Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за ...

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) иницира одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на грчките граници за македонските државјани во текот на летната сезона. Во официјално обраќање до Министерство за туризам на Република Грција, Комората побара привремено одложување на системот во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Причината за ова барање се реакциите од туристичкиот сектор, ...

Има моменти кога Европа мора да избере, дали ќе реагира или ќе води. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување, кога сигурноста не се подразбира. Во такви околности, зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме. Ни треба Европа што не чека, туку дејствува, што не се двоуми, туку одлучува, што не се плаши од конкуренција, туку ја создава, порача ...

Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог. Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти, информира попладнево премиерот Христијан Мицкоски. -Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал. Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на конференција со која ќе се означи почетокот на втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026–2028“. -Проектот го води Центарот за европска перспектива, официјална институција за имплементација на Словенечката програма за помош и вклучува експерти од голем број институции, ...

Лидерите на Европската унија денеска треба да се соберат на Кипар, на дводневни неформални разговори посветени на конфликтите во соседството на Унијата и на начинот за зголемување на буџетот на ЕУ во наредните години. Консултациите ќе започнат во крајбрежниот град Авја Напа со работна вечера, на која ќе се разгледаат најитните геополитички предизвици за Европа. Лидерите ќе дискутираат за последиците од конфликтот во Иран и на Блискиот Исток, ...

Партијата на пензионери соопшти дека целосно го поддржува влегувањето во собраниска процедура на предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, што отсекогаш е едно од нашите залагања како партија, се наведува во соопштението ан Партијата на пензионерите, кое МИА го пренесува интегрално. Исто така, бараме и ја подржуваме идејата ова правило да се имплементира за сите избрани функционери на ...

Околу 76 милиони евра од вкупно 175 милиони евра предвидени за српските земјоделци преку програмата „ИПАРД 2“ останаа неискористени поради одложувања и недоволен капацитет за апсорпција, објави денеска амбасадорот на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат. На отворањето на третиот ден од Европската недела на можности, што се одржа во Крагуевац, тој изрази надеж дека поддршката што ја нуди ЕУ преку тековната програма „ИПАРД 3“ ќе ги надомести ...

Американската администрација го смени секретарот на морнарицата во време на актуелната поморска блокада во Ормуската Теснина. Џон Фелан ја напушта администрацијата на Трамп веднаш, објави портпаролот на Пентагон на Х. Подсекретарот Хунг Као привремено ќе ги преземе должностите. Не е наведена причина за оваа промена, пренесе ДПА. Фелан, поранешен инвестициски банкар, ја презеде функцијата во март 2025 година. Неговата работа беше фокусирана ...

Со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“ од денеска до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува 38. Саем на книга, чие отворање годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право. Во текот на седумте саемски денови организатприте од Скопски саем очекуваат 30 000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови и автори, како и присуство од над 60 издавачки куќи. Најавена е богата програма со специјални ...

Меѓународна стартап академија ќе биде свечено отворена денеска на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, која ќе трае до 25 април. Академијата се реализира во координација помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и Американско катче – Штип, со поддршка на Амбасада на САД во Северна Македонија. -На настанот ќе учествуваат средношколци од Македонија и Бугарија, како и студенти од УГД, кои ќе имаат можност да работат на развој ...

Град Скопје денеска ќе организира меѓународна конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“ -Настанот ќе ги обедини водечките институции, градоначалници, европски партнери, експерти, универзитети и меѓународни организации со цел да се отвори стратешки дијалог за урбани политики, културен развој и одржливи европски практики, најави Град Скопје. хс/дма/ Извор: МИА Град Скопје денеска ќе ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и ќе го отвори работниот состанок на тема „Коридор 8 – активности и проекти”, кој се организира во соработка со Делегација на Европската Унија во Скопје. Како што информираат од Министерството за транспорт, работниот состанок е од затворен карактер. Предвидени се изјави за медиумите од замeник претседателот на Владата, Николоски, и заменик-шефот на ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

Довербата на потрошувачите во рамки на Европската Унија и еврозоната опаѓа од почетокот на војната на Блискиот Исток и достигна најниско ниво од декември 2022 година, покажуваат прелиминарни податоци на Европската комисија. Индексот на доверба на потрошувачите за април паднал за четири поени на минус 19,4, додека во еврозоната е намален за 4,2 поени на минус 20,6. Двата показатели се значително под долгорочниот просек, што укажува на влошени ...

– Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, остварил средба со делегација на инвеститори од Турција, од регионите на Истанбул, Анкара и Измир, кои доаѓаат од значајни сектори како енергетика, медицина, дигитализација, градежништво и земјоделство. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сали, се разговарало за конкретни можности за инвестиции во земјата, како и за унапредување на економската ...

Тензиите во Ормуски теснец повторно ескалираат, откако серија напади врз трговски бродови во регионот доведоа до нагло зголемување на цените на нафтата. Цената на нафтата тип Brent crude достигна околу 101 долар за барел, додека американската WTI crude oil се искачи на приближно 92 долари за барел, според податоци на Trading Economics. Дневниот раст изнесува речиси четири проценти. Инцидентите вклучуваат напад врз контејнерски брод под ...

Иран изрази подготвеност за дијалог со Соединети Американски Држави, но предупреди дека санкциите, заканите и прекршувањето на обврските ја поткопуваат можноста за реални преговори. Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека Техеран останува отворен за постигнување договор, но дека довербата е сериозно нарушена. „Светот ја гледа бескрајната лицемерна реторика и контрадикцијата меѓу изјавите и делата“, напиша Пезешкијан на ...

Новата унгарска влада ќе ги отвори историските архиви на тајната полиција од комунистичкиот период, изјави Балинт Руф, кој ќе го води кабинетот на Петер Маѓар, кој се очекува да стане премиер на 9 мај. Партијата од десниот центар Тиса победи на изборите на 12 април, поразувајќи ја Фидес на долгогодишниот лидер Виктор Орбан, меѓу другото со ветувања за враќање на Унгарија на проевропскиот пат, оживување на ослабената економија и деблокирање ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска дека на негово барање иранските власти ја откажале егзекуцијата на осум жени кои протестирале против власта во Техеран. Според тврдењата на Трамп, четири од жените ќе бидат ослободени веднаш, додека останатите ќе добијат затворски казни од по еден месец. „Многу добри вести“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), изразувајќи му благодарност на иранското државно ...

Техничката влада е чекор поблиску до укинување. Предлог-законот за Влада, со кој се предлага напуштање на досегашниот модел на преодна влада, ја помина првата фаза во Собранието. Собрание на Република Северна Македонија со 67 гласа „за“ ја утврди потребата од донесување на законот по скратена постапка, додека 13 пратеници гласаа против. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, реагираше дека постојниот Закон за Влада е ...

Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак. Новак, кој е задолжен за енергетиката, изјави дека испораките на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“, која повеќепати е цел на напади за време на конфликтот во Украина, од 1 мај ќе бидат пренасочени поради „актуелните технички можности“. Тој додаде дека за ова ја информирал ...

Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје известува за повикот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид, за 2026 – 2027 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати што не се дипломати. -Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата. Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, на која учествуваа: министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

Корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Центар утре ќе немаат вода поради уличен дефект на водоводна цевка на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 27 (зад гимназијата „Јосип Броз Тито“). ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато утре од 8:30 часот до санирање на дефектот. Од 8.30 часот утре без вода ќе бидат и корисниците од ул. „ Македонско-косовска бригада“, касарната ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и ...

Според најновиот извештај на германската Сојузна статистичка служба, забележано е дека дури и неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19, една четвртина од вработените продолжуваат да работат од дома, било делумно или целосно. Пред периодот на пандемијата, само 13% од вработените практикувале работа од дома во скратено работно време. Најголем удел на работници кои се занимаваат со далечинска работа се забележува во ИТ ...

Општина Делчево на 30 април ќе организира бизнис-форум под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“, чија цел е да обезбеди простор за поврзување на локалната бизнис-заедница, институциите и потенцијалните инвеститори, како и за размена на идеи и иницијативи насочени кон економски развој на општината. Форумот ќе се одржи во салата на Спомен-домот АСНОМ со почеток во 12 часот, а според најавите, на настанот ќе присуствуваат претставници ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54