Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
„Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а повозрасните наоѓаат мир, сенка и простор за одмор. Токму затоа, започнавме со уредување на паркот ‘Македонија’ 1, 2 и 3 во Карпош, каде поставуваме нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани“, ...
Ѓорѓиевски за ТВ Телма изјави дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатокот на соодветна инфраструктура. „Бев апсолутно свесен во што влегувам уште пред да станам градоначалник на градот Скопје. Знаев какви се состојбите во сите населени места, но и бев свесен за финансиската состојба и за загубите на вода затоа што немаме точен подземен катастар“, ...
„Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм ‘Преку езерото’ останува доследен на тоа да е фестивал на филмови од тој регион и да не се шириме надвор од тој архипелаг, кој има мошне значајно место во светот на кинематографијата. Оваа година за прв пат фестивалот го регионализираме и од 8-15 јули ќе се одржи во три града: Дојран, Гевгелија и Струмица. Поместувањето на терминот на фестивалот се должи на тоа што сакаме ...
Како што соопшти Министерството за економија и труд, во своето обраќање, министерот Дурмиши нагласил дека Република Турција е еден од најзначајните економски партнери на Македонија, при што трговската размена континуирано расте, а турските компании со децении имаат значајна улога како инвеститори, работодавачи и партнери во развојот на македонската економија. „Македонија е отворена за нови инвестиции и нови партнерства. Нудиме стабилна ...
Иако сè уште нема официјална потврда од Вашингтон и Техеран, иранските медиуми во последните часови објавуваат сè повеќе детали за содржината на привремениот договор кој би можел да биде потпишан во текот на следната недела и да го означи почетокот на нова фаза во односите меѓу двете земји. Според ИРНА и полуофицијалната агенција Мехр, документот предвидува прекин на непријателствата на сите регионални боишта поврзани со конфликтот меѓу САД и ...
Мбапе не е сигурен дали Сенегал или Мароко е шампион на Африка. Но, не знаат ни многу други. Сенегалците го кренаа пехарот, а по неколку месеци Мароко беше прогласен за шампион откако доби спор на зелена маса. Сенегал најави жалба на таквата одлука и одби да го врати пехарот, па дискутабилно е тоа кој е шампион на Африка. „Се соочуваме со африканските шампион… но, јас не знам дали Мароко или Сенегал го освоија првенството на крајот. Ајде да ...
“До мене стигнаа реакции на разочарување, дури и на огорченост”, објави Ајзакмен на мрежата Икс. „Во свет со толку многу контроверзии, се надевам дека ова ќе биде момент кога ќе ги славиме астронаутите кои се избрани, ќе го почитуваме интегритетот на процесот и ќе ја препознаеме извонредната длабочина на талентот низ целиот корпус“, додаде првиот човек на НАСА. Изборот се базираше на голем број критериуми, и на крајот, беше избран екипажот ...
„Претседателот (на САД Доналд) Трамп и јас сме во целосна согласност по тоа прашање“, додаде тој. Израелскиот премиер тврди и дека, доколку не биле неговите напори, Иран „ќе имаше атомски бомби за да го уништи Израел одамна“. „Додека сум премиер на Израел, ова нема да се случи“, повтори тој, според Ал џезира. Во меѓувреме, иранските државни медиуми објавија нови детали за можен меморандум за разбирање кој Вашингтон и Техеран се обидуваат да ...
Одбраната, произесувајќи се по денеска изведената документација, изјави дека таа се однесува на сè, освен на работењето на „Пулс“ и дека Обвинителството “нема ниту еден доказ“ и покажало дека агенцијата работела согласно закон. Обвинителството речиси пет часа денеска презентираше материјални докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, а кои се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се ...
Пандев е меѓу повиканите за ревијалниот меч меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид кој се игра во рамки на традиционалниот хуманитарен настан „Корасон Класик Меч“. Македонецот ќе биде дел од тимот на Интер заедно со неколку поранешни ѕвезди на италијанскиот великан, меѓу кои се Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Маикон, Лусио и Џампаоло Пацини. Натпреварот е закажан за 13 јуни и традиционално собира голем број фудбалски легенди пред преполните ...
„Вкупниот биланс на агресијата од 2 март до 9 јуни изнесува 3.711 загинати и 11.483 ранети“, се наведува во соопштението на Министерството. Новите податоци доаѓаат во време на зголемени тензии на либанско-израелската граница, додека во регионот продолжуваат дипломатските напори за спречување на натамошна ескалација. Израелските власти во понеделникот соопштија дека нема да го напаѓаат Иран, но истовремено нагласија дека го задржуваат правото ...
Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што има последици врз поединецот и семејството. „Не може да зборуваме за коцкањето дека е забава, кога истото станува навика и зависност. Кога влегува во семејството како долг, стрес, вознемирување и кога подмолно се вгнездува во животот на младите уште пред да созреат. Како министер за здравство, имам обврска да кажам дека зависноста е здравствен ризик, ...
Астронаутите на мисијата Артемис 3 се: Андре Даглас, специјалист за мисија, Френк Рубио, специјалист за мисија, Лука Пармитано, пилот, Ренди Бресник, командант на мисијата, пренесува Би-би-си. Боб Хајнц ќе служи како резервен член на екипажот. Тој е тест пилот кој поминал вкупно 170 дена во вселената и може да ја извршува секоја улога потребна за мисијата. Лука Пармитано, од Италијанската вселенска агенција, ќе биде пилот на мисијата „Артемис ...
