Премиерот Христијан Мицкоски сподели на Фејсбук дека остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено ...

Швајцарците во недела, на 14 јуни, ќе гласаат на референдум за иницијатива со која бројот на жители во земјата би се ограничил на 10 милиони, а владата би била обврзана да воведе построги мерки за управување со миграцијата. Доколку биде потребно, предлогот предвидува и раскинување на договорот за слободно движење со Европската Унија. Иницијативата ја покрена десничарската и евроскептична Швајцарска народна партија (СВП), која е најсилна ...

На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден починат маж(46) од Битола. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден ...

31-годишна скопјанка, вработена на наплатната станица Петровец утрово пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка. Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А.. По целосно документирање на ...

Покана за во затвор добил, пресуда не. Поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски се пожали дека му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд. Смета дека и тоа што судот се уште не му ја врачил пресудата е под притисок на актуелната власт. Упатниот акт е издаден за втори јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот Скопје, во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот ...

Дваесетгодишен жител на општина Карбинци пријавил дека бил физички нападнат и ограбен на паркинг простор во Штип. LСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С. (20) од село Карбинци пријавил дека околу 21:30 часот едно лице физички го нападнало на паркинг простор во Штип. По нападот, напаѓачот му ги одзел прехранбените производи кои претходно ги купил, а се наоѓале во неговото возило. ...

Скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и против своја волја однесен од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е. (36) од скопско пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила – „хјундаи“, ...

Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила ...

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, одобри ублажување на смртните казни за 139 затвореници, по препорака на првиот човекл на правосудството, Голам Хосеин Мохсени-Еџаи. Портпаролот на правосудството, Али Асгар Џахангир, објави дека одлуката е донесена „од хумани причини и во согласност со исламските принципи на милост“, објави порталот „Прес ТВ“. Според него, помилувањето не ги вклучува лицата осудени за дела против ...

Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 12 јуни во 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот очевидец извлекол машко лице кое се давело во водите на Вардар. Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој, според информациите, имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска ...

На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 година. Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. ...

Министерот Александар Николоски информира дека почнува изградба на нов автопат, Скопје-Блаце, кој ќр биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора. -Работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде што разговаравме за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг ...

Четворица возрасни и четири деца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани во скопско. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 15:30 часот било пријавено дека се судриле патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.М. (35) од село Љуботен и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Љ. (20), исто така од Љуботен. -Во несреќата со ...

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостување во емисијата „Трилинг“ рече дека партијата има јасна визија за иднината на државата, заснована на владеење на правото, борба против корупцијата и подобар животен стандард на граѓаните. Тој нагласи дека државата се соочува со сериозни проблеми и економски застој, при што граѓаните секојдневно чувствуваат доцнење на субвенции, социјални трансфери и поврат на ДДВ, што укажува на ...

Од СВР Струмица информираат дека расчистиле повеќе кривични дела и биле поднесени кривични пријави против три лица од Струмица и струмичко за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“. -СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати силувал 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го ...

Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите се веќе видливи. Само преку Оперативниот план за вработување во 2025 година беа опфатени над ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на платформата X посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда, стои во партиското соопштение. „По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. ...

Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната американска сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Со ова признание, Tribeca ја ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати силувал 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го ...

Од МВР информираат дена се уапсени две лица од скопско, бидејќи при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки. -На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски ...

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот биле пренаменети, информација која им ја кажале на состанок во Министерството. „Со почит се ...

Пратениците на унгарскиот Парламент изгласаа кратење на сопствените плати за 40%. Ова е само почеток, премиерот Маѓар најави нови намалувања на платите, овојпат на сите именувани функционери. Во Македонија пред некоја година беше изгласано зголемување на платите за 78% за сите функционери. Зошто во Македонија не е проблем зголемување на платите од парите на даночните обврзници, а тоа секако дека се граѓаните, зошто се молчи, зошто не се ...

Додека Мицкоски го брани Трипуновски земоделците се во тешка криза. Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба – оставени сами да се борат за опстанок размислуваат за затворање на фармите, стои во соопштението на СДСМ. Откупната цена на млекото е драстично намалена и понижувачка, само дваесетина денари за литар. Додека на сточарите млекото им се откупува по мизерни цени, во исто време, цените ...

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчера попладнето се случила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. LСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 16:23 часот од Итната медицинска помош. -На булеварот ‘М.Т. Гологанов’, пред улицата ‘Лондонска’, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘форд’ со дипломатски регистарски ознаки, ...

Кој нон-пејпер побрзо да го толкуваат овдешните и регионалните аналитичари, политичари и политички истражувачи? Овој на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, оној на пет земји (Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург) што дојде веднаш по германско-францускиот документ, оние на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во последниве години, или пак нон-пејперот од самото срце на Европската ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во текот на ноќта се спроведувала голема акција за чистење на главниот град, во која екипите работат до раните утрински часови. Според него, на терен се переле сообраќајници, се собирал отпад, се чистеле јавни површини и се отстанувале диви депонии кои, како што посочува, не смеат да бидат слика за Скопје. -Скопје заслужува да биде чист, уреден и достоинствен град. Но, чистотата не ...

Коалиција на американски јавни обвинители отвори истрага против компанијата OpenAI, креатор на популарната платформа за вештачка интелигенција ChatGPT, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со постапката. Според информациите, компанијата добила судски налог со кој се бара доставување документи поврзани со широк спектар на нејзините активности, вклучувајќи рекламирање, задржување на корисници, како и управување со ...

Обединетите нации соопштија дека во мај годинава е регистриран најголемиот број убиени и повредени цивили во Украина во еден месец од април 2022 година наваму. Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права (OHCHR), во текот на мај загинале најмалку 274 цивили, а уште 1.763 биле повредени. Тоа претставува зголемување од 93 проценти во споредба со април, кога биле евидентирани 191 загинат и 865 повредени цивили. Од Обединетите ...

Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, објави денеска на социјалната мрежа „Икс“ дека е постигната согласност за текстот на мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. „Мирот никогаш не бил толку блиску како што е денеска“, истакна пакистанскиот премиер во својата објава. Шариф додаде дека Исламабад продолжува активно да работи со двете преговарачки страни со цел успешно финализирање на следните конкретни чекори од процесот. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Злато

135639.33