Утревечер, на 25 август, јубилејот ќе биде одбележан со проекција на филмот на латното кино на отворената катна гаража во Скопје Сити мол, со почеток во 20.30 часот. Веднаш по проекцијата ќе биде организирана интерактивна сесија разговори со филмската екипа на „Џган“ и публиката, а потоа дружење во чест на јубилејот. Во пресрет на јубилејот режисерот и сценарист Вардан Тозија вели: „Џган настана како крик на очај и гнев — од времето во кое ...

Во објава на социјалните мрежи, Стојков посочува дека ЕБР е наследник на Единицата за брзи интервенции „Лавови“, но истовремено прашува зошто во официјалното одбележување на историјата на единицата, според него, се изоставуваат одредени факти и личности. Стојков потсетува дека пред неколку години, кога од него било побарано да достави документација поврзана со формирањето на единицата, ги предал оригиналните документи со кои, како што ...

„Влогот во младите е влог во иднината. Секој денар вложен во нивното образование е инвестиција во знаењето, напредокот и силата на нашето општество. Наша должност е да им обезбедиме услови во кои ќе можат слободно да истражуваат, да создаваат и да го развиваат својот целосен потенцијал. Во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта на Град ...

Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека пожарот во 12.30 часот почнал од селото Гујновци кое се наоѓа на регионалниот пат Штип-Крупиште, но поради ветерот бил проширен и во атарите на селата Трооло, Гајранци и Лезово. „Нашите екипи се сè уште на терен, пожарот е локализиран. Има некаква материјална штета во самото село, некои помошни објекти. Па се надевам дека во доцните попладневни часови и пожарот ќе биде целосно изгаснат и ...

„Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица“ – посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат. Највисока температура во 15 часот денеска е измерена во Скопје, Петровец од 37 степени и на Зајчев Рид 36,3 ...

Американската окружна судијка Џенет Варгас во Менхетен оцени дека политиката, која Стејт департментот ја објави во јануари, е „очигледно незаконска“ и дека е спротивна на федералниот закон за имиграција. Според неа, законот изречно му ги одзема на државниот секретар овластувањата да се меша во начинот на кој конзуларните службеници ги обработуваат барањата за имигрантски визи. „Политиката, со која категорично се забранува издавањето ...

Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица, која беше вклучена во гаснењето, информираше дека се изгаснати 90 проценти од зафатените површини со пожарот. „Ја спасивме шумата. Пожарот беше со голема јачина. Апелирам граѓаните да внимаваат бидејќи температурите се високи за да не настануваат уште пожари. Уморни сме, секој ден има по 12-13 пожари“, рече Амети. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18.30 ...

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 31 до 38 степени. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена ...

Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума. Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки. Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, ...

Селската милиција на ТМОРО, предводена од учителот Тодор Станков, раководител на револуционерната организација од Радовиш, на денешен ден, заедно со селската милиција од село Дедино, начекува во заседа тројца турски колџии (даночници) за тутун, од кои двајца се убиени, а третиот се спасува, по што настапуваат масовни апсења во Дедино и околните села. Биле уапсени 120 луѓе, од кои 28 од скопскиот суд се осудени од 3 до 101 година затвор, а ...

Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси – три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми, вели Али. Од ЦУК наведуваат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите населени места во областа Каршијак. Дополнуваат ...

Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за препознавање на стресот и траумата, психолошка прва помош, кризна интервенција, колегијална поддршка и навремено упатување кон стручна помош. Во своето обраќање, директорот Јанев истакна дека полициските службеници се меѓу првите кои пристигнуваат на местото на несреќи, трагедии, насилства и други ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, шест се активни, еден е под контрола, а четири се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде што гори мешана шума на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и кракот кон Палиград и над село Вражале. Пожар е активен и во село Трново, Општина Гостивар, каде што ...

Настапот на Алкараз на Вимблдон беше крајно неизвесен, многумина не веруваа дека тој ќе игра бидејќи не учествуваше на турнирите пред УС Опен. Сепак тој денеска на посебен начин го најави учеството на американскиот грен слем турнир. Алкараз само твитна „Here we go“ и го стави американското знаме. Познавачите знаат дека тоа е препознатливиот израз на фудбалскиот новинар, Фабрицио Романо кој го употребува кога нешто е готово. Настапот на ...

Тие беа на дното или при самото дно во квалификациските трки одржани претпладнево. Сара Јанковиќ на 400 метри слободно ја заврши на последното 10. место со време од 4:34.83 минути, 17,69 секунди послабо од победничката во втората група. На последното место се пласираше и Огнен Славковски на машката трка во истата дисциплина. Тој патеката ја исплива за 4:04.37 минути. Јован Јанковски трката 50 метри пеперутка ја заврши за 24,86 секунди и го ...

Џорџ Расел, возачот на Мерцедес, победи на спринт-трката за Големата награда на Холандија во Формула 1. Расел водеше од првиот до последниот круг, одржувајќи мала предност пред групата возачи без да им дозволи да го загрозат. Второто место му припадна на Шарл Леклер во Ферари, кој шест круга пред крајот го престигна Ландо Норис. Возачот на Мекларен и актуелен светски шампион, Норис, заврши трет, успевајќи да ги одбие нападите на други� Џорџ ...

