Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за МИА. Во однос на ...
По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, спроведена е голема операција против структурирана криминална група, осомничена за трговија со дрога, а парите добиени од криминална активност биле перени од неколку бизнисмени, кои поседуваат значителен дел од земјиштето во Зврнец. -Според судската одлука од 10 јуни, изрече е превентивна заплена од над 128,3 милиони евра како дел од истрагата за случајот Зврнец, ...
Малку бизнис лидери биле толку длабоко вкоренети во популарната култура како Елон Маск, амбициозниот претприемач кој стана централна фигура во интернет културата и собра богатство што го направи првиот билионер во светот, пишува Ројтерс. Во време кога загриженоста за нееднаквоста е голема, а ставовите на јавноста кон ултрабогатите се влошија, Маск успеа да задржи лојални следбеници и покрај неговата стратосферска нето вредност и без народната ...
Електричните тротинети за изнајмување ќе бидат забранети во Брисел од 2027 година, соопштија денеска градските власти. Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели. Во 2025 година, 666 лица биле повредени во Брисел во несреќи во кои учествувале електрични тротинети, што претставува зголемување за ...
Познат професор и екс декан на Правниот факултет, советници од владеачката партија,новинари, првиот човек на македонската „Транспаренси интернатионал, сестрата на директорот на правната служба на лотарија,братот на заменик директорот на лотарија,синот на раководителката на секторот за јавни набавки, На списокот до кој дошол и го објавува портал х има вкупно 37 лица кои редовно на нивната банкарска сметка добиваат по 45 илјади денари месечно а ...
Пред две години, на 30 мај 2024 година, Генералното собрание на ООН ја усвои резолуцијата 78/282 со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 „воздржани“ за одбележување на геноцидот во Сребреница во 1995 година. Резолуцијата, откако наведе дека геноцидот се случил во и околу Сребреница во првата половина на јули 1995 година, „го прогласува 11 јули за Меѓународен ден на размислување и одбележување на геноцидот во Сребреница, кој ќе се одбележува ...
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ е ориентиран кон Кремљ, кон кој, како што рече, се насочени и „неговата љубов и неговиот страв“, додека рускиот претседател Владимир Путин ги злоупотребува и Вучиќ и Србија. – Деспотскиот претседател Путин сака преку Србија да покаже дека една земја може успешно да функционира и надвор од Европската Унија и НАТО. Тоа е многу штетно за континентот и за стабилноста ...
Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија денес објави дека предложило притвор за директорот на приватното средно училиште „Никола Тесла“ од Нови Пазар – Б.Д., кој заедно со уште три лица е осомничен за фалсификување дипломи, со чија продажба стекнале нелегална имотна корист во износ од 20 милиони динари (163.000 евра). Во соопштението се наведува дека Б.Д., како организатор и И.П., В.Ѓ. и М.Н. како членови на криминална група, ...
Синоќа во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар. Како што се наведува во полицискиот билтен, 53-годишниот гостиварец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син. Потоа, пак, со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка. Синоќа во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека информациите што протекоа во јавноста во врска со договорот меѓу САД и Иран немаат никаква врска со условите што биле договорени. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека иранските коментари за договорот не ја одразуваат вистинската состојба. „Тоа што го кажаа, вклучително и нивната слаба и жална изјава за постигнување договор, нема никаква ...
Со воз од Маџари до центарот на Скопје се стигнува за околу пет минути. Но, со автобус на истата релација е потребно подолго време. Ова го покажа споредбената тура што денеска се одржа низ главниот град по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) и таа за градскиот воз. Оваа тура се одржа во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, во организација на „Го грин“, а целта е да се покаже потенцијалот на јавниот превоз ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. -Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а ...
Не знам само од каде го извади оптимизмот и премиерот Христијан Мицкоски, откако само тој од лидерите од Западниот Балкан имал билатерални средби со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон на Самитот во Тиват, Црна Гора. Што се однесува до ЕУ, нема место за оптимизам. Уште долго ќе се влечеме ние со последиците од бугарското вето. При војна во Иран која веќе предизвикува огромна економска криза низ цел свет и при војна во ...
Албанската полиција во градот Елбасан уапсила македонски државјанин, кај кого во комбето што го управувал бил пронајден околу еден килограм хероин, соопштија тамошните власти. Според првичните информации, лицето претходно нелегално ја преминало македонско–албанската граница преку таканаречениот „зелен појас“, каде, како што се наведува, се сретнало со албански државјанин. Случајот бил откриен на патниот правец Булќиза–Либражд, кога возилото ...
Американските власти ги предупредија луѓето што планираат да ги посетуваат Соединетите Американски Држави за натпреварите на Светското фудбалско првенство дека земањето рекреативни дроги може да ги изложи на смртоносни дози на фентанил, моќен синтетички опиоид. „Речиси сите дроги што ги запленуваме денес содржат фентанил, моќен синтетички опиоид кој се пренасочува за употреба како наркотик“, изјави за претставникот на ДЕА за североисточниот ...
Меморандумот меѓу САД и Иран за прекин на војната во Заливот може да биде потпишан уште во недела, изјави западен извор за Ројтерс, а Женева се споменува како најверојатно место за потпишување. Изворот наведе дека текстот на меморандумот сè уште се финализира и дека Иран се држи до својата позиција дека договорот мора да ги прекине и борбите во Либан, каде што Израел се бори против Хезболах, поддржан од Иран. Целта е текстот да се финализира ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три ...
Facebook моментално се соочува со широко распространет прекин, при што илјадници корисници пријавуваат проблеми со пристапот до платформата. Според страницата за следење на прекини IsDown, во последните 24 часа се поднесени повеќе од 5.700 пријави од корисници, а страницата потврдува дека открива активни проблеми со услугата на Facebook од денеска попладне. Се чини дека проблемите влијаат на корисниците во повеќе земји, а САД и Филипините ...
Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази? Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти. На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична ...
Општина Центар информира дека во наредниот период ЈП „Паркови и зеленило“ ќе спроведе активности за сечење и кастрење на дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, согласно решенијата донесени од Град Скопје, по извршен стручен увид на терен. На улица „Ленинова“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, ќе бидат отстранети 25 дрвја, а 74 ќе бидат искастрени. На улица „Мирослав Крлежа“, на потегот од ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред. „Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме ...
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата до Собранието поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со кој се предвидува воведување на две нови државни признанија – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“. На денешната прес-конференција, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека целта е да се оддаде признание за врвни научни и стручни достигнувања во областа на македонскиот и албанскиот јазик. ...
Министерство за финансии работи на измени на Законот за финансиските друштва со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во секторот. Поконкретно ова се однесува за поголема контрола на брзите кредити. Се предвидува воведување задолжителни внатрешни тела, како одбори за ревизија и кредитен ризик, како и построги услови за отворање нови деловни простории. Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските ...
Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа што систем нема. Затоа борбата против корупцијата е во срцето на нашата ...
Ноќеска во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 59-годишна жителка на струмичко село, информираат од МВР. Според пријавеното, таа претходно вечерта околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. „Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, посочија од МВР. Ноќеска во Струмица, ...
Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни ...
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР најавуваат дека до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст. Времето утре сончево со мала до умерена локална ...
Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост за начинот на кој Министерството за односи меѓу заедниците распределило 36 проекти во вкупна вредност од околу 18 милиони денари (приближно 300 илјади евра), наменети за промоција на меѓуетничките односи. Според објавените податоци, резултатите покажуваат длабоко неурамнотежена распределба и постапување спротивно на самата цел на програмата. Од 36-те финансирани проекти, ...
Околу 50 вработени во Клиниката за детски болести денеска протестираа пред Министерството за здравство, незадоволни што веќе шест месеци работат без плата и сè уште немаат продолжени договори за работа. Тие велат дека, и покрај бројните реакции до надлежните институции и ветувањата дека ќе се направат напори за решавање на проблемот, нивниот статус останува нерешен. Вработените очекуваат средба со министерот за здравство, Азир Алиу, и итно ...
Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конфренција. Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ. Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле ...