Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија“ што го нагризува здравството и општеството. Претседателот на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку ...
Кинотеката е дел од меѓународниот проект „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning (ILMovie)” од програмата Erasmus+, насочен кон унапредување на интеркултурното образование и развојот на вештини преку користење на архивски аудиовизуелни материјали. Покрај Кинотеката, во проектот „ILMovie” се вклучени и организации од Бугарија, Албанија и Црна Гора, со цел да се развијат иновативни едукативни ресурси за стручно ...
Блокчејн е децентрализирана дигитална книга на записи што безбедно ги евидентира трансакциите преку распределена мрежа на компјутери. Првично е развиен како технолошка основа за криптовалути како Биткоин, но со текот на времето прерасна во моќна технологија со примена далеку поширока од дигиталните пари. Во својата суштина, блокчејн е специфичен тип база на податоци. Наместо податоците да се чуваат на еден централен сервер, тие се ...
Цената на златото продолжува да расте на светските пазари, а денеска достигна околу 144 евра за грам, што е едно од највисоките нивоа во последниот период. Растот на цената доаѓа во услови на зголемена неизвесност на глобалните пазари и засилени геополитички тензии. Инвеститорите традиционално се свртуваат кон златото како сигурно прибежиште во време на економска и политичка нестабилност. Поради тоа, побарувачката за овој благороден метал ...
Компанијата dm drogerie markt го означи почетокот на платформата „Иднина која инспирира“ со настан што обедини волонтерска активност, панел-дискусија и споделување лични волонтерски приказни. Станува збор за нова платформа насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Во рамки на настанот повеќе од 100 новинари, инфлуенсери, соработници, волонтери и претставници ...
Остануваат уште само неколку дена до крајот на рокот за пријавување на дела за овогодинешниот награден конкурс Trash for Art. Пакомак и оваа година ги повикува еко свесните граѓани да испратат уметничко дело направено од отпад за конкурсот и да ја искористат можноста да добијат вредни награди. Конкурсот е веќе отворен и во него можат да учествуваат сите заинтересирани лица кои ќе испратат уметничко дело направено од амбалажен отпад. Како и ...
Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкурентност, наведува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во посета на САД. Николоски истакнува дека инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата биле ...
Саемот на мебел 2026 и годинава ќе ги обедини производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата, носејќи нови идеи и можности за сите љубители на уредувањето на домот. Под мотото „Инспирација за секој дом”, од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски”, со поддршка на партнерот Комерцијална банка АД Скопје, посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пушти јавна покана за искористување на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, со цел стимулирање на обединувањето. Право на учество во оваа програма имаат земјоделските здруженија кои се регистрирани за вршење на земјоделска дејност. Основната намера е да се поттикне обединувањето на земјоделските стопанства преку формирање на вакви ...
Цената на суровата нафта повторно ја надмина границата од 100 долари за барел на светските берзи, поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и стравувањата од сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси. Пазарите реагираа бурно откако се зголемија тензиите во регионот на Персискиот Залив и беа регистрирани напади врз бродови и нафтена инфраструктура. Поради овие настани се појавија стравувања дека испораките на нафта ...
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе ослободат дел од своите стратешки резерви на нафта со цел да го стабилизираат глобалниот енергетски пазар, откако цените повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел поради зголемените тензии со Иран. САД ќе ослободат 172 милиони барели нафта од резервите, откако истото го најавија Германија и други земји. Одлуката е донесена во координација со други земји членки на Меѓународната ...
Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата посветеност, визија и ...
Енергетската ефикасност беше во фокусот на средбата која што денеска ја оствари министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со делегација на ЕБОР во земјава. На средбата присуствуваа претставникот на ЕБОР во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу и директорката на Одделот на ЕБОР за инфраструктура во Европа, Елена Гордеева. Главниот акцент на средбата беше ставен на реализацијата на енергетската ефикасност кај ...
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, денеска, 12.3.2026 година, ќе настапи на Конференција организирана од канцеларијата на ЕУ Делегацијата во Скопје со социјални партнери и граѓански организации од државата. На панелот – „учество на организираното граѓанско општество во преговорите за пристапување со ЕУ и спроведувањето на Реформската агенда“, во улога на придружен член на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), Азески ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ја добиле војната со Иран, но дека САД ќе останат во борбата за да го завршат она што го започнаа“. „Никогаш не е добра идеја да се каже прерано дека сте победиле. Ние победивме“, рече Трамп на настан за време на кампањата во Хеброн, Кентаки. „Во првиот час, заврши.“ Тој рече дека САД „уништиле 58 ирански воени бродови“. Трамп се двоумеше во врска со Иран, припишувајќи ѝ на ...
– Иранската Револуционерна гарда денеска предупреди на масовни одмазднички напади доколку пристаништата во земјата бидат подложени на напад, пренесе ДПА. Портпаролот на вооружените сили, Аболфазл Шекарчи, изјави дека доколку се остварат американските закани против иранските пристаништа, ниту едно пристаниште, економски центар или локација во Заливот нема да остане безбедна, според изјавите пренесени од новинската агенција „Фарс“, која е ...