Пред бројната публика во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб, Хрватска, вчеравечер се одржа извонреден концерт на Триото „Интерарт“ од Битола, кое со својот врвен уметнички настап ја воодушеви публиката и беше наградено со долготрајни и искрени аплаузи, информираа од македонскиот КИЦ во Загреб. „Публиката уживаше во концертната вечер исполнета со врвна уметничка интерпретација, техничка прецизност и исклучителна музичка ...
„Романот на Наум Пановски се заснова на проверени факти и посветена истражувачка работа и во него за прв пат е расветлен уделот што во животот на Коста Солев го одиграле две образовани млади жени, Невенка Вуиќ и Малина Поп Иванова, со кои тој ги споделувал и ги градел своите прогресивни идеи, поглед кон светот, замислата и борбата за класна правда во општеството. Во својот роман Пановски порачува дека сите носиме одговорност и вина за ...
Муцунски имал обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка меѓу двете земји. „Пораката што ја упатив е јасна, економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните. Владите ја создаваат рамката, институциите ги ...
Според Општина Чаир, градежните работи кои се предмет на договорот за јавна набавка се целосно реализирани во согласност со предвидената динамика и условите утврдени во договорот. „Активностите кои се однесуваат на приклучување на електричната и водоводната мрежа, како и спроведување на одредени тестирања и постапки за ставање на објектот во целосна функција, не претставуваат дел од договорот за јавна набавка за изградба на базенот. Истите се ...
Како што информираа од Царинската управа, по пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршиле контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен царински тим и царинско куче, коишто презеле соодветни дејствија, при што по тестирање на содржината со специјална опрема е утврдено дека во четирите пратки се наоѓа наркотична дрога, и тоа метамфетамин со ...
На средбата биле потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави. „Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз ...
Форумот се организира во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Македонија и Генералниот секретаријат, а имплементирана во соработка со УНДП. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички ...
Според партијата, повод за реакцијата се јавно објавените резултати од конкурсот, при што финансиска поддршка добиле 36 проекти на здруженија и фондации, но ниту еден проект од организации кои дејствуваат во интерес на турската заедница не бил избран за финансирање. ТХП оценува дека ваквиот исход отвора сериозни сомнежи за транспарентноста и правичноста на процесот, поради што бара од надлежните институции да утврдат дали распределбата е ...
Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на адресата [email protected] или во печатена форма во просториите на Друштвото на писателите на Македонија на улица „Максим Горки“ број 18 во Скопје. Крајниот ...
„Патот до оваа спогодба бараше интензивни преговори и цврста аргументација од страна на нашиот Управен одбор. Успеавме да постигнеме договор со Гастрејд за потпишување анекс, со кој се поместуваат роковите на плаќањата за закупот. Во согласност со досегашните одредби од договорот ЕСМ беше обврзана на месечен закуп од над 250 илјади евра, средства што редовно ги намирува од октомври 2024 година“, вели Узунчев во интервју за МИА. Потсети дека ...
Општо познато е дека Американците не го познаваат доволно овој спорт, па интересно е дека повторно земја без фудбалска традиција е домаќин на едно Светско првенство. Веројатно врвот беше достигнат за време на американскиот пренос на натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка. Откако африканската селекција доби втор црвен картон, бродкастерот мораше да им објасни на гледачите што тоа значи – и тоа на наједноставен можен начин. „Останаа со девет ...
Во неделата во Лондон, францускиот, германскиот и британскиот лидер изразија поддршка за предлогот на Зеленски за „директен дијалог“ меѓу Украина и Русија, чија цел е ставање крај на конфликтот што почна пред повеќе од четири години, пренесоа француските медиуми. Руската дипломатија соопшти дека амбасадорите биле запознаени со „деструктивната политика“ на нивните три земји кон Украина, обвинувајќи ги дека сакаат „да ја продолжат војната ...
Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни. Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август. ...
Во Торонто, домаќинот Канада ќе го има своето мундијалско деби против Босна и Херцеговина во рамки на групата Б. Канаѓаните ќе се обидат со победа да го започнат настапот пред своите навивачи, додека Босанците посакуваат успешен старт на најголемата фудбалска сцена. Неколку часа подоцна, во Лос Анџелес ќе се одигра натпреварот меѓу САД и Парагвај од групата Д. Американците како еден од домаќините се под голем притисок да стигнат до трите бода ...
Министерот Златко Перински пред Комисијата за локална самоуправа и Законодавно правната комисија, во своето излагање нагласи дека целта на измените е Стратегијата да стане пооперативна, пофункционална и поефикасна алатка за постигнување на стратешките цели, преку поддршка на полицентричен развој и намалување на регионалните диспаритети. Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат ...
Според сведоштвата на жителите за МКД.мк, пожарот настанал урово кај 5 часот кога се запалила електрична инсталација која, како што тврдат тие, била поставена од ЕВН и на која претходно извесен период биле изведувани работи. Силниот чад за неколку минути го исполнил влезот на зградата, а жителите биле разбудени од полицијата, но и од силни детонации и звуци кои, како што велат, потсетувале на експлозии. „Беше како сцена од хорор филм. Се ...
Иако до триумфот мораа да дојдат по потешкиот пат, Азијците беа доминантниот тим на теренот и апсолутно ги заслужија трите бода. Првото полувреме помина во знакот на нивните напади и постојан притисок, но иницијативата остана неискористена бидејќи Сон не успеа да реализира колосална шанса за водство. Казната за промашеното стигна. Тоа се случи во 59. минута кога Чесите го искористија својот момент – Цоуфал упати одлична топка, а Крејчи со ...