Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
„Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со жителите кои се потпишаа на истата и побаравме сите надлежни институции и ресорни министерства активно да се вклучат во решавањето на проблемот, бидејќи станува збор за прашање кое е во надлежност на повеќе институции, а не само на локалната самоуправа. За жал, иако имавме многубројни координативни средби, на терен не добивме соодветна ...
„Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставните измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции. Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш дека за нив, важно е само да се биде на власт, па дури и тоа да им се оствари преку нови национални предавства и обезличувања на Македонија. Граѓаните препознаваат дека секогаш приватниот интерес за СДС е поважен од државниот. Тоа го ...
Некогаш кефирот најчесто се подготвуваше во домашни услови, процес кој бараше време и посветеност. Денес, со Баланс+ Кефир од Бимилк, сите придобивки од традиционалниот кефир се достапни во практичен производ подготвен за секојдневна консумација. Достапен во пакувања од 500 и 950 грама, Баланс+кефир е создаден со внимателно развиена формула која содржи пет млечни и пет кефирни култури. Во својот состав содржи белковини, витамини од Б групата, ...
На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија , Албанија , Косово , Бугарија , Србија ,Грција , Англија и Турција . Куратор на изложбата и организатор на уметничката колонија во Кавадарци е истакнатиот македонски уметник Владимир Темков. По повод овој значаен јубилеј, тој истакна дека во рамките на Ликовната колонија досега ...
Од Влен тврдат дека само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласала Законот за Правосудниот испит без да го усогласи со јазичните одредби. Според нив, тогашните пратеници на ДУИ гласале испитот да се полага исклучиво на македонски јазик. „Денес граѓаните јасно го гледаат лицемерието на ДУИ, кога излегува на протести за Правосудниот испит. Тоа е потсмев кон Албанците и навреда за интелигенцијата на ...
Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 22 до 30 степени. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени извори доколку опозицијата го бара тоа, најави Мицкоски. „Како партија секогаш сме подготвени да излеземе на терен и да победиме. Политички е умно кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени за какви било сценарија. Ние сме кажале дека нашата опција која ја преферираме како Влада се редовни избори во 2028 година, но сме подготвени ако опозицијата побара да ...
„За листа на чекање, сѐ уште сме во фаза на анализа. Имаме сознанија од пациенти, граѓани, но, не можам ништо да кажам јавно бидејќи не ни се доволно, двапати, чекирани. Има примери кога пациент кој треба пациент да се оперира, се враќа назад бидејќи крвната слика не е доволно добра за да може да се оперира. Пациентот прави крвна слика во друга лабораторија, испаѓа дека се е во ред, но мора да ги анализираме и работиме да ги детектираме таков ...
„Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја зголемуваат својата конкурентност. Ги повикувам сите компании кои имаат реализирано инвестиции и ги исполнуваат условите да аплицираат најдоцна до 15 јуни и да ја искористат поддршката што им стои на располагање. Особено ме радува што компании од Општина Чаир, како ONE Cable, ...
Возбудливо почна Светското фудбалско првенство. Повеќе шанси, два гола и три црвени картони видовме на денешното отворање на Мундијалот. Натпреварот рано беше отворен, Кињонес уште во деветата минута искористи една грешка на Јужна Африка и постигна гол за водство на Мексико од 1-0. И покрај водството Мексико ја продолжи доминацијата, Јужна Африка изгледаше инфериорно, тешко успеваше да се закани. По четири минути игра во второто полувреме, ...
Новата станица, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, ќе биде лоцирана во Општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и унапредувањето на условите за работа на скопските пожарникари. Со реализацијата на овој проект, како што се наведува во соопштението, ќе се овозможи подобра организација на противпожарните служби, побрза реакција при интервенции, ...
Во периодот од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила страјкер, со учество на претставници од повеќе земји и воени структури. На конференцијата, како што соопштија од Армијата, учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави – Националната гарда на државата Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. армиска команда за обука и 2. коњички полк, ...
„Исплатата на додатокот за образование, како што посочуваат оттаму, се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година; за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година; за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година; и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната ...
Според Аксиос, Трамп повеќепати досега тврдеше дека договорот е на дофат, додека Иран сè уште јавно не потврдил дека е постигната спогодба. Сепак, три извори запознаени со преговорите изјавиле за американскиот медиум дека за време на разговорите меѓу иранските претставници и катарските посредници во средата биле значително намалени клучните разлики. Иранската агенција Фарс првично негираше дека е постигнат договор, но наведе дека постои ...
Мурињо ќе ја преземе екипата на 13 јули кога тимот ќе ги започне подготовките за новата сезона, а за неговиот ангажман мадридскиот клуб ја активирал откупната клаузула од 15 милиони евра која беше вклучена во неговиот договор со Бенфика. За 63 годишниот тренер ова ќе биде втор мандат на „Сантијаго Бернабеу“, откако претходно го водеше Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година. Португалецот пристигнува од Бенфика, каде што не успеа да ...
Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорот 8 и коридорот 10 и кракот 10-д, потенцирајќи дека на среден и долг рок овие инвестиции ќе придонесат за одржлив економски развој и регионална поврзаност, соопшти Министерството за транспорт. Изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д, се реализираат со засилена динамика, истите ќе мултициплираат развој на регионот, ќе ...
„Додека сум претседател на Собранието и пратеник, а и кога нема да бидам, секогаш ќе работам на подигнување на достоинството на Собранието и на функцијата пратеник затоа што сум убеден дека на тој начин најдобро ѝ помагам и на државата и на зајакнувањето на нејзините институционални капацитети. Тоа е чин на државност. Затоа мислам дека со тоа што сме склони да напаѓаме сѐ што прават пратениците не ѝ правиме услуга на државата. Не велам дека ...
Со оваа соработка, двете компании ги обединуваат дигиталните решенија, современата технологија и флексибилните финансиски услуги со цел да им овозможат на корисниците искуство со уникатни бенефиции и можности. Првата заедничка понуда е наменета за сите љубители на спортот, филмовите и квалитетната телевизиска содржина. Корисниците кои ќе активираат или обноват MOVE пакет на 24 месеци, ќе можат да купат Samsung телевизор со ексклузивен попуст ...
„Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р. од Прилеп и патничко возило фолксваген голф со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М. од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило шкода и 42-годишната Б.Б. ...
„Особено загрижува фактот што во анализата целосно се игнорира контекстот во кој беше спроведена постапката. Станува збор за вонредна состојба предизвикана од воени дејствија и директна закана по безбедноста на македонските граѓани затекнати во кризното подрачје. Постапката беше спроведена, во согласност со законските прописи, врз основа на заклучоци на Владата и со единствена цел – навремена и безбедна евакуација на нашите државјани“, се ...
Но, тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар Мајка Тереза, со оглед на тоа што дури и веднаш да почне да се прави, ќе бидат потребни најмалку четири години за новиот клинички да биде завршен. Министерот подвлече дека тој временски период не е мал и додаде дека таму каде што сега се вложува, нема да се руши просторот, па, оценува дека не е грешка да се инвестира. „Не е трошење пари за ...
Селекторите Хавиер Агире и Хуго Брос ги објавија стартните состави за првиот натпревар на Мундијалот, а во очи паѓаат неколку важни одлуки кај домаќинот. Во почетниот тим на Мексико нема место за Едсон Алварез, додека напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, ќе ја чека својата шанса од клупата. Меѓу резервите е и искусниот голман Гиљермо Очоа. Мексико ќе настапи во формација 4-1-4-1: Рангел; Рејес, Монтес, Васкез, Гаљардо; Лира; Алварадо, ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека теренот бил исклучително непристапен, со густа и сува вегетација, трње и грмушки, додека силниот ветер дополнително го забрзал ширењето на огнот. „Пожарот избувна во непосредна близина на викендички и за кратко време се прошири со силен интензитет. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите и добрата координација на локалните власти, пожарот беше ...
Фудбалерот кој зад себе има богата и успешна кариера отворено зборува за своите почетоци, најважните моменти од професионалниот пат и искуствата стекнати низ годините во Македонија и странство. Велковски првпат го привлече вниманието на македонската фудбалска јавност како 16-годишник во дресот на Работнички, кога настапи против италијанскиот гигант Лацио. Кариерата ја започна во Македонија Ѓорче Петров, продолжи во Работнички под водство на ...
Во изјава за медиумите, директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, истакна дека во работната група членуваат експерти од областа на животна средина и шумарство. „Во експертската група има луѓе кои се долгогодишни пријатели на Националниот парк и кои работеле научни трудови посветени на Националниот парк. Очекуваме квалитетни решенија и заклучоци кои ќе бидат испратени до Владата на Република Македонија, а потоа ќе се ...
Како што е наведено, станува збор за кинески уред кој користи технологија на динамично магнетно лебдење, во која роторот на пумпата е „закачен“ во магнетно поле и истовремено се движи ротационо и вертикално, со што се намалува ризикот од згрутчување на крвта, пренесува Интерфакс. Според центарот, операциите биле извршени под надзор на експерти од еден од најголемите центри за кардиологија во Кина, кои имаат најголемо искуство во примената на ...
Покрај таа забрана, оваа година владата издвои 555 милиони шведски круни, или 59 милиони долари, како дел од новите средства за купување учебници и прирачници за наставниците. Политиката за враќање кон книгите беше поттикната од падот на писменоста за читање. Во Програмата за меѓународна проценка на учениците за 2022 година, најновата студија на Организацијата за економска соработка и развој, 24,3 проценти од шведските деветтоодделенци не ...
„Во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125цм3 (категорија А1 со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за А1 категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да ...
„Нелегалните и криминални напади на Соединетите Американски Држави во изминатите неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните правила на меѓународното право за почитување на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на државите, туку и го направија прекинот на огнот постигнат на 8 април практично бесмислен“, се наведува во официјалното соопштение на министерството, кое го ...
Босна и Херцеговина утре го започнува настапот на Светското првенство, а еден од најважните играчи во тимот е Ермедин Демировиќ. Напаѓачот, кој беше под притисок во претходниот период, очекува да блесне на најголемата сцена. „Ова е нешто што посебно го доживуваме. Едвај чекаме да почне“ – изјави Демировиќ, истакнувајќи ја благодарноста за поддршката од навивачите. „Нема многу репрезентации со таква поддршка. Таа ќе ни биде дополнителна сила ...