Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана. Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена. Според обвинението, ...
Нови возила кои ќе се користат за одржување на туристичката инфраструктура ќе се набават за потребите на Дојран, преку Повикот за финансирање за намалување на регионалните диспаритети и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година. Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, денеска го потпиша договорот за подобрување на јавните комунални услуги и одржување на туристичката инфраструктура во Општината преку набавка на современа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека британскиот крал Чарлс Трети се согласува дека Иран не треба да поседува нуклеарно оружје. „Во моментов работиме на прашањата на Блискиот Исток и тоа оди многу добро“, изјави Трамп во обраќање на официјална вечера во Белата куќа организирана во чест на монархот. Настанот се одржа на вториот ден од четиридневната посета на Чарлс на САД, во време на тензии во односите меѓу двете земји, откако ...
Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од дел од бул.„Партизански Одреди“ (потегот кај пазар „Буњаковец“), дел од „Дебарца“, дел од „Мирослав Крлежа“, дел од „Коле Неделковски“, дел од „Антоние Грубишиќ“, „Отон Жупанчиќ“, „Радњанска“ и ООУ „Коле Неделковски“. Прекинот, како што информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ ќе биде поради уличен дефект ф-80 мм на бул.Партизански Одреди 18б. Водоснабдувањето ќе биде прекинато ...
Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна сеница на Собранието. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците потенцираше дека преодната, односно техничката влада за спроведување на избори на пратеници во ...
Швајцарскиот претседател, Ги Пармелен, денес, 29 април, ќе биде во еднократна државна посета на земјава, поради што во Скопје ќе се воведе посебен сообраќаен режим, информираше Министерството за внатрешни работи. За време на оваа посета, Одделот за безбедност на јавниот сообраќај ќе спроведе мерки за регулирање на сообраќајот во средишниот дел на Скопје. Министерството за внатрешни работи упатува апел до сите граѓани, учесници во ...
Просечната цена на горивата во Соединетите Американски Држави забележа значителен раст и го достигна највисокото ниво во подолг период, поттикната од стравувањата за продолжување на глобалната енергетска нестабилност. Во исто време, дипломатските напори меѓу Вашингтон и Техеран се соочуваат со застој, особено околу прашањето за повторно отворање на Ормускиот Проток, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарите. Според најновите ...
Домашната економија ќе добие дополнителна финансиска инјекција во износ од 176,6 милиони денари, што е приближно 2,9 милиони евра. Овие средства, префрлени од централниот Буџет, се наменети за поддршка на локалните претпријатија преку Развојната банка. Ова претставува втора рата од буџетски средства оваа година, која ќе биде насочена кон Развојната банка. Оттаму, средствата ќе се дистрибуираат до комерцијалните банки, кои пак ќе ги пласираат ...
Биљана Ангелова ќе продолжи да го води Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и во наредните три години, откако повторно ја доби довербата за ректорската функција. Таа беше реизбрана во конкуренција со проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет, кој беше нејзин единствен противкандидат. Според резултатите објавени од изборната комисија, Ангелова освои 2.924 поени, додека Данев доби 2.675 поени. Изборниот процес се спроведе на 23 ...
Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени. Признанието се доделува по ...
Скопје, 28 април 2026 – Додека дипломатските напори за смирување на конфликтот на Блискиот Исток стагнираат, светските финансиски пазари се наоѓаат во фаза на висока волатилност. Денешното тргување на европските берзи започна со умерен раст, но под сенката на нафтениот пазар кој се заканува да го закочи глобалното економско закрепнување. Нафтата како главен сопирач Цената на суровата нафта „Брент“, која пред почетокот на кризата се движеше ...
– Европскиот парламент (ЕП) денеска изгласа барање за зголемување на следниот седумгодишен буџет на Европската Унија (ЕУ) за 10 отсто во однос на предлогот на Европската комисија (ЕК), со што вкупниот износ би надминал два билиони евра, а посебно ги издвои земјоделството, кохезијата, социјалната политика и конкурентноста како области за кои е неопходно зголемување на средствата. Предлогот на Европската комисија предвидува буџет од 1,8 ...
Локалниот Совет на Општина Куманово денес донесе одлука за повишување на тарифите за такси услугите. Основната цена за изминат километар ќе биде зголемена од постоечките 80 на 100 денари, додека секој следниот километар ќе чини 40 денари. Шефицата на релевантниот оддел, Лидија Ланг Спасовска, извести дека ова зголемување е резултат на иницијатива од страна на такси превозниците, кои претходно доставиле официјални барања до општината за ...
Благодарение на одличната продажба и одговорното управување со трошоците, значително е подобрена профитабилноста, и покрај повисоките инвестиции во вработените и клучните проекти Атлантик Група во првиот квартал од 2026 година оствари приходи од продажба во износ од 297,3 милиони евра, што во однос на истиот период од претходната година претставува раст од 14,4 проценти. Благодарение на силниот раст на продажбата и одговорното управување со ...
Иако се далеку од настаните на Блискиот Исток, туристичките сектори на балканските земји не се имуни на актуелната криза. Од откажани аранжмани до намален интерес за патување, некои веќе ги чувствуваат последиците, додека други се надеваат дека ќе привлечат туристи кои претходно планирале да патуваат на други дестинации. Секоја криза најпрво го погодува туризмот, а најновата не е исклучок, изјави Влатко Сулев, генерален менаџер на Balkan ...
