Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Киев е одлучен да стави крај на војната и оти прашањето е што сакаат Русите. – Украина е подготвена. Нас не ни треба војна. Ја браниме нашата држава, нашата независност. Исто така, подготвени сме брзо да тргнеме кон достоен договор за завршување на војната. Прашањето е само за Русите – што сакаат тие. Исто така, дали ќе има последици за Русија поради фактот што „шахедите“, ...
Откако надлежните соопштија дека водата од градскиот водовод во Струга е небезбедна за пиење поради зголемена заматеност и сомнежи за загадување, жителите се принудени да купуваат флаширана вода за пиење и готвење или да носат вода од околните села и извори, објави „Фактор“. Дел од граѓаните велат дека дневно трошат од 100 до 200 денари за вода, што претставува дополнителен товар за семејните буџети, особено за поголемите семејства и ...
На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за с. Кучевичка Бара, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “форд фиеста” со скопски регистарски ознаки и патничко возило “фолцваген голф” со скопски регистарски ознаки. Како последица на незгодата возачот на возилото “форд фиеста” починал на местото на незгодата, додека возачот на возилото “голф” со возило на ...
Скопјанецот Игор Јуруков вчера во објава на Фејсбук сподели свое искуство со направена грешка од страна на системот „Безбеден град“, а целиот процес на докажување дека не направил прекршок го оцени како “патешествие“, за кое му требале шест дена за да си ја истера правдата. Ден 2. Одам на шалтер сејф-сити во МВР позади зградата на МТВ, ми кажува дечкото дека тука не е за жалби шалтер, треба да се обратам во Полициска Станица (П.С.). Одам во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека до денеска во земјата се вратени 2.000 украински деца кои Русија ги држела во заробеништво. „Секое од овие враќања е овозможено благодарение на секојдневните напори на нашиот народ, организациите на граѓанското општество и нашите меѓународни партнери. Благодарни сме им на сите кои придонесоа во оваа борба за иднината на нашите деца, нашата земја и целиот слободен свет“, напиша денеска ...
Британскиот премиер Кир Стармер предупреди дека „јавното здравство не е културолошка војна“ и ги повика родителите да проверат дали ги вакцинирале своите деца по појавата на морбили (мали сипаници) во северен Лондон, каде што заразата се шири низ училиштата. Во градската општина Енфилд, од 1 јануари до 9 февруари се потврдени 34 случаи, што е повеќе од една третина од вкупно 96 случаи регистрирани во Англија оваа година, пишува Скај Њуз. ...
Ризикот од лавини во европските зимски спортски центри останува висок поради обилните снежни врнежи, соопштија властите во Швајцарија, Австрија, Франција и Германија. Кантонот Вале во Швајцарија денеска наутро прогласи највисоко ниво на предупредување за лавини – Ниво 5, додека во целиот алпски регион во сила остана Нивото 4, извести Институтот за истражување на снег и лавини WSL во Давос. Висок ризик беше пријавен и на надморска височина ...
Ниту од Владата ниту од ВМРО-ОКГ нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владиниот авион. Нема одговор кој бил со Мицкоски. Нема одговор ниту колку тоа луксузирање на Мицкоски врз грбот на народот ги чини граѓаните. Дефокусот со некакви споредби за хеликоптер во време на пандемијата е очаен, никогаш не се случило министер или премиер од редовите на СДСМ да оди море со владиниот авион. Кога постои држава со домаќинска политика, се знае ...
Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала руска хиперсонична ракета „3M22 Циркон“ над Киев, пренесоа денеска украинските медиуми на социјалните мрежи. Украинската војска наведува дека и претходно соборила една од овие ракети, но за првпат е објавено видео на кое е прикажано тоа пресретнување. Ракетата „3M22 Циркон“ (НАТО ознака SS-N-33) е еден од трите хиперсонични проектили за кои Русија тврди дека е практично невозможно ...
Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! – објави пред малку на ФБ екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител затоа што не го исполнувал условот – 10 години ...
ЈП „Македонијапат’ информира дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува од 17.20 часот. Јавното претрпријатие претходно соопшти дека забрана за сообраќај на камиони на овој патен правец се воведува од 17 часот поради обилни врнежи од снег. ЈП „Македонијапат’ информира дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево преку ...
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот, преку единствениот број за итни повици 112, добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“. Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот на наведената локација. – Според ...
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски е избран за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Владата го именува Ралповски за член на УО како претставник на Синдикатот кој е репрезентавен член на Економскиот совет, во случајов КСС со одлука донесена на седница на 3 февруари. Пет дена подоцна, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски и претседателот на Синдикатот ...
Речиси 18.000 вработени во основното образование сè уште ја немаат добиено јануарската плата, иако законските рокови за исплата се веќе изминати. Доцнењето предизвика бран незадоволство меѓу просветните работници, кои преку социјалните мрежи бараат одговори за причините и состојбата со државната каса. Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура го потврдија доцнењето, но посочија дека станува збор за технички проблем. Според ...
