Од ресорите со милионски буџети за капитални расходи, најголема реализација имале МВР и Министерството за социјална политика. Во Министерството за транспорт и Министерството за одбрана, кои располагаа со стотици милиони евра за јавни инвестиции, една третина од парите останала неискористена, пишува Порталб. Дел од ресорите не успеале да реализираат ниту 10% од планот, а неколку пак остварила над 90% од планираното. Во 2025 капиталните ...

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава. Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ги зголемува американските царини за стоките од Јужна Кореја, вклучувајќи автомобили и фармацевтски производи, од 15 на 25 отсто, јави ДПА. Трамп напиша на својата платформа Truth Social дека потегот се должи на тоа што „Законодавното собрание на Јужна Кореја не го почитува својот договор со Соединетите Американски Држави“. „Претседателот Ли Џе Мјунг и јас постигнавме Одличен договор ...

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. 🏙️ Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) 15 € 50 € 300 € забрана за управување 3–12 месеци 🛣️ Пречекорување на брзина надвор од населено место ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба со Бугарија за откочување на евронтеграциите на државава. Муцунски вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека фокусот во евроинтеграциите на прв план го ставаме на домашните реформи и оти има задоволство и од Брисел, при што посочи дека Акцискиот план за заштита на малцинствата беше поздравен од ...

Прекин на транспортот на товарни возила низ државните гранични точки е најавен за денес од 12:00 часот. Ова се случува поради јавен собир организиран од здружението „Макам-транс“, како што соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестната акција ќе се одвива на граничните пунктови Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато. Во овој период, коловозните ленти и терминалите за товарни превози ќе ...

Денеска беше официјализирана соработката помеѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Црвениот крст преку потпишување на Меморандум. Документот го потпишаа директорот на ЦУК, Мухамед Али, и генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Институцијата ЦУК информира дека овој меморандум има за цел да ја зајакне постојната институционална врска и да создаде цврста основа за заедничко, навремено и успешно дејствување во сите фази од ...

Унгарија и Словачка соопштија дека ќе поднесат судска тужба против Европската унија поради одлуката на ЕУ да воведе целосна забрана на увозот на руски гас, што треба да стапи на сила до крајот на 2027 година. Оваа одлука на ЕУ, која доби конечна поддршка од земјите членки на Советот на Европската унија, предвидува постепено укинување на увозот на руски природен гас, вклучувајќи и течен природен гас (LNG) до крајот на 2026 година, а целосно и ...

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на законските измени со кои се овозможува имплементацијата на системот „Безбеден град“. Иницијативата е поднесена пред системот официјално да започне со работа. Според Села, измените на Законот за прекршоци биле донесени по скратена постапка, без соодветна јавна дебата и без поширока институционална анализа, иако станува збор за ...

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да се зголемуваат, што значи дека горивата ќе поскапуваат и кај нас и во светот. Според најновите информации, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат раст, што веќе го отсликува и Регулаторната комисија за енергетика во одлуката за зголемување на малопродажните цени на бензин и дизел во Република Северна Македонија. Причините за растот на цените се поврзани со ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) годинава ќе додели три награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година. 1.За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Освен личните податоци на кандидатот и ...

Германските власти понудија награда од еден милион евра за информации што ќе доведат до апсење на одговорните за саботажа на берлинската електрична мрежа, која остави десетици илјади луѓе без струја со денови, објави ДПА. Министерката за внатрешни работи на покраината Берлин, Ирис Шпрангер, изјави дека сумата ја понудила „федералната влада“, опишувајќи ја сумата како „уникатна“. „Тука зборуваме за тероризам“, изјави Шпрангер пред комисијата ...

Албанија годинава ќе стартува со производство на оружје, воена опрема, дронови и анти-дронски системи, специјализирани возила и воени униформи, најави министерот за одбрана Пиро Венгу. При претставувањето на новиот законски пакет што го регулира увозот, извозот и транзитот на огнено оружје, Венгу истакна дека се склучени шест договори за формирање исто толку заеднички јавно-приватни претпријатија, реализирани преку државната компанија KAYO. ...

– Во рамки на 25-от состанок на Меѓувладината пристапна конференција што се одржа попладнево во Брисел, Црна Гора привремено ги затвори преговорите во рамки на пристапниот процес по Поглавјето 32 – Финансиска контрола. – Задоволна сум што денеска ја гледам Црна Гора како затвора уште едно преговарачко поглавје. Со ова достигнување, привремено се затворени вкупно 13 поглавја, што претставува значаен и видлив напредок на патот на земјата кон ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска ставија потпис на Протоколот за правила за потекло. Овој документ е составен дел од Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, како што информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој, на која беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со посебен фокус на областа на животната средина. На средбата, министерот Хоџа изрази искрена благодарност за долгогодишната и континуирана поддршка што Република Турција ѝ ...

Општина Штип распиша јавен повик за доделување финансиски средства на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Штип и спортски манифестации што се одржуваат на територија на општината. Повикот трае до 28 јануари. Во соопштението од Општината се наведуваат и услови кои треба да ги исполнат спортските клубови, здруженија и институции. Треба да имаат годишна Програма за ...

