Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Отворањето истрага доаѓа откако Министерството за социјална политика, демографија и млади призна дека инспекцијата што ја направило Министерството за начинот на постапување во предметот за семејно насилство од Стојанче Јовановски кон сопругата Ивана и шестгоришната ќерка Катја, содржи недостатоци и неправилности во постапувањето на Центарот за социјални работи (ЦСР) Скопје, за што се води постапка и изрекување инспекциски мерки. Дополнително, ...
Според статија објавена на Јаху, лекарите дискутираат за научната основа и практичните придобивки од двата пристапа. „Не постои универзално најдобро време за туширање. Постои само „подобро“ време, во зависност од вашите потреби или цели“, објаснува д-р Мајкл Чичак, општ лекар во Охајо. Предности на вечерното туширање: Подготовка за регенерација и спиење Вечерното туширање се препорачува за лица со сува кожа или проблеми со спиењето. Д-р Ерик ...
На последното рочиште од судењето на кардиохирургот Жан Митрев се случи нов скандал. На рочиштето се вршеше распит на сведок – оштетена Имиѓил Шахини, која прашана од судот изјави дека не го разбира македонскиот јазик и бара преведувач за да го даде исказот. Давањето исказ се одвиваше преку овластен судски преведувач од македонски на албански јазик. Одбраната го посочи Записникот за сослушување на овој сведок составен на македонски јазик и ...
Парламентот со 120 места имаше рок до полноќ во четврток да избере претседател, но владејачката партија Ветевендосје на премиерот Албин Курти не успеа да го обезбеди потребниот кворум или да ги придобие опозициските пратеници зад својот кандидат, министерот за надворешни работи Глаук Коњуфца. „Парламент кој не е во можност да избере претседател не може бесконечно да го одолговлекува процесот, што е намерата сега“, рече Османи. Опозициските ...
На стадионот „Петар Милошевски“ се одигра цврст и израмнет натпревар со мал број вистински шанси, па конечниот исход 0-0 на крајот се покажа како најреален епилог. Во првото полувреме поиницијативен беше Пелистер, а најопасен пред голот на гостите беше Лука Булатовиќ кој се закани во две ситуации. Во продолжението Силекс ја презеде контролата на теренот и создаде неколку добри можности, но Мирчевски и Пиреш не успеаја да ја затресат мрежата. ...
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд 5 литри на квадратен метар наврна во Скопје-Петровец, 4 во Велес, 3 во Тетово, Прилеп, Тополчани, Попова Шапка и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Демир Капија, Берово, Крушево и Маврови Анови, и по 1 литар во Охрид, Претор, Виница, Лазарополе и Пожаране. Највисока снежна покривка од 71 сантиметар има на Попова ...
Бахреин треба да биде домаќин на четвртата трка од новата сезона, викендот од 10 до 12 април е предвиден за тој настан, а една недела подоцна треба да се вози трката во Саудиска Арабија. Но, по воениот напад на САД и Израел и жестокиот одговор од Иран кој нападна повеќе земји во Блискиот Исток, неизвесно е дали овие трки воопшто ќе се одржат. Во Манама, главниот град на Бахреин, беше погодена американска поморска база во областа Џуфер, област ...
Трамп исто така откри дека се преземаат чекори за да се осигури дека неговите потенцијални кандидати ќе го преживеат конфликтот. „Сакаме да влеземе и сè да исчистиме“, рече Трамп во телефонски разговор, пренесува Ен-би-си њуз. Во друго интервју за Аксиос, Трамп изјави дека мора да биде вклучен во изборот на следниот лидер на Иран. „Не ни треба некој што ќе се занимава со обнова во следните десет години“, рече американскиот претседател. ...
Санацијата на една од најопасните еколошки „жешки точки“ во земјата, контаминираната локација на поранешната хемиска фабрика ОХИС влегува во нова фаза, откако 28 домашни и меѓународни компании покажаа интерес да учествуваат во продолжувањето на чистењето на малата депонија со линдан. На „Форумот за јакнење на капацитетите на добавувачите“, организиран од Владата и УНОПС, компаниите беа запознаени со условите и процедурите за претстојните ...
Станува збор за иницијатива на светско ниво на регулаторите, давателите на финансиски услуги и на другите учесници во финансискиот екосистем, насочена кон активности коишто треба да придонесат за полесен пристап до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени. Во рамки на активностите на Кодексот, во октомври 2025 година, Народната банка првпат објави преглед на податоците за пристапот до кредити на ...
Научниците велат дека оваа навика може да го подобри крвниот притисок, срцевиот ритам и контролата на шеќерот во крвта, дури и без да го намали вкупното внесување на калории. Студијата, спроведена од истражувачи од „Нортвестерн медисин“, ги следела луѓето со зголемен ризик од кардиометаболни заболувања. Кога учесниците престанале да јадат најмалку три часа пред спиење и го продолжиле ноќниот период на постење на околу 12 часа, биле забележани ...
„Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат“, објави претседателот на Владата на Фејсбук. Во објавата на неговиот Фејсбук-профил, премиерот Мицкоски напиша дека состојбата и натаму будно ќе ...
Наставниот кадар од Институтот за педагогија во писмо до Бирото за развој на образованието (БРО) и до медиумите наведува дека изоставувањето на предметот Педагогија од гимназиското образование е „систематско потиснување на воспитната димензија во образованието.“ „Во услови на изразени општествени, морални и вредносни кризи, како и со зголемени предизвици поврзани со однесувањето на младите, менталното здравје, насилството и социјалната ...
Досега загинаа шестмина Американци, а заливските сојузници се нападнати. Берзите се нестабилни, цените на горивата растат, а американската војска, според некои проценки, троши стотици милиони долари дневно. Во воздушниот напад врз основното училиште за девојчиња во Иран беа убиени 175 лица, објавија локалните здравствени службеници и иранските државни медиуми, додека администрацијата на Трамп тврди дека истражува кој е одговорен за нападот. ...
