Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, сè поотворено се дистанцира од политиката на поранешниот претседател Џо Бајден, особено во однос на пристапот кон Републиканската партија . Според Си-Ен-Ен (CNN), во говор што ќе го одржи во Њу Орлеанс, Харис ќе порача дека демократите не можат да чекаат републиканците да доживеат „просветлување“ и сами да ги променат своите ставови. „Не можеме да седиме и да се надеваме дека републиканците ...

Во однос на присуството на бактерија од застоена вода во водоводот, Ангелов во интервјуто за ТВ Канал 5 рече дека во јавноста настанало недоразбирање бидејќи количината на таа бактерија била многу ниска, но сепак ја прави водата непогодна за пиење, но не и опасна за граѓаните за користење како техничка вода Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, бројот на бактерии е значително намален, но водата се уште не е подобна за ...

Косовското Министерство за внатрешни работи денеска донесе одлука со која трајно му се забранува влез, транзит и престој на целата територија на Косово на генералниот директор на „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, прогласувајќи го за персона нон грата. Официјална Приштина ја донесе оваа радикална мерка со образложение дека неговите јавни изјави претставуваат директна „закана по суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на ...

Родилките порачуваат дека борбата со негативниот демографски тренд во земјава не може да се подобри само со декларативни стратегии и маркетинг кампањи, туку со реална и навремена поддршка на семејствата, кои наместо мирна грижа за децата, секој месец се соочуваат со принудна неизвесност Социјалните мрежи изминативе денови се преплавени со сведоштва и остри реакции на револтирани мајки кои алармираат за сериозно доцнење на исплатата на парите ...

Двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струга се повредени при интервенција на пожар во селото Долна Белица, Струшко, а бил оштетен и противпожарен камион, објави Фејсбук-страницата „Се молиме за Македонија“. Според објавата, повредените пожарникари биле пренесени во болница, додека противпожарното возило претрпело материјална штета. Се наведува дека пожарникарите ги посетил градоначалникот на Струга, Менди Ќура, при ...

Ноќеска околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека ...

Од српската Демократска партија посочуваат дека Србите во регионот не се политичко оружје на Александар Вучиќ или стока со која тој може да тргува за да опстане на власт Српската Демократска партија соопшти дека најостро го осудува „вулгарниот и агресивен напад“ на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Ова е втора реакција од Србија, откако претходно денеска и претседателот на опозициската Лига на социјалдемократи на Војводина (ЛСВ), Бојан ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со нови информации за временската состојба во земјава, посочувајќи дека повеќе региони се зафатени со нестабилни облачни маси проследени со дожд и грмежи. Според последните мерења на метеоролошката служба, Куманово и неговата околина се под влијание на нестабилност која носи умерен до засилен дожд и грмежи. Развој на временските прилики се бележи и во источниот и јужниот дел од државата. Од ...

Green Coast, водечката дестинација на крајбрежјето во Албанија, воспостави стратешко партнерство со Nammos Hotels & Resorts, меѓународно признатиот медитерански lifestyle бренд, за развој на хотелска и резиденцијална понуда под брендот Nammos во рамките на комплексот Green Coast во Паласа. Оваа најава го означува влезот на брендот Nammos во Албанија и дополнително го зацврстува растечкиот статус на албанската ривиера како дестинација што ...

Соопштение на Левица: На денешната прес-конференција, советничката од Левица, Маја Дургутова, предупреди дека последниот случај утврден од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација уште еднаш покажува дека бремените работнички во Македонија сè уште не уживаат ефикасна институционална заштита. Дургутова потсети дека Комисијата утврдила дискриминација врз основа на пол, род и бременост, откако само два дена по сознанието дека ...

По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава. За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), при ...

Земјоделците од Струмичко излегоа на протест. Дел од учесниците се пожалија дека протестот бил уредно пријавен, нл полицијата им го ограночила движењето и ги оневозможила да го блокираат патот Робово-Муртино Бараат итно зголемување на откупните цени, кои треба да важат за целата откупна сезона, без еднострано намалување или менување на условите во текот на откупот: 📌 Предложени откупни цени:• Прва класа – 50 денари• Прва и втора класа – 40 ...

Полската опозициска партија Право и правда (ПиС) претстави предлог според кој, доколку повторно дојде на власт, ќе депортира невработени украински државјани на воена возраст, односно лица меѓу 25 и 60 години. Предлогот беше претставен на програмскиот конгрес на партијата од страна на европратеникот Тобијаш Боченски, кој изјави дека тие лица би имале можност да се вратат и да се борат за својата татковина. Лидерот на ПиС, Јарослав Качински, ...

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство. – На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се ...

Младо момче загина во сообраќајна несреќа попладнево во Бутел. „Денеска (07.8.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Радишанска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од Скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот“, соопшти полицијата ...