Во 2025 година, Грција забележа значителен пад од 11,7% во продажбата на весници во споредба со претходната година. Овој тренд на опаѓање е континуиран од 2020 година, кога биле пласирани над 38 милиони примероци, наспроти 21,8 милиони продадени минатата година. Ова го потврдуваат официјалните податоци од грчката Статистичка служба, според извештајот на дописничката на МИА од Атина. Најголемиот пад е регистриран кај весниците од политички ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, зеде учество на „Kosovо Finance Forum 2026“, каде одржа говор на тема „Изградба на доверба на финансиските пазари во Западен Балкан“, информираат од неговиот Кабинет. Настапувајќи, министерот Дурмиши потенцира дека довербата претставува клучна претпоставка за инвестиции, економски напредок и стабилност, особено во период на променливи економски и геополитички околности. Тој подвлече дека ...
Денес пристигна официјално известување од Европската Комисија, преку Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни за македонските земјоделци. Поради навреме преземените активности и спроведената целосна и детална ревизија за користењето на средствата од ИПАРД програмата, е утврдено дека не постојат неправилности во постапките. Ова укажува дека системот функционира ефикасно, ...
Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“. Конференцијата се очекува да обедини околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот. Ќе учествуваат и претставници од институциите, академската заедница, ...
Денеска во Скопје, Македонски Телеком организираше бизнис конференција под мотото „Следно ниво на дигиталната безбедност“, на која присуствуваа бројни претставници од деловниот сектор, институциите и експерти од областа на сајбер безбедноста. Конференцијата беше посветена на актуелните предизвици во дигиталната безбедност, новата регулатива и современите решенија за заштита од сајбер закани. Посебен фокус беше ставен на новиот Закон за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од предлогот на Иран за ставање крај на конфликтот, бидејќи истиот не опфаќа прашање поврзано со нуклеарната програма на Техеран, информираше американски претставник. Најновата иранска иницијатива предвидува одлагање на расправата за нуклеарната програма на Иран до завршувањето на воените дејствија и разрешувањето на несогласувањата во врска со морскиот сообраќај во Персискиот ...
Австралиската влада иницираше нов фискален механизам насочен кон дигитални гиганти како Мета, Гугл и ТикТок. Суштината на оваа регулатива е дел од нивните приходи да бидат пренаменети за поддршка на медиумските куќи и финансирање на новинарски редакции. Согласно предлог-законот, кој се очекува да биде доставен до австралискиот парламент најдоцна до 2 јули, опфатените технолошки компании ќе имаат обврска или да платат надоместок, или да ...
– Меѓународната поморска организација изрази загриженост поради тешката состојба во која се наоѓаат околу 20 илјади морнари заглавени на бродови во регионот на Персискиот Залив. Генералниот секретар на Специјализирана агенција на Обединети нации задолжена за безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај (ИМО), Арсенио Домингез, изјави дека бродскиот транспорт и морнарите не смеат да бидат користени како инструмент во геополитички ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, смета дека пристапувањето на неговата земја во Европската Унија е клучен дел од мировен договор за завршување на војната со Русија, јави ДПА. Во синоќешното видео-обраќање тој уште ја посочи „реконструкцијата на нашата земја по војната“ како предуслов за „вистински мир во Европа“. Зеленски, исто така, рече дека границите и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат, а на неговата земја мора да ...
Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ организира јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“, која ќе се одржи на денеска во Берово. Настанот ќе се одржи во Големата сала на општинската зграда во Берово и претставува дел од истоимениот проект, регрантиран во рамки на проектот „КОРДИАЛ: Создавање можности на регионално ниво за активности и законодавство за вклучување на лицата со ...
Финален настан на ЕУ-финансираната програма „ЕУ за општините“ (EU4M) ќе се одржи денеска во Националната опера и балет во Скопје. Ќе бидат доделени признанијата за општинска извонредност на ЕУ програмата „ЕУ за општините“ (EU4M Municipal Excellence Label“ – EUMEL), наменети за општини и плански региони за нивните постигнувања во повеќе области, вклучително и управување со проекти финансирани од ЕУ, зголемување на сопствените приходи, ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја спореди блокадата на Ормуската Теснина од страна на Иран со „економско нуклеарно оружје“. Во интервју за „Фокс њуз“ синоќа Рубио рече дека блокадата на клучната поморска рута покажува зошто на Иран не треба да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје. „Теснината е еквивалент на економско нуклеарно оружје што тие се обидуваат да го користат против светот, и тие се фалат со тоа“, рече тој. ...
Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Целта на проектот е намалување на повредите и заболувањата на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на трудовата инспекција, воспоставување национален информациски систем за ...
Во Струмица денеска ќе се одржи информативна сесија „Фер ангажман“ посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Настанот се организира во рамки на кампањата „Фер ангажман“ како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, што го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во соработка со ...
Денес делови од скопската населба Козле, во општината Карпош, ќе бидат пет часа без струја поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Електродистрибуција. Од 9 до 14 часот струја ќе немаат дел од потрошувачите на улиците „Козле 2“ и „Јуриј Гагарин“. Од ЕВН Македонија соопштуваат дека прекинот е неопходен поради реализација на планирани активности за подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето. Денес ...