Извештајот ги презентира предизвиците со кои се соочуваат Ромките при пристапот до пазарот на трудот, формите на дискриминација што ги доживуваат, достапните механизми, како и препораки за подобрување на институционалниот одговор и унапредување на еднаквоста. „Промоцијата ја организираме во пресрет на 8 март- Меѓународниот ден на жената, со цел да се потсетиме на значењето на еднаквоста, недискриминацијата и заштитата на правата на жените, ...
Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло е на ...
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во следните два дена ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со ...
Во десет минути по полноќ бил прекинат товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на граничен премин Деве Баир, поради технички проблеми со системот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
„Вечерва пристигна првата група наши сограѓани од Израел, кои беа евакуирани преку Египет. Таму беше целосно организиран превоз за нив од страна на амбасадата. Во Израел остануваат уште седуммина граѓани кои во моментов не се расположени за евакуација, односно чекаат да се ослободи воздушниот простор и евентуално да се вратат подоцна со приватен лет преку приватна компанија“, изјави Димитровски. Нагласи дека се прават напори најдоцна до ...
Иранските власти ги обвинија Соединетите Американски Држави и Израел за нападот, но ниту една земја не ја презеде одговорноста. Израел соопшти дека нема сознанија за какви било операции во областа, додека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет кажа дека Вашингтон сè уште го истражува инцидентот и „никогаш нема да таргетира цивилни објекти“. Независната верификација на деталите е попречена од прекинот на интернетот во Иран. Нападот, ...
Дури и пред операцијата против Иран, производствените тесни грла во системот на „патриот“ ги испразнија украинските резерви и ги ставија европските сојузници на повеќегодишни листи на чекање. Поради ова Русија повремено правеше дупки во украинската воздушна одбрана, ја погодуваше енергетската инфраструктура и предизвикуваше прекини на електричната енергија во градовите. Соединетите Американски Држави и земјите од Персискиот залив испукаа ...
Техеран одговори на американските и израелските напади со проширување на конфликтот надвор од Блискиот Исток, лансирајќи ракети и беспилотни летала чиј ефект одекнува на глобалните енергетски пазари, ги вознемирува престолнините од Вашингтон до Пекинг и го парализира бродскиот сообраќај, кој пренесува 20% од светската понуда на нафта низ Ормускиот теснец. Иранските ракети стигнаа до Кипар, Азербејџан, Турција и земјите од Персискиот Залив, ...
„Средбата мина во отворен и конструктивен разговор за бројни прашања поврзани со културниот и општествениот живот на македонската заедница во Албанија, за нашите предизвици, но и за можностите за зајакнување на соработката и афирмирање на нашиот идентитет“, информираше Симонофски. Додаде дека на средбата разговарале за важноста од зачувување и промоција на македонскиот јазик, културата и традицијата, како и за потребата од организирање повеќе ...
Како што се одвиваше натпреварот, речиси и никој не веруваше дека Пелистер може да избегне пораз, но битолчани наспроти сите очекувања дојдоа до забележителен резултат. „Одигравме феноменален натпревар, можам само да им честитам на моите момци. Покажавме карактер и кога губевме со два гола на минута ипол до крајот, верувавме дека можеме да се вратиме. На почетокот бевме неровзни и правевме грешки, кои според мене не се грешки, туку глупости, ...
Одлуката доаѓа по жестоките сослушувања во Конгресот, каде што Ноем беше остро критикувана од демократите и дел од републиканците за спроведувањето на имиграциската политика на администрацијата. Ноем ќе ја напушти функцијата, со што станува првиот член на кабинетот што си заминува во вториот мандат на Трамп. Таа беше под силен притисок поради протестите и судските тужби поврзани со имиграциските мерки, како и поради критики за управувањето со ...
„Министерството целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје“, напиша министерот Муцунски на Фејсбук. Станува збор, како што вели, за процес што бараше сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции. Тој информираше и ...
Додека Хегсет порачува дека Соединетите Американски Држави ги „забрзуваат“ нападите во Иран, новинарите што го следат Пентагон велат дека не добиваат одговори на клучните прашања за воените операции. Еден од новинарите ја сумираше ситуацијата со зборовите: „Има многу чукање во гради, но помалку конкретни податоци“, пишува Си-ен-ен. „Поради недостигот од информации, војната стана еден вид црна кутија“, кажа друг извор. Иако армиите секогаш ...
Албанската новинска агенција ИНА, повикувајќи се на документите на ЦИА, ја открива внимателната дипломатска игра на Глигоров во раните 1990-ти години. Во документ од ноември 1992 година, од кој е тргната ознаката на тајност, се изнесуваат детали за тоа во која насока се движела Македонија како новоформирана држава по отцепувањето од поранешна федерална Југославија, со новиот лидер, кој доаѓал од Белград. „Во време кога регионот тонел во ...
Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на аеродромот патниците ќе ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. Во останатите подрачја погодени од воениот конфликт до денес 505 македонски граѓани се обратиле до амбасадата во Абу Даби, 31 лице во Кувајт, 14 лица во Бахреин и 141 лице во Доха. „Во следните денови се очекува да започне реализацијата на ...
Шпанскиот чувар на мрежата ќе мора на операција на левото колено и поради тоа нема да биде во комбинација за настап во преостанатиот дел од сезоната. Тоа значи дека Валенсија ќе се потпре на Димитриевски на голот во наредниот период. Македонскиот голман претходно беше во втор план поради клаузула во договорот за позајмица на Агирезабала од Атлетик Билбао, но по повредата ситуацијата во клубот значително се промени. Димитриевски досега оваа ...