Во периодот од 18 до 25 јануари, каратистите на „Макпетрол“ успешно ги завршија еднонеделните заеднички подготовки во рамки на проектот „Карате – пронајди го својот пат“. Оваа активност членовите на скопскиот клуб ја реализираа со претставници на „Хрватски Драговољац“ од Загреб и „Самобор“ од истоимениот град. На еднонеделните подготовки, тренерите и каратистите, разменија знаења и искуства, а се реализираа и голем број практични задачи со ...

Музејот Лувр денеска остана затворен по четврти пат од почетокот на штрајкот на дел од персоналот, кој бара подобри работни услови од средината на декември, соопшти парискиот музеј. Најпосетениот музеј во светот одржа неколку рунди преговори со Министерството за култура и управата на музејот, но решение не е на повидок, пренесува „Фигаро“. На генералното собрание, најмалку 300 вработени утрово гласаа за продолжување на штрајкот кој почна на ...

Малите продажни објекти, како што се тобако продавниците, киосците, мини маркетите и другите мали семејни бизниси ќе бидат сериозно погодени од новиот Зaкон за заштита од пушење и ќе се соочат со сериозни дополнителни трошоци и загуби поради кои дел ќе треба да отпуштаат вработени, а дел ќе бидат принудени целосно да ги затворат продавниците. Според сопствениците на ваквите мали продажни објекти, одредбите од предложеното законско решение ...

Сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватни автобуси превозници на град Скопје. – Изразуваме голема загриженост во однос на барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на ...

До денеска вкупно четири пријави пристигнале на Огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија. Од Собраниската прес – служба, потврдуваат дека до Архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали за тоа кои се подносителите. Рокот за аплицирање согласно Законот, истекува денеска на полноќ. Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, ...

Велика Британија доживува поголем одлив на работни места отколку што создава поради имплементацијата на вештачката интелигенција (ВИ) и е посилно зафатена од нејзиното влијание во споредба со другите водечки економии. Ова го покажуваат резултатите од денеска објавеното истражување на банката „Морган Стенли“. Анкетата, која покрај Велика Британија ги опфати и Соединетите Американски Држави, Јапонија, Германија и Австралија, откри дека ...

Изградбата на водоснабдување, фекална и атмосферска канализација во индустриската зона Речица, во близина на Куманово, ќе привлече нови вложувања и ќе помогне за напредок на локалната економија, објави денеска на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на рубриката „проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“. „Изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс. На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг” и Град ...

Српскиот шеф на државата, Александар Вучиќ, денеска обелодени дека годинава ќе се одржат избори во Србија, потенцирајќи дека најверојатниот период за нивно спроведување е меѓу октомври и декември. „Ќе одиме на избори оваа година, а тие веќе победуваат со значајна предност, тоа е факт. Сметам дека изборите ќе бидат на есен, тоа е поизвесна варијанта“, истакна Вучиќ во емисија на телевизијата Блиц. Тој не ја отфрли можноста за поднесување ...

Вработените во белгиската државна железничка компанија, СНЦБ/НМБС, од вчеравечер во 22 часот започнаа со штрајк, кој се предвидува да трае до петок во 22 часот. Управата на СНЦБ/НМБС соопшти дека, и покрај прекинот на работа, железничкиот превоз нема да биде целосно стопиран. Одреден број на возови ќе функционираат, опслужувани од персоналот кој не учествува во протестот. За денеска е најавено функционирање на три четвртини од меѓуградските ...

Заради најавата за протест на транспортните компании, денеска низ државата ќе бидат затворени за теретен сообраќај следниве гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце. Преминот Табановце – Прешево ќе биде блокиран од српска страна. Воведувањето на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС) од страна на Европската Унија ги натера македонските превозници, како и тие од Србија, Црна Гора и ...

Поранешниот американски претседател Барак Обама беше меѓу оние што го осудија второто фатално пукање врз цивил од страна на американските службеници за имиграција во рок од две недели, изјавувајќи вчера пред граѓаните дека имаат право да бидат огорчени, јави ДПА. „Убиството на Алекс Прети е тешка трагедија. Исто така, треба да биде повик за будење за секој Американец, без оглед на партијата, дека многу од нашите основни вредности како нација ...

Цената на златото за првпат во историјата ја помина границата од 5.000 долари за унца, достигнувајќи рекордни нивоа од околу 5.090 долари на меѓународните пазари, што претставува силен сигнал за зголемена побарувачка на овој благороден метал како сигурен актив во време на нестабилност. Аналитичарите велат дека овој раст е резултат на изразено зголемена побарувачка за „безбедни засолништа“, односно за средства кои инвеститорите ги бираат кога ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
52%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
49%
1030
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
73%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
56%
1027
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
34%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.79
48%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
48%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Бакар

11.75

Сребро

2648.90

Родиум

368126.05

Злато

163613.54

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.29

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Цинк

3.27

Платина

67998.83