Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Пјонгјанг планира да испрати уште 50.000 севернокорејски војници во Русија за борба против Украина. Ким Јо-џонг, која извршува висока функција во владејачката Работничка партија на Кореја, во изјава за Корејската централна телеграфска агенција (КЦТА) ги оцени проценките на Зеленски како „неосновани“ и ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години. – Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 ...
Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али заедно со противпожарните екипи на терен, ја следи состојбата и координацијата на активностите, со цел навремено да се реагира и да се спречи понатамошното ширење на пожарот. ...
Катерина Блажевска Додека во македонската јавност се поставуваат прашања дали и каков дијалог се води со Бугарија, под или надвор од радарот, од јавно достапните соопштенија извесно е дека од страна на Софија во моментов најмногу се води разговор на една тема: Ива Михаилова. Ретко се случува на страницата на бугарското МНР да се видат последователни соопштенија на една иста тема, како што е во случајот со младата девојка од Кочани, која ...
Невообичаена природна појава позната како „морски чад“ од вчера ги „покри“ со магла дел од Кикладските Oстрови, предизвикувајќи намалена видливост и во морските подрачја, но и на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. „Морскиот чад“ („sea smoke“) е природна појава што се создава кога многу студен воздух поминува над релативно топла морска вода, при што топлата вода испарува, а влагата веднаш се кондензира во студениот воздух, создавајќи ...
Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денеска Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел зајакнување на ...
Резултатите од анализата на водата во Гостивар побарајте ги од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ и од вашиот градоначалник Валбон Лимани – велат од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ денеска повторно ја повика власта да ги објави резултатите од анализата на водата во Гостивар, кои укажуваат дека таа е безбедна за пиење. Од владејачката партија велат дека секое испитување е директна надлежност на ЈП „Комуналец“-Гостивар. „Така што по ова прашање, ...
Сашо Клековски денеска излезе со дел од анализите за водата во Гостивар и веднаш ги прати граѓаните кај други. Што е направено по барање на ЦУК, АХВ и ЈП „Комуналец”, рекол, е нивна сопственост. Барајте ги резултатите од нив. Министер за здравство што покажува врата. Тоа не е одговорност. Тоа е „скретничар”, пренасочувач. Тој веќе еднаш се пренасочи, скршна. Додека Гостивар пиеше отруена вода, додека се ширеше жолтицата и западнонилската ...
Турското Министерство за образование со нова наредба објавена денеска ги задолжи сите наставници во образовните институции под негова надлежност да носат мантили слични на оние што ги носат медицинските работници, почнувајќи од новата учебна година во септември, објави порталот „Хаберлер“. Според наредбата, белите мантили со логото на Министерството ќе бидат задолжителен дел од облеката што наставниците ќе ја носат врз цивилната облека. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе прими раководители од криптосекторот, во период кога американските финансиски регулатори преземаат нови чекори кон воспоставување регулаторна рамка за одредени дигитални средства. Според официјалниот распоред на претседателот, Трамп подоцна денеска треба да даде изјава заедно со претставници на технолошкиот сектор. „Семафор“ објави дека на состанокот ќе присуствуваат ...
Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс по само една сезона мината во Манчестер Сити го напушта премиерлигашот. Англискиот клуб го потврди трансферот на нивниот играч во редовите на Ал Кадсија во Саудиска Арабија за сума од 60 милиони евра. Рејндерс во Манчестер Сити пристигна од 2025 година и одигра 50 натпревари и постигна седум голови. Во редовите на „граѓаните“ освои два купа – Лига купот и ФА купот. Холанѓанецот упати голема ...
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на владата да подготви програма за обновување на логистичките бази и складовите што беа оштетени или уништени во украинските воздушни напади. Од 18 јули украинските сили со дронови нападнаа повеќе од 20 складови на водечката руска компанија за онлајн трговија „Вајлдберис“ (Wildberries). Во експлозиите и пожарите предизвикани од нападите беше уништен голем дел од нејзините логистички центри. Путин ...
Бугарскиот Министерски совет донесе одлука за подготовка и спроведување на изборите за претседател и потпретседател на Република Бугарија, коишто ќе се одржат на 25 октомври 2026 година, соопшти владината прес-служба. Со одлуката му се наложува на министерот за иновации и дигитална трансформација да ја координира организациско-техничката подготовка на изборите, вклучително и со Централната изборна комисија да ги усогласи условите и начинот ...
Орце Ѓорѓиевски нема одговор за епидемијата, па ја напаѓа СДСМ. Не ја прогласивме ние епидемијата во скопските општини. Не ги однесовме граѓаните ние на Инфективна. Тоа се случи во градот што тој го води. Заклучно со 18 август има 38 заболени и четири починати. Триесет и седум случаи се од Скопскиот регион. Починатите се мажи од 62 до 83 години од Скопје. Ако прскањето од 7 мај било толку успешно, зошто токму Скопје е епицентар? ...
