Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Државното знаме е еден од најзначајните делови во комплексот на државотворноста, уставотворноста во тертиторијално поделената меѓународна заедница. Знамето ја обележува и идентификува самобитноста на субјектите во светот и истовремено го маркира идентитетот на државите и на групите во нив. Заради тоа неговото значење како социјална компонента и обележје на поединечните државни творби е јасно верификувано во сите политички носечки документи на ...
Од МВР информираат дека се поднесени кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, поради сомнеж дека сториле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари. -СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување ...
Еден човек загина, а двајца полициски пилоти се повредени при судир во воздух меѓу мал авион и полициски хеликоптер над аеродромот Карлајл во округот Камберленд, во централниот дел на американската сојузна држава Пенсилванија. Во несреќата учествувале мал авион „Цесна 150“ и хеликоптер „Бел 407“ на полицијата на Пенсилванија. Загинал пилотот на „Цесната“, за кого се претпоставува дека бил единственото лице во авионот. Helicóptero policial y ...
Како што инфомираше синоќа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, во гаснењето на овој пожар кој е најголем на територијата на државата оваа година, на помош ќе пристигнат и екипи од Неготино и скопската противпожарна бригада кои ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на селото Крушевица Вкупно 37 пожари се регистрирани на територијата на државата во изминатото деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот ...
Денко Малески На разделбата на аеродромот во Будимпешта каде што, со група студенти од Македонија, долетавме со мал авион по посетата на Кишињев, Молдавија, Пал Тамаш, унгарски професор и умен човек, ми вели дека брза на многу важен состанок кој го организира Унгарската академија на науките. Беше тоа во 2004, годината кога Унгарија, заедно со уште девет земји на Источна Европа, стана членки на ЕУ. Многу важен состанок, прашувам љубопитно. Да, ...
Од денеска до 27 август во Скопје ќе се одржува Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Проекциите ќе се одвиваат во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Фестивалот почнува вечер во 20:30 часот, во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Приказната во ...
Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект. Засега нема официјални информации за тоа како ...
Јавниот долг на Соединетите Американски Држави вчера достигна рекордни 40 билиони долари, објави Министерството за финансии на САД. Долгот расте побрзо во последните години, а поради повисоките каматни стапки, трошоците за негово сервисирање исто така нагло се зголемија, пишува Си-Ен-Ен. Мајкл Петерсон, извршен директор на Фондацијата Питер Г. Петерсон, предупреди дека со ова темпо, долгот на САД би можел да се искачи на 50 билиони долари за ...
Европол предупреди во 2022 година дека криминалните мрежи сè повеќе го насочуваат отпадот од Западна Европа кон Централна и Источна Европа, дека криминалците користат легални компании за нелегални трансакции со отпад, а УНОДЦ неодамна предупреди дека отпадот завршува во земји со благи казни. На барање на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, вонредна седница на хрватскиот парламент ќе се одржи во денес и утре поради опасен отпад ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Европската централна банка (ЕЦБ) подготвува целосно нов изглед на евро-банкнотите, во рамки на првиот голем визуелен редизајн на единствената европска валута. И покрај сè поголемата употреба на картички и дигитални плаќања, од ЕЦБ порачуваат дека готовината нема да исчезне. За новиот изглед се разгледуваат две теми – европската култура и богатството на природата. Првата би вклучувала личности кои оставиле трага во европската уметност, музика ...
Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори. Тоа е нашата задача и пред граѓаните кои ни ја дале довербата, но и како Влада, да разговараме и тука нема никаква тајна и ќе продолжиме да разговараме – изјави премиерот Христијан Мицкоски, во однос на тоа дали постојат разговори за да се најде решение ...
Повеќе од 48.000 лица се регистрирале за гласање во странство за општите избори во Босна и Херцеговина, соопшти Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК), а пренесе националната телевизија БХРТ. Од вкупно 48.078 регистрирани избирачи надвор од земјата, 45.457 одлучиле да гласаат по пошта, додека 2.621 лице гласачкото право ќе го остварат во дипломатско-конзуларните претставништва. ЦИК одби околу 5.000 барања за регистрација во странство ...
Високо рангиран руски воен генерал процени дека Израел ризикува да престане да постои како држава. Тој тврди дека Тел Авив намерно го ескалира конфликтот на Блискиот Исток за да ги вовлече САД и целиот НАТО сојуз во него, објавува државната новинска агенција ТАСС. Генерал-потполковник Апти Алаудинов, заменик-началник на Главната воено-политичка дирекција на руската армија и командант на специјалните сили Ахмат, изјави за ТАСС дека ...
