономски предвидувања, кои се дел од Кварталниот извештај. Во Извештајот е заклучено дека ...
Предвидено е зголемување на БДП од 3,5% во 2026 година и негово забрзување до 3,8% во 2027 година. Притоа, клучни двигатели и понатаму ќе бидат вложувањата, особено јавните инфраструктурни потфати, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка. Ова го истакна денеска на прес конференција, гувернерот Трајко Славески. Тој информираше дека Советот на Народната банка, на денешната седница, ги разгледал и ги одобрил најновите ...
Како Влада, непрекинато ја следиме актуелната состојба. Тоа го потврди и Меѓународниот монетарен фонд, кој ја рангираше нашата земја меѓу првите три во Европа според примената на мерки како процент од бруто домашниот производ. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски во неговата изјава за медиумите, по завршувањето на Германско-македонскиот самит одржан во Скопје. Мицкоски нагласи дека Владата презема активности кои надминуваат ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, изврши увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на Министерството за животна средина и просторно планирање, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, изградба на фекална и ...