Македонија имаше одлично отворање на мечот, првата четвртина ја добивме со 28-23, а предноста од пет поени ја задржавме и во вториот период, на одморот се замина со водство за нашите кошаркари од 46-41. Но, работите се променија во вториот дел. Босанците почнаа да ја топат негативата и го свртеа резултатот, на крајот дојдоа до победа од 86-75. Најефикасен во македонскиот состав беше Григориј Ѓорѓевиќ со 21 поен, четири скокови и четири ...
Македонската репрезентација до 16 години со одлична игра и голем пресврт ја совлада Унгарија со 95-76 и обезбеди пласман во натпреварот за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Нашите кадети имаа тежок почеток на натпреварот и во вториот период се најдоа во негатива од 18 поени (33-51). Сепак, избраниците на селекторот Дејан Стојановски покажаа карактер и со одлична игра во продолжението целосно го свртеа текот на мечот. ...