Иранските медиуми денеска објавија дека Иран ќе го затвори Ормускиот теснец неколку часа додека таму спроведува воени вежби. Иран вчера објави дека ќе одржи поморски воени вежби во водните патишта важни за меѓународната трговија, низ кои минуваат 20 проценти од светската нафта. Иран претходно одржа вежби со боева муниција во Ормускиот теснец пред неколку недели, но не го затвори. Полуофицијалната новинска агенција Тасним, блиска до ...
Општина Кисела Вода со изненадување ја проследила денешната прес-конференција на здружението „Стоп за Усје”, се вели во реакцијата на општината. Од таму објаснуваат дека особено се зачудени на ова недолично однесување, затоа што градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска веќе остварила средба со претставници на ова здружение. „Сите измерени вредности од мерната станица поставена во кругот на цементарницата „Усје” се јавно достапни. Но, ...
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од постапката. На истото рочиште беше ...
Меѓународната кинолошка федерација ја призна расата караман како автентично македонско куче Караман официјално е признаен како автентична македонска раса на куче. Одлуката на Меѓународната кинолошка федерација е донесена врз основа на евалуација на генетските карактеристики, стандардите и историските извори кои потврдуваат дека расата со векови е присутна на македонската територија. Ова куче е познато по својата издржливост, интелигенција и ...
Украина започна бесплатна програма за војниците за замрзнување нивна сперма во обид да ја ублажи демографската криза влошена од војната со Русија и големите загуби кај мажите во акција, јави Би-Би-Си. Програмата финансирана од државата им овозможува на партнерките на загинатите војници да користат замрзнати примероци до три години по смртта на донаторот, со претходна писмена согласност. Приватните клиники во Киев нудат криоконзервација од ...
Девет членови на Совет на јавни обвинители сметаат дека Лидија Раичевиќ треба да биде избрана за републички јавен обвинител и ѝ дадоа позитивна оценка, додека против беше само членката Кети Петкова. Едногласна поддршка доби Ленче Ристовска, за која десетте членови гласаа „за“, односно дадоа позитивно мислење. Позитивна оценка од сите десет членови доби и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски. Претходно, Советот заклучи дека ...
Изгаснат е пожарот, кој избувна денес во центарот на Неапол, зафаќајќи го театарот Санаѕаро, при што четири лица вдишаа чад, соопшти противпожарната служба. Најмалку 60 лица се евакуирани, куполата на театарот се урна, пламените јазици ги оштетија и соседните згради, а како што се наведува, пожарот најверојатно е предизвикан од краток спој, пренесува весникот „Стампа“. Пожарникарите интервенираа брзо, а неколку лица поради вдишување чад се ...
Израел планира да ги изведе обвинетите за нападите од 7 октомври 2023 година пред специјален воен трибунал, објавија денеска израелските медиуми, цитирајќи ја државната обвинителка Гали Бахарав-Миара, јавува ДПА. Таа изјави дека воени обвинители, а не цивилни, ќе ги подигнат обвиненијата врз основа на закон што го поминал првото читање во парламентот. Симча Ротман, еден од пратениците кои стојат зад законот, ги спореди планираните процедури ...
Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген-зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација на Европската Унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од некои од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа за поголемо лобирање за наоѓање решение и апелираат на ...
Советот утврди дека кандидатот Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за јавно обвинителство. Имено, согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право. Во конкретниот случај, на кандидатот му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија ниту јавен обвинител. Оттука, тој стаж не може да се смета за ...
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 27-та седница го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РС Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси е потребно унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за ...
Сојузот на синдикати денеска ја реализираше последната од најавените три блокади на таргетирани институции. Пред Владата денеска побараа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Од ССМ оставаат простор за договор до крајот на февруари, а доколку не дојде до договор, во првата половина од март, најавуваат генерален штрајк и работнички протест. – Ако ...
Вчера во 13:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето С.Д. (25) од Србија поради основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ казниво по член 225 и член 244-а од Кривичниот законик. Имено, тој се сомничи дека во текот на 2025 година на место викано „Кралево брдо“ изградил објект без соодветна документација, што дополнително предизвикало ерозија на земјиштето и ...
„Европа ја отелотворува надежта”, е насловот на интервјуто со американскиот историчар Тимоти Словенечкиот филозоф Славој Жижек потсетува во истото издание на „Ди Цајт”, дека Трамп уште во 2018 ја означил ЕУ како најголем непријател. Затоа што ЕУ е идејата за Европа на обединети нации кои, доколку успеат да ги надминат недостатоците на националните држави, би можеле да одговорат на сегашните предизвици, смета Жижек. Тој потсетува дека ЕУ ...
МВР информира дека вчера попладне околу 17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Живко Фирфов“ во скопската населба Драчево, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. ...
Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, од протестот пред Владата порача дека работниците нема да отстапат од своите барања и дека синдикалната борба ќе продолжи сè додека не се обезбеди достоинствен животен стандард. Тој истакна дека присуството на голем број работници пред Владата е јасна порака дека незадоволството е реално и дека институциите повеќе не смеат да го игнорираат гласот на оние што ја создаваат ...