Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Соединетите Американски Држави привремено дозволија купување руска нафта што веќе се наоѓа на танкери на море, со цел да се стабилизира глобалниот енергетски пазар и да се намали притисокот врз цените на горивата. Одлуката доаѓа во време кога цената на нафтата повторно се искачи над 100 долари за барел, поради големите геополитички тензии и нарушувањата во снабдувањето со енергенси. Според американското Министерство за финансии, издадена е ...
Американски воен авион за полнење гориво вчера се урна во западен Ирак, во инцидент за кој Централната команда на САД соопшти дека учествувал и друг авион, но не бил резултат на непријателски или пријателски оган. САД распоредија голем број авиони на Блискиот Исток за да учествуваат во операции против Иран. Во соопштението, Централната команда на САД соопшти дека спроведува спасувачка операција откако се урна американскиот авион за полнење ...
Делегација на Стопнаската комора на Северна Македонија, присуствуваше на свеченото одбележување на 80 годишнината од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (School of Economics and Business, University of Ljubljana), еден од најпрестижните економски факултети во Словенија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Основан е по Втората светска војна и постепено се развил во модерна меѓународно ориентирана ...
Цените на благородните метали продолжуваат да растат на светските пазари, поттикнати од геополитичките тензии и зголемената побарувачка за сигурни инвестиции. Во моментов, среброто се тргува по цена од околу 2.312 евра за килограм, додека 24 каратното злато достигна вредност од приближно 142 евра за грам. Експертите велат дека инвеститорите во време на глобална неизвесност често се свртуваат кон благородните метали, бидејќи тие се сметаат за ...
Аналитичарите предупредуваат дека светот се соочува со еден од најголемите падови на снабдувањето со нафта во историјата. Поради воените конфликти на Блискиот Исток и ризикот од блокада на стратешките поморски рути, на глобалниот пазар одеднаш може да исчезнат милиони барели нафта дневно. Според проценките на експертите, евентуалното нарушување на транспортот низ Ормускиот теснец би можело да доведе до пад на снабдувањето од дури 15 до 20 ...
Домашни и природни производи, лековити билки и традиционални вкусови од рурална Македонија пристигнуваат во градот. Билкилајф-Центар за хербализам,туризам и одржлив развој го организира настанот „Од рурално до урбано“ – Саем на домашни и природни производи, кој ќе се одржи на 14 март 2026 година во Јавна соба во Скопје. Настанот има за цел да ги приближи руралните производители до урбаната публика, создавајќи простор за промоција на ...
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ денеска во 13 часот ќе го соопшти романот што годинава ќе ја понесе титулата „Роман на годината“. На прес-конференција, што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе биде соопштено името на авторот и добитничкиот роман. Наградата „Роман на годината“, којашто годинава се доделува по 27-ми пат, се состои од плакета, оригинална ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново предупредување до Техеран рано утрово, имплицирајќи понатамошни воени дејствија во актуелниот конфликт, јави ДПА. „Внимавајте што ќе се случува со овие пореметени ѓубриња денеска“, напиша тој на својата платформа Truth Social. И покрај претходните коментари што сугерираа дека војната со Иран би можела да заврши наскоро затоа што „практично нема ништо што треба да се гаѓа“, Трамп сега ја ...
Петок 13-ти има долг „страшно-интересен“ имиџ, па многумина го поврзуваат со различни историски или културни настани. Еве неколку познати примери: 1. Апсењето на Тамплери (1307) – На 13 октомври 1307, францускиот крал Филип IV наредил апсење на витезите тамплери, што довело до мачења и погубувања. Ова е една од причините бројот 13 да се смета за несреќен. 2. Криза на берзата (1881) – Некои финансиски падови се случиле на петок 13, што ја ...
Шведско-македонската стопанска комора, во соработка со шведската организација We Effect, денеска во Центарот за иновации „Инокс“ на Плоштад Скопје, организира настан на тема „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“ . Целта на настанот, како што најавуваат организаторите, е зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и нордиските пазари, како и отворање нови деловни можности за локалните ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени. Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви ...
Во рамки на стратешката иницијатива за зајакнување на административните капацитети, Управата за јавни приходи започнува имплементација на зајакнат системски пристап во управувањето со долговите на даночните обврзници, насочен кон јасен фокус, поголема ефикасност и реални резултати, информира УЈП во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Клучен чекор во овој процес е донесувањето на Стратегија за реална и наплатлива Листа на должници, ...
По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во нашата држава, Чен Чен, соопштија попладнево од Јавното претпријатие. ...
Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции. Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН ...
– Европската унија ги предупреди САД против воведување нови царини за увоз на индустриски производи од Европа што би можеле да го прекршат договорот за царини. ЕУ очекува САД целосно да се придржуваат кон договорот за царини склучен минатиот јули, со кој американските царини за увоз од ЕУ се ограничени на 15 отсто за повеќето категории производи, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. – Не добивме никакви индикации дека ...