Швајцарија привремено ја затвори Амбасадата во Техеран поради „сè поголем безбедносен ризик“, соопштија синоќа швајцарските власти. Амбасадорот на Швајцарија и пет дипломати вчера заминале од Иран по копнен пат, а најавија враќање штом „дозволи ситуацијата“. Владата на Швајцарија соопшти дека во консултации со заинтересираните земји „ќе продолжи да одржува отворена комуникациска линија помеѓу САД и Иран“. – Швајцарија со децении ги ...
Кирил Поп Христов-Кили беше македонски актер кој остави значаен белег во театарот, филмот и телевизијата. Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, каде што го поминал и поголемиот дел од својот живот и професионална кариера. Љубовта кон актерството ја развил уште во младоста, што го довело до студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Дипломирал во 1989 година на отсекот за актерска ...
Поради планирани технички зафати во електросистемот, денес (12.03.2026, четврток), неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните за следниот распоред: Карпош (08:30 – 12:30 часот): Корисниците на ул. „1506 Скупи“, дел од ул. „Никола Карев“ (кај река Лепенец) и објектите околу „Стоп енд Го“. Козле (09:00 – 14:00 часот): Дел од потрошувачите на ул. ...
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја истакна економската импликација од конфликтот на Блискиот Исток за граѓаните на Европа, наведувајќи ја големата зависност на Унијата од увоз на фосилни горива. „Од започнувањето на конфликтот, цените на горивата пораснаа за 50%, а цените на нафтата за 27%“, изјави Фон дер Лајен денес во своето обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, Франција. „Ако ги преведеме овие бројки во ...
Општина Пустец организираше еколошка кампања насочена кон унапредување на квалитетот на животната средина, што се смета за дополнителен фактор за привлекување поголем број посетители. “Веќе прерасна во обичај ние како локална управа, во партнерство со комуналното претпријатие, да организираме вакви акции за чистење на нашата прекрасна општина.” Со овие активности, испраќаме порака за значењето на чистата околина, како за локалното население, ...
При извршена контрола врз работењето на финансиските институции, откриени се одредени недозволени трговски практики. Овие практики се однесуваат, меѓу другото, на огласување на финансиски услуги и други дејства на друштвата, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите, информира Министерството за финансии (МФ). “При надзорот констатирани се рекламирање со 0 отсто камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на Македонско–јапонскиот бизнис форум, организиран од Амбасадата на Јапонија во Скопје, на кој, како што информираат, учествуваат повеќе од 150 претставници од бизнис-заедницата и B2B средби за вмрежување и директна соработка меѓу компании од двете земји. Муцунски, како што информираат од неговиот Кабинет, во своето обраќање ја нагласил важноста на ...
Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ) предлага историски најголемо црпење на нафта од своите стратешки залихи, со цел да се стават под контрола на цените на црното злато, кои се искачија поради напнатоста меѓу САД и Иран. Според „Волстрит џурнал“, кој се повикува на анонимни извори, на вчерашниот собир на ИАЕ е постигнат договор за искористување на резервите за итни случаи. Сепак, секоја од 32-те земји-членки на ИАЕ треба денеска да ...
Македонската економија оди кон стабилизација, а 55% од странските инвеститори планираат повторно вложување, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на странски инвеститори во земјава, Виктор Мизо, по средбата во Стопанската комора. “Имавме плодна и успешна дискусија.” “За нас, странските инвеститори се од непроценливо значење, исто како и домашните, бидејќи економијата е еден од главните столбови на работењето ...
Воведување на ограничување, односно максимално дозволена граница на профитната маржа за горивата и за производите во малопродажните објекти, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тој ова го истакна на средбата со претседателот на Грција, Константинос Тасулас, нагласувајќи дека покрај геополитичките аспекти, се соочуваат и со „економските импликации од оваа криза“, информира дописничката на МИА од Атина. Деталите во врска со владините ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со делегација на Европската банка за обнова и развој, предводена од Елена Гордеева, директор и раководител на Секторот за инфраструктура за Европа, со седиште во Лондон и Фатих Туркменоглу, раководител на ЕБОР за Северна Македонија. На средбата се разговараше за тековната соработка меѓу Министерството и ЕБОР и за можностите за нивно понатамошно унапредување. ...
Профитната маржа не смее да надмине пет центи по литар гориво во големопродажбата и 12 центи на бензинските пумпи во Грција, додека пак маржата на бруто профит по артикл во грчките супермаркети нема да може да го надмине просекот од 2025 година, соопштија надлежните грчки министри, откако претходно премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис најави воведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и ...
Денеска 32 земји постигнаа историски договор за ослободување рекордна количина нафта, со цел стабилизирање на светскиот нафтен пазар. Според договорот, ќе бидат пуштени 400 милиони барели нафта, што е најголем пакет досега во историјата на глобалниот енергетски сектор. Овој чекор доаѓа по неодамнешните геополитички тензии и зголемената нестабилност на цените на нафтата. Одлуката има за цел да ги спречи големите флуктуации на пазарот, да ја ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, реализираше работни средби во Стејт Департментот, посветени на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економските врски. На средбата со Даниел Лоутон, заменик-помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано цврстото партнерство меѓу двете држави, базирано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон ...