Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.577.429.000 денари, за 41,8 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (71,5 проценти) ...
Канани за англискиот портал Експрес издвоил три телесни симптоми кои можат да укажуваат на дијабетес тип 2, а најизразени се токму во утринските часови. „Може да забележите зголемена жед, чувство на глад или потреба за често мокрење“, објаснил тој. Прекумерната жед, стручно наречена полидипсија, е еден од првите симптоми на дијабетес. Иако повремената жед е нормална појава, постојаната или невообичаено силна жед – дури и по внесување течности ...
На прес-конференција, Петрушевски рече дека според информации добиени од свиркачи, лицето кое го посочи како Богац преку комуникација на „Вибер“ со лице по име Џемо наводно го договарал тендерот, а примениот износ од 2.000 евра бил прва од неколкуте исплати кои требало да ги добие. Според него, Јавното обвинителство треба да ги провери наводите дека Богац требало да добие 10 проценти од вредноста на тендерот, односно околу 1,8 милиони денари. ...
Случајот e откриен од царинските службеници кои извршиле претрес на возилото во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL. Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на ...
За 5 години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи врз основа на тендер стар 21 година и договори кои се „доверливи“. Изработката на пасоши, лични карти и возачки дозволи во последните пет години го чинело МВР 29 милиони евра, а за добивање на овие документи граѓаните платиле 73 милиони, односно 44 милиони евра повеќе. Најголем дел од 73-те милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 ...
„Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа“, истакнува Алиу. Министерот нагласува дека ...
По двете гостински победи, Њујорк имаше прилика пред своите навивачи да поведе со 3-0 и да дојде на чекор до титулата, но Вембанјама и соиграчите не дозволија тоа да се случи. Сан Антонио одлично го стартуваше мечот и ја доби првата четвртина со 33-22. Но во вториот период Њујорк почна да ја топи негативата и комплетно го сврте резултатот, на полувремето водеа со 64-57. Неизвесноста продолжи во второто полувреме, во третиот период Спарси го ...
За време на средбата, како што информира кабинетот на Славески, беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на засилена неизвесност во меѓународното окружување. Воедно, беа споделени искуства поврзани со спроведувањето на монетарната политика и зачувувањето на финансиската стабилност. „Во текот на разговорите им беше посветено внимание на ...
Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации. На состанокот што е закажан за 12 јуни, претставници на Европската комисија заедно со министрите од државите од Западен Балкан ќе се разгледуваат различни аспекти поврзани со процесот на приближување кон европските дигитални иницијативи. Со приклучувањето кон оваа иницијатива ќе се овозможи подобра ...
Кавадаречкиот клуб го потврди Богатинов и најави високи амбиции за следната сезона. „Со големо задоволство му посакуваме Добредојде на Оливер Богатинов во ГФК Тиквеш 1930. Постигнавме договор за двегодишна соработка со тренер чие искуство, професионален пристап и кариера изградена во високо конкурентни фудбалски средини претставуваат значајно засилување за нашиот клуб. Ова не е одлука донесена за краткорочен успех, туку чекор кој целосно се ...
Возачите кои патуваат кон Халкидики, аеродромот „Македонија“ или источните делови на Солун се советуваат навреме да се информираат за состојбата на патиштата и да предвидат дополнително време за патување, особено во периодите на викенд-гужвите. Од утре во 23 часот до недела, 14 јуни, во 23 часот, делот од обиколницата за Халкидики ќе биде целосно затворен во двете насоки во текот на два дена, па се очекуваат поголеми метежи и забавен ...
Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот ...
Tогаш, каков сендвич најчесто избираш? Ако сакаш многу кашкавал и растопени додатоци, тогаш најверојатно си човек што знае да ужива. Сакаш полн вкус, вистинско уживање и мали задоволства што го прават денот подобар. Луѓето како тебе не се задоволуваат со просекот, секогаш бараат нешто повеќе. Ако избираш свежи комбинации со зеленчук и лесни намази, ти си од оние што сакаат баланс во животот. Организиран/а си, знаеш што ти одговара и не сакаш ...
Според проценките на ОН, растот на употребата на вештачка интелигенција ќе доведе до значително зголемување на потрошувачката на електрична енергија. Се очекува дека до 2030 година, потребите за електрична енергија на системите со вештачка интелигенција ќе бидат двојно поголеми од денес и ќе сочинуваат околу три проценти од вкупната глобална потрошувачка на електрична енергија. Покрај тоа, вештачката интелигенција ќе произведува емисии на ...
Според новите цени, референтната вредност на ХПВ генотипизацијата се намалува од 5.500 на 3.310 денари, односно за 39,8 отсто. Истовремено, партиципацијата за пациентките се намалува од 550 на 350 денари. Кај ликвид ПАП цитологијата, цената се намалува од 2.200 на 1.250 денари, односно за 43,2 проценти, додека партиципацијата се намалува од 250 на 150 денари. Конвенционалниот ПАП тест останува на постојната цена од 600 денари, без промена. Од ...
