„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на бизнис форумот што ќе се одржи денес во Стопанската комора на Северна Македонија. Целта на овој настан е да го стимулира деловното работење, инвестициите и градењето нови партнерства помеѓу швајцарските и македонските компании, преку споделување искуства, идеи и визии за иднината на двете економии. Воведни обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на ...

Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“). Одбележувајќи ја својата 10-годишнина, овогодишната безбедносна конференција ќе ги собере ...

Милиони бегалци и раселени лица низ целиот свет се подготвуваат за сурова зима со значително помалку помош во споредба со претходните години, објави Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Доминик Хајд од УНХЦР истакна дека поради драстичното намалување на помошта од Германија, САД и многу други држави, поддршката за бегалците оваа зима ќе биде “многу помала”. “Хуманитарните буџети се растегнати до крајни граници и зимската помош што ја нудиме ...

Претседателката Сиљановска-Давкова во посета на Ресен Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Општина Ресен. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и со членовите на Советот на општината, ќе се сретне и ќе разговара со жители на Ресен. Предвидено е да ги посети Спомен музејот на Татарчеви и Домот на култура ...

Во последните неколку години, Африка стана центар на новата глобална геополитичка трка — борбата за контрола врз богатите резерви на критични минерали како кобалт, литиум, никел и ретки земји. Овие ресурси се клучни за производството на батерии, електрични возила и зелени технологии, а во овој стратешки натпревар се појавува нов тренд: САД го засилуваат своето присуство и се обидуваат да го намалат водството што Кина го гради со децении. ...

Трансјадранскиот гасовод (ТАП) ја разгледува можноста за проширување на својата гасна мерна станица во југоисточниот албански град Билишт, близу границата меѓу Грција и Албанија, како чекор за потенцијално зголемување на капацитетот за пренос на гас, објавија албанските медиуми. Во документ доставен до албанските власти пред неколку дена, компанијата информираше дека проширувањето е дел од оригиналниот план за дизајн од 2013 година за ...

Претседателката на Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола, денес ќе одржат онлајн состанок во обид да ги разрешат несогласувањата околу Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, во вредност од 2,000 милијарди евра. Клучна проблематична точка во буџетот е предлогот на Комисијата за спојување ...

Романија и Бугарија се во трка со времето да спречат затворање на нивните клучни рафинерии за нафта, пред крајот на ноември да стапат во сила новите американски санкции насочени против нивните руски сопственици. Одлуката на Вашингтон да ги стави на црната листа компаниите „Лукоил“ и „Росњефт“ ги погоди европските земји, кои сега се обидуваат да спречат прекин во снабдувањето со гориво пред санкциите да стапат во сила на 21 ноември, пишува ...

Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за постигнати врвни резултати во 2024 година, соопштија попладнево од УКИМ. Добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за ...

На продуктивната средба со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседателката на Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен, постигнавме „солидно разбирање“ за предлозите за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, како и јасен пат напред, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен во објава на платформата Икс, по виртуелната средба со Мецола и ...

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи утре (вторник), на 11 ноември 2025 година, од 9:00 до 13:30 часот во Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии. Воведни ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес одржа работна средба со претседателката на Фармацевтската комора, Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки, Џоана Андоноска. На средбата, министерот ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата. – Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување нови методи во ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител на должност амбасадор на Катар. Двајцата соговорници, како што соопшти Министерство за транспорт, констатирале дека билатералната соработка е на добро ниво, потенцирајќи ја можноста за зајакнување на економските и трговски односи меѓу двете земји. На средбата вицепремиерот Николоски истакнал дека ...

Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани. Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион. Донацијата беше обезбедена по претходна консултација со менаџментот на ...

Поголемиот дел од младите во државата имаат позитивен став кон Европската Унија, но речиси половина од нив не веруваат дека државата некогаш ќе стане дел од Унијата. Ова укажува на зголемен евроскептицизам кај младите во земјите кои се кандидираат за членство во блокот, според публикацијата насловена како „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западен Балкан: Случајот на Северна Македонија”. “Овој јаз помеѓу надежта и реалноста, ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска се сретнал со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, средбата со вицепремиерот била конструктивна и оти разговарале за заедничките проекти кои ќе ги реализираат, а коишто ќе донесат вистински бенефит за сите жители на нашиот град. -Скопје го развиваме заедно! Главни теми на состанокот беа подобрувањето на ...

Експертите заклучија дека постоечките докази не демонстрираат недвосмислена корелација помеѓу употребата на парацетамол за време на бременоста и аутизмот и АДХД (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност) кај децата, според опсежна анализа, пренесе ДПА. Истражувачите ги разгледаа сите достапни истражувања во врска со оваа тема и утврдија дека се со слаб квалитет, со “ниска до критично ниска” сигурност во однос на било какви резултати ...

Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека американските санкции за рускиот гас и нафта нема да бидат воведени за Унгарија сè додека тој е премиер на земјата, а Доналд Трамп е претседател на Соединетите Американски Држави. Тој рече дека со Трамп „се ракувал“ во врска со изземањето на Унгарија од американските санкции за нафтата на неопределено време и истакна дека не е претерување да се каже дека штотуку завршиле „досега најважните ...

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев изјави дека над 180.000 граѓани од Македонија поседуваат бугарски пасоши, а околу 20.000 нови апликации се моментално во постапка на разгледување од страна на бугарските власти. Во интервју за бугарските медиуми, Ковачев истакна дека оваа бројка покажува „длабоки историски и културни врски меѓу двата народа“, додавајќи дека многумина од апликантите го користат пасошот и како начин да патуваат и работат ...

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, соопшти денеска Министерството за транспорт на Кина. Според соопштението на Министерството за транспорт на Кина, наплатата на специјалните пристанишни такси „ќе биде суспендирана за една година“ од 10 ноември, што се совпаѓа со суспензијата на релевантните мерки против Кина од страна на САД, како дел од ...

Дали вашата фирма е меѓу 16,4% од малите фирми во земјава кои го користат интернетот за онлајн продажба или можеби меѓу 36,6% од големите компании кои продаваат преку веб-платформи? Ова е многу важно и актуелно прашање за секој бизнис што сака да биде конкурентен, одржлив и да се развива. Онлајн продажбата денеска го менува лицето на бизнисите во целиот свет затоа што значи достапност за клиентот 24/7, неограничени пазари и помали трошоци. ...

Отворен е повикот за третата сезона на инкубаторската програма „Имам Идеја 3“, наменета за сите млади, иноватори и идни претприемачи кои сакаат да ја развијат својата идеја во успешен стартап. Програмата нуди менторска поддршка, практични работилници, вмрежување со инвеститори и пристап до ресурси кои им помагаат на учесниците да го забрзаат својот раст, дополнително и учество на Startup Revolution AI Summit. Апликациите се отворени до ...

Три дронови синоќа повторно се забележани над критичната инфраструктура во Белгија, овој пат над нуклеарна централа Доел, лоцирана во близина на Антверпен. Операторот „Енги“ соопшти дека беспилотните летала немале никакво влијание врз активноста на електраната Доел. Претходно, неколку дронови беа забележани и над аеродромот во Лиеж, поради што околу еден час беше прекинат воздушниот сообраќај. Изминатите денови дронови надлетуваа над повеќе ...

Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане. Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот. Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, поточно на потегот од Зур – Маркет до ...

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе стават крај на буџетската блокада која го парализираше дел од јавниот сектор рекордни 40 дена, пренесоа бројни медиуми. Републиканците и демократите во Сенатот постигнаа согласност да ја финансираат владата до јануари, објавија Си-Ен-Ен и Фокс Њуз. Оваа мерка веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а потоа текстот ќе биде проследен до ...

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од денеска до 14 ноември. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи денеска со што воедно ќе биде одбележан и Светскиот ден на науката – 10 Ноември. Како што соопшти Институтот, оваа година на Отворените денови ќе бидат одбележани јубилејните 80 години македонска азбука и македонски правопис, како и неколку годишнини од раѓања на македонски ...

Ефектите од промените во климата веќе принудија многумина да ги напуштат своите живеалишта, алармираше Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) пред денешното започнување на Конференцијата за клима КОП30, која ќе се одржи во Белем, Бразил. Во извештајот на УНХЦР се потенцира дека во текот на претходните десет години, несреќите поврзани со временските услови предизвикаа приближно 250 милиони внатрешни преместувања, што е ...

Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1,390 пријавени спортисти. Во финалната борба до 84 килограми во У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2. До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги оствари следните резултати против: ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, упати апел случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој темелно да се испита. Според Трипуновски, овој настан е доказ дека законите важат еднакво за сите, и за актуелни и за поранешни функционери. Тој потенцираше дека не постои никаква опасност за ИПАРД фондовите, ниту за националните исплати кои ги имаме како држава. „Владата ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
3.09
68%
1025
weather icon

Белград

-7ᴼ / -9ᴼ
4.63
68%
1023
weather icon

Загреб

-6ᴼ / -13ᴼ
1.03
86%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
6.69
73%
1027
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
7.16
76%
1021
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -10ᴼ
0.47
90%
1027
weather icon

Атина

6ᴼ / 4ᴼ
6.69
66%
1013
weather icon

Тирана

-1ᴼ / -1ᴼ
2.06
47%
1021
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
37%
1023
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
3.09
88%
1017
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -8ᴼ
4.02
72%
1020
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
7.2
93%
1015
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Алуминиум

3.14

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Платина

72292.89

Калај

44.73

Рутениум

44946.74

Бакар

11.84

Цинк

3.10

Паладиум

57935.65

Сребро

2569.43