Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Судењето за кочанската трагедија во која загинаа неколку млади лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе започне на 19 ноември 2025 година во Основниот суд во Кочани. Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички лица и 3 правни лица, меѓу кои се сопственици, проектанти, инспектори и поранешни државни функционери. Меѓу обвинетите се наоѓаат Дејан Јованов – Деко, неговиот син и брат, како сопственици и управители на дискотеката „Пулс“, ...
Макроекономската слика укажува на отпорност и солидни економски изгледи, при надолно приспособување на инфлацијата Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна позиција, којашто обезбедува адекватно ниво на девизни резерви, посочи гувернерот д-р Трајко Славески, кој ги претстави најновите макроекономски проекции на ...
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, го одложи своето присуство на форумот на Г20 во Јужна Африка, каде се среќаваат најголемите светски економии. Претходно, и неговите колеги од САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, исто така известија дека нема да бидат присутни, објави ДПА. Според информациите од Министерството за надворешни работи на Кина, премиерот Ли Кечијанг ќе го претставува Пекинг на овој собир. Со ова, за прв пат од ...
Македонските компании сѐ повеќе ја препознаваат важноста на принципите поврзани со животната средина, општествени прашања и управување, но им недостига знаење и алатки за систематска имплементација, според новата анализа објавена на 11 ноември 2025 година. Извештајот, со наслов „Евалуација на степенот на интеграција на ESG во приватниот сектор во Северна Македонија“, е изготвен од страна на Insider ID, во соработка со Европската банка за ...
Со вкупен промет од 3,72 милијарди денари што претставува раст од 21,21 отсто, компанијата dm drogerie markt забележа уште една успешна година со што дополнително ја зацврсти позицијата меѓу водечките малопродажни синџири на македонскиот пазар. Вкупните инвестиции во изминатата година изнесуваа 133 милиони денари, што сведочи за континуиран развој на продажната мрежа, воведување нови технолошки решенија и континуирано одржливо работење. dm ...
ТАВ Македонија во соработка со Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска – 13 ноември 2025, реализираше акција за дарување крв од страна на вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје, во просториите на аеродромот. Целта на крводарителската акција е да се зголеми свеста за значењето на крводарителството и да се поттикне хуманост, солидарност а со тоа и личен придонес кон спасување на животи. Генералниот директор на ТАВ ...
Европската комисија објави дека советува спроведување на строги безбедносни контроли во Србија при одобрување на државјанства на странски лица, поради тоа што лицата со српски пасоши имаат привилегија да патуваат во Европската Унија без визи. Како одговор на прашањето од РСЕ во врска со порастот на бројот на руски државјани кои добиваат српско државјанство, одделот за односи со јавност на Европската комисија изјави дека целта на ЕУ е да го ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчеравечер го парафираше законскиот акт за финансирање, со што заврши најдолгата парализа во функционирањето на една влада во историјата на САД, кусо откако Долниот дом го изгласа предлогот, пренесе ДПА. Потпишувањето на Трамп, кое се сметаше за формалност откако мерката беше одобрена во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот прекин кој остави стотици илјади федерални службеници без ...
Приказни за луѓе кои ги штитат реките, садат дрвја, рециклираат отпад и поттикнуваат промени оживеаја низ објективите на граѓаните на фото изложбата „Најзелени примери од Западен Балкан“, која денеска беше официјално отворена во Скопје. Изложбата е дел од Скопје Дизајн Недела, што се одржува во Public Room – регионален настан кој ја слави креативноста, иновациите и одржливоста, и кој е дел од NextGen Design мрежата, европска платформа што ...
Balkan News Truck, или Балканскиот медиумски камион, пристигна во Скопје и ќе им понуди на Скопјани интерактивна програма на 13 ноември 2025 година, на паркингот пред Општина Центар, од 11 до 15 часот, и на 14 ноември 2025 година, во NOVA International School Skopje, од 9 до 15 часот. Balkan News Truck е патувачка платформа што ги истражува вестите, сликите и критичкото размислување. На секоја станица, камионот ќе биде поставен на централни ...
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, законската обврска за поседување зимска опрема е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во согласност со Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како зимска опрема за моторни возила кои не надминуваат 3500 ...
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички ...
Конференција на тема „Технологии и добри практики за сајбер безбедност, искуството на Италија“ има за намера да овозможи размена на експертиза, воспоставување на институционална и бизнис соработка, како и партнерства меѓу италијанските и македонските компании специјализирани за сајбер безбедност, со посебен акцент на сајбер безбедноста на критичната инфраструктура во енергетика, цивилно воздухопловство, здравство и телекомуникации. ...
Белгиското Министерство за одбрана од денес започнува со дистрибуција на писма до сите белгиски граѓани на возраст од 17 години, со цел доброволно да отслужат едногодишен воен рок. Во поканата, која ќе биде испратена до речиси 130 илјади седумнаесетгодишници во Белгија, се вели: “Честитки! Следната година ќе наполните 18 години: Важна пресвртница и време кога ќе донесете одлуки за вашата иднина.” Министерството за одбрана им нуди ...
Демократијата е силна колку што се силни луѓето кои веруваат во неа, па затоа мораме да продолжиме да работиме сложно за да ја заштитиме и унапредиме за идните генерации, изјави денес еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите, Мајкл Мекграт, при презентацијата на инструментот Европски штит за демократијата и Стратегијата на ЕУ за граѓанското општество. „Одбраната на демократијата е нашата прва ...
