Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, се стекна со “Ниво 3” – Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, како резултат на преземените активности во процесот на намалување на емисиите на јаглерод во рамките на работењето на аеродромите во пошироката околина. Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби акредитацијата за управување со емисии на јаглерод ...

Компанијата Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) по десетти пат го доби престижното глобално признание „Најдобар работодавач“ (Top Employer), со што компанијата уште еднаш потврди дека е посветена на поставување највисоки стандарди во односот кон своите вработени. Сертификатот го доделува Институтот за врвни работодавачи врз основа на независна проценка, кој ги препознава глобалните лидери во позитивните практики за човечките ресурси. Филип Морис ...

Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот доставен е предлог за определување мерки за претпазливост ...

Поставеноста на монетарната стратегија на Народната банка има за цел да овозможи континуирано одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во околности на присутна несигурност, монетарната политика останува претпазлива, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите располагачки инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ...

Српскиот Центар за локална самоуправа (ЦЛС) вчера обелодени дека долговите на комуналните јавни претпријатија во Белград кон своите снабдувачи достигнале 18 милијарди динари кон крајот на ноември, а надминале 20 милијарди динари на крајот од декември. Според студијата на ЦЛС, ова претставува историски највисока задлженост кон добавувачите во Белград и е главен фактор поради кој реагираше и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Извршниот ...

Нашата цел е да го заштитиме јавното здравје и да креираме здрава средина за сите. Преку овие прописи, спречуваме деца и возрасни несакајќи да бидат изложени на штетниот тутунски чад и гарантираме дека граѓаните нема да бидат поттикнати да пушат. “Гледањето на други како пушат ги охрабрува луѓето на пушење,” изјави белгискиот министер за здравство, Франк Ванденбрук. Нашата цел е да го заштитиме јавното здравје и да креираме здрава средина ...

Европската унија најави построги правила за извоз на половни автомобили, со цел да се спречи извезување на технички неисправни и еколошки штетни возила надвор од Унијата. Новите мерки се дел од пошироката стратегија за заштита на животната средина, подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на загадувањето на глобално ниво. Според предложените правила, извозниците ќе мора да доставуваат доказ дека возилата се технички исправни и ...

Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги и привлекување нови инвеститори, очекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од соработката што ја најавува со мобилизација на дипломатско-конзуларни претставништва со стопанските комори. Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ пред чие раководство презентираше план на активности ...

Германската економија успеа да ја избегне третата последователна година рецесија, откако најновите податоци покажаа скромен, но значаен раст од 0,2 проценти. Иако бројките укажуваат на бавно закрепнување, аналитичарите оценуваат дека резултатот е важен сигнал за стабилизација на најголемата економија во Европа. Растот е резултат на умерено зајакнување на извозот, зголемена приватна потрошувачка и постепено намалување на инфлаторните ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски. Како ...

Неколку блискоисточни земји — предводени од Саудиска Арабија, Катар и Оман, а со поддршка и од Турција — му упатија силно дипломатско предупредување на американскиот претседател Доналд Трамп. Тие го повикаа да не започнува воена операција или воздушни напади против Иран, поради растечките тензии предизвикани од жестокото гаснење на протести во Иран и американските закани за интервенција. Земјите од регионот истакнаа дека напад врз Иран може ...

Европските земји интензивно ги координираат своите позиции по изјавите и заканите на поранешниот и актуелен американски политички фактор Доналд Трамп во врска со Гренланд, што во Брисел се оценуваат како директен притисок врз суверенитетот на Данска и стабилноста на Арктикот. Според дипломатски извори, Европската унија разгледува серија политички, економски и безбедносни мерки како одговор на ваквата реторика. Во фокусот на разговорите се ...

Онер Јакупоски е актуелниот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, функција што ја презеде по победата на повторените локални избори одржани во јануари 2026 година. Неговиот избор дојде во период кога општината се соочува со сериозни предизвици, но и значајни можности за развој, особено во областа на туризмот, инфраструктурата и заштитата на природното богатство. Јакупоски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од коалицијата „Вашата ...

Демес претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе оствари посета на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово. Со успешно реализирање на сите три фази, завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Општина Кратово – еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. Демес претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ...

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава. Како што информираат од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Повеќе информации од ОЈО ...

– Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека секое ново ангажирање со Венецуела, по американското апсење на претседателот Николас Мадуро, ќе зависи од тоа дали владите на членките, кои претставуваат мнозинство гласови во ММФ, ќе го признаат наследникот на режимот. Портпаролката на ММФ, Џули Козак, изјави дека фондот ќе ги следи истите протоколи за ангажирање со други земји кои имале нерегуларни промени на режимот и ќе процени ...

Со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно почнува превоз на релација Тетово – Попова Шапка и назад. Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 часот. Повратен билет ќе чини 200 денари. -Од сабота (17 јануари) ќе биде пуштена во употреба автобуската линија Тетово – Попова Шапка ...

Европски воени контингенти започнаа со пристигнување на Гренланд како дел од заеднички безбедносни активности со Данска и сојузниците од НАТО, во време кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно ја отвори дебатата за стратешката важност на островот, тврдејќи дека САД „имаат потреба“ од Гренланд за сопствената национална безбедност. Според официјални информации, станува збор за ограничено и координирано присуство на ...

Со пригодна свеченост денеска Онер Јакупоски официјално го прими уверението за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, информираа од општината. Уверението за избор на градоначалник му беше врачено од страна на Реџеп Агаи, претседателот на Општинската изборна комисија. -Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува новиот мандат за управување со општината, наведуваат од Општината При примањето на ...

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска во Владата оствари средба со делегацијата на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од нејзиниот претседател Нухи Алиу. Средбата, како што информираат од неговот кабинет, се одржа во конструктивна атмосфера, при што беше направен преглед на изминатата година, како и на предизвиците предизвикани од глобалната економска криза. И покрај овие ...

Авион на „Туркиш ерлајнс“ на релација Истанбул – Барселона денеска мораше принудно да слета, откако беше утврдено дека еден патник го преименувал својот безжичен интернет пристап со порака која содржела закана за бомба. Генералниот директор за комуникации на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун, сподели нацијалните платформи дека во текот на приближувањето кон Барселона, на летот Истанбул-Барселона со број TK1853, било откриено дека еден од ...

Градоначалникот Владко Грозданов и претставници на Одделението за урбанизам од Општина Кочани денеска остварија средба со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, со цел да најдат најсоодветно решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на овој блок. На средбата, градоначалникот Грозданов потсети на реакциите на станарите од Трговскиот центар блок А за узурпираната тераса и за ...

ЕУ од денеска почнува со примена на новиот автоматски и динамичен механизам за приспособување на цената на руската нафта, соопшти Европската комисија. – Новото ограничување на цената на руската нафта е 44,10 долари за барел со важност од 1 февруари. Почнувајќи од 15 јануари, старите договори склучени според претходната ограничена цена може да се применуваат 90 дена – се наведува соопштението. Комисијата посочува дека во согласност со 18-тиот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја зајакнува и унапредува соработката со релевантните институции во државата, со посебен акцент на академската и научно-истражувачката заедница, како клучен партнер во креирањето одржливи, стручни и долгорочни политики во секторот енергетика и рударство. Во тој контекст, денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и ...

Полска нема да испрати војници во Гренланд, изјави денеска премиерот Доналд Туск, додавајќи дека нападот на една земја од НАТО врз друга би бил „крај на светот каков што го знаеме“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Гренланд е клучен за безбедноста на неговата земја и мора да се прифати за да се спречат Русија и Кина да го окупираат. Тој рече дека сите опции се на маса за да се стекне Гренланд, кој е автономна територија на ...

Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на СКАДА системот на водоводната мрежа во Штип. Капитален проект, којшто е е во насока на подобрување и решавање на водоснабдувањето на домаќинствата и стопанските објекти. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека на 35 точки ќе се инсталираат уреди, со кои ќе се регулира протокот на водата за пиење, ќе се намалат загубите на водата низ мрежата, но и веднаш ќе се ...

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт. – Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот ...

Денес во организација на Општина Кисела Вода се одржа настанот „Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од Општина Кисела Вода“, на кој градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска оствари средба со бизнис заедницата и претставниците на компаниите од овој дел на градот. На средбата присуствуваше и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Во атмосфера на отворен дијалог беа разменети информации, идеи и конкретни прашања ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) до комисии во Собранието поднесе иницијатви за изменување и дополнување на Законот за високо образование и на Законот за култура. До собраниската Комисија за образованите, наука и спорт и Комисијата за економски прашања, труд и енегретска политика, КСЗД поднесе информација за потребата од измени и дополнувања на Законот за високо образование „со цел отстранување на утврдена ...

Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски. „Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски. Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
42%
1025
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
38%
1025
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
36%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
1.03
52%
1025
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.87
37%
1027
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.36
51%
1026
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
30%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
41%
1028
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
29%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
39%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66

Платина

68963.35

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Цинк

3.24

Кобалт

66.14