Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во скопската населба Карпош се случил инцидент во кој три лица биле приведени откако, според полицијата, физички нападнале полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 мај 2026 година околу 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода две полнолетни лица на возраст од 19 и 27 години, како и 16-годишен малолетник, сите од Скопје. Како ...
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во сабота ќе ...
Рекорден топлотен бран што го зафати поголемиот дел од Европа предизвика предупредувања за вонредни состојби, нарушувања и смртни случаи низ целиот континент, бидејќи експертите предупредуваат дека ефектите од климатските промени стануваат сè повидливи. Во Велика Британија, бројот на смртни случаи во отворени води за време на екстремниот топлотен бран се искачи на десет откако тинејџер почина додека пливаше во Кент. Полицијата вели дека ...
Историјата досега покажа дека секој нареден договор и предлог за Македонија е сè полош. Ние не можеме да станеме посилни во преговарачките позиции доколку сме изолирани. Ако не сме на масата, не можеме да имаме силна позиција која ќе ни даде комфор да биде сè по наше – вели во гостување на „4ТВ“ портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа направи детална ретроспектива на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ низ годините. „Да се навратиме малку назад. ...
Парламентот на Исланд денеска гласаше за тоа Исланѓаните на 29 август да се изјаснат на референдум за повторно започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија, поддржувајќи го двостепениот план на владата кој би можел да доведе до членство во европскиот блок во текот на оваа деценија. Доколку гласачите го поддржат продолжувањето на преговорите, како што соопшти Владата на Исланд, конечните услови за членство во ЕУ ќе бидат ...
Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ. Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година ...
Израелскиот претставник во Обединетите нации, Дени Данон, денеска ги прекина сите контакти со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, реагирајќи на одлуката на ОН да стави одредени ентитети од Израел на списокот на сексуални престапници во воени зони. „Завршивме со овој генерален секретар. Одлуката Израел да се стави на црната листа и да се обвини за сексуално насилство во служба на војната е срамна. Генералниот секретар и неговиот тим ...
Хокеарите на Канада и Финска се првите полуфиналисти на Светското првенство кое се одржува во Швајцарија. Канада го обезбеди пласманот меѓу четирите најдобри репрезентации, откако вечерва триумфираше над САД со 4:0 (1:0, 1:0, 2:0) во Фрибург. Канада поведе со голот на Меклин Челебрини во 19. минута од првата третина, додека Дилан Холовеј го зголеми резултатот во 10. минута од вториот период. На крајот од третиот период, Канада постигна уште ...
Педесет и деветгодишен жител на Скопје пријавил дека му било запалено патничкото возило на паркинг простор во близина на Бит Пазар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била поднесена во раните утрински часови, на 28 мај во 02:53 часот, во СВР Скопје. Според пријавата, непознати сторители со запалива течност ја полеле задната десна страна од возилото „Ситроен Берлинго“ со скопски регистарски ознаки, при што било ...
Министерството за финансии на САД соопшти дека земјата ќе отстрани 76 физички и правни лица од списокот за санкции, од кои повеќето се имиња на веќе починати луѓе или непостоечки компании. Вашингтон нагласи дека на овој начин ќе се врати фокусот врз високоризичните лица и организации. Од Списокот на специјално означени граѓани и блокирани лица (Specially Designated Nationals and Blocked Persons List) ќе бидат отстранети 39 починати физички ...
Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и Шпанија, Серхио Рамос, не успеа да стане сопственик на Севилја, каде што претходно играше. Според „COPE“, аргентинскиот инвестициски фонд „Five Eleven Capital“, кој ја обезбеди поддршката на Рамос, значително ја намали својата почетна понуда, што доведе до откажување на договорот. Според прелиминарниот договор, инвеститорите требаше да купат 80.000 акции, но сега сакаа да купат само приближно 30.000 и ...
Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, ниту оваа година нема да го освои Ролан Гарос, единствениот грен – слем турнир што му недостасува во кариерата, откако попладнево претрпе сензационална елиминација во 2. коло од Аргентинецот Хуан Мануел Черундоло (3-6, 2-6, 7-5, 6-1, 6-1). Синер имаше водство од 2-0 во сетови и лесно стигна до предност од 5-1 во гемови во третиот пред да започнат неговите физички проблеми. Черундоло освои ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека постапката за 100 автобуси е повторно распишана и се очекува да биде успешно завршена, паралелно со плановите за воведување на брз автобуски систем (БРТ). – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржува официјалниот тренинг на стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево пред утрешниот контролен натпреварот против домаќинот Босна и Херцеговина. Македонскиот селектор Гоце Седлоски на официјалната прес-конференција истакна оти е важно неговите избраници на утрешниот дуел да остават позитивен впечаток. „Сакаме да се докажеме и тимски и резултатски. Најважно е да излеземе на терен и да одиграме ...
Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, денеска изјави дека треба да се уриваат згради во предградијата на Бејрут за секој дрон што ќе го лансира либанското движење Хезболах, кое има поддршка од Иран. – Единствениот начин, во моментов, да се спречи нашите војници да бидат погодени е да се урнат десет згради во јужните предградија на Бејрут, каде што е упориштето на Хезболах, за секој дрон што ќе го испука шиитското движење – рече ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека ѝ наредил на израелската армија да преземе контрола врз 70 проценти од територијата на Газа, објави CNN. Нетанјаху рече дека Израел ја стега јамката околу Хамас. „Сега држиме 60 проценти од територијата на Појасот Газа. Бевме на 50 проценти, а сега се префрливме на 60 проценти“, рече тој. „Мојата директива е да одиме понатаму – чекор по чекор – прво до 70 проценти. Да почнеме со тоа.“ ...
Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене. На пратеничките прашања СДСМ повторно со своето папагалско повторување на зборот оставка и ДУИ со своите традиционални измислени етнички прашања, а Левица со поднесувањето на нова интерпелација. Три партии, наводно различни и наводно спротивставени, денес повторно усогласени и координирани за една ...
Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба на нов Клинички центар во Скопје, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека дел од здравствените услуги треба да се извршуваат во општите болници, додека покомплексните случаи би се третирале во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, а само ...
Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески на денешната седница за пратенички прашања постави прашање до министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во кое побара одговор дали постои сценарио кое се тестира во Брисел за формирање на техничка влада на чие чело би застанал министерот, со цел да се спроведат уставните измени. Во обраќањето, Трајчулески посочи дека по две години, Владата на ВМРО не исполни ништо од ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 јуни ја започнува својата петдневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. За време на посетата, Кошта ќе се сретне со лидерите од регионот и ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, како и безбедноста и стабилноста. На 5 јуни тој ќе копретседава со самитот на Европската Унија – Западен Балкан во Тиват.Антонио Кошта, ...
Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена – изјави министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, говорејќи за примената на системот за влез и за излез од земјите на Европската Унија (ЕЕС), за што рече дека добил поплаки од колегите од Северна Македонија и од Србија. „Имам добиено поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија. ...
Жена била нападната сред ноќ во двор на болница од страна на нејзиниот партнер. Случајот во полиција бил пријавен доцна синоќа. – На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р., информираа од полицијата. Надлежните соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и по ...
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе мора да паузира од две до три недели поради повреда на десната нога и е неизвесен за воведниот дуел на претстојното Светско првенство. Нејмар ќе ги пропушти пријателските натпревари против Панама и Египет, а веројатно и натпреварот од првото коло од групата Ц на Светското првенство, во кое Бразил ќе игра против Мароко на 13 јуни. И покрај сезоната во која претрпе бројни повреди, Нејмар беше повикан за ...
Преговарачите на САД и Иран постигнаа договор за 60-дневен меморандум за разбирање со кој би се продолжило примирјето и би се покренале преговори за иранската нуклеарна програма, но американскиот претседател Доналд Трамп сè уште нема дадено конечно одобрување за договорот, јави денеска Аксиос, повикувајќи се на американски официјални лица. Според наводите на изворите, меморандумот предвидува пловидбата низ Ормуската Теснина да биде ...
Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. -Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа ...
Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓу другото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја брануваше јавноста во Собранието, изјавувајќи дека по цели две децении, Македонија конечно добила „нормален министер“ на чело на МВР, објави 4news.mk Оваа негова самопофалба, која во собраниските кулоари беше протолкувана како директна глорификација на самиот себеси, автоматски ги стави во категоријата „ненормални“ сите негови претходници на функцијата – вклучувајќи ги Гордана ...
Замислете сцена на која стојат деца со инструменти во раце – инструменти кои некогаш се поголеми од нив. Замислете го мигот кога започнува првиот тон и тие мали деца растат пред вашите очи, се трансформираат и стануваат професионалци кои владеат со сцената. Добредојдовте на концертот на Ентерпрајз. Концертот наречен „We Will Rock You” кој ќе се одржи на 7 јуни (недела) на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата, претставува уникатен ...
Министерот за локална самоуптрава Златко Перински изјави дека не гледа ништо спорно тоа што градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, именувал свој заменик во Општина Карпош и тврди дека од општината не добил известување дека Лукровски поднел оставка од функцијата. На седницата за пратенички прашања, во одговор на прашање на пратеникот Митко Трајчулески, Перински рече дека во согласност со член 52 од Законот за локална самоуправа, секој ...
Италијанските власти запленија имот вреден над 200 милиони евра за кој се тврди дека е поврзан со империјата на мафијата и мрежата за трговија со дрога на починатиот шеф на Коза Ностра, Матео Месина Денаро, соопшти денеска финансиската полиција, пренесе ДПА. За време на големата операција спроведена во неколку земји уапсени се три лица, соопштија властите. Месина Денаро беше фатен на Сицилија во јануари 2023 година. Како шеф на Коза Ностра, ...