Околу половина од нафтата што моментално се произведува во Венецуела се извезува во САД – изјави заменик-министерот за енергетика на САД, Кајл Хауствајт, наведувајќи дека земјата дневно произведува околу 1,25 милиони барели нафта. – Во изминатите неколку месеци повеќе од 500.000 венецуелски барели, односно приближно половина од производството на таа земја, се испорачуваат во САД, во рафинерии изградени токму за тој вид нафта – изјави ...
– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат ...
– Компанијата „Мета“ на почетокот на историскиот судски процес ги отфрли обвинувањата на американските сојузни држави дека намерно се обидувала да создаде зависност кај децата од нејзините социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм за да оствари профит. Група од 29 сојузни држави ја тужи „Мета“ и бара потенцијални казни од повеќе стотици милијарди долари, како и промени во деловните практики на компанијата. Четири држави коишто ја претставуваат ...
Центарот со управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...
– Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Куршумлија изјави дека српските вооружени сили наскоро ќе располагаат со 40 борбени авиони, оценувајќи дека состојбата на српската воена авијација денес е неспоредливо подобра во споредба со периодот пред 12 или 13 години. За време на посетата на фабриката „Јумко“ во Куршумлија, Вучиќ се присети на периодот кога бил министер за одбрана и кога српските вооружени сили располагале само со еден ...
– Германскиот канцелар Фридрих Мерц „најостро ги осудува“ изјавите на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој оваа недела изјави дека Израел треба да убива по „30 или 40“ луѓе „секоја ноќ во Газа“, соопшти денеска портпаролот на германската Влада, Себастијан Хиле. Мерц „најостро ги осудува нехуманите повици на министерот Бен-Гвир што се спротивни на меѓународното право“, изјави Хиле на редовната прес-конференција во ...
Град Скопје информира дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот. Покрај авионското прскање, од 23 до 26 август е предвидена и терестична дезинсекција. – – Терестичната дезинсекција ќе се спроведува во периодот од 22.00 до 03.00 часот наредниот ден, соопшти Град Скопје. Од градската администрација посочуваат дека реализацијата на активностите ќе зависи од ...
Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција, се наведува во соопштението од ВЛЕН што МИА го пренесува интегрално. Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна ...
Иран ќе повлече таков потег доколку американскиот претседател Доналд Трамп одлучи повторно да ја ескалира војната и да нареди напади врз иранската инфраструктура, тврдат извори блиски до властите во Техеран за „Фајненшл тајмс“. – Ако САД отидат предалеку, Иран ќе се брани по секоја цена; ќе излезе надвор од регионот и ќе ја нападне и Европа – изјави еден од изворите, нагласувајќи дека Техеран нема намера да поставува какви било ограничувања ...
Не успеваме насекаде да стасаме, затоа апелирам до граѓаните кои имаат куќи или викендици во напуштени или полунапуштени села, да го изораат или ископаат дворот, да направат земјен појас, земјата не гори. Aко дворот е изоран, ако е земјен, ако нема вегетација, викендицата ќе биде заштитена, вели Ангелов Имаме контрола над пожарите од аспект на загрозеност на населените места, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...
Неколку жени кои биле на интервју за работа во француското Министерство за култура го обвинија поранешниот висок службеник Кристофер Негре дека ги дрогирал и сексуално ги напаѓал за време на разговорот за вработување. Анаис де Вос е една од речиси 250 жени кои веруваат дека биле жртви на Негре во периодот помеѓу 2009 и 2018 година. Таа се присетува на нејзиното интервју во јули 2011 година, кога прифатила кафе од службеникот. Таа објаснува ...
Најновата лудост за долговечност во Европа поттикна брзорастечки сив онлајн пазар за неодобрени истражувачки хемикалии, поттикнат од возбудата на социјалните медиуми и ветувањето за подолг живот. Додека пациентите пристигнат во ординацијата на Себастијан Ван Каувенберг во Бриж, многумина веќе поминале недели гледајќи видеа за пептиди, мали ланци на аминокиселини, градежни блокови на протеини.Тие се вообичаено во своите 40-ти и 50-ти години. ...
Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката која останала парализирана по втор царски рез, дали има лекарска грешка или не. – Јас ја формирав комисијата за стручен надзор. ...
МВР информира дека вчера попладне во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и ...
Пожар изутрината избувна на депонијата „Буково“ во Охрид, на дел што подолго време не се одлага комунален отпад. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипи на претпријатието заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи неговото понатамошно ширење. Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека ...
Две групи се тепале во скопски Сингелиќ, а во насилството биле употребени и кундак од пиштол и метален предмет. Инцидентот се случил вчера доцна попладнето. – На 18.08.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 18:45 часот на плац во населба Сингелиќ во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(28) и неговиот малолетен син од една страна и Ф.С.(28) и Б.С.(66) од друга ...