Русија почна да увезува горива за домашниот пазар поради недостигот предизвикан од украинските напади со беспилотни летала врз рафинериите и зголемената сезонска побарувачка – соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесува ТАСС. – Увозот веќе почна – изјави Новак, без да прецизира во какви количини се увезуваат горивата и кои земји се испорачатели. Вицепремиерот соопшти дека руските власти усвоиле и регулаторни измени со кои се ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија. Оттаму појаснуваат дека поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој ...
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници. -Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...
Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Пјонгјанг планира да испрати уште 50.000 севернокорејски војници во Русија за борба против Украина. Ким Јо-џонг, која извршува висока функција во владејачката Работничка партија на Кореја, во изјава за Корејската централна телеграфска агенција (КЦТА) ги оцени проценките на Зеленски како „неосновани“ и ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години. – Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 ...
Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али заедно со противпожарните екипи на терен, ја следи состојбата и координацијата на активностите, со цел навремено да се реагира и да се спречи понатамошното ширење на пожарот. ...
Катерина Блажевска Додека во македонската јавност се поставуваат прашања дали и каков дијалог се води со Бугарија, под или надвор од радарот, од јавно достапните соопштенија извесно е дека од страна на Софија во моментов најмногу се води разговор на една тема: Ива Михаилова. Ретко се случува на страницата на бугарското МНР да се видат последователни соопштенија на една иста тема, како што е во случајот со младата девојка од Кочани, која ...
Невообичаена природна појава позната како „морски чад“ од вчера ги „покри“ со магла дел од Кикладските Oстрови, предизвикувајќи намалена видливост и во морските подрачја, но и на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. „Морскиот чад“ („sea smoke“) е природна појава што се создава кога многу студен воздух поминува над релативно топла морска вода, при што топлата вода испарува, а влагата веднаш се кондензира во студениот воздух, создавајќи ...
Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денеска Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел зајакнување на ...
Резултатите од анализата на водата во Гостивар побарајте ги од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ и од вашиот градоначалник Валбон Лимани – велат од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ денеска повторно ја повика власта да ги објави резултатите од анализата на водата во Гостивар, кои укажуваат дека таа е безбедна за пиење. Од владејачката партија велат дека секое испитување е директна надлежност на ЈП „Комуналец“-Гостивар. „Така што по ова прашање, ...
Сашо Клековски денеска излезе со дел од анализите за водата во Гостивар и веднаш ги прати граѓаните кај други. Што е направено по барање на ЦУК, АХВ и ЈП „Комуналец”, рекол, е нивна сопственост. Барајте ги резултатите од нив. Министер за здравство што покажува врата. Тоа не е одговорност. Тоа е „скретничар”, пренасочувач. Тој веќе еднаш се пренасочи, скршна. Додека Гостивар пиеше отруена вода, додека се ширеше жолтицата и западнонилската ...
Турското Министерство за образование со нова наредба објавена денеска ги задолжи сите наставници во образовните институции под негова надлежност да носат мантили слични на оние што ги носат медицинските работници, почнувајќи од новата учебна година во септември, објави порталот „Хаберлер“. Според наредбата, белите мантили со логото на Министерството ќе бидат задолжителен дел од облеката што наставниците ќе ја носат врз цивилната облека. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе прими раководители од криптосекторот, во период кога американските финансиски регулатори преземаат нови чекори кон воспоставување регулаторна рамка за одредени дигитални средства. Според официјалниот распоред на претседателот, Трамп подоцна денеска треба да даде изјава заедно со претставници на технолошкиот сектор. „Семафор“ објави дека на состанокот ќе присуствуваат ...
Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс по само една сезона мината во Манчестер Сити го напушта премиерлигашот. Англискиот клуб го потврди трансферот на нивниот играч во редовите на Ал Кадсија во Саудиска Арабија за сума од 60 милиони евра. Рејндерс во Манчестер Сити пристигна од 2025 година и одигра 50 натпревари и постигна седум голови. Во редовите на „граѓаните“ освои два купа – Лига купот и ФА купот. Холанѓанецот упати голема ...
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на владата да подготви програма за обновување на логистичките бази и складовите што беа оштетени или уништени во украинските воздушни напади. Од 18 јули украинските сили со дронови нападнаа повеќе од 20 складови на водечката руска компанија за онлајн трговија „Вајлдберис“ (Wildberries). Во експлозиите и пожарите предизвикани од нападите беше уништен голем дел од нејзините логистички центри. Путин ...
Бугарскиот Министерски совет донесе одлука за подготовка и спроведување на изборите за претседател и потпретседател на Република Бугарија, коишто ќе се одржат на 25 октомври 2026 година, соопшти владината прес-служба. Со одлуката му се наложува на министерот за иновации и дигитална трансформација да ја координира организациско-техничката подготовка на изборите, вклучително и со Централната изборна комисија да ги усогласи условите и начинот ...