Глобалните финансиски аналитичари повторно ги коригираат своите проценки за движењето на цените на нафтата, предупредувајќи дека нестабилноста во снабдувањето продолжува да создава притисок врз пазарите. Според најновите анализи, постои реална можност цените да останат високи подолг временски период. Се предвидува дека референтната сурова нафта Брент би можела да достигне просечна вредност од околу 90 долари за барел до крајот на 2026 ...

– Турската влада планира сеопфатни даночни олеснувања во обид да ги привлече бизнисите и иселениците назад во земјата, пренесе ДПА. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека секој што не бил даночен резидент во Турција во последните три години, нема да мора да плаќа данок на приходот заработен во странство во период од 20 години по неговото враќање. Говорејќи на конференцијата со наслов „Турција – силна локација за ...

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата“, истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија. Во обраќањето беше истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се заокружува значаен процес на нејзино ...

– Европската комисија (ЕК) денеска ги отфрли критиките на Народна Република Кина на сметка на законот „Произведено во Европа“ дека ги дискриминира нејзините компании, со оценка дека тој е во согласност со меѓународното право, истакнувајќи дека мерката се заснова на принципот на реципроцитет. Како што пренесува Еурактив, портпаролот на ЕК истакна дека Европската Унија е еден од најотворените пазари во светот и очекува заемна отвореност. Друг ...

– Кина го критикуваше нацрт-законот на Европската Унија чија цел е зајакнување на индустриската база на блокот, велејќи дека предлогот ќе создаде пречки за инвестициите и ќе ги дискриминира странските фирми. Законот за индустриско забрзување (ИАА) содржи сериозни пречки за инвестициите и институционална дискриминација во клучните сектори, вклучувајќи ги батериите, електричните возила (EVs), фотоволтаиците и критичните суровини, соопшти ...

Во матичната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политикапочна амандманската расправа за измените на предлог на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. Претседателот на комисијата Бојан Стојановски информираше дека за првата точка од дневниот ред – Предлог на законот за изменување дополнување на Законот за минерални суровини поднесен од група на пратеници по скратена постапка, ...

Пролетната сеидба во битолскиот регион на Пелагонија е во полн ек, при што земјоделците се насочени кон житните и индустриските култури. Раководителот на регионалната канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стојан Христовски, во изјава за МИА, потенцираше дека земјоделците имаат рок до 30 април да ги искористат доделените картички за набавка на таканаречената „зелена нафта“. „Оваа пролет во битолскиот дел ...

По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?“ (Can Institutional Integration of Western ...

Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – САД, Кина и ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на „Водовод и канализација“. Секторот за санитарна контрола, во периодот од 20 до 24 април 2026, спровел редовен мониторинг и земал 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Резултатите од испитувањата покажуваат дека сите анализирани примероци се во согласност со Правилникот за барања ...

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратегијата 2030“, оперативната ефективност и засилените продажни активности, но и ефикасното управување со ризиците и унапредување на корисничкото искуство, во првиот квартал од годината, НЛБ Банка ...

Екипата „CodeLeap“ триумфираше на локалниот натпревар од 11-тото издание на CASSINI Hackathon: Space for Water, кое се одвиваше помеѓу 24-ти и 26-ти април во Скопје. Со својот проект RedMetrics, тимот разви систем за откривање и известување за токсични цветања на алги (познати како „црвени плими“) што користи машинско учење. Решението е наменето за примена во здравствениот и осигурителниот сектор. RedMetrics ги поврзува сателитските податоци ...

Под слоганот „Желбите не одат во пензија“, Шпаркасе Банка воведува промотивни услови за потрошувачки кредит наменет за пензионери, со цел да обезбеди дополнителна финансиска поддршка и поголема сигурност во секојдневното планирање. Потрошувачкиот кредит за пензионери е со максимален износ до 1.500.000 денари и рок на отплата до 95 месеци, фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, без трошоци за апликација и административни ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош за вкупно 525 пензионери од општината. Од локалната самоуправа информираат дека исплатата ќе се реализира по редоследот на поднесените барања и се очекува да заврши до крајот на оваа недела. Комисијата задолжена за процесот продолжува со работа со цел навремена и ефикасна реализација. -Финансиската поддршка е значајна ...

УГД – Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании добија 500 000 евра грант од германската и швајцарската амбасада, за поврзување на образованието со стопанството. -Ова е од исклучително значење. Повеќе пати сме го потенцирале, врската меѓу образованието и стопанството придонесува за подобра економија, што значи подобар живот на сите граѓани во оваа земја. Постојано потенцираме дека сме посветени на дуалното образование, кое ...

Министерството за образование и наука засилено ги спроведува реформите во образованието. Согласно Реформската агенда, до декември 2026 година имаме обврска да стигнеме до бројка од 700 компании вклучени во дуалното образование. Веќе сега таа бројка е надмината и над 800 компании се вклучени во стекнување практично знаење на учениците директно кај работодавач. И, оваа бројка дополнително ќе расте, затоа што компаниите го гледаат бенефитот од ...

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари за литар, а на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар, соопшти РКЕ. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм. -Од 28 април од 00:01 часот ...

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. -Очекуваме продлабочување на кризата со оглед на информациите што ги слушаме секојдневно и кои можат да ја докомплицираат ситуацијата. Но, мислам дека имаме капацитет засега, заедно со Владата, да ја контролираме состојбата извесен ...

Една од најуспешните македонски каратистки, Ангела Мојсовска, која беше прогласена за најдобра каратистка за 2025 година, како и една од најдобрите спортисти на град Скопје, објави дека нема да настапи на претстојното Европско првенство иако за тоа обезбеди норма. Мојсовска, долгогодишна репрезентативка на Македонија и носителка на бројни признанија и член на карате клубот „Макпетрол“ истакна дека одлуката ја донела по внимателно размислување ...

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) денеска ја одржа својата четврта национална церемонија за доделување грантови во Северна Македонија, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија во Скопје. Настанот ги обедини националните и меѓународните партнери, а на него присуствуваа претставници на институциите, бизнис-лидери, едукатори и претставници на РЦФ. Овој настан беше можност да им се оддаде признание на луѓето и партнерствата ...

Швајцарскиот претседател, Ги Пармелен, во среда, 29 април, ќе биде во еднократна државна посета на земјава, поради што во Скопје ќе се воведе посебен сообраќаен режим, информираше Министерството за внатрешни работи. За време на оваа посета, Одделот за безбедност на јавниот сообраќај ќе спроведе мерки за регулирање на сообраќајот во средишниот дел на Скопје. Министерството за внатрешни работи упатува апел до сите граѓани, учесници во ...

Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација. „Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со повикот се опфатени студенти и/или ...

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести за годишниот конкурс за стипендии France Excellence, наменет за македонски студенти кои сакаат да ги продолжат своите студии во Франција на ниво мастер, за академската 2026/2027 година. Програмата France Excellence претставува можност за млади таленти да се стекнат со диплома на француски високообразовни установи, со финансиска поддршка која ги покрива дел од трошоците поврзани со ...

Наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе биде зголемен откако некои национални асоцијации изразија загриженост за високите оперативни трошоци за финалниот турнир. Неколку европски репрезентации изразија загриженост дека учеството на турнирот во Северна Америка може да резултира со загуби, бидејќи се очекува трошоците да бидат значително повисоки отколку во Катар пред четири години. По ова, Светската фудбалска асоцијација ...

Во време кога сè почесто се зборува за жените во бизнисот, претприемништвото и иновациите, едно прашање останува отворено: дали видливоста е доволна? Одговорот е јасен — не е. На жените им треба пристап. Пристап до вистинските луѓе, вистинските можности и вистинските екосистеми каде растот не е случаен, туку забрзан. Токму затоа е создаден Liora Women in Business Track — нова иницијатива во рамки на The Founder Games, наменета за жени ...

Денеска ќе биде врачен финансиски подарок во вредност од 500 илјади евра за реализација на проектот „Иновативна едукација во преработката на производи од млеко и месо“. Истиот ќе биде спроведен од страна на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, во соработка со шест локални претпријатија. Доделувањето на средствата се одвива во рамки на четвртиот национален ...

Државниот завод за индустриска сопственост денеска го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост, 26-ти април, преку традиционалната манифестација „Патент на годината 2025“. Според најавата од Заводот, целта на овој настан е да го промовира системот за заштита на правата од интелектуална сопственост меѓу различни групи на граѓани и да ја зацврсти соработката помеѓу образовните, научните и истражувачките установи, културниот и ...

Иран испратил нова иницијатива до Соединетите Американски Држави со цел да се намали тензијата во регионот, да се деблокира Ормутскиот теснец и да се постигне прекин на непријателствата, додека чувствителните нуклеарни прашања би биле оставени за подоцнежни преговори, наведуваат американски извори и лица запознаени со процесот. Според информациите, Техеран се обидува да го заобиколи најспорниот дел од разговорите – нуклеарната програма – за ...

Градските власти во Атина најавуваат серија мерки за ограничување на неконтролираниот раст на туризмот, откако бројот на посетители достигна ниво кое сериозно го оптоварува секојдневниот живот во централните делови на градот. Градоначалникот Харис Дукас предупредува дека историските квартови, особено околу Акропол и населбата Плака, веќе се соочуваат со преголема концентрација на туристи. Според него, ваквиот тренд доведува до раст на цените ...

Денес во законодавниот дом ќе се одржат седници на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, како и на Законодавно-правната комисија. На нивниот дневен ред се предвидени повеќе законски предлози, меѓу кои и измени на законите за пратеници и за минерални суровини. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе спроведе расправа по амандмани на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Калај

53.60

Кобалт

45.39