Над 50 хектари земја во плодната Гевгелиска Котлина цели четиринаесет години се држат во заложништво на една од пропагандните макети на ДПМНЕ. На оваа површина нема фабрики, производствени погони, инвеститори ниту ветените работни места. Има празни парцели, трње и депонија, додека Македонија увезува храна и домашните земјоделци молат за обработлива површина, стои во реакцијата на Левица за една од индустриските зони што никогаш не заживеа. ...

Во близина на Прахово во источна Србија, на границата со Романија, поради ниското ниво на водата на Дунав, од реката испливуваат остатоци од германски воени бродови од Втората светска војна, кои нивната армија намерно ги потопила. Остатоци од бродови што со децении лежеле на дното на реката, сега повторно се појавуваат Ова се бродови што германската црноморска флотила намерно ги потопила во 1944 година за време на повлекувањето од Црвената ...

Супер звучи кога претседателката на државата ќе каже дека „државата јакне преку националното помирување“. Сѐ што кажа Сиљановска-Давкова во празничниот говор, сѐ е убаво. Ама, ја слушаат ли во ВМРО-ДПМНЕ што зборува нивната кандидатка? Знаат ли тие дека таа зборува против партиски книшки? Знаат ли дека вели оти „мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес“. Претседателката може да ...

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука со која ја зголеми затворската казна за Илија Панов од Кавадарци, осуден за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова. Наместо првично изречените 16 години, тој правосилно е осуден на 20 години затвор. Од Основното јавно обвинителство Кавадарци за „СДК“ потврдиле дека второстепениот суд ја уважил нивната жалба во однос на висината на санкцијата. Воедно, жалбата поднесена од ...

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, стои во соопштението на Демократската унија. Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните ...

Млад македонски државјанин кој се здобил со тешка повреда – скршеница на вратен пршлен – ќе биде транспортиран од Турција во Македонија со владиниот авион, пренесе „Скопје1“. Според неофицијални информации, денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Момчето е хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може ...

Вчера Венко Филипче со панична прес-конференција од Ново Село сакаше да го сврти вниманието и да ги прикаже за жртви оние кои тој ги нарече деца. Всушност, вистината е сосема поинаква, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за ...

Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржат на 18 октомври годинава Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска соопшти дека ја потпишал одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Брвеница, по неодамнешната ненадејна смрт на Јовица Илиевски, кој на локалните избори одржани есента минатата година го доби вториот мандат да ја води општината. Предвремените избори ќе се одржат на 18 октомври ...

Доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на Србија можеби е најава за заедничка фабрика за дронови, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. За весникот зборува Кристофер Хил, доскорешниот амбасадор на САД во Србија, кој опишува како српската муниција била извезувана во Украина Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, в сабота (8 август) пристигнува во Белград, пишува германскиот весник ...

Вооружениот 14-годишен напаѓач, кој денеска отвори оган во училиште во близина на тајландскиот главен град Бангкок, првично ги застрелал своите баба и дедо во нивниот дом пред да се упати кон училиштето, соопшти тајландската полиција. Според најновите податоци од тајландското Министерство за здравство, објавени од Би-би-си, билансот на пукотницата е осум мртви, во која ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години убил пет ...

„Бараме итна и целосна транспарентност: колку работници, колку механизација и колку средства во моментов се ангажирани на Коридорот 10-Д, а колку на Коридорот 8? Кој ја донел одлуката за ваквиот сооднос и врз која основа?“, прашуваат од ДУИ. ДУИ обвинува дека коридорите 8 и 10-Д не се градат сразмерно зашто постои политичка наредба за патот Прилеп-Битола да биде завршен до следните избори. Оттаму тврдат дека во моментов се работи во сооднос ...

И покрај позитивните движења во индустријата, македонското рударство продолжува да заостанува. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5 проценти во споредба со истиот месец лани, но секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8 проценти. Овој тренд трае веќе подолг период и упатува на структурни предизвици во индустрија која традиционално има ...

Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, вечерва од 18 часот ќе започнат чествувањата по повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа десет прилепски бранители. Во заседа на армискиот конвој на патот Скопје–Тетово тогаш животот го загубија резервистите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован ...

Француската влада планира да спроведе симулација на голем прекин на електричната енергија низ целата земја во втората половина на 2027 година за да ја тестира својата подготвеност за кризни ситуации, соопштија денес извори запознаени со подготовките. Во вежбата ќе учествуваат операторите на електричната мрежа Enedis и RTE, неколку државни институции, министерства и француската воена администрација, објави денес бриселскиот „Политико“. Целта ...

Два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавија за „ИранВајер“ (IranWire) дека Моџтаба Хамнеи се нема сретнато со ниту еден член на кабинетот од американскиот напад врз комплексот на Врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари. Според двата извори, гласините дека тој се наоѓа во исклучително критична состојба и дека би можел да почине во секој момент, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.6
74%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
94%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.36
72%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
81%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
77%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
96%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1666.05

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

321507.47