Резервите се намалиле за околу 3,7 милиони барели, на 289,7 милиони барели заклучно со 21 август, во споредба со 293,4 милиони барели една недела претходно, според податоците на американското Министерство за енергетика. Последното повлекување се состоело од 98,7 милиони барели лесна сурова нафта со ниска содржина на сулфур и 191 милион барели сурова нафта со повисока содржина на сулфур. Резервите сега се пополнети на околу 41 отсто од ...

Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“, постапката е значително олеснета и забрзана. Министерството за внатрешни работи на 20 август ја стави во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани – сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички, за не се задржуваат на границите ...

Во периодот од 17 до 21 август 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа, од вкупно 47 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати, сите испитани примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18). Во периодот од 17 до 21 август 2026 година, Секторот за ...

Како што информира градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со стручните лица бил направен детален увид во состојбата на теренот. При увидот била користена и снимка од дрон, преку која биле разгледани и деловите од теренот до кои нема директен пристап и кои не можат целосно да се согледаат од земја. Состојбата ќе продолжи внимателно да се следи во текот на денот, а Општина Делчево останува во координација со сите надлежни ...

Според инфографикот на ФТ, меѓу категориите со најголеми зголемувања се и услугите од областа на социјалната заштита, со раст од 21,2 отсто, како и течните горива, чии цени се повисоки за 18,8 отсто во споредба со јули 2025 година. Значително поскапување има и кај банкарските провизии, со годишен раст од 18,7 отсто, а собирањето отпад е поскапо за 17,5 отсто. За 16,3 отсто пораснале и цените на услугите од киното, театрите и концертите. ...

Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла. Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава. На 17 ...

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати. Најголем активен пожар е регистриран на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селото Моране, преку Вртекица и Рамни Габер, со крак кон селата Палиград и Вражале. Огнот зафатил мешана шума, а пожарот се ...

Претходните истражувања укажуваа дека површината на Месечината е премногу сурова за микроорганизмите да можат да преживеат на неа. Поточно, истражување од 2019 година покажа дека ултравиолетовото зрачење и топлината од Сонцето се најголемите пречки за опстанокот на микробиолошкиот живот на површината на Месечината. Сепак, ова претходно истражување не ја зело предвид заштитата што ридовите и долините би можеле да ја обезбедат на Месечината. ...

Навидум безопасните секојдневни навики тивко и сосема незабележливо го оштетуваат вашиот имунитет. Дури и однесувањата што многумина ги сметаат за здрави можат сериозно да го саботираат природниот отпор на организмот. Со неколку мали и целосно едноставни промени во навиките, можно е повторно да се воспостави рамнотежа. Имунолошкиот систем го штити организмот од инфекции и болести, но многу животни навики влијаат врз неговата долгорочна ...

Истражувањето открива дека пиењето две до три шолји кафе дневно е поврзано со помал ризик од нарушувања на расположението и стрес, како што се депресија и анксиозност. Сепак, консумирањето помалку од таа количина не носи забележителни придобивки за менталното здравје, додека повеќе од три шолји дневно може да доведат до зголемена анксиозност и лош сон, со што се поништуваат позитивните ефекти. „Ова истражување потврдува дека умереното ...

Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој на афирмираната фитнес инструкторка Елена Бубало ќе ѝ се придружи Емилија Колоска, едно од најпрепознатливите имиња на охридската фитнес сцена. По минатогодишното издание во Охрид, Ресет повторно се враќа во градот, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава што ги поврзуваат активниот начин на живот, добрата енергија и дружењето. Покрај заедничкиот тренинг, ...

Умит е еден од четирите амурски тигри преместени од Русија. Нејзиното ослободување не е само симболичен настан, туку и важен практичен чекор во програмата. Експертите сега ќе следат како се снаоѓа во новото живеалиште и како реагира на условите во резерватот. Kazakhstan has released an #Amurtiger into the wild for the first time in more than 70 years. The female tiger, Ümit, was released in the Ile-Balkhash State Nature Reserve as part of a ...

„Контролираното дозирање на реактивен кислород ги активира заштитните реакции на растенијата и создава „меморија на стрес“ во растителните клетки. Оваа адаптивна меморија може да се пренесе на идните генерации, што потенцијално би можело да овозможи долгорочен отпор на стресови поврзани со климата преку одгледување култури“, велат истражувачите, според Раша Туде� „Контролираното дозирање на реактивен кислород ги активира заштитните реакции ...

За да покаже колку безбедноста на возилата напреднала во текот на изминатите три децении, ИИХС спроведе челен судир помеѓу шевролет С-10 блејзер од 1996 година и сосема нов шевролет блејзер од 2026 година. Резултатите покажаа како модерните безбедносни технологии го променија исходот од сообраќајните несреќи. Тестот беше спроведен според правилата на тестот за умерено фронтално преклопување на ИИХС, во кој возилото удира во пречка со брзина ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42