На програмата на манифестацијата се заедничко читање на македонска и бугарска поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји, книжевен портрет на истакнатиот македонски автор Јовица Ивановски, како и посета на куќата за литература и превод во Софија. „Во изминатите петнаесетина години во организација издавачката куќа ‘Макавеј’ и МКИЦ во Софија беа одржани 15 изданија на Македонската книжевна визита на која ...
„Manchevski: Fiction and Non-Fiction“ содржи поезија и проза од Манчевски, негови теоретски размислувања за природата на уметничкиот процес, серија длабински италијански интервјуа со него и сѐопфатна уметничка биографија и анализа на опусот. Покрај тоа што претставува своевиден водич низ досегашното филмско и уметничко творештво на реномираниот македонски режисер, овој кардинален опус ги истражува и границите меѓу фикцијата и документарниот ...
Во време кога јазикот и идентитетот сè уште знаат да бидат предмет на премолчување, притисок и политички калкулации, од печат наскоро ќе излезе книга што не може да се прочита само како книжевен настан. „Раскинување на договорот“/ „Λύση Συμβολαίου“, дебитантската стихозбирка на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас, отвора едно од најчувствителните прашања во современиот македонско-грчки културен простор: што значи еден Грк, без македонско ...
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов синоќа на вонредната прес-конференција изјави дека пожарот се ширеше по непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеа да ги видат огнените јазици, како се доближуваат над градот Штип, поточно над населбата Кадидаре. „Заради силниот ветер и непристапниот терен зафати одредени ридови, кои што се веднаш до неколку населби во Штип. Веднаш екипите на ТППЕ заедно со членовите на доброволното ...
Во фокусот на разговорот со Јотова, како што вели, беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. „Изразивме различни ставови за можните решенија за отпочнување на македонските пристапни преговори“, информира Сиљановска Давкова. Таа укажа и на неопходноста од интензивирање на комуникацијата меѓу училиштата, универзитетите, научните и културните институции, невладините организации и граѓаните заради надминување ...
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и пад на дневните температури од 21 до 28 степени. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава ...
Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните скандали и огромното незадоволство кај земјоделците. Со интерпелацијата се бараше политичка одговорност и оставка од Трипуновски. Владејачкото мнозинство ја квалификува интерпелацијата како ...
Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите ...
Според изворот, американските залихи на оружје и муниција се намалуваат поради агресијата врз Иран и другите неодамнешни воени дејствија. Затоа, администрацијата сака да соработува со производителите за да најде начин што побрзо да ги обнови залихите и да ги зголеми производствените капацитети со цел да одговори на сегашните и идните потреби. Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војната против Иран е „далеку од ...
Истовремено постојат сугестии од неговата владејачка Српска напредна партија дека треба да ја продолжи својата политичка кариера како премиер, со оглед на тоа што според Уставот, не може да се кандидира за претседател трет пат. На прашањето дали планира да поднесе оставка за три до четири месеци, Вучиќ за Радио Белград кажа „можеби дури и порано“ и дека секој ден размислува да се кандидира за премиер. „И нема да им кажам на луѓето дека го ...
Како што соопштија попладнево од МВР, делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, предводена од помошник на министерот, м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржала работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот била пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата, Клевис ...
„Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. За да им дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните измени туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија. Толку можам засега да кажам“, изјави претседателката Сиљановска – Давкова. Македонската делегација ...
Според календарот новата сезона почнува 25 јули, а првиот дел од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што следува редовната зимска пауза. Вториот круг од натпреварите во домашното првенство продолжува на 13 февруари, 2027 година, а последното 36. коло во шампионатот е на програмата на 23. мај. Според календарот новата сезона почнува 25 јули, а првиот дел од натпреварувањето завршува со 18. коло на 13 декември по што ...
Од таму информираат дека дел од новоименуваните претседатели се искусни кадри со придонес во локалните заедници, додека дел се нови лица кои, како што велат, ќе донесат свежина и нова динамика во работата на општинските комитети. Партијата нагласува дека со овие кадровски промени продолжува со своите активности насочени кон подобрување на животот на граѓаните на локално и централно ниво. Во продолжение се објавени новите претседатели на ...
„И најлесниот начин на кој ние можеме да се движиме напред и да ги решаваме нашите меѓусебни прашања е доколку Бугарија ги отвори вратите и дозволи ние да ги почнеме преговорите и да знаеме дека сите предизвици може да се решат, но да бидат принципиелни предизвици. А за прашања, ќе повторам, поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, оваа Влада не е подготвена ниту да преговара ниту да разговара за нив“, рече Муцунски. Како што јави ...