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, излезе со сериозни обвинувања за случувањата во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Според него, во ова градско претпријатие биле евидентирани лица кои воопшто не извршувале работни обврски, а меѓу нив имало и затвореници. „На платниот список има луѓе кои не доаѓаат на работа, а некои од нив воопшто не се на слобода. Се работи за злоупотреба на јавни пари и систем кој мора итно да се ...
Општина Бутел наскоро ќе добие нов „мега парк“ – современо уредена зелена површина со вкупна големина од околу 8.000 квадратни метри, која ќе биде вистинска оаза на мирот, рекреацијата и дружењето за сите генерации. Паркот ќе се простира долж Булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, и според најавите, ќе биде еден од најуредените и најсодржајните јавни простори во северниот дел на Скопје. Проектот предвидува комбинација на зелени површини, ...
Инфраструктурниот развој долж Коридорот 10 станува стратешки приоритет со цел поттикнување на туризмот, регионалната поврзаност и економската соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа. Еден од клучните проекти е изградбата на брзата железничка пруга меѓу Скопје и Солун, која ќе овозможи патување меѓу двата града за помалку од два и пол часа. Покрај железничката модернизација, се планира и развивање на туристички капацитети долж трасата, ...
Во рамките на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес оствари средба со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, и членовите на Советот на општината. На средбата се дискутираше за основните активности на Министерството, актуелните и идните развојни проекти на општината, како и за можностите за поддршка со цел подобрување на квалитетот на живот на жителите. Министерот Перински ...
Вкупно 4,2 милиони луѓе во ЕУ во 2024 година спаѓале во категоријата на „долгорочно невработени“, што значи дека еден од секој трет невработен Европеец е без работа најмалку една година, покажуваат податоците на Европската статистичка служба (Евростат). За „долгорочно невработени“ се сметаат работоспособните лица на возраст од 15 до 74 години, кои се без работа најмалку 12 месеци во континуитет. Според Евростат, стапката на долгорочна ...
Со голема жалост, Здружението на писателите на Македонија ја известува јавноста дека денес, 12 ноември, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола), доктор на филолошки науки. Свидерска работеше како лектор по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Факултетот за странски јазици во Тирана. „Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста“, соопштија од ...
Според најновите податоци објавени од Европската статистичка агенција (Евростат), просечната годишна исплата за работниците со полно работно време во Европската Унија минатата година достигна 39.800 евра. Ова претставува пораст од 5,2 проценти во однос на 2023 година. Меѓу државите членки на ЕУ, највисоката просечна годишна плата, прилагодена за работниците со полно работно време, беше забележана во Луксембург, достигнувајќи сума од 83.000 ...
Општина Илинден интензивно работи на изградба на паркинг простор за околу 30 возила во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“. Паркинг просторот зафаќа површина од околу 550 м2, предвиден е за потребите на училиштето и ќе придонесе за значително подобрување на условите за работа и организираност во сообраќајот околу училиштето. Дополнително, се започна со изградба и поставување на нова заштитна ограда околу спортскиот ...
Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории. Наградите „13 Ноември“ се доделуваат по 55-ти пат, традиција што започна уште во 1970 година, На свеченоста што ...
Европската комисија изврши делумна уплата на вториот дел од Механизмот за закрепнување и отпорност (РРФ) за Бугарија во вредност од 438,6 милиони евра во форма на неповратни средства. Уплатата е реализирана врз основа на барањето на Бугарија од јули годинава за распределба на 653 милиони евра во рамките на РРФ, кој претставува клучен елемент на програмата за поддршка „Следна Генерација ЕУ“. Исплатите на финансиски средства за државите членки ...
Академијата за единствен пазар претставува нова фаза во европската интеграција на регионот: зајакнување на институциите, развој на компетенции и создавање доверба, што е неопходно за пристап до Единствениот пазар на Европската Унија. Како една од приоритетните активности во рамката План за раст на ЕУ за Западен Балкан, Академијата ќе овозможи реформските обврски да се преточат во практично знаење, конкретни институционални капацитети и ...
Започнува имплементацијата на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ чија главна цел е градење транспарентен и одговорен здравствен систем кој одговара на потребите на сите граѓани, особено на жените и маргинализираните групи. Станува збор за национална иницијатива која се темели на три главни активности – обуки на здравствените работници за зајакнување на нивната улога во борбата против ...
Законот за финансирање на американската федерална администрација, во текот на најдолгата блокада на федералната влада во американската историја, денес ќе биде доставен до Претставничкиот дом на одобрување, откако во понеделникот беше изгласан во Сенатот со 60 гласа „за“ и 40 „против“, пренесоа американските медиуми. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, пред два дена им соопшти на конгресмените да започнат со враќање во ...
Почнувајќи од 15-ти ноември, сите возила кои учествуваат во јавниот патен сообраќај мора да имаат соодветна зимска опрема. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, законската обврска за поседување зимска опрема е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во согласност со Правилникот за задолжителна опрема на ...
„Народната банка дејствуваше одлучно за да ja зачува макроекономската и финансиската стабилност во економијата. Како и повеќето централни банки во регионот и пошироко, беа преземени сеопфатни пакет-мерки насочени кон стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на финансиската стабилност.“ Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата којашто се одржа во Тирана, Албанија, во ...