Економските системи не можат да ја достигнат својата целосна продуктивност доколку половина од населението се соочува со ограничувања во можностите за учество. Ова беше истакнато на главниот настан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) организиран по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото „No Economy Wins Running at Half Capacity: The Economic Power of Gender Equality“. На настанот учествуваше и министерката за енергетика, ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на глобалниот собир „Transforming Transportation 2026“, што се одвива во Вашингтон под покровителство на Светската банка, го истакна значењето на транспортните коридори и тековните инвестиции. На својот Фејсбук профил, Николоски сподели дека на економскиот собир во Вашингтон, во своето излагање, ја нагласил клучноста на геостратешката положба на Македонија, точка ...
Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ денеска започнаа дводневен протест, кој се очекува да доведе до откажување на повеќе летови од Минхен и Франкфурт. И покрај оваа акција, компанијата информира дека најмалку половина од предвидените летови ќе бидат реализирани. Дополнително, летовите кон Блискиот Исток се исклучени од штрајкот. Синдикатот на пилотите, познат како „Вереинигунг Кокпит“, објави дека овој протест ќе има помало ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп иницира серија проверки кај главните трговски партнери, со цел да утврди нова законска основа за наметнување на рестриктивни такси. Оваа одлука доаѓа откако американскиот Врховен суд претходно ја прогласи за нелегална употребата на концептот за „економска вонредна состојба“ од страна на Трамп. Во рамките на оваа постапка, покрај Европската Унија, предвидено е да бидат опфатени и ...
Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија го организираше првиот бизнис-семинар за поврзување на јапонската и македонската бизнис-заедница на 11 март во Скопје. На настанот беа претставени девет глобални јапонски компании од различни сектори, како енергетика, фармација, автомобилска индустрија, градежништво и финансии. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Тимчо Муцунски, одржа воведно обраќање, изразувајќи силна надеж ...
Спроведуваме значаен инвестициски циклус од повеќе милијарди евра за унапредување и модернизација на транспортните коридори во земјава. Во моментов се ангажирани активности на изградба и подобрување на автопатски делници, инвестираме во изградба на високобрзинска железница на Коридорот 10 и воспоставување железничка врска кон Исток. Со поддршката на Светската банка, работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, ...
Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025, национална иницијатива што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Компанијата беше наградена во категориите Мобилна апликација за е-трговија на годината, Маркет плејс и мулти е-продавница и Најдобра новоотворена е-продавница, со што, уште пред да одбележи една година почетокот на официјалното работење во Македонија, се вброи меѓу најистакнатите и најнаградуваните дигитални ...
Во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ денеска се одржа „Саем на франкофонските држави“, настан кој ги претстави културата и традицијата на франкофонијата преку ангажман на учениците од Општина Кисела Вода. На настанот присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, францускиот амбасадор, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Н.Е. Кристоф Зомер, претставници на Францускиот институт во Скопје, претставници на ...
Аналитичарите предупредуваат дека лаптопите во текот на 2026 година би можеле значително да поскапат, а во одредени случаи цените би можеле да се зголемат и до 40 проценти. Причината за ваквите прогнози е растот на цените на клучните компоненти што се користат во производството на компјутерите, како што се RAM меморијата, SSD складиштето и процесорите. Глобалната побарувачка за мемориски чипови нагло расте, особено поради брзиот развој на ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. -За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. ...
Цената на нафтата повторно се искачи над 100 долари за барел, откако војната на Блискиот Исток и нападите врз танкери го нарушија транспортот низ Ормуски Теснец – една од најважните енергетски артерии во светот. Според анализите на енергетските пазари, цената на суровата нафта Brent накратко достигна околу 119 долари, што е највисоко ниво во последните години. Преку Ормускиот теснец поминува околу 20% од светската трговија со нафта, па секое ...
Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања. Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Северна Македонија, со цел ...
Американските медиумски куќи, повикувајќи се на анонимни извори од Пентагон, известија дека првите шест дена од воениот конфликт со Иран чинеле над 11,3 милијарди долари. Оценката не ги опфаќа трошоците поврзани со судирот, како што е мобилизацијата на воена техника и персонал пред нападот извршен на 28 февруари. Претходно, вашингтонскиот истражувачки центар Центар за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) објави дека првите 100 часа од ...
Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, четиринаесетта година по ред ќе ја одбележат Глобалната недела на ...
Компанијата Нафтна индустрија Србија поднела ново барање до Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави за издавање посебна лиценца за продолжување на работата, јавува Радио-телевизија Србија. Според информациите, постојната оперативна лиценца на компанијата истекува на 20 март, поради што НИС побарал нова дозвола за да може непречено да продолжи со своите активности. Покрај тоа, компанијата има рок